Zdrepka za Svetskoto Prvenstvo vo Germanija 2006
Zdrepka za Svetskoto Prvenstvo vo Germanija 2006
DJ_SHEMA Gropata 1 vo koja sme nie i gropata 2 se definitivno najteshkite. Shteta shto ne se padnavme pak so Anglija. Group 1 Czech Republic Netherlands Romania Finland Macedonia Armenia Andorra Group 2 Turkey Denmark Greece Ukraine Georgia Albania Kazakhstan Group 3 Portugal Russia Slovakia Latvia Estonia Liechtenstein Luxembourg Group 4 France Rep. Of Ireland Switzerland Israel Cyprus Faroe Islands Group 5 Italy Slovenia Scotland Norway Belarus Moldova Group 6 England Poland Austria Wales Northern Ireland Azerbaijan Group 7 Spain Belgium Serbia and Montenegro Bosnia Lithuania San Marino Group 8 Sweden Croatia Bulgaria Iceland Hungary Malta
MacoKing Ima nekoj makedonsku forum samo za fudbal?
slasa Group 1 Czech Republic Netherlands Romania Finland Macedonia Armenia Andorra se kladam deka i ovde ima da popusime :-))
ozonce ohhh teshko nas... barem ke vidime dosta zvezdi u skopje :)
Strelec wow!!! the special is: ...van Nistelrooy na Gradski stadion!!!:)
DJ_SHEMA Van Der Vaart, Staam, Nedved istotaka.
StormAngel Da ne ja zaboravime samo Romanija i Finska i tie si imaat zvezdi kako Mutu od Romanija i Forsell i Litmanen na Finska [:D] Pozdrav![:)]
a-pin-dim sigurno ke iznenademe na nekoj utakmici kako sto bese vo Anglija.....sepak ovaa e za makedonija eden cekor po napred da vide kako treba da se igra timski.
StormAngel Daj taka neka e [:D] Ne se znae mozebi kje ni se posreki do togas,pa mozebi i na idnoto svetsko prvenstvo kje igrame Pozdrav![:)] Go Macedonia Go Go Macedonia Go
ozonce
quote:
Originally posted by Strelec
wow!!! the special is: ...van Nistelrooy na Gradski stadion!!!:)
ke ti ispratam kaseta.. :) ili ke idish :)[?]
Strelec ne veruvam deka ke bidam tamu, ama ke mi raskazes ti vo detali kako bilo i sto bilo so eden post ovde... poevtino e otkolku postarina da se plaka za kaseta prakanje...:) a ako sakas, pred sama utakmica ke ti go kazam rezultatot... posto ovde sme neli 6 saati ponapred, pa toa znaci deka jas 6 saati porano ke go znam rezultatot...:)))
a-pin-dim Group 5 Italy Slovenia Scotland Norway Belarus Moldova mislam deka DJ_SHEMA ja zaboravil i ovaa grupa da ja kaze megu naj teskite
NARCIS` ja kolku so razbrav grupata 1 bila grupa na pekolot taka da teshko nas ke bide :)
StormAngel Capar deneska imase intervju za MTV i izgledase prilicno uvereno, Planot e da se odi da se igra prvo so Holandija ili Ceska na Gradski pa posle da se igraat drugite natprevari...daj boze da gi pobedime...toa ke e dopolnitelen motiv za nas ili mozebi i presuden faktor za plasiranje Se nadevam samo deka ke odigrame dobro i pametno Ima vreme uste ama teska grupa imame Pozdrav![:)]
ozonce
quote:
Originally posted by bluehim
daj boze da gi pobedime...
ke se opijam, vetuvam deka ke se opijam iako veke 4 godini ne pijam alkohol!
StormAngel Neso mi mirisa deka ke bide...dosta veke bese da ne se plasirame vo golemite natprevaruvanja Ova ni e sansa da dokazeme deka sme dobra ekipa so dobri poedinci Plus igracite ni se vo dobra forma vo ligite kaj sto igraat hristov veke ne e povreden,Goran Pandev dade gol i igra se podobro samo da znaev koj sostav ke go imame [:p] Pozdrav![:)]
StormAngel ВО ФРАНКФУРТ ДОБИВМЕ ТЕШКА ГРУПА, БЕЗ АТРАКЦИЈА И ПАРИ ОД ТВ ПРАВА ЦАПАР: НЕ МОЖЕВМЕ ДА БИРАМЕ Реални шанси да се надминат рекордните 13 бода во еден квалификациски циклус кои нема да бидат гаранција за нашата 'вечна' четврта позиција Повеќе среќа во овој квалификациски циклус- Ѓорѓи Христов во дуел со Бекам Никој не ги сака Чешка и Романија- Драган Канатларовски Чешка, Холандија, Романија, Финска, Ерменија и Андора. Во таа група е Македонија во претстојниот квалификациски циклус за пласман на СП 2006. Група во која првите три селекции се очекува да водат тешка битка за првите две позиции на табелата кои водат на мундијалот и во баражите. Финска и Македонија треба да бидат расипувачи на сметките, Ерменија се надева да биде барем пред Македонија, а Андора е тотален аутсајдер. Добивме група во која со 6 бода над Андора, три од Ерменија (на Градски) и уште барем 4 од преостанатите 9 дуели можеме да ја надминеме бројката од 13 бодови кои за нас беа рекордни во циклусот за пласман на СП 1998. Сепак, и тоа бодови нема да ни бидат гаранција за обезбедувањето на нашата 'вечно' четврта позиција затоа што сите селекции, барем пред стартот на циклусот, стартуваат со 6 бода од дуелите со Андора. 'Немавме право да бираме. Бевме сместени во ист хотел со делегациите на Србија, Бугарија, Албанија и Б и Х и никој не сакаше да се падне во група со Чешка и Романија. Ние ја имавме таа 'среќа' за противници да имаме екипи кои не се атрактивни а се многу силни', вели Драган Канатларовски - Цапар , селекторот на Македонија. 'Баравме силни селекции и ги добивме. Фудбалот не би бил интересен доколку нема изненадувања. Во изминатиот циклус тоа најдобро го докажа селекцијата на Летонија. Ќе играме и ќе се бориме затоа што имаме силна репрезентација која низ неколку тест средби треба да дојде до потребната воиграност во пресрет на квалификациите', образложува Канатларовски, кој напоменува дека во нашата група прворангираните три селекции ќе ја водат битката за првото место, а дека ние имаме сили да им се спротивставиме на фаворизираните противници. 'Нашиот тим игра добро против фаворитите. Чешка со најсилен состав дојде во Скопје каде во рамноправен меч одигравме 1:1. Со нив, Холандија и Романија 'Градски' ќе биде полн и во таква атмосфера можемне секого да победиме', е претпоставката на селекторот, кој напоменува дека во текот на јануари ќе се знае со кои селекции ќе играме тест средби. Барем засега се знае дека националниот тим на 27 декември патува во Шпанија на средба со селекцијата на Кантабрија во Сантандер. Закажан е и реванш со Украина кој се игра во март а ние сме домаќини. И. Д. Ивановски ФЕЛЕР: 'НАЈТЕШКА Е ПРВАТА ГРУПА' Веднаш по ждрепката во Франкфурт свое видување за истата даде Руди Фелер, селекторот на германската фудбалска репрезентација, која како домаќин директно ќе оди на мундијалот. 'Далеку најнеизвесна група е првата во која има многу силни селекции. Според квалитетот таму ќе биде најнеизвесно затоа што неколку селекции се во игра за првите две позиции', е изјавата на Фелер. ЖЕЛБАТА НА КАНАТЛАРОВСКИ ПРВО СО ХОЛАНДИЈА НА 'ГРАДСКИ' И дефинитивно е потврдено дека на 16 јануари во Амстердам ќе биде договарањето на календарот по кој ќе се одиграат натпреварите во нашата група. 'Сакам циклусот да го почнеме со најсилната Холандија, а натпреварот да се одигра на наш терен. Старт со успех над една ваква селекција ќе значи одличен мотив за преостанатите средби', вели Канатларовски. Ако седумте селектори не се договорат тогаш УЕФА со ждрепка ќе ни го одреди календарот. НАЈДОБРИОТ ЧЕХ НЕ НС СТАВА МЕЃУ ФАВОРИТИТЕ ПАВЕЛ НЕДВЕД НС ОТПИША 'Се најдовме во најтешката група. Што можеме да сториме!?' е изјавата на Павел Недвед, најдобриот чешки фудбалер за ждрепката во Франкфурт. 'Повторно сме со Холандија, но има уште две селекции како Романија и Финска кои исто така можат да се квалификуваат. Ќе биде многу тешко и неизвесно', напомена Недвед околу фаворитите во групата кои имаат шанси за највисок пласман. Тој Македонија не ја ни спомнува иако играше на 'Градски' кога Чешка ремизираше со 1:1
StormAngel РОМАНЕЦОТ ЈОРДАНЕСКИ СТРАВУВА ОД ПРОТИВНИЦИТЕ: НИЕ СМЕ ВО ПЕКОЛНА ГРУПА Селекторот на Романија, Ангел Јорданеску, за медиумите во својата земја изјавил: 'Без разлика на тоа што сме заедно со Чешка и Холандија ние не се откажуваме од првата позиција. Се наоѓаме во пеколно тешка група. Селекторот на Ерменија ито така е Романец, а неговото име е Михаи Стоичита. Неговата првична изјава е идентична како онаа на Јорданеску и гласи: 'Се најдовме во пеколна група'. Анди Муринен останува селектор на Финска, а за групата вели: 'Се најдовме во многу тешка група, но тоа не е изненадување'. Холанѓанецот Дик Адвокат само потврди дека првата група е најнеизвесна: 'За првите две позиции нема да се борат само две селекции', е неговиот став. СПОРЕД ЛИСТАТА НА УФА МЕДИЈА 550.000 ЕВРА ОД ТВ ПРАВА Само 400.000 евра ќе добие ФФМ од пренос за натпреварите со Холансија. Станува збор за 80% од сумата која нашата федерација ќе ја земе за комплетниот циклус во кој ќе одиграме 12 натпревари. 'Немавме среќа затоа што пари носи само Холандија', вели Хари Хаџи-Ристески, првиот човек на ФФМ. Ако само Холандија носи само 400.000 евра, преостанатите селекции во касата на ФФМ ќе донесат вкупно 150.000 евра.
a-pin-dim spazete gi poslednite zborovi na kiril Dojchinovski i goko hazievski Kiril Dojchinovski Vo toj kontekst se nadobrzuvam i moeto mislenje okolu pretstojnoto dogovaranje na kalendarot, deka mnogu podobro bi bilo da startuvame so natprevari so relativno polesnite protivnici, pa postepeno da vleguvame vo zarot na borbata so selekcii kako XOLANDIJA, CHESHKA I ROMANIJA Goko Xazievski Tokmu zatoa mislam deka e mnogu podobro vo ciklusot da startuvame so natprevari protiv relativno polesnite reprezentacii, da zememe zalet, da se sozdade klim, pa potoa da vlezeme vo bitka so edna XOLANDIJA, CHESHKA I ROMANIJA. KAKO STO MISLAT, I AKO SE OSTVARI NA NIVNATA MISLAM BI BILO GOLEMO IZNENADUVANJE :O)
StormAngel Kako i da e treba da postigneme podobri rezultati. Na kraj krajeva i podobri reprezentativci imame,i poiskusni sme. Samo amlku motivacija ni treba i mnogu fudbalska sreka. Pozdrav![:)]
a-pin-dim
quote:
Originally posted by bluehim
Kako i da e treba da postigneme podobri rezultati. Na kraj krajeva i podobri reprezentativci imame,i poiskusni sme. Samo amlku motivacija ni treba i mnogu fudbalska sreka. Pozdrav![:)]
krajot go krasi deloto ... po sto e okrugla topkata i se trkali . pozdraf [:p]
StormAngel ЦАПАР ГО ВРАЌА ТРЕНЕВСКИ Големиот фајтер повторно во црвено-жолтиот дрес по пауза од пет години За претстојниот дуел во Сантандер со шпанската провинција Кантабрија во списокот на селекторот Драган Канатларовски - Цапар ќе се најде и Виктор Треневски. Фудбалерот кој настапува за тимот на Копер со добрите игри во словенечкиот шампионат го сврте вниманието на нашиот селектор. 'Имавме разговор со Треневски и на обострано задоволство тој прифати повторно да игра за националниот тим. Треневски има само 28 години и ќе биде од огромна корист', вели Канатларовски, кој за претстојниот дуел на 27 декември подготвува уште неколку изненадувања. Виктор Треневски досега одигра 15 средби во дресот со државниот грб, а сите беа во периодот кога селектор беше Ѓоко Хаџиевски. Неговата големата борбеност и креативноста во играта придонесоа за резултатите кои ги имавме во тоа време кога бевме најдобри на ранг-листата на ФИФА. Поранешниот фудбалер на Будуќност, Партизан, Пуебла, Силекс, Пелистер и Мура по пауза од 5 години ќе се врати во националниот тим на Македонија а последен пат за репрезентацијата настапи на дуелот со Литванија (1:2), кој се одигра на 11 октомври во Скопје. Според тоа како сега стојат работите, покрај Треневски ново име кај Канатларовски ќе биде и Драган Чадиковски од Публикум Целје. Најголемиот проблем останува голманската позиција откако Петар Милошевски не е стандарден во Малатиаспор така што во моментов го имаме само Јане Николоски. И. Д. Ивановски ВО ФЕВРУАРИ СО КУВАЈТ ФФМ вчера го извести Кувајт дека нашиот национален тим прифаќа во текот на февруари да гостува во оваа земја и да одигра пријателски меч. Од Кувајт е побарано да ни најде уште еден противник од арабиските земји затоа што за да одиграме два натпревари. Да се надеваме дека ке биде така. Поздрав![:)]
StormAngel НЕМАЛО СРЕДБА СО НИКОЛОВ Канатларовски не успал да се сретне со Ока Николов за време на неговиот престој на ждрепката во Франкфурт. 'Со Николов ќе зборуваме телефонски. Ќе биде тешко тој да се откаже од германскиот пасош на сметка на македонскиот. Тој треба да одлучи', вели популарниот Цапар околу неговата желба за голманот на Ајнтрахт од Франкфурт. Поздрав![:)]
a-pin-dim sakam da kazam deka makedonija ako saka nesto da napravi vo ovaa grupa ke treba ne samo timski da se igra tuku ke reba podrshka od site politicki partiii.... so ovaa sakam da kazam deka vo Sportot ne treba da se mesha politikata, koja partija saka da bide na vlast bi trebalo da ne go deli sportot vo politika ..... do deka e vaka vo makedonija ke nema nikogas dobra sport sepak apeliram do site partiski lini da ne se meshat politikite vo sportot .. sepak blagodaram na site otimisti za makedonija [:0]
StormAngel ВУЈЧИЌ ЗАМИНА ЗА ЗАГРЕБ, СС Е НА 'СТЕНД БАЈ' Се заморија од состаноци во Вардар па си земаа 'тајм -аут' до почетокот на следната недела. Спонзорот Слободан Вујчиќ - Брацо, околу кого, по сй изгледа, сй се врти, замина за Загреб на некои други договорни состаноци, околу реактивирање на јужно-европската МЕХЛ лига во ракомет, па 'вардарци' ќе одморат до крајот на викендот. Без аминот на Вујчиќ не смеат да се случат некои големи конкретни потези, па затоа ништо важно од Вардар до 15 декември. А потоа веројатно продолжува маратонскиот состанок, има во Вардар што многу да се разреши, почнувајќи од крупни клупски прашања и разрешување на меѓусопственичките односи, преку конечно поставување на раководната структура со нејзини задолженија и обврски па до планови за идната полусезона, трансфер - листа, но и подмирување на обврските кон фудбалерите. Има и многу други прашања, инфраструктурни, организациски, финансиски, па и тие треба да се најдат кога - тогаш на дневен ред. Значи, до понеделник во Вардар нема потези околу изготвувањето на трансфер - листата која ќе биде предложена од шефот на стручниот штаб, а ќе треба да ја аминува Управата. Нема ништо и од евентуалните засилувања, иако можно е да следат прелиминирани разговори и преговори со дел од фудбалерите кои се во списокот на Стратев. Натпреварувачкиот погон ќе работи уште два дена, денеска најверојатно ќе одигра пријателска средба со Цементарница 55 на помошното игралиште, а од утре ќе замине на одмор до 10 јануари за кога е закажана и првата прозивка за пролетната полуетапа. Зимските подготовки традиционално ќе се извршат на хрватското приморје, најверојатно во Макарска, иако во опција се и Пореч и Ровињ. [img]http://www.sport.com.mk/vesnici/1702/sliki/5090.jpg[/img] Во моментов има поважни работи од Вардар- Слободан Вујчиќ- Брацо [img]http://www.sport.com.mk/vesnici/1702/sliki/5089.jpg[/img] Кој чека ќе дочека.... Поздрав![:)]