Plivanje
Plivanje
StormAngel НА ЕП ВО ДАБЛИН МАК ПЛИВАЧИТЕ НЕ РАЗОЧАРАА ВО РАМКИТЕ НА ОЧЕКУВАЊАТА Вчера на првиот ден од европското првенство во пливање во кратки базени, кое се одржува до 14 декември во Даблин, Ирска, настапија тројцата наши репрезентативци. Имено, Весна Стојановска во дисциплината 200 м пеперутка, која пливаше во 8. патека од 4. група, се пласира на 13. место од 32 учесници при тоа постигнувајќи време од 2:12,60 мин, што неофицијално претставува нов државен рекорд бидејќи во Пливачката федерација на Македонија нема официјална листа на рекорди. Ако се анализираат и споредат свртувањата со другите натпреварувачи (реак. на старт 0,84/100; 50 м - 30,53 - 26 место; 100 м - 1:04,20 - 20 м; 150 м - 1:38,12 - 16 м.) тогаш јасно се гледа дека Стојановска во финишот била најсилна со заостаток зад првопласираната Е. Ристов (Унг - 2:08,82 мин) од 3,78 сек. Нешто послаб пласман, но, сепак, во рамките на очекувањата постигна и втората наша репрезентативка Мирјана Бошевска. Таа во дисциплината 200 м мешано во конкуренција на 31 натпреварувач го освои 16. место со време од 2:15,42 мин, или заостаток зад победничката А. Кејзер (2:10,30 мин) од Словенија од 5,12 сек. И таа слично како и Стојановска по одличната реакција на стартот (0,77/100 - меѓу три најдобри) по првите 50 м паѓа на 13. место (29,75 сек), во второто вртење на 100 м е 20. (1:04,76 мин), за по минати 150 м (1:43,70 мин) да ја освои 15. позиција и на крајот да се пласира на 16. место. За разлика од нив две, најголемото разочарување ни го приреди Михајло Ристевски, кој во натпреварот на 400 м слободно во конкуренција на пријавени 35 пливачи од кои двајца не стартувале, ја освои 32. позиција со време од 4:02,46 мин, што е заостаток од преку 5 секунди од најавеното соборување на рекордот на Маленко, кој изнесува 3:57,07 мин. Инаку, Ристевски од самиот почеток, по првото свтрување за цело време се наоѓал на 31 - 32 место (50 м - 27,34 сек; 100 м - 59,98; 150 м - 1:27,28 мин; 200 м - 1:58,00; 250 м - 2:29,44; 300 м - 3:00,95; 350 м - 3:32,19), што е заостанување од неполни 8 секунди зад првопласираниот М. Росолино од Италија (3:44,66 мин). Инаку, денес нашите репрезентативци се слободни, а веќе утре Весна Стојановска ќе плива во дисциплината 400 м слободно, додека Михајло Ристевски на 1500 м каде се очекува да го постигне својот најдобар резултат. Pozdrav![:)]
StormAngel ПЛИВАЊЕ ОДЛИЧЕН УСПЕХ НА НАШАТА РЕПРЕЗЕНТАТИВКА НА ЕП ВО ДАБЛИН, ИРСКА БОШЕВСКА СЕДМА Во завршница на ЕП во пливање во кратки базени, кое вчера заврши во Даблин, Ирска, нашата репрезентативка Мирјана Бошевска во дисциплината 400 м мешано, во финалето го освои 7. место со време од 4:42,67 мин (50 м - 30,90 сек, 100 м - 1:05,41 мин, 150 м - 1:42,17, 200 м - 2:18,42, 250 м - 2:58,37, 300 м - 3:39,00, 350 м - 4:11,57 мин) зад првопласираната Е. Риштов (Унг - 4:33,57 мин), Ј. Толкачева (Рус - 4:35,28), Т. Роман (Гер - 4:35,47), А. Кликар (Сло - 4:35,81), В. Ангелопулу (Грц - 4:41,30), Р. Коке (Анг - 4:42,45), а пред Р. Вивес (Шпа - 4:42,92 мин). Имено, Бошевска во финалето се пласира благодарение на освоеното 6. место во квалификациите каде делницата од 400 м мешано ја мина за време од 4:42,59 мин, што е послабо време од државниот рекорд, кој е во нејзина сопственост, за 2,29 сек (4:40,88 мин). Што се однесува до Весна Стојановска и Михало Ристовски, кои исто така настапија во вчерашниот ден, постигнаа резултати во рамките на своите можности. Така Стојановска во дисциплината 200 м слободно од 44 натпреварувачи го освои 37. место со резултат од 2:03,71 мин, а пак Ристовски во истата дисциплина, само во машка конкуренција се пласира на 53. позиција од 58 кандидати од кои тројца останаа без пласман. Инаку, 3. ден од ЕП во саботата боите на Македонија ги бранеа само Стојановска во натпреварот на 400 слободно каде се пласира на 23. место (4:15,20 мин) од 33 репрезентативки од кои две останаа без пласман, додека пак Ристовски од 16 учесници во натпреварот на 1500 м слободно го освои 'фенерот' со време од 15:58,92 мин. Како и да е, Бошевска како најискусна меѓу нашите репрезентативци и покрај повредата покажа дека сй уште е мак пливачот број 1. [img]http://www.sport.com.mk/vesnici/1705/sliki/5106.jpg[/img] Повредата сепак оставила трага- Мирјана Бошевска Pozdrav![:)]
StormAngel ПЛИВАЊЕ СО ЗАТВОРАЊЕТО НА БАЗЕНОТ 'ЦЕНТАР' ДОВЕДЕН ВО ПРАШАЊЕ ЦЕЛИОТ ТРЕНАЖЕН ПРОЦЕС ОЛИМПИЈЦИТЕ НЕ ОДАТ НА ОЛИМПИЈАДА!? По повод затворањето на единствениот Олимписки базен во Скопје и неможноста олимписките кандидати да ги извршуваат своите редовни тренинзи Пливачката федерација на Македонија (ПФМ) се огласи со соопштение кое го објавуваме во целост. 'Како Пливачка федерација на Македонија сакаме да ја известиме македонската јавност дека од 01.01.'04 г РМ нема ни еден базен во функција што е срамота за една држава која брои 2.000.000 жители, а сакаме да влеземе во Европа. ПФМ ги надмина сите внатрешни проблеми во интерес на спортот и успеа да даде најмногу олимпијци, засега четворица со потенцијал за уште двајца, но последната битка ја изгуби. Се затвори и последниот базен 'Центар' кој незнаеме од кои причини, а тоа и не е наша работа. Нас како ПФМ ни беше ветено на состанокот во Агенцијата за млади и спорт дека базенот ќе работи, а присуствуваа сите релевантни фактори - МОК, ЈП за спортски објекти, ПФМ, ФФК, СС на Скопје и директорот на базенот, но очигледно само пливачите се изиграни. Сакаме да истакнеме дека сите пливачи можат да издржат само 15 дена и тоа на подготовки во Бугарија, а верувале или не и во Лесковац (СЦГ) каде има три затворени базени. Со ваквиот чин шестгиошниот труд едноставно се фрла бидејќи пливањето е спорт во кој со прекин од неколку дена се пореметува целиот тренажен процес. Не можеме да сватиме како може 7. месеци пред Олимпијадата ние за нашите олимпијци да не можеме да обезбедиме услови за непречена работа, а сакаме да привлечеме странци на подготовки!? Во овој случај без тренинг останаа и стотици деца кои тренираат во скопските клубови, меѓу кои и со деформитети, па сега можат да вежбаат дома во када. Ги молиме надлежните органи за Владата на РМ итно да превземат акција и да го најдат виновникот за ваквата состојба бидејќи ќе останеме без Олимпијци, а некои држави вложуваат само за еден олимпиец околу 100000 евра, додека ние ги создаваме со ентузијазам'. Pozdrav![:)]
StormAngel ПЛИВАЊЕ АВСТРАЛИЕЦОТ ВЕЛИ ДЕКА Е РАЗОЧАРАН, НО ДЕКА МОРА ДА СЕ СМИРИ ТОРП СЕ ВРАТИ СО ТРИУМФ НА 200 МЕТРИ Јан Торп победи во полуфиналето на 200 метри слободно на Австралиските олимписки квалификации за да заборави на дисквалификацијата на 400 метри, неговата омилена дисциплина. Торп, кој е светски рекордер во двете дисциплини, имаше најдобро време на 200 метри од 1:48.33, дури 0.22 подобро од Грент Хакет. 21-годишната австралиска суперѕвезда нема да плива на 400 метри откако се лизна на стартот на квалификациите и беше дисквалификуван. И покрај трагедијата, како што се сфати настанот во Австралија, Торп насмеан зборуваше за трката. 'Еден од моите пријатели ми пушти СМС порака на која пишуваше само 'Упс'. Тоа е најдобар начин да се објасни што се случи. Навистина сум разочаран по сй што се случи, но на крајот морам да поминам преку тоа. Тоа е суштината на спортот', изјави насмеаниот Торп. Тренерот на трикратниот олимписки шампион, Трејси Мензис, поднесе две жалби до Австралиската пливачка федерација, но и двете беа одбиени. 'Тој е само човек, а не машина. Јан никогаш не стартувал предвреме, а вистински шампион каков што е тој ќе го остави ова зад себе. Правилата се правила и мораат да се почитуваат. Во никој случај тој не би побарал од својот пријател Крег Стивенс да му го даде неговото место', вели Мензис.