melpomena |
АВАНТУРИЗАМ
Многуте туристи што завчера биле покрај Нијагарините водопади, на границата меѓу САД и Канада, останале шокирани кога виделе насмеан маж како скока во водопадот, а уште повеќе се шокирале кога тој неколку мигови подоцна се појавил на дното од слаповите и неповреден излегол на суво и ја причекал спасувачката екипа.
Како што е подоцна утврдено, станува збор за 40-годишниот Кирк Џонс од Кантон во американската сојузна држава Мичиген, кој со својот скок станал прв човек во историјата, кој без каква било сигурносна опрема успеал да го преживее паѓањето низ Канадскиот слап. Против него, поради тој незаконски акт е поднесена пријава, а се очекува дека ќе биде казнет со 10.000 долари |