Teodorakis!
Teodorakis!
AaaAa Ne e od Makedonija, ali e interesno zemajki vo predvid deka Teodorakis e mozebi edinstvenata javna licnost od Grcija koja zastana na strana na Makedonija u vezi imeto. Ako ne se lazam bese i prviot Grcki umetnik koj nastapi vo Skopje so "Grkot Zorba." Me stegna u oci ona "narodi bez brat" ПОЛИТИЧКИ СКАНДАЛ ВО АТИНА Композиторот Теодоракис им свирна навреда на Евреите Грчкиот композитор Микис Теодоракис изјави дека Евреите се агресивен и фанатичен народ што е "во коренот на злото", јави МИА. Изјавата на прочуениот композитор и можен кандидат за претседател на изборите по две години предизвика остра реакција на израелската влада. Теодоракис, кој повремено ја бранува јавноста со врели патриотски изјави, на собир на книжевници во Атина, изјави дека Грците се слични со Евреите: "Тоа се осамени народи, народи без брат". Композиторот им забележа на Грците дека не можат да се наметнат затоа што немаат самосвест и фанатизам како Евреите. Грчката влада во вонредно соопштение објави дека не се согласува со мислењето на Теодоракис за Евреите, но и го заштити, истакнувајќи дека тој со своето дело "Матхаузен" изразил почит кон еврејската заедница. Израелската амбасада во протестно писмо до Министерството за надворешни работи во Атина порача: "Шокирани сме од извештаите за антисемитската изјава, бидејќи 60 години по Погромот на Евреите, во Европа и денес се сее семето на катастрофата". Теодоракис, пак, рече дека искрено се чуди на вревата што ја предизвикале неговите зборови, бидејќи тој секогаш се залагал да биде на страната на слабите, па така и на страната на израелскиот народ. Теодоракис оцени дека тој е жртва на напад.