Малезија
Малезија
DJ_SHEMA МАЛЕЗИIJА Богатство од различни култури и обичаи ШАРЕНИ ПРЕДЕЛИ, ШАРЕНИ ЛУЃЕ, ШАРЕНА АТМОСФЕРА... ПОНЕКОГАШ ВЕ ОБЗЕМА ЧУВСТВО ДЕКА ЧЕКОРИТЕ ВО НЕКОЕ ИДНО ВРЕМЕ, А ВЕЌЕ СЛЕДНИОТ МОМЕНТ ОЧЕКУВАТЕ ДА СЕ ПОiАВИ ПИРАТСКАТА ДРУЖИНА НА КАПЕТАН КУК И ПРЕД ВАС ДА СЕ РАСПОСТЕЛАТ СИТЕ ДЕТАЛИ КАРАКТЕРИСТИЧНИ ЗА ПРИКАЗНИТЕ ОД ТИЕ ВРЕМИЊА. ОВОi КИТНЕСТ РАБ, СО КОi ЗАВРШУВА iУЖНИОТ ДЕЛ ОД АЗИСКОТО КОПНО, Е НАЛИК НА КУТИiА ЗА ПОДАРОЦИ И АКО ГО КРЕНЕТЕ КАПАКОТ, НА ИЗНЕНАДУВАЊАТА ЌЕ ИМ НЕМА КРАi... Малезија е една од најпријатните и најкротките земји во југоисточна Азија. Неколкуте декади на постојан економски развој и политичка стабилност, ја направија една од најсамостојните и најбогатите земји во регионот. Можеби политичката и економската моќ се поделени меѓу расите што живеат таму, но Малезија има напреднато многу во однос на културниот плурализам базиран врз толерантната и интересна фузија на малејските, кинеските, индиските и кои ли веќе не култури и обичаи. Повеќето посетители во Малезија, главно се задржуваат на полуостровот, каде што се наоѓа ултрабрзиот Куала Лумпур, ридот Камерон Хајлендс а во воздухот лебди хедонистичката тромост на Ланкави. Далеку помал број туристи стигнуваат до островот Источна Малезија, чија најголема гордост се спектакуларната дивина, колибите и стравопочитувачката планина Кинабалу. ТУРИСТИЧКИ АТРАКЦИИ Куала Лумпур е централната точка на современа Малезија. Гледано површински, тој може да личи на секој друг модерен град во Азија, но тој во голем дел има задржано од карактерот и локалните бои, кои мошне успешно беа збришани од суперголемите градови како што е Сингапур. Ако ја разгледаме архитектурата ќе видиме дека во него с$ уште се вкрстуваат минатото и сегашноста. Колонијалната градба Датаран Мердека, каде што на 31 август 1957 година беше прогласена независноста на малезиската нација, и полноќните светилки на улицата Петалинк се само мал дел од нештата што ја раскажуваат историјата на градот. Наспроти ова, бучните улици и модерните облакодери го симболизираат непоколебливото чекорење кон иднината. Тука се највисоките облакодери во светот, близначките Петронас Тауерс, паркот Лејк Гарденс, во кој може да видите ретки видови билки и животни, живиот Централ Маркет каде што со сигурност ќе бидете сведок на најинтересните културни збиднувања, а во Националниот музеј ќе ви се разјасни вртоглавата разноликост на малезиската култура и историја. С$ на с$, Куала Лумпур е извонредно место за оние што не сакаат монотони и еднолични глетки, оти тука на едно место е собрана популација од преку милион жители, припадници на голем број етнички групи. Мелака претставува интересна мешавина од кинески, португалски, холандски и британски влијанија и се смета за најисторискиот град на Малезија. Во минатото тој бил најважното трговско пристаниште во регионот, а сега е нешто малку повеќе од заспано место за ловење риби. Старите едреници с$ уште пловат по реката, исполнувајќи го кејот со безвременски шарм, а градот љубоморно ги чува интригантните кинески улици, антикварниците, храмовите и носталгичните потсетници за неодамнешната европска колонијална моќ. Најимпозантна реликвија од холандскиот период во Мелака е масивното градско собрание, Штадхаус, изградено помеѓу 1641 и 1660. Се верува дека тоа е најстарата холандска градба во Азија и претставува приказ на сите карактеристични обележја на холандската колонијална архитектура (неверојатно масивни врати и симпатично врамени прозорци). Во зградата се сместени неколку владини канцеларии и извонредниот Етнографски музеј, во кој се прикажани разни аспекти на локалната историја и култура. Импозантните урнатини на црквата Св. Павле, изградена од португалците пред повеќе од 400 години, се наоѓаат во прекрасниот амбиент на ридот Св. Павле. Црквата излегла од употреба кога пристигнале Холанѓаните, иако во околината с$ уште може да се видат холандски надгробни плочи. Британците со голема чувствителност ја употребувале како магацин за барут. За оние што претпочитаат поразнобојна религиозна архитектура, во стариот дел на градот се наоѓа храмот Ченг Хун Тенг, најстариот кинески храм во Малезија. Бил изграден во 1646 година, а сите материјали и занаетчиите кои го граделе пристигнувале од Кина. Стариот дел од градот е најфасцинантната област за прошетки, во која ќе ги најдете најпознатите антикварници во Мелака. Островот Пенанг се наоѓа во северозападниот дел од земјата. Тој е најстарата британска населба во Малезија и главно одморалиште за Малезијците. Плажите на островот се навистина примамливи, но и на некој начин преценети. Она што е навистина вредно на Пенанг е бучниот град Џорџтаун, кој се наоѓа на североисточниот дел од островот. Градот има повеќе кинески вкус и од Сингапур и од самиот Хонг Конг. Ако се прошетате низ неговите стари соседства, ќе ви простат доколку помислите дека времето застанало некаде пред педесетина години. Џорџтаун е компактен град и каде и да се завртите ќе наидете на божествен поглед. Кај и да се упатите, нема да можете да ги избегнете прекрасните кинески куќи, пазарите за зеленчук, церемониите во храмовите, игрите ма-хонг и сите нешта од типот то-инг и фро-инг, својствени за азискиот уличен живот. Во центарот на Џорџтаун с$ уште може да ги видите изабените ѕидови на тврдината Корнвалис, која датира од времето на Капетан Лајт, кој во 1786 пристигнал на тогаш ненаселениот остров. Тој тука основал слободно пристаниште, а тврдината била завршена неколку декади подоцна. Нејзината внатрешност денес е декорирана со топови, кои постепено биле одземани од локалните пирати. Сери Рамбаи, најдолгиот и најважниот топ, има бурна историја и датира уште од 1600 година. Тој е прославен по својата творечка моќ и се верува дека оние жени што немаат деца треба да стават цвеќе во цевката на "големиот" и да изговорат специјални молитви. На Пенанг има многу конгсис (куќи-кланови што работат како храмови, а делумно и како места за средби на Кинези, кои припаѓаат на ист клан), но Ку Конгси без конкуренција е најубавиот. Оригиналната градба била толку величествена и преполна со детали, што никој не се изненадил кога првата ноќ откако била завршена, избувнал пожар. Оваа несреќа била протолкувана како знак дека градбата била премногу грандиозна, па затоа била изградена малку поневпечатлива структура. А искрено, човек навистина треба да ја употреби фантазијата за да го замисли изгледот на првата градба, оти оваа што с$ уште постои е неописливо прекрасна мешавина од разиграни змејови, стаутети, слики, ламби, ќерамиди во разни бои и резби. Храмот Куан Јин Тенг, кој се наоѓа во центарот на стариот дел од градот, е далеку од импресивен, но е еден од најпопуларните храмови во градот, во кој често се принесуваат жртви (во вид на горење хартиени пари и мебел), се одржуваат полноќен куклен театар и разни кинески театарски изведби. Ако сакате да имате добар поглед на градот и островот, најдобар избор е да влезете во жичницата која се искачува на 830 метри надморска височина над Џорџтаун. Тука ќе искусите олеснувачко разладување од лепливата жега на градот. Покрај симпатичните градини, таму има и хотел, хиндуистички храм, а на самиот врв има џамија. Глетката од горе е особено добра на зајдисонце кога светилките полека почнуваат да го осветлуваат Џорџтаун. Најпопуларните хотели со пристојни цени во Џорџтаун се наоѓаат долж Лебух Чулиа. Поексклузивните опции ќе ги најдете накај Јалан Пенанг. Во градот има изобилство од кинески и индиски ресторани, но бидете авантуристи и дегустирајте ги сочните локални јадења што се нудат од уличните тезгиња. Камерон Хајлендс се наоѓа во центарот на полуостровот и претставува цела серија од платоа поставени на самиот рид на височина од 1.500 до 1.800 метри. Оваа плодна област е центар на малезиската индустрија за чај и е место на кое покрај локалното население често доаѓаат и странски туристи со желба да избегаат од жешките градови. Овде вистински може да уживате во прошетките низ џунглата, покрај водопадите, низ плантажите за чај, во прекрасните градини и изобилството од диви цвеќиња. Ладното време ги мами посетителите на малку подзаборавените активности како што се тенисот, голфот, долгите прошетки, кои неретко знаат да предизвикаат "напад" на колонијална носталгија. Како и да е, престојот таму навистина може да биде пар екселанс. Поевтините хотели се наоѓаат во селото Танах Рата, а оние полуксузните на патот од Танах Рата кон Бринчанг. На западниот дел од малезискиот полуостров, каде што протоците на Мелака се допираат со Индискиот Океан, се протега една група од 104 острови од кои само два се населени. Еден од нив, кој е и најголем, е островот Ланкави. Тоа е вистински туристички рај. Островот живее и се развива со единствена цел да пружи задоволство кај своите посетители. Тоа што првично ги мами сите туристи на Ланкави е неговиот статус на слободна царинска зона. А кога ќе пристигнат, доживуваат вистински естетски "шок". Островот с$ уште негува места со недопрена убавина, планински предели со руда, бујна вегетација, која претставува фасцинантен контраст со белите песоци на плажите и сино-зелените води кои ги повикуваат туристите. Интересно е дека развојот на островот е концентриран на западниот брег. Тука се наоѓаат најпознатите заливи - Пантаи Ценанг, Пантаи Тенгах и Пантаи Кок, каде што се и главните плажи на Ланкави. Луксузните хотели се првото нешто кое паѓа во очи, но мудрите угостители создале услови што одговараат на сечиј џеб. Подготви: Искра Паскалова
DJ_SHEMA Кје бидам во Куала Лумпур околу две недели за нова година, ако некој бил би би добредојден некој совет за работи што треба да се видат.