Apsaana za brat Ljuben!
Apsaana za brat Ljuben!
AaaAa 03.11.2003 Љубен Пауновски 5 и пол години затвор за поранешниот министер за одбрана Љубен Пауновски. Вака гласи пресудата донесена денеска во основниот суд Скопје 1, по повеќе од 2 години од почетокот на процесот против Пауновски кој во 2001-та беше обвинет за злоупотреба на службената должност тешка 1 и пол милион евра. Пресудата беше изречена во отсуство, бидејќи Пауновски не се појави во судницата. Иако пресудата не е правосилна, полицијата го бара екс министерот кому судот му одреди мерка притвор. Законот предвидува притвор за секое кривично дело за кое е предвидена казна затвор повеќе од 5 години. Судот денеска донесе пресуда и за соучесниците на Пауновски во случајот „финансиски малверзации и префрлање милионски суми на фирми на роднини“. Баџанакот на Пауновски, Владимир Талевски доби 4 и пол години, а тогашниот потсекретар во министерството, Кирил Ѓоргов, доби казна затвор во траење од 3 години. Пресуда нема за дедото на Пауновски, Љупчо Петковски кој е последниот на листата обвинети. Судскиот процес против него се води одвоено и најверојатно конечниот збор ќе биде донесен откако Петковски ќе се врати во земјава. Пауновски покрај затворската казна на државата ќе треба да и ги врати и милион и пол-те евра. Адвокатите на Пауновски најавија обжалување на пресудата, бидејќи како што изјавија имало повреда во водењето на постапката. Финасиската мега афера која изби на почетокот на воениот конфликт, доведе до падот на Пауновски од министерската функција.
melpomena So srekja neka mu e... Pa neka se polnat zatvorite so ushte mnogu kako Ljuben (a bogami pobajagi se, i od poraneshnata i od segashnata vlast:))))
AaaAa ja ipak mislam deka ke se naprai dalavera i deka nema da lezi ... ama aj ke vidime