Lindita Ahmeti-poezija
Lindita Ahmeti-poezija
AaaAa Што ми рече ти ти ми зборуваш за невидливиот свет за духовите што се движат по покриви за скриените убавини за нештата што немаат име што не ги собира дури ни бескрајот на јазикот јас ти велам да го запалам ли светлото Графика на стаклото од прозорецот внатрешноста на мојата кула е нацртана на стаклата на прозорците од студот во длабочините на зимската ноќ извезена е со нитки на ладно сребро cо бел отсјај сега кога треба да се истури еден прегрст утринска светлина на моите прозорци се гледаат безброј пупки на симболи дадаистички овошја без лисја и без плодови еден мал питач покриен со снег на мостот со смрзнат венец на ѕвезди над главата ја има испружено тенката рака за милосрдие не се гледа коса да ѕвечка студено во воздухот ни црната точка зад момчето снег снег а на рамнина паѓа и се тркала зборот пролет и волјата Господова Срндакот во сон срндакот над позлатените лисја спие го ниша него благото планинско ветерче еве го стариот бард излегува од пената на потокот ја закачува лирата на неговите величествени рогови и помеѓу двете песни ја создава тишината со ноти за сон околу дабовите цветаат лалиња и сништа срндакот ги гледа врвовите на огромните грмушки како му ги носи срната цвеќиња цвеќиња цвеќиња и планинската симфонија му се причинуваат и зелени кањони млади јасики росни тревки сончевите зраци како ја истураат вечноста по планината а кому би ишло на памет во сонот оти тука сосема блиску бдее ловецот Пластење на жолтилото о боже како е испластено жолтилото во оваа моја соба без излезната врата неизбежните прозорци се жолти фотелјите килимите ѕидовите мојата стара машина за пишување и нејзиниот звук еве и сонцето што ги прелива моите прозорци и тоа е жолто и моето лице и мојата песна и надежта оти ќе ги видам цвеќињата кога есента ги жолтее планините и полињата Твоите очи твоите чудесни очи нацртани на хартија пред мене стојат о боже колку се убави како сини планински цвеќиња што имаат магична моќ твоите очи сини цвеќиња оставени тука од светиот дух на хартија на хартија само на хартија сите песни се од "И/Dhe/And" - избор на македонската млада поезија (Темплум, 2002), приредена од Искра Гешоска и Џабир Ахмети.
ozonce mislam deka e od tetovo, zaedno bevme na seminar za partnerstvo i tim vo ohrid
StormAngel A ti odma da se frlis na nacionalna baza a [?][:D][:D][:D] c c c c c c Pozdrav!
StormAngel Mlada nekoja ili postara [?][:D][:D] Pozdrav![:)]
StormAngel Koja e Lindita Ahmeti[?][?][?] Pozdrav!
HaCkEr` Nekoja shiptarka po prezimeno:)