21.10.2003
21.10.2003
melpomena Denes vo Belgrad na 80 godishna vozrast pochina glumecot Miodrag Petrovic- Shkalja
MissHell R.I.P
melpomena Почина големиот комичар Чкаља Миодраг Петровиќ-Чкаља, актерот чија популарност како комичар не ги познаваше националните граници во некогашна СФРЈ, починал во понеделникот во 80-та година од животот. Сў уште не е познато местото и денот на погребот на човекот кој имаше илјадници естрадни настапи, десетици театарски претстави, улоги во 20 филма и 35 телевизиски серии, меѓу кои се најпознати "Бензинска пумпа", "Музеј на восочните фигури", "Камиониџии", "Жежок ветер", "Љубов на селски начин" и други. Оние генерации што беа негови врсници или помлади, го купуваа телевизискиот апарат, би се рекло, "за да го гледаат Чкаља". Неодамна пишувавме за бедата во која тој живеел последните десетина години. Белградската телевизија, инаку, ги избришала речиси сите комедии во кои тој настапувал, така што споменот на него, главно, останува во мислите на современиците! Покрај белградските новински куќи кои беа шокирнаи од тоа дека Миодраг Петровиќ-Чкаља живее со пензија од 100 евра и издржува уште тројца возрасни луѓе во куќата (меѓу нив и ќерката и зетот невработени актери), реагираше и познатата хрватска хумористка Нела Ержишник, која напиша трогателно писмо во риечки "Нови лист". Чкаља, во своето последно обраќање до јавноста и се заблагодари на подршката во белградскиот "Данас" од пред некој ден. Актерот, чиј углед остана недопрен во сите турбуленции во последно време (беше познат како политички противник на режимот на Слободан Милошевиќ и како жесток "отпораш") е роден во Крушевац и тоа на 1 април, Денот на смеата. Стана популарен, растејќи заедно со телевизијата и првите автори на хумористични серии на малиот екран - Радивое Лола Ѓукиќ и Новак Новак. Неговите последни коментари одеа во прилог на разочараност од ефектите на новата власт во Србија. zemeno od utrinski vesnik
kopacot Lesna Mu zemja...slava mu
NARCIS` slava mu...