mak basket |
vmro |
ako ima nekoj da mi dade raspored na utakmicite i momentalna tabela !
blagodaram |
NARCIS` |
neznam raspored ama znam deka Rabotnicki go tepase u Jane Sandanski i toa sea brzo beshe :) |
StormAngel |
ГИ НЕМА ВЕЌЕ Ж. ВАРДАР, БАЛКАН СТИЛ...
Да, тоа е точно. По многу години опстојување во мак-баскетот, Велес остана без прволигашка кошарка. Ж. Вардар не можеше да го издржи 'темпото'. Се повлече г. Ристо Ташев од кошарката која некогаш значеше нешто во градот на Рацин.
Го нема повеќе ниту Балкан Стил, клубот- екипата 'Феникс', која за четири години направи сй, но 'изгоре', 'се стопи' во несредените, пак финансиски, односи кај 'скопските железарци'
'НА СТРУГА БАСКЕТ ДА ИМАМ'...
Она што може да радува е 'активирањето' на барем еден центар за кошарка.
Струга може да се пофали дека важи како град на кошарката. И ако до вчера Кимико беше синоним за кошарката, макар и женска, се појави еден ММ Колеџ. Една екипа која има големи амбиции, стабилен спонзор, кој знае што и каква реклама може да добие преку баскетот.
По Скопје и Струмица, сега 'во мода' е и Струга, за наша среќа.
Pozdrav![:)] |
StormAngel |
2003 ДОМА - ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ
'ДУПЛО ГОЛО'
'Било, да не се повтори'. Дали македонската кошарка го допре самото дно во годината која е зад нас?
Сите релевантни фактори, податоци упатуваат кон таа насока. Година која ќе остане запаметена, секако, по не многу многу радости, посебно не на национално ниво.
Македонија е веќе 'второлигаш' во Европа. Не нй сака ФИБА - Европа во елитната дивизија исто како што и Леонид Гајдаџиев не сака (ше) да си оди по дебаклот кој сениорите го доживеаја во квалификциите. Неговото ветување 'одиме во Шведска, ако не си одам'остана само на ветување. Скандинавија ја гледавме, да, ама преку телевизорите. Таму уште еднаш немаше место за 'црвено-жолтите'.
Да биде уште поцрно, бевме единствените од онаа силна кошаркарска Југославија кои ги немаше низ Стокхолм, Борас, Лулеа, Содертаље. Една Босна остана пред нас како потврда дека 'не работиме' како што треба, не само на паркетот туку и надвор од небо.
Тоа и некако 'го проголтавме', но не и 'голготата' која следеше.
Втората наша надеж за некаков си успех во Европа, македонските кадети беа фрлени во корпа за отпадоци. КФМ дигна раце од нашите надежи. Ги испрати за Мадрид да играат на едно ЕП како питачи. Беше во улога на 'питач' селекторот Амди Муса цела година, бараше пари насекаде. Од Леон и од КФМ доби само едно 'ќе видиме'.
Видовме како беше да се патува со еден 'нискобуџетен'автобус, со скршена шофершајбна, па лепена. Тоа кај Словенците, за жал, не пали. Одамна европеизирани, не им се допаѓаше налепницата 'Принс', не пушат 'зелените' секакви цигари, внимаваат на екологијата, нели. Внимание, кадетите добија дури откако мораше да интервенира премиерот лично. Го виде избраниот тим на Муса конечно Мадрид. Стигна некако до седмото место, успех со кој 'се покрија' макар и делумно сите оние 'паѓања'.
Арно ама беше девалвиран веднаш откако требаше да биде потврден. Пак таа ФИБА- Европа вели, кадетите ви се'фалш' мора да ги смените, инаку ќе 'летате'. Пардон, ќе почнете од 'НУЛА'. Па не може само сениорите, мора и нивните претходници да направат 'дупло голо'.
Единствената работа која ФИБА- Европа ни ја прости, поточно оддолжи, беше нашиот долг. И тука КФМ не беше директен учесник. По неколку молби и одлагања, Агенцијата за спорт и млади го презема 'жешкиот компир'. Беа во Минхен, Колевски и Трајчев во улога на 'сервисери'. Ако ништо друго го пролонгираа плаќањето за три години кое федерацијата не беше моќна да го направи во претходните две.
ФИБА- Европа не нй исклучи, но нй 'закла'. Нй уназади, нй врати од почеток. Ќе мора да тргнеме сй од почеток. Можеби тоа е и најдобра варијанта во овие времиња. За жал на баскет фановите, место Франција, Шпанија, Италија, ќе ни гостуваат Луксембург, Финска, 'силната' Грузија.
Ќе треба да 'поминеме' прво преку нив за да потврдиме дека ФИБА-Европа не е во право, дека за Македонија има место во Првата лига.
И, искрено, не ни е местото таму, барем не сега. Многу ќе треба да поработиме на 'имиџот' кој го расипавме многу брзо. Не беше така далеку 1999 година и Евробаскетот во Франција. Да, беше еднаш една Македонија на Европско првенство.
Една ластовичка не прави пролет
Фершпед Работнички беше и остана синоним за македонска кошарка. Десеттипат ( не по ред) екипата од 'Градски парк' не дозволи да биде изненадена како што тоа беше случајот пред две години со Никол Ферт. Да биде ' сй комплет', да потврдат дека дома се најдобри 'шпедитерите' се погрижија со триумфот во Купот. 'Платија' за да бидат 'домаќини', но стигнаа до двојната круна, што одамна им се нема случено. Не стигнаа до хет-трик, победата во Супер купот отиде кај нивниот вечен ривал, кошаркарите на МЗТ Скопје 2000.
По ова доаѓа една голема празнина, по која може да се наредат останатите. Изненадување секако беше пласманот на Поло Трејд во големото финале. Струмичани ги искористија преголемите осцилации кај другите па се впишаа како вицепрваци или поточно спаринг-партнер на шампионот.
Гледано поединечно, Ѓорѓи Чековски победи во изборот за МВП на сезоната. За тоа беше и награден со странски ангажман во словенечкиот Слован. Неговата улога, макар од друга позиција ја заземаа некои други момци, како на пример Александар Димитровски.
Старата болка, финансисите, не ги одмина ниту големите. Никако глава да дигне еден МЗТ Скопје, платите доцнат и во 'Градски парк', па што останало за другите, нели?
Ама тоа е реалноста во која се тркала портокаловата топка во Македонија.
ЕВРОПСКАТА КНИГА НА ДВЕ БУКВИ
И онаа година не беше подобра од претходните на европски план. Со само две пријави, и тоа од шампионите (во обете конкуренции) македонската клупска кошарка не може(ше) да смета на некој поен повеќе.
За утеха, Фершпед Работнички со две победи ќе презими (донекаде) во Европа. Патот го носи во Кипар, некогаш за нас синоним за 'топовска храна'. Како ќе излезе сето тоа ќе видиме уште во првиот месец во 2004 година.
Кимико како дебитант исто така направи две победи во женското издание на ФИБА- Купот. Но, тие не беа доволни за нешто повеќе од третото место во групата од четири. Ако ништо друго стружанки пробаа, видоа како е да се игра во Европа. И тоа е некој чекор напред во женската кошарка.
Pozdrav![:)] |
ace6vel |
lelele nemam prvoligaski tim vo veles iiii ke se utepam samo da e vratam jas ke napravam [:d] kako be samo ne im e sram da go e minatata god za malku sampioni ke bevme oni povlekuvaat tim abe ova li drzava upm |
ace6vel |
Ф.РАБОТНИЧКИ ПОРАЗЕН НА СТАРТОТ
13.11.2003 20:50:00
Македонскиот кошаркарски шампион, Фершпед Работнички вечерва неуспешно стартуваше во натпреварите од јужната конференција на ФИБА-Купот. Во рамките на групата Б, на гостувањето во Романија, шпедитерите загубија од Асесофт Плоешти со резултат 60-46. На 27.ноември, во второто коло, Ф. Работнички во Скопје го пречекува силниот турски претставник Фенербахче од Истанбул.
|
StormAngel |
СПОРТСКИОТ ДИРЕКТОР НА ФИБА-ЕВРОПА ДЕНЕСКА ВО ПОСЕТА НА КФМ
ИЛИЕВ ИМА ШТО ДА ОБЈАСНИ
Првите луѓе на КФМ, но и кошаркарската јавност во нашата земја денеска ќе имаат ретка можност 'од прва' да се информираат за она што ги 'снајде'. Коста Илиев, спортскиот директор на ФИБА-Европа, доаѓа во Скопје на покана на челниците на КФМ.
За таа цел нашата федерација предвиде заедничка прес-конференција (18. часот) на која новинарите ќе имаа можност детално да се информираат за трансформациите кои европската куќа на кошарката ги приготви во овие неколку месеци наназад.
Ќе биде интересно да се види како Илиев ќе го објасни податокот како тоа македонската сениорска репрезентација е 'преместена' (и поставена за прв носител на претстојната ждрепка во Белград) во 'Б'дивизијата.
Според рејтингот Македонија е далеку пред селекциите на Полска, Португалија, Белгија и посебно Холандија, кои се поставени во последниот 4. шешир, односно група која ќе биде ждребувана на 13 декември во главниот град на СЦГ.
Како 'грев' на КФМ му се припишува непријавувањето во квалификациите за ЕП 1995 година, според кој ФИБА-Европа и се одлучи да им даде предност на 'побогатите' федерации.
Уште 'поинтересно' ќе биде околу казната за машката кадетска репрезентација која поради наводни фалсификати на патните исправи е исклучена од Европското кадетско првенство во Грција следната година.
'Тешко е нешто да се смени. Но ова е добра шанса јавноста конечно да дознае кои се причините поради кои Македонија нема да биде дел од селекциите кои ќе се борат за пласман на следното ЕП 2005 година во Белград. Без оглед на сй сметам дека Македонија има најдобар состав, можеби од постоењето, и дека експресно ќе се вратиме во првата елитна група, онаму каде што според квалитетот и ни е местото'- вели Леонид Гајдаџиев, кој ја иницираше оваа средба на Илиев со седмата сила.
[img]http://www.sport.com.mk/vesnici/1702/sliki/5091.jpg[/img]
Ќе има тешка работа да ја објасни политиката нна ФИБА- Европа- Коста Илиев
Pozdrav![:)] |
StormAngel |
Шпедитерите" во плеј-офот со кипарскиот Елма Апоел
Нашиот кошаркарски шампион Фершпед Работнички доживеа пораз на гостувањето во Истанбул од Фенербахче, завршувајќи ја првата фаза од натпреварите во Јужната конференција на ФИБА купот.
[img]http://www.vest.com.mk/images/{0BB6E897-AEBD-45CB-B192-E24BA4A8FF4B}_simic-2.jpg[/img]
ФЕНЕРБАХЧЕ - ФЕРШПЕД РАБОТНИЧКИ 80:65 (27:20; 13:16; 17:16; 23:13)
Истанбул. - Сала "Халдун Алгаш". Гледачи: 350. Судии: Гологанов (Буг.) и Танаsис (Грц.).
Фенербахче: Харви 14, Вејселоглу 15, Ѓунеј 1, Чевик, Башак 23, Тинај 8, Еким 3, Јениче 16, Ѓулај, Четинкаја.
Фершпед Р.: Стефанов 13, Стојановски, Веселиновски 5, Димитровски 13, Симиќ 16, Серафимовски, Хаџивасилев 6, Ѓуров 2, Трајковски 3, Самарџиев 7.
Нашиот кошаркарски шампион Фершпед Работнички доживеа пораз на гостувањето во Истанбул од Фенербахче, завршувајќи ја првата фаза од натпреварите во Јужната конференција на ФИБА купот. И покрај поразот Работнички се пласираше во следната рунда, односно во плеј-офот на Јужната конференција кој започнува по еден месец. Нашиот претставник во 1/4-финалето ќе се сретне со кипарскиот Елма Апоел, а првиот меч ќе го одигра во Никозија на 20 јануари.
На натпреварот во Истанбул, "шпедитерите" беа рамноправен противник во првите дваесет минути, не дозволувајќи му на турскиот тим да се одлепи со повеќе од четири поени разлика. Во третата четвртина, Фенербахче направи серија од 9:0 предводена од црномурестиот Харви и Јениче, за кого беше задолжен Симиќ, и стигна до двоцифрена предност. Како резултат на неколкуте судиски грешки, нашите кошаркари го одиграа завршниот дел под притисок на прекршоците зад нивното име, а тоа Фенербахче го искористи за зголемување на водството.
Pozdrav![:)]
|
StormAngel |
СЕ ПОДГОТВУВА 'БОМБА' ВО 'ГРАДСКИ ПАРК'
ГЕЧЕВСКИ ВО ФЕРШПЕД РАБОТНИЧКИ?
Тодор Гечевски е 'џокерот' кој од 'ракавот' го вади најдобриот кошаркарски колектив на Македонија во овој зимски преоден рок.
Ако не може Ѓорѓи Чековски, може Тодор Гечевски. Фершпед Работнички, сепак, успеа во обидот да донесе квалитетно засилување на центарската позиција и тоа, се чини, го најде најдоброто можно решение.
Репрезентативниот центар е пред одлука да потпише договор до крајот на сезоната со десеткратниот македонски шампион. Русокосиот кавадарчанец веќе му се стави на располагање на стручниот штаб на екипата од 'Градски Парк'. Одработи неколку тренинга со 'Шпедитерите', а своето прво појавување во црвено-белиот дрес Гечевски ќе го има уште вечерва во пријателскиот натпревар со грчкиот ПАОК.
'Преговорите се во тек. Се надевам дека ќе завршат на обострано задоволство'- вели кратко директорот на Фершпед Работнички.
Не треба да се каже нешто повеќе што и колку Гечевски ќе значи за овој состав на Фершпед Работнички, особено во натпреварите од ФИБА- Купот предвидени да продолжат на 20 јануари.
Играњето за шампионот ќе биде од корист и за Гечевски, кој немаше многу среќа за германскиот Бренд Хаген. Како што е познато, во текот на летото Гечевски договори ангажман со бундеслигашот. Но поради финансиските проблеми Бренд Хаген не успеа во обидите да 'избега' од стечајот, нашиот репрезентативец на истекот на полусезоната доби 'одврзани раце' во изборот на новата средина.
Дали играчката судбина за првпат во неговата кариера ќе биде поврзана со 'Градски парк', најверојатно, ќе се знае во текот на денот, претпоследен за пријава на нови играчи кој го има Фершпед Работнички како обврска спрема ФИБА- Европа.
Pozdrav![:)] |
ace6vel |
НАУМОСКИ ГО НАПУШТИ БРЕИЛ МИЛАНО
31.12.2003 11:25:00
Најдобриот Македонски кошаркар Петар Наумоски го раскина договорот со Италијанскиот тим Бреил Милано.
Изминативе денови дошло до средба помеѓу менаџерот на Наумоски и челниците на Миланскиот тим на која било договорено договорот да биде спогодбено раскинат.
Одамна е познато дека Наумоски и покрај добрите игри имаше недоразбирања со тренерот на оваа екипа, па тоа е веројатно и главната причина за заминувањето на популарниот Наумоски од Милано.
|
ace6vel |
ПЕЦЕ ПОЧНА СО ПОРАЗ ВО УЛЕБ ЕВРОЛИГАТА
08.01.2004 09:06:00
Екипата на Улкер, несреќно, загуби во натпреварот од 8. коло во УЛЕБ Евролигата. Имено, на вчерашниот меч одигран во Атина против екипата на АЕК, новиот тим на Пеце Наумоски, иако имаше комплетна доминација во поголемиот дел од натпреварот, на крајот дозволи во последните десетинки од средбата да прими кош за решавачки 83:82 со кои АЕК на огромна радост на домашните фанови успеа да ги освои бодовите од овој натпревар.
Нашиот најдобар кошаркар на синоќешниот натпревар реализираше 4 поени, но погоди една тројка во клучните моменти на натпреварот, која очигледно не беше доволна за комплетен успех. Наумоски имаше и една одлична асистенција во последниот напад за турскиот тим, која за жал не успеа да ја реализира Блер, кој инаку беше најдобар стрелец во тимот на Улкер.
И покрај оваа победа екипата на АЕК и натаму се наоѓа на самото дно на табелата во групата „А“, но ништо подобра не е ситуацијата ниту на екипата на Улкер, која се наоѓа само едно место погоре.
[img]http://vesti.mt.net.mk/images/naumoski.jpg[/img] |