Whitebaby |
Секс - скандал во струмичката противпожарна единица
Шестмина пожарникари го поминале дежурството со проститука
Струмица
СТРУМИЦА - Шест вработени во струмичката противпожарна единица, како што дознава "Утрински", се отстранети од работа поради нарушување на работната дисциплина. Оваа информација ја потврдија во МВР, но не сакаат да соопштуваат детали за овој случај сў додека не заврши дисциплинската постапка што се води против шесттемина пожарникари. Суспендирањето на пожарникарите е топ-тема во струмичката чаршија. Добро упатени извори велат дека овој случај е во тесна врска со кафе-барот "Мики" од селото Дабиле, во кој при неодамнешниот претрес од страна на полицијата е откриено присуство на малолетни девојки кои се проституирале. Против сопственичката на кафе-барот е поднесена кривична пријава и таа се наоѓа во притвор. Како што дознаваме, шесттемина пожарникари ноќта меѓу 4 и 5 ноември повикале една девојка од кафе-барот "Мики" за полесно и поубаво да го поминат дежурството. Таа ја прифатила нивната покана и цела ноќ ја поминала со нив, задоволувајќи ги нивните сексуални желби во просториите, но и во возилата на противпожарната единица. За сексуалните желби што им ги исполнила, пожарникарите и платиле само илјада денари. Девојката, револтирана од ниската цена, го пријавила случајот. Овој настан се држи во голема тајност од страна на полициските и истражните органи поради фактот што пожарникарите инволвирани во случајот биле семејни луѓе и обелоденувањето на нивното секс-уживање за време на дежурството ќе оставело трајни последици со растурање на нивните брачни заедници. (У.В.)
© 2001 Утрински Весник, сите права задржани
[:D][:D][:D][:D][:D][:D][:D][:D][:D][:D] |