melpomena |
Графичкиот дизајнер Владимир Гавриловски-Гава од Скопје во "Даут пашин амам" се претстави со изложба на уникатен накит. Посетителите видоа четириесетина прстени, дваесет белезгии и десет ѓердани од сребро...
Графичкиот дизајнер Владимир Гавриловски-Гава од Скопје во "Даут пашин амам" се претстави со изложба на уникатен накит. Посетителите видоа четириесетина прстени, дваесет белезгии и десет ѓердани од сребро и злато со различен стил. Парчиња направени по урнек на традиционалниот македонски накит, украсени со скапоцени камења, со модерен дизајн. Највпечатлив е накитот работен во граворез. Изложбата беше продажна, а посетеноста голема. Но, "Вредноста не е во златото и среброто, туку во душата и рацете на уметникот",е пораката на Владимир Гавриловски.
(Б.В.)
Фото: Г.Чочков
[img]http://www.vest.com.mk/images/{896F3EB3-3405-4DC2-892F-9C862DEB82DA}_nakit-2.jpg[/img] |