Скопје - сигурно место за живеење
Скопје - сигурно место за живеење
fio Ограбен белграѓанец на Водно Во близина на хотелот скала на Водно во Скопје, во петкот бил ограбен 43-годишниот Д.Ј. од Белград - Србија и Црна Гора. Грабежот се случил во петокот еден час по полноќ. Д.Ј. излегол да се прошета по падините на Водно, кога бил начекан од две непознаи лица. Насилниците без предупредување почнале да го удираат и да му ги бараат парите. Тој се обидел да се одбрани, ама не успеал. Разбојниците успеале да му земат 500 американски долари рачен часовник, по што избегале, а Д.Ј. случајот го пријавил во полиција. - Со нож прободен таксист оти бранел девојка Во гаражите на македонскиот народен театар во ценатрот на Скопје во саботата, впзач на такси бил прободен со нож оти се обидел да одбрани девојка нападната од три момчиња. Настанот се случил околу два часот по полноќ, кога тасистот Д.Н. (27) од такси компанијата Лорд, се паркирал во гаражите за да чека патници. Забележал дека во гаражите застанал автомобил "југо" од кој излегле три непознати мочиња. Тие почнале жестоко да се расправаат со девојка која поминувала во гаражите. Кога почнале да ја туркаат и да ја малтретираат, Д.Н. излегол од возилото и отишол кај насилниците со намера да ја спаси девојката. Тој им рекол да ја остават девојката на мира и да престанат да ја малтретираат оти ќе викне полиција. Но едно од момчињата првин го удрил со тупаница во главата, а потоа со нож го прободел во левото рамо. Насилниците влегле во "југото" и со голема брзина избегале од гаражите. Била повикана полиција која извршила увид, а такситот по укажаната помош во Градската болница бил пуштен дома. - Од дете одземени 400 денари Во близина на фабриката "Алумина" во Скопје три непознати лица го нападнале и ограбиле 14-годишното моче Б.Д. Настанот се случил во петокот околу 13 часот. Додека момчето врвело по тротоарот, покрај него застанало возило без регистарски таблички. Од него излегле три момчиња кои му се приближиле на Б.Д. и му рекле да им ги даде парите. Момчето рекло дека нема пари, но разбојниците незадоволни почнале да го удираат. Еден од нив извадил нож и му го ставил под грлото на Б.Д. Потоа го претресле и во џебовите му нашле и одзеле 400 денари. Потоа насилниците влегле во автомобилот и избегале. Случајот бил пријавен во првата полициска станица. - Ограбено момче пред влезот на МНТ во Скопје Сред бел ден завчера пред влезот на МНТ во Скопје 17-годишниот Д.Д. бил нападнат и ограбен. Разбојништвото се случило околу 11 часот кога момчето било пресретнато од непознато лице кое му побарало пари. Д.Д. рекол дека не носи пари, но напаѓачот не му поверувал и почнал со тупаници да го удира по телото. Потоа момчето било претресено и ограбувачот пронашол и одзел 1.100 денари по што избегал. Момчето разбојништвото го пријавило во првата полициска станица. _ Украдена вреќа со стари чевли Завчера околу 20 часот две лица се обиделе да влезат и да крадат во визба од зграда на улицата Симеон Кавраканов во скопската населба Аеродром. Само што ја обиле вратата од визбата дошол сопственикот З.В кој кога видел што се случува се обидел да ги избрка крадците. По куса борба и туркање едниот од крадците извадил нож, замавнал и успеал да му ја расече левата рака. Потоа разбојниците пред да избегаат грабнале црна вреќа и се изгубиле во темницата во подрумот. З.В. повикал полиција која извршила увид при што било утврдено дека во украдената вреќа имало стари чевли. Во Градската болница во Скопје на З.В. му била санирана повредата на раката и бил пуштен дома. Наравоучение: не чувајте стари чевли во подрумот. - Банда насилници со нож раниле 18-годишно момче Во скопското село Сингилиќ, завчера група од 15 млади момчиња ги нападнале 18-годишниот Н.М. и 14-годишниот М.А. Момчињата биле пресретнати од насилниците и нападнати со тупаници. Двете момчиња задобиле телесни повреди. Во тепањето еден од групата извадил нож и го повредил Н.М. во грбот. Насилниците се разбегале, а повреденото момче било пренесено во Градската болница во Скопје. Мотивот за нападот според полицијата се уште не е позната - Продавачка избркала вооружен крадец На Булеварот Кочо Рацин во Скопје завчера непознато лице се обидело да изврши разбојништво во колонијална продавница. Непозанатиот влегол во продавницата "Тони" и на вработената Б.Т. и се заканил со пиштол дека ќе ја убие ако не му ги даде парите. Продавачката го одбила и му рекал дека нема ништо да му даде. Разбојникот се задржал уште неколку минути во продавницата и кога сфатил дека продавачката нема да му даде пари, избегал. Не го пробувајте ова и вие, не пали секогаш. - Ограбен колонијал кај Кванташки Завчера околу 21 часот било извршено разбојништво во продавницата "Кики комерц" на улицата Перо Наков во Скопје. Непознато лице упаднало во продавницата во која сама била пронавачката Д.К. Разбојникот со спреј ја испрскал продавачката и додека таа се свестила што се случува , насилникот од работната маса одзел плико и избегал. Била повикана полиција која извршила увид при што било констатирано дека биле украдени 4. 000 денари од дневниот промет. - Ограбен таксист на Гази Баба во Скопје Завчера во Скопје на улицата "Јајце" на Гази Баба повторно бил ограбен таксист. Околу 22 часот непознато лице, во населбата Скопје Север влегло во такси возило на копманијата "Астра" и на возачот Т.Р. (45) му рекол дека сака да го превезе до улицата Јајце. Кога стигнале таму непознатиот извадил пиштол и му ги побарал парите на таксистот. Разбојникот одзел 300 денари, мобилен телефон и побегнал. - А во врска со претставувањето на Градот на Интернет: ЗАОСТАНАТОСТ (читај ретардираност) Скопје без Интернет-страница Првата Интернет-страница инсталирана пред три години, повеќе од година и пол не е обновена со нови информации, а на втората, за која Градот тврди дека неодамна ја поставил, никако не може да се влезе. Градот крена раце од порталот "е-Скопје", односно од првата Интернет-страница: њњњ. скопје.гов.мк, која беше инсталирана пред три години, со исклучива намена да ја олесни комуникацијата меѓу скопјани и градската администрација. Место сервис на граѓаните, оваа Интернет-страница повеќе од година и пол не е обновена со нови информации, а градските власти воопшто немаат намера да ја одржуваат. Скопјани велат дека во секој поголем град во Европа граѓаните на Интернет можат да ги најдат потребните информации и формулари за комуналните проблеми. "Срамота е во информатичка ера да не можеш на Интернет да најдеш информација што треба да направиш за да платиш комуналии или за да извадиш градежна дозвола. Живееме во камено време. Губиме време шетајќи од една врата на друга за најобични административни работи, а тоа на Интернет се прави за пет минути", вели триесетгодишниот скопјанец А.Д. Порталот "е-Скопје" беше инсталиран со поддршка од американската агенција УСАИД, со цел да им овозможи на скопјани да ги користат услугите на градските органи преку Интернет, односно да ги добијат потребните формулари, да ги пополнат и да ги испратат до соодветниот орган во градот. На оваа страница требаше да има информации како да се дојде до лиценци за такси-возила, договори за уредување на градежно земјиште и договори за користење рекламни паноа. Со проектот беше предвидено Градот да обезбеди неколку Интернет-пунктови за луѓето кои немаат компјутери и електронски да се поврзе со останатите скопски општини. Од сето тоа досега ништо не се реализираше. Среќко Поповски, советник за односи со јавноста на градоначалникот Ристо Пенов, вели дека првата веб-адреса на Скопје не функционира, бидејќи Градот отворил втора страница, односно дека сите информации можат да ги најдат на: њњњ. градскопје.нет.мк. "Порталот веќе подолго време не го храниме со податоци, бидејќи имаме друга Интернет-страница. Градот има исклучиво право да решава дали ќе има Интернет-сајт и каков. Поврзување со останатите скопски општини нема, бидејќи Градот не може да им ги плаќа Интернет-страниците на општините. Тоа тие требаше сами да го направат", вели Среќко Поповски. Поповски, меѓутоа, не кажа зошто веќе неколку дена воопшто не може да се влезе на втората Интернет-страница и зошто ги нема потребните информации за комуналните проблеми и потреби на скопјани.
HaCkEr` Дефинитивно се селам наскоро во Скопје - Метрополата во Македонија.. Најбезбедното место за живеење:))
Thief Колку што можев да забележам, во Тетово има помалку инциденти отколку во Скопје! [:D] Затоа јас „не мрдам“ од Тетово! [;)]
melpomena
quote:
Originally posted by Thief
Колку што можев да забележам, во Тетово има помалку инциденти отколку во Скопје! [:D] Затоа јас „не мрдам“ од Тетово! [;)]
Abe ti ne mrdash od Tetovo, ama vo "Zmija" kje dojdesh... a Zmija nema u Tetovo... i momci na koi zashtiten znak im e "Zoki-POki"[:D]
Thief Хихихихихихи...нас не тераа минимум „Белото циганче“ да го имаме прочитано![:D] А, за „Змија“-мора да дојдам, што да правам-сакам да бидам „у шема“ [;)]