melpomena |
ОД ДЕНЕС ВО МАНУ ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 100 ГОДИНИ ОД "ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ"
Денес ( 10 часот) во Македонската академија на науките и уметностите ќе започне Меѓународниот научен собир "Делото на Крсте Мисирков", што се организира за одбележувањето на 100 годиншнината од излегувањето на книгата "За македонцките работи". На Научниот собир, кој ќе трае до сабота, пријавени се 86 реферати на 42 еминентни стручњаци од Македоинија и 44 од 19 странски држави: Австрија, Албанија, Белорусиј, Бугарија, Германија, Италија, Јапонија, Полска, Романија, Русија, САД, Словачка, Словенија, Србија и Црна Гора, Турција, Украина, Франција и Хрватска.
Свечениот дел на Собирот ќе го отвори претседателот на Одборот за научниот собир академик Блаже Ристовски. Според протоколот на присутните ќе им се обратат и претседателот на Македонија Борис Трајковски и министерот за култура Благоја Стефановски, како и претставници на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" и на научните институти.
За овој голем јубилеј кој одбележува еден век од книгата темелник на македонскиот литературен јазик е издаден и златник со ликот на Крсте П. Мисирков што ќе биде промовиран исто така на прославата во МАНУ. (Д.С.)
prevzemeno od vest |