125-ГОДИШНИНАТА ОД КРЕСНЕНСКОТО ВОСТАНИЕ
125-ГОДИШНИНАТА ОД КРЕСНЕНСКОТО ВОСТАНИЕ
DJ_SHEMA ОМО ИЛИНДЕН МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА ЈА ОДБЕЛЕЖАА 125-ГОДИШНИНАТА ОД КРЕСНЕНСКОТО ВОСТАНИЕ Сандански 22 ноември 2003 година, Кресна, Пиринска Македонија, Република Бугарија - Во организација на ОМО ИЛИНДЕН, денес во Кресна, Пиринска Македонија, со свечена академија беше одбележана 125-годишнината од Кресненското востание. На прославата присуствуваа стотина Македонци од Пиринскиот дел на Македонија, како и гости од Република Македонија, претставници на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и Светскиот македонски конгрес. Реферат за значењето на Кресненското востание поднесе претседателот на ОМО ИЛИНДЕН, Борис Павлов. По рефератот се разви богата дискусија меѓу учесниците на свечената академија, а по тоа беше изведена пригодна културно-уметничка програма. Крушевското востание во 1903 година е можеби последно против Турците, но за македонскиот народ најзначајно е Кресненското од 1878 година, кое траело речиси една година, со слободна територија и власт, како револт од решенијата на Берлинскиот конгрес кога на Македонија не и е дадена автономија, туку Англија, Франција и Германија повторно и ја запечатуваат судбината под Турција. На 03 март 1878 година по руско-турската војна, во Сан-Стефано се склучува договор со кој тогашна Русија со намера да излезе на Јадранското (Синото) море и Егејското (Белото) море ја прогласува Сан-Стефанска Бугарија или “Голема Бугарија” во чии граници требало да влезат Кнежеството Бугарија околу Софија, Румелија и Македонија. Практично Сан-Стефанска Бугарија никогаш не заживеала во стварноста како држава, освен на хартија. Незадоволни од решенијата на Сан-Стефанскиот договор и уплашени дека Русија ќе излезе на Егејското и Јадранското море преку т.н. “Голема Бугарија”, германскиот канцелар Бизмарк ја свикува Берлинската конференција во јули-август 1878 година, на која е ревидиран Сан-Стефанскиот договор за Голема Бугарија. Бугарија е сведена на Кнежеството Бугарија околу Софија, Румелија е дадена на управување под Турција со право на султанот да го именува гувернерот на Румелија, а Македонија и понатаму е оставена под турска власт. Незадоволни од решенијата на Берлинскиот договор Македонците го креваат Кресненското востание кое трае речиси една година, со слободна територија, Устав и суверена власт, под водство на Димитар Поп-Ѓорѓиев, учител од Берово, познат како Димитар Беровски. На почетокот на востанието Македонците добиваат морална поддршка од Русите и Бугарите. Кон востанието Русија дури приклучила и неколку руски генерали, меѓутоа, кога увидела дека востанието нема некои позабележителни резултати генералите ги повлекува, а на востаниците им советувала да се приклонат кон Кнежевството Бугарија, повторно со намера Македонија да се присоедини кон Кнежевството Бугарија, за да може да излезе на Егејското и Јадранското море. На помош на Македонците не им доѓаат ниту Русија, ниту Кнежевството Бугарија. Кнежевството Бугарија била задоволна со кнежество убедена дека конечно не може да излезе на Јадранско море, а за Македонија не била заинтересирана, затоа што сметала ако Македонија добие државност ќе побара ревандикација на македонските земји, историја и култура. Кресненското востание е загушено кон средината на 1879 година. Инаку за одбележување е дека Првото македонско востание против Турците е подигнато уште 1822 година во Негуш (денес по грчки Науса). Имено, првото востание против Турците подигнато е во 1821 година во Атина. Во ова востание, на барање за помош, на браќата христијани Грците им помагаат Македонците и Власите од Македонија, со грчко ветување, дека при подигање на македонско востание, ним ќе им помогнат Грците. Иако грчкото востание во 1821 година е задушено, со силен притисок на Англија врз Турција за повлекување од Пелопонез, Грците почнувајќи од 1829-1830 дури 1831 година добиваат држава, благодарение на англиско-турскиот договор. Турција се повлекува од Атина и Пелопонез без ниту еден испукан куршум. Така Грција добива независност по налог на големите сили предводени од Англија. Во 1822 година, една година по атинското востание, против Турција, востание подигаат Македонците во Македонија, во Негуш, познато како негушкото востание. За жал, и покрај грчките ветувања, на наивните Мкаедонци, Грците воопшто не им помагат. Не им притрчал на помош ниту еден Грк. Во тоа придонесува и Англија која ги посоветувала Грците дека нема потреба да одат накај Македонија и ова комитско-ајдутско прво македонско негушко востание по 2 месеци, летото 1822 година е задушено. Поради страв од ѕверствата што можат да ги снајдат од бројниот турски аскер, неколку илјади Македонци, со се жени, деца, ајдути и комити самосвесно и доброволно се фрлаат во реката Арапица, кај планината Каракамен (денес по грчки Вермион) до Негуш. Така реката Арапица станува симбол на македонската саможртва, опеана и во многу македонски народни песни. Денес ова востание во Република Македонија воопшто не се споменува. Со Јонскиот договор од 1885 година на Грција и е придодадена и Тесалија, се до Олимп, а со Букурешкиот договор од 1913 година, после балканските војни, на Грција за првпат во нејзината историја и е придодадена и Егејска Македонија, повторно со асистенција на големите сили и Англија. 1885 година Кнежевството Бугарија, ког Грција ја добива Тесалија, си ја анектира Румелија. Од македонската саможртва на реката Арапица подоцна се инспирирани и македонските гемиџии. Денес на местото на македонската саможртва на реката Арапица во близина на градот Негуш, Грците имаат изградено туристички локалитет. Грција местото на македонската саможртва го одбележува, но како грчко востание против Турците, што е далеку од вистината и историјата. Република Македонија, го одбележува единствено крушевското востание, затоа што Кресненското востание со Кресна остануваат под Бугарија, а Негушкото востание со реката Арапица остануваат под Грција. Политиката на Југославија према Грција и Бугарија, и на Србите према Македонија придонесува србоманската историографија на современа Македонија да ги ретушира историските факти за македонското револуционерно движење на целата етно-историска територија на Македонија. Да се надеваме покрај Крушевското востание од 1903 година во Македонија, макер со сите негови контраверзии, дека Македонците традиционално ќе го одбележуваат и Кресненското востание во Кресна (сега под Бугарија) од 1878 година и Негушкото востание во Негуш (сега под Грција) од 1822 година. За да не остане Кресненскоо востание - бугарско, како Негушкото - грчко, како што Горгија Кастриот стана национална фигура на современа Албанија во време кога на тие простори во Македонија Гегите ниту биле.