melpomena |
СРАМОТА ВО РИМ
Место кај Борис, на прием кај Албанците
Амбасадорката на Македонија во Италија Мерие Рушани и вицепремиерот Муса Џафери не присуствувале на приемот што во чест на беатификацијата на Мајка Тереза во Рим, завчеравечер го приредил македонскиот претседател Борис Трајковски во хотелот "Баљони"
Амбасадорката на Македонија во Италија Мерие Рушани и вицепремиерот Муса Џафери не присуствувале на приемот што во чест на беатификацијата на Мајка Тереза во Рим, завчеравечер го приредил македонскиот претседател Борис Трајковски во хотелот "Баљони" на улицата Виа Венето, тврдат извори од макдонската делегација. Рушани и Џафери за поважен го одбрале приемот што во исто време го приредувал албанскиот претседател Алфред Мојсиу. Истите извори велат дека амбасадорката и вицепермиерот се појавиле при крај, последните десетина минути од едно и полчасовниот прием на претседателот Трајковски.
Додаваат дека амбасадорката Рушани на приемот дошла видно еуфорично расположена. На прашањето на присутните зошто го пропуштила приемот и културно-уметничката програма, рекла дека тоа не е ништо ново и било веќе видена работа.
Од ваквото скандалозно и недипломатско однесување на амбасадорката Рушани, нашите извори велат дека претседателот Трајковски бил вчудовиден и многу лут. Неговата реакција може да се очекува по враќањето од Рим. Тој има право за ваквиот скандал да ја отповика амбасадорката Рушани.
Однесувањето на вицепремиерот Џафери е во владината сфера и политичките консеквенции треба да произлезат од таму.
На приемот на Трајковски биле поканети неколку стотини гости. Освен говорот на Трајковски, имало и културно-уметничка програма во која настапил оперскиот мајстор Борис Трајанов, а бил прикажан и филм за Мајка Тереза.
Македонските функционери Рушани и Џафери на приемот на Мојсиу воопшто не се штеделе од фотографирањето со албанско знаме и од средбите со косовскиот претседателот Ибрахим Ругова и со премиерот Бајрам Реџепи.
На приемот кај Трајковски не присуствувале ниту градоначалникот Ристо Пенов и останатите претставници од градот, бидејќи морале да се вратат во Скопје уште во неделата вечерта. Не дошол ниту министерот за култура Благоја Стефановски, кој заминал на конференција на Советот за Европа во Опатија, само неколку часа пред започнувањето на приемот.
Но и пред заминувањето во Рим дошло до несогласување меѓу градот и претседателот Трајковски околу прашањето кој ќе го организира патувањето за беатификацијата на Мајка Тереза.
Иако од градоначалникот на Скопје Ристо Пенов уште пред еден месец беше најавено дека градот со невладини организации ќе биде организатор на патувањето, една недела пред големиот чин, шефот на државата пресекол дека тој целата организација ја презема во свои раце. Делегацијата од градот дури и не отпатувала заедно со делегација предводена од Трајковски.
Македонците, пак, кои присуствуваа на свечениот чин на плоштадот Свети Петар во Рим, немало кој да ги организира. Освен беџови со ликот на Мајка Тереза на кои пишувало "Скопјанската Мајка Тереза, Скопје-Калкута" на кирилица, тие не носеле македонско знаме како обележје на која држава припаѓаат. Извори од градот кажуваат дека само во првиот ред меѓу огромните знамиња од сите останати држави се веело едно минијатурно знаменце со шеснаесеткракото сонце.
И. Смиљансa
|
AaaAa |
Da i on ke razmisli so da naprai i ke razgovara so nea...i nego... da bese ova drzava tie vekje ke bea istorija. A inace Albancive se pokvarena seljacana so go veea znameto nivno sekade, nie ne sme napadni kako niv... nitu kako Hrvatite, Francuzive, Romancive cii znaminja na veliko se gledaa na plostadot, od site strani. Nie sme skromni , oni sakaat golema albanija so toa shto se gordi na svojata zemja i zname. ebave mockovcite shto sme, i to malovo arno go videle, ja teleskop da zemev nemashe da go najdam :( |