fio |
ИСТРАЖУВАЊА
Австралија е "најхомосексуална" земја на светот
Повеќе од 17 отсто од Австралијците се во хомосексуална или лезбијска врска, според што земјата е на прво место во светот по процентот на хомосексуалци. Анализата на сексуалните навики спроведена од интернационалниот производител на кондоми "Дурекс" покажува дека заедно со Американците, Австралијците имаат најголем процент на хомосексуални двојки.
Дневник
Викам јас има нешо чудно у таа држава :)
А што се однесува до нас:
Соочи се со различноста“- колку македонскиот менталитет е подготвен да ја прифати хомосексуалноста
Кампањата "Cоочи се со различноста" е во тек. Таа е тест за македонската јавност за тоа колку е подготвена да се соочи со едно од најголемите табуа во нашата средина - хомосексуалноста. Со оглед на тоа што за правата на хомосексуалците се борат хетеросексуалците од Центарот за човекови и граѓански права, очигледно дека менталниот склоп на просечниот македонски граѓанин е таков што сў уште неговата свест не може да поднесе да види пред себе хомосексуалец кој бара права и рамноправност во општеството. Сепак, живееме во држава во која најголема навреда за еден маж е погрдниот збор педер. Држава на мачо-мени? Дали баш? Сакале ние или не, хомосексуалци во Македонија има. И тоа не мал број. Според светските статистики, десет отсто од населението покажува хомосексуални склоности. Хомосексуалноста е присутна и кај мажите и кај жените, без разлика на години, вера, нација, образование. Друго прашање е колку од нив имаат храброст да излезат и пред јавноста да кажат дека тие не се заљубени во лице од спротивниот пол, туку дека се во интимна врска со некого од ист пол. Тешко дека во Македонија во скоро време ќе се случи некој јавно да ја признае својата хомосексуална ориентација. Факт е дека поради отфрлањето на средината хомосексуалноста се прикрива. Поради ваквиот однос спрема хомосексуалноста се случува хомосексуалците да стапуваат во брак, а партнерот да ја дознае вистината дури кога е предоцна, кога веќе семејството се проширило за еден или два члена. ?Никогаш не се посомневав дека мојот сопруг има хомосексуални склоности. Не, не е од оние мажи за кои би рекле дека е женско петле, маж кој е премногу феминизиран или слично. Се познававме многу години и пред стапувањето во брак. Всушност, прво бевме пријатели, па потоа момче и девојка. По три години забавување стапивме во брак. Беше пресреќен кога се роди нашиот син и јас помислив дека подобар сопруг и татко нема. По извесно време почна да излегува, да доцни дома и да прима тајни повици. Моите размислувања беа типично женски. Нормално, мислев дека друга жена е во прашање. Како открив дека е во прашање маж? Верувале или не, според пораката на неговиот мобилен телефон. Тогаш ја открив вистината.Сў ми призна. Мислев дека светот се урива. Бев во шок, долго ми требаше да ја прифатам вистината. Се чувствував изневерено, предадено, па јас сум била само параван, тука никогаш не станувало збор за љубов. Не престанав да верувам во светоста на бракот. Повторно ќе побарам среќа. Разводот е во тек, но јас немам намера во причините за развод да ја наведувам хомосексуалноста на мојот сопруг. Тој, сепак, е татко на моето дете°, вели Олја која, за жал, не е единствена која се разведува поради хомосексуалноста на својот партнер.
- Центарот за човекови и граѓански права ја води кампањата ?Соочи се со различноста°, пред сў, за да се подигне нивото на свеста на хетеросексуалците, да ни стане јасно на сите дека има и такви кои се поинакви, но дека ?поинаквите° се разликуваат само по изборот на полот на својот партнер. Тие не се монструми, не се чудовишта, не се болни, тие се интелигентни луѓе кои можат да придонесат за развојот на општеството токму како и преостанатите, вели Катерина Станковска, координатор во Центарот за човекови и граѓански права. Ако ме прашате зошто оваа кампања која се води за признавањето на хомосексуалноста ја водат хетеросексуалците, тогаш можам да кажам само дека тоа е уште еден доказ дека оваа средина не им дозволува на хомосексуалците да се соочат со вистината за себе и таа вистина да ја признаат пред другите. Кој е тој што ќе признае дека е тоа што е ако потоа биде отфрлен од сите во општеството, вклучувајќи ги и своите најблиски, објаснува Станковска.
Во Центарот има стручен тим во кој има и психолози, кои им помагаат на хомосексуалците да се соочат со вистината, да признаат дека се различни од другите, да им ја кажат вистината на своите родители и најблиски.
-Кај нас во Центарот доаѓаат хомосексуалци и ги кажуваат своите сомневања, стравови, а најголем страв е сигурно отфрлањето од средината. Многумина од нив кога ја прифатиле вистината за себеси сметале дека тоа не треба да го кријат од родителите. За жал, многу од нив кај родителите наишле на неразбирање и отфрлање. По сознанието дека нивното дете е хомосексуално ориентирано, многу родители едноставно одбивале да контактираат понатаму со своите деца. Некои од хомосексуалците, пак, биле прифатени такви какви што се во своето семејство и тие се поотворени, тие би сакале и да се здружат со сличните на себе, но едноставно немаат со кого затоа што бројот на оние кои јавно ќе кажат дека се хомосексуалци е занемарлив. Повеќето се кријат во врски со хетеросексуални лица, одбивајќи своето вистинско лице да го покажат во јавноста, истакнува Станковска.
Со законската регулатива работите стојат вака - според нашиот Закон, лица од ист пол имаат право да бидат во интимна врска и Законот е донесен кон средината на деведесеттите години на минатиот век кога нашите закони мораа да се усогласат со стандардите на европската законска регулатива. За потсетување, во некогашна СФРЈ интимна врска на лица од ист пол (се мислеше само на мажи) беше казнива со казна затвор до една година како што тоа впрочем беше и во целиот бивш источен блок каде што хомосексуалците беа строго казнувани или, во најдобар случај, беа лекувани во психијатриските клиники со помош на електрошокови.
-Точно е дека кај нас хомосексуалноста не е забранета со закон. Сексуалната ориентација, според Законот, е слободен избор. Но, доколку некој јавно се декларира сигурно дека ако биде отпуштен од работа нема да му се напише во отказното решение дека добил отказ поради својата хомосексуалност. Можат да се најдат многу други причини, а всушност основната причина да биде хомосексуалноста. Ние со кампањата сакаме да се бориме против нашиот менталитет во кој сў уште е врежан кодот според кој хомосексуалноста е бауч, нешто неприродно и патолошко. Ако средината ги прифати хомосексуалците и тие ќе се прифатат себеси. Тогаш ќе има и помалку несреќни луѓе. ?Доста ми е од читање статистики, исповеди како некој се соочил со вистината дека е хомосексуалец, дека ние сме различни само по сексуалната ориентација, докажувања дека сме нормални и дека не сме ниту болни, ниту монструми°, вели М.А., хомосексуалец кој вели дека засега нема намера јавно да признае дека повеќе (или всушност) само мажите ги сака за животни партнери, а не и жените. ?Јас знам кој сум. Според сексуалната ориентација спаѓам во десет отсто од населението, и сите би сакале да го дознаат тоа. Но, никој не сака да знае дека според интелигенцијата и образованието јас сум во пет отсто од населението, дека можам да заработам многу, да живеам повеќе од удобно, да придонесувам во науката и стопанството. Сето тоа би паднало во вода ако јавно кажам дека сум хомосексуалец. Ја претпоставувате реакцијата. Знаете она - џабе му е сў, па тој е педер. Имав врски со девојки, но не сакам некоја да ја лажам дека сум момче за женидба. Можеби и тука ќе дојде момент кога хомосексуалните бракови нема да ја застрашуваат околината, а тогаш ќе видиме. Јас верувам во вистинска љубов"
А за десктопт позадина за ОооОо:
[img]http://www.vesnik.com.mk/izdanija/1269/4059.jpg[/img] |