Vo kinoto Milenium...
Vo kinoto Milenium...
melpomena Српскиот "Професионалец" премиерно во "Милениум" Српскиот филм "Професионалец" по сценарио и во режија на Душан Ковачевиќ од вечерва премиерно ќе почне да се прикажува во киното "Милениум". Во филмот играат Бора Тодоровиќ, Бранислав Лечиќ, Јосиф Татиќ, Наташа Нинковиќ.Филмот е годинашен кандидат за "Оскар" во категроријата за странски филм. - Драмата ја напишав во 1989 година верувајќи дека комунизмот, диктатурата, цензурирањето, политичкиот терор се зад нас. Меѓутоа... Иако филмот е сместен во друго време подеднакво е актуелен и свеж. Тука се обидов се да раскажам страстно и со јазикот на комедијата, вели Ковачевиќ. Низ судирот на двајцата главни јунаци-професорот Теј Крај и полицаецот Лука Лабане отсликана е политичката власт и несреќната судбина на српскиот народ во деведесетите години. Дејствието е во времето на диригентските палки на Милошевиќ но и на оние кои го заменија. Музиката е на познатиот белградски поп пејач Момчило Бајагиќ-Бајага. Филмот на фестивалот во Монтреал доби награда за најдобро сценарио. Проекциите во "Милениум" се во 12, 15, 17.30, 20 и 22.30 ч.. а од понеделник ќе се прикажува и во Градски кина. (О.П.) zemeno od vest treba da se gleda filmot[:)]
HaCkEr` More kako se vikashe onoj noviot od Quentin Tarantino.. ama e zabegan u pm:))
n/a Kill bil be masko....do glumicata e ne e do reziserot:)