OooOo |
Претседателот на САД, Џорџ Буш, се сретна со мала група граѓани во Кентон, Мичиген, во која, меѓу другите поканети гости присуствуваше и македонската делегација предводена од Светозар Стамевски, претседател на МАНА, а во неа беа и Стојадин Наумовски, член на Етничкиот совет на Стерлинг Хајтс и потпретседател на ПОМНИ, Мишко Васовски, претседател на Американско-македонска асоцијација, Стојче Стојановски, претседател на "Полог", Душко Рафајловски, секретар на Обединети Македонци - Детроит, и Софче Јовановски, член на Бордот на МАНА. По срдечното обраќање и говорење за актуелни теми во Америка и во светот, претседателот Буш беше срдечно поздравен од присутните.
За време на овој по многу нешто несекојдневен настан, македонската делегација имаше кратки неформални средби и со Мајк Роџерс, заменик- координатор на Републиканската група во Конгресот на САД, со конгресменот Џо Ноленберг, со конгресменката Кандис Милер и со потпретседателот на Републиканската партија за Мичиген, Виктор Диза. |