melpomena |
Забранет спотот "1003" на "100% продукција"
Угро преминува во илегала!
Нашиот познат рапер и сопственик на "100% продукција", Угро, кој стои зад реализацијата на забранетиот спот на Тамара - "1003", што се "коси" со актуелната кампања за разоружување поради сцените со оружје и насилство, деновиве, донесе дефинитивна одлука: "Спотот нема да се премонтира, а јас преминувам во илегала!"
"Не го менувам спотот по никоја цена! Уништете ме, пратете ми полиција, инспекција, санитарна и финансиска, земете ми и брис од грло, да не има некаква забранета бактерија, категоричен е Угро. Јас сум новиот терорист, криминалец, навистина по вокација продуцент, ама сепак опасен, а?! Страшно! Ај, може ќе ме амнестирате и мене, па да се најдам во парламентот, Владата, институциите, Рамковниот договор, управните одбори, приватизации, да делам без врска дозволи за поседување и носење оружје. Не се плашам од ништо и од никого, ќе ве издржам додека можам, а кога веќе ќе ми биде преку глава, ќе си заминам од оваа беда, мафија и од Вас. На здравје Македонијо! Нека ви е со среќа иднината, ама без мене. Од денеска преминувам во илегала!"
Prvo spotot so pravo e zabranet. VO sred kampanja sme za borba protiv ilegalno oruzhje, a Tamara na krajot od spotot so vistinski pishtol go "ubiva" dechkoto shto ja izneveril. Epa treba nekoj da znae kaj mu se granicite, a Ugro ako ne saka da go smeni, neka si go pushta spotot vo druga dzhava.
Jas mislam deka treba i sankcii da se prevzemat za onie TV koi nema da go pochituvaat ova. Koj kako saka mozhe ova da go sfati, no odlukata e na mesto, vo mnogu drzhavi se zabranuvaat spotovi...
|