Skopje konechno dobi simbol
Skopje konechno dobi simbol
melpomena Градот го доби првиот и единствен туристички знак и лого Камениот мост и фениксот симбол на Скопје Градот Скопје доби туристички знак и лого - над стариот мост над Вардар, Камениот мост, фениксот го свива своето гнездо среде сонцето. Како симбол на воскреснувањето и на непрекинатото траење, фениксот ја симболизира силата на животот, која на градот му ветува иднина. Туристичкиот знак во својата графичка динамичност и колоритност носи топлина и оптимизам, својствен на медитеранското поднебје на кое му припаѓа Скопје. На комуникациски план, како визуелен код на туристичката понуда на градот, знакот ќе овозможи нејзина недвосмислена идентификација, а на Градот Скопје во целина, јасно препознавање во друштвото на сродните симболи од другите метрополи во светот. Автор на знакот е Владимир Бороевиќ. Градоначалникот Ристо Пенов на вчерашната промоција на туристичкиот знак и на слоганот ?Скопје секогаш повеќе од град", истакна дека на овој начин ќе се прикажат скриените убавини на градот. Тој додава дека средствата кои годинава прв пат почна да се слеваат од туристичката такса ќе се стават во функција на пропаганда на Скопје, со цел тој да стане туристички магнет. ?Создадовме знак на препознавање, со кој Скопје ќе се идентификува. Ова е почеток на активностите на планот на пропаганда и развој на туризмот. А, како и би можело да биде претставено нашето Скопје ако не во сиот свој сјај. Само преку адекватно креирање на неговиот имиџ ќе ги покажеме не само познатите, туку и скриените убавини кои ги има нашиот град. Така ќе ги натераме и оние кои не го чувствуваат Скопје да го почувствуваат градот и да разберат дека нашето Скопје е нешто повеќе од град", рече скопскиот градоначалник Ристо Пенов. Во придружба на слоганот ?Секогаш повеќе од град" знакот, според авторот Владимир Бороевиќ, претставува провокативна, визуелна и асоцијативна порака, нужна во современата комуникација помеѓу консументот и давателот на услугите во туристичката дејност. Градските власти во иднина планираат да изготват туристичка карта да се изработат брошури кои во пресрет на Олимписките игри кои се одржуваат во Атина ќе се пласираат на сите гранични премини и бензински пумпи. Во план е и изготвување на фотоводич, веб-страница за туризам со сите познати културно-историски места во Скопје, а ќе содржи и информации за аеродромот и за новата автобуска станица. (В.Г.) prevzemeno od Utrinski vesnik
fio Логото без резултати на терен е 0. Ќе ставиме табла со логото над дупката на плоштад или можеби пред ЕСМ, за туристите на поминување према Грција да ги видат најновите археолошки испитувања ц ц ц ц...
quote:
Градоначалникот Ристо Пенов на вчерашната промоција на туристичкиот знак и на слоганот ?Скопје секогаш повеќе од град", истакна дека на овој начин ќе се прикажат скриените убавини на градот.
Токму така, скриените убавини, најверојатно со векови скриени под калдрмата, па ај да раскопаме сите да видат колку ни е убаво
slasa ova mora da e dosata komplicirano logo ! im trebese 30 godini za ovaa grafika :-))
melpomena [:D][:D][:D]
Strelec [img]http://utrinski.com.mk/izdanija/1321/7750.jpg[/img]