Interesno!
Interesno!
StormAngel ПЕРУЏА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД АНГАЖИРАЊЕ ФУДБАЛЕРКА ПРИНЦ ЌЕ ЈА ПИШУВА ИСТОРИЈАТА Германската репрезентативка Бригит Принц откри дека добила понуда од претседателот на Перуџа Лучијано Гаучи да стане првата фудбалерка која ќе заигра со своите колеги во едно од најсилните фудбалски првенства. Принц игра во нападот и со помош на нејзините голови Германија дојде до титулата Светски првак годинава. 'Се сретнавме пред недела дена. Гаучи би сакал да заминам во Перуџа на преговори', изиави Принц. Првичната желба на Гаучи беше да ја ангжира Швеѓанката Хана Љунгберг, но таа ја одби понудата. Ajde zeni napagajte![:D] Pozdrav![:)]
StormAngel 'КРАЛЕВИТЕ' МОЖАТ ДА ЗДИВНАТ ЗИДАН Е ПРЕСТАР ЗА ЧЕЛЗИ ! Роман Абрамович нема намера своите милиони да ги троши на најдобриот фудбалер за 2003 Зинедин Зидан затоа што е премногу стар . 'Сините' деновиве на сите страни се фалат дека нема да жалат пари за купување на вистинскиот играч, но извршниот директор Пол Смит е дециден дека тоа нема да биде Зидан. 'Воопшто не постои сомнеж околу тоа дали Зидан е играч од светска класа. Но тој во оваа форма може да остане уште најмногу две до три години и затоа не сме заинтересирани за него. Би можеле да си го дозволиме неговиот трансфер, но ако ги направиме сите математики ќе сфатиме дека неговиот трансфер не би бил премногу паметен потег. Челзи се обидува да гради тим за иднината, а тоа не може да го прави со фудбалери кои се на залезот од кариерата. Затоа сме фокусирани на барање фудбалери кои поседуваат голем талент, но во исто време да можат да настапуваат уште долго за нас', изјави Смит. И ПОНАТАМУ СЕ МИСЛИ НА НАПАЃАЧИ 25 МИЛИОНИ ФУНТИ ЗА ТРЕЗЕГЕ Ако Зидан им е престар, тогаш 26-те години на неговиот сонародник Давид Трезеге според размислувањата на 'сините' се доволни за него да упатат понуда од 25 милиони фунти. Јавна тајна е дека напаѓачот сака да го напушти Јувентус поради малата плата во однос на онаа на првите ѕвезди како Дел Пјеро и Буфон, а не му успеваат обидите да издејствува нов договор. Вакви проблеми сигурно не би имал во Челзи, кој е великодушен кон своите фудбалери и сигурно ќе ги прифати неговите барања. Pozdrav![:)]
StormAngel ПРОПАДНА УШТЕ ЕДЕН ОБИД НА ГАУЧИ ПРИЦ И РЕЧЕ 'НЕ' НА ПЕРУЏА Најдобрата фудбалерка на светот Бригита Принц не ја прифати понудата на калчолигашот Перуџа да стане првата жена која ќе заигра со своите колеги. Пред извесно време претседателот на Перуџа Лучијано Гаучи достави до напаѓачката на германската репрезентација понуда вредна 1 милион евра за 18 месеци да настапува за овој клуб. Но по неколку недели Принц се одлучи да не ја прифати понудата и да остане во Германија. 'Ја донесов конечната одлука. Пред се се водев од спортски причини во одлучувањето. Премногу го сакам фудбалот за да влезам во авантура каква што е играњето во Серија 'А'. Со своите машки колеги би играла само неколку минути, а никако цела сезона', рече Принц. Минатиот месец понудата од Перуџа ја одби и Швеѓанката Хана Љунгберг. Pozdrav![:)]
StormAngel 'Л'ЕКИП' ГО ОБЈАВИ СВОЈОТ ИДЕАЛЕН ТИМ НА ГОДИНАТА РЕАЛ+ЈУВЕ=ДРИМ ТИМ ЗА 2003 Стандардно пред крајот на секоја година францускиот најтиражен спортски весник 'Л'Екип' ги објавува 11-те фудбалери кои според изборот на неговите новинари ја одбележале годината што изминува. Очекувано во дрим-тимот на 'Л'Екип' доминираат фудбалерите на Реал Мадрид (годинава ги има четворица), а веднаш зад нив е и калчошампионот Јувентус со еден фудбалер помалку. Одбраната на тимот на годината го сочинува двоецот од Милан Паоло Малдини и Алсенадро Неста, кои се единствените фудбалери кои доаѓаат од редовите на европскиот првак. Се разбира место се најде и за фудбалерите кои ги собраа титулите на индивидуално поле меѓу кои и најдобриот според нив Павел Недвед, тука е и лауреатот на ФИФА Зинедин Зидан, а вечно вториот годинава Тиери Анри го предводи нападот на дрим-тимот. Интересно е што 'Л'Екип' не ја прекина својата традиција во тимот на годината да го вбројува фудбалерот на Челзи Клод Макелеле, иако на неговата позиција типуваат голем број фудбалски асови. Со оглед на тоа што изборот го врши француски весник, нормално е најмногу фудбалери да потекнуваат од оваа земја (четворица). Втора на списокот е Италија, која, пак, владее со одбраната на најдобриот тим за 2003 година, а честа на светскиот првак Бразил ја бранат осамените Роберто Карлос и Роналдо. ДРИМ-ТИМОТ НА 'ЛЕ'КИП' ГОЛМАН ЏАНЛУИЏИ БУФОН ОДБРАНА ЛИЛИЕН ТУРАМ РОБЕРТО КАРЛОС АЛЕСАНДРО НЕСТА ПАОЛО МАЛДИНИ СРЕДЕН РЕД ПАВЕЛ НЕДВЕД ЗИНЕДИН ЗИДАН ДЕЈВИД БЕКАМ КЛОД МАКЕЛЕЛЕ НАПАД ТИЕРИ АНРИ РОНАЛДО ЏАНЛУИЏИ БУФОН Датум на раѓање: 28.01.1978 Клуб: Јувентус Интересен факт: Татко му е поранешен шампион на Италија во стрелање, а мајка му се натпреварувала во фрлање дискови. На секој успешен клуб потребен му е квалитетен голман, факт кој е од најголема важност во Италија. А токму калчошампионот Јуентус го има најдобриот на светот Џиџи Буфон. По промоцијата во редовите на Парма во 2001 за рекорден трансфер од 52.28 милиони евра стана дел од 'Старата дама'. За жал, и неговите одлични одбрани не му помогнаа на клубот да ја освои титулата во Лигата на шампиони која му припадна на Милан. Но затоа за утеха од страна на УЕФА беше прогласен за МВП на минатото издание на елитното клупско натпреварување. РОБЕРТО КАРЛОС Датум на раѓање: 10.04.1973 Клуб: Реал Мадрид Интересен факт: Сака да одгледува коњи по фудбалската пензија Најпознатиот лев бек на светот и годинава доминираше на својата позиција. Неговата брзина, честите успешни излети во нападот и фантастичниот шут го вброија меѓу големите асови на фудбалската игра. На клупско поле му помогна на Реал Мадрид да дојде до титулата во Примерата, а, пак, во Лигата на шампиони каде стасаа до 1/4 финалето покрај во одбраната помогна и со четири гола доволно за и таму да влезе во идеалниот тим . Актуелен светски првак со Бразил, а неговиот гол од слободен удар против Франција во 1997 е влезен во аналите на овој спорт. АЛЕСАНДРО НЕСТА: Датум на раѓање: 19.03.1976 Клуб: Милан Интересен факт: Потекнува од младинската школа на Лацио Фудбалерот кој му недостигаше на Милан да дојде до титулата во Лигата на шампиони. Во тандем со Паоло Малдини го направи голот на 'росоњерите' непробоен за противничките напаѓачи. Момчето од Рим на 10-годишна возраст стана дел од Лацио, каде од младинските школи дојде до капитен на сениорската екипа. Во историјата на 'лацијалите' ќе биде запаменет како првиот капитен кој подигнал трофеј во Евро-куповите (Купот на УЕФА во 1999). Кога во август 2002 за 30 милиони евра потпиша за Милан навивачите на Лацио организираа масовни демонстрации низ улиците на Рим. ПАОЛО МАЛДИНИ: Датум на раѓање: 26.06.1868 Клуб: Милан Интересен факт: И неговиот татко Чезаре го подигна трофејот во Купот на европските шампиони по победата над Бенфика во сезоната 1962/63 на Вембли. За легендата на 'росоњерите' нема воопшто потреба да се објаснува зошто се најде во изборот, ретко кој и да се сеќава како изгледала одбраната на Милан без него. И покрај тоа што се наоѓа на залезот од кариерата Малдини сй уште е еден од најдобрите дефанзивци на светот. Го сруши рекордот на Џани Ривера и со 501 средба е фудбалерот со најмногу настапи во дресот на Милан. Исто така е и фудбалерот со најмногу настапи во Евро-куповите, а со оглед на тоа што договорот му истекува во 2005 неговите бројки и понатаму ќе раснат. ЛИЛИАН ТУРАМ Датум на раѓање: 01.01.1972 Клуб: Јувентус Интересен факт: Како дете посакувал да стане свештеник, но за среќа навреме открил дека неговиот талент е за на друго место. За квалитетите на Французинот најдобро зборува коментарот на неговиот поранешен соиграч Фабио Канаваро:' тој доаѓа од друга планета'. Еден од ретките фудбалери кои можат да се пофалат дека ги имаат освоено речиси сите титули како на клупско, така и на репрезентативно поле. Идентично како и Џиџи Буфон, по калењето во дресот на Парма дури во Јувентус ( по истотака рекорден трансфер за тоа време од 38 милиони евра) го достигна својот играчки врв. ДЕЈВИД БЕКАМ Датум на раѓање: 02.05.1978 Клуб: Реал Мадрид Интересен факт: На своето тело ги има истетовирано имињата на своите два сина, Бруклин и Ромео, а името на неговата сопруга Викторија го истетовирал на 'хинду' јазик. Фудбалерот кој го одбележа летниот преоден рок кога од својот матичен клуб Манчестер Јунајтед се реши да замине во Реал Мадрид. Иако многумина велеа дека 'кралевите' го ангажираа само од маркетиншки побуди, веќе по само неколку месеци минати меѓу 'кралевите' покажа дека е големо играчко засилување и дека може да игра во тимот преполн со ѕвезди. Покрај огромниот интерес кој го предизвикува и статусот на вистинска медиумска икона, неспорно е дека се работи за извонреден фудбалер чии додавања би ги посакал секој напаѓач. КЛОД МАКЕЛЕЛЕ Датум на раѓање: 18.02.1973 Клуб: Челзи Интересен факт: Неговиот татко има настапувано за репрезентацијата на Заир. Медиумски најмалку експониран од сите во дрим-тимот, но стручњаците добро знаат колку вреди еден Макелеле во тимот. Неговите квалитети добро ги знаеше и Клаудио Раниери, кој и покрај тоа што се работи за 30-годишен фудбалер не жалеше пари (23 милиони евра) за да го направи основа на супер тимот кој го гради на Стемфорд Бриџ. Вистински лидер на теренот кој ги поврзува одбраната и нападот. Знае да биде опасен пред противничките голови, но, сепак, негова главна одлика е дефанзивата, односно спречување на противникот да стигне до голот на неговата екипа. ЗИНЕДИН ЗИДАН Датум на раѓање: 23.06.1972 Клуб: Реал Мадрид Интересен факт: заедно со Роналдо се единствените кои трипати ја имаат освоено титулата на ФИФА за најдобар играч на годината. Најголемиот виртуоз со топката на денешницата. Иако во светот на фудбалот има многу квалитетни фудбалери за врска, сепак, Зидан е категорија сам за себе. Неговите извонредни прецизни додавања, прегледот на играта се сон за многумина негови колеги. Колкаво е значењето на Зидан се виде на Мундијалот на Далечниот Исток, каде без него европскиот и светски првак доживеа тежок дебакл. По двата неуспешни обиди со Јуве (порази во финалето), конечно, со Реал Мадрид во 2002 во неговата колекција на трофеи го додаде и оној од Лигата на шампиони. ПАВЕЛ НЕДВЕД Датум на раѓање: 30.08.1972 Клуб:Јувентус Интересен факт: Страсен колекционер на вина. Дефинитивно 2003 беше година на чешкиот ас. Истото мислење го има и 'Франс фудбал' доделувајќи му ја 'Златната топка' па воопшто немаше дилема кога требаше да се бира едно од местата во редот за врска. Недвед во минатата сезона максимално го искористи својот огромен талент и беше лидер на Јувентус до титулата во калчото. Единствен недостаток во успешната сезона може да му се смета неиграњето во финалето на Лигата на шампиони каде неговиот Јуве беше поразен од Милан. Најуспешната сезона во својата кариера ја продолжи и на репрезентативно поле експресно обезбедувајќи со Чешка пласман на Евро 2004. ТИЕРИ АНРИ Датум на раѓање: 17.08.1977 Клуб: Арсенал Интересен факт: Неговиот вујко е поранешен шампион на Франција на 400 метри со пречки. Ако Недвед е херојот на годината, тогаш бомбардерот на 'топчиите' слободно може да се нарече трагичар на годината. Анри и покрај фантастичната година во сите избори во финишот на сезоната беше сериозен кандидат, на ниту еден не се искачи на самиот врв. Причината за ова може да се бара во слабиот ефект на Арсенал во поглед на трофеите (го освоија само ФА купот на Англија). Но со оглед на неговите години и сигурно дека најдоброто од Анри допрва доаѓа. РОНАЛДО Датум на раѓање: 22.09.1976 Клуб: Реал Мадрид Интересен факт: За неговата фризура на Мундијалот изјави:'Мислам дека многу мајки ќе се налутат на мене' Ако се гледа според наградите тогаш оваа година е далеку понеуспешна за 'феноменот' бидејќи лани ги собра речиси сите што постојат. Сепак, ако се погледа ефектот на бразилскиот ас тогаш ќе се види дека неговата форма продолжува по нагорна линија. Во моментов е најдобар стрелец во Примерата со 12 гола, а со голема негова помош 'кралевите' обезбедија пласман во следната рунда на Лигата на шампиони. Pozdrav![:)]
miden1mk INTERESNO [?]
GoDsHaNd Nishto interesno
StormAngel Ne znam sto bi vi izgledalo interesno vam.[;)] Pozdrav![:)]
GoDsHaNd Koga bi ni pushtil porno film so poznati fudbaleri:)))
StormAngel Samo da imase takvi filmovi.[;)] Pozdrav![:)]
StormAngel УЕФА ВЧЕРА ТРЕТА ГОДИНА ПО РЕД ГО ОБЈАВИ ИДЕАЛНИОТ ТИМ ЗА МИНАТАТА ГОДИНА СПОРЕД ГЛАСАЊЕТО НА ФАНОВИТЕ ВКУСОТ НА НАВИВАЧИТЕ ЗА 2003 Европската куќа на фудбалот вчера ги објави резултатите од анкетата за фудбалери на годината. Француските асови Зинедин Зидан и Тиери Анри се единствените кои досега се најдоа во идеалниот тим во сите три изданија на изборот. Слабата конкуренција по десната страна во одбраната резултираше со пласман во идеалниот тим на младиот бек на Порто Пауло Фереиро, а од редовите на освојувачот на Купот на УЕФА место се најде и за тренерот Хозе Мурињо, кој повеќе од убедливо ги совлада своите конкуренти. Останатите членови на тимот се стандардните кои доминираа и во останатите избори за минатата година. ГОЛМАН: 1. Џиџи Буфон (Јувентус) 49.45% 2. Тимо Хилдебранд (Штутгарт) 16.69% 3. Дида (Милан) 16.41% 4. Франческо Толдо (Интер) 9.69% 5. Сергеј Овчиников (Локомотив М.) 7.76% ДЕСЕН БЕК: 1. Пауло Фереира (Порто) 37.66% 2. Лилиан Турам (Јувентус) 24.95% 3. Хавиер Занети (Интер) 15.85% 4. Мичел Салгадо (Реал М.) 14% 5. Хатем Трабелси (Ајакс) 8.04% ЛЕВ БЕК: 1. Роберто Карлос (Реал М.) 63.14% 2. Џанлука Замброта (Јувентус) 15.19% 3. Биксент Лизаразу (Баерн М.) 7.72% 4. Џон О'Ши (Манчестер Ј.) 7.46% 5. Кака Каладзе (Милан) 6.5% ОДБРАНА 1. Алесандро Неста (Милан) 21.3% 2. Паоло Малдини (Милан) 17.15% 3. Рикардо Карваљо (Порто) 14.63% 4. Сергеј Игнашевич (Локомотив М.) 12.46% 5. Кристијан Чиву (Рома) 12.16% 6. Јап Стам (Лацио) 6.37% 7. Фабио Канаваро (Интер) 6.28% 8. Иван Елгера (Реал М.) 4.82% 9. Даниел ван Бајтен (Олимпик М.) 3.23% 10. Патрик Милер (Лион) 1.61% ДЕСНО КРИЛО 1. Луис Фиго (Реал М.) 52.68% 2. Енди ван дер Мејде (Интер) 22.3% 3. Карел Поборски (Спарта П.) 9.18% 4. Стивен Пиенар (Ајакс) 7.98% 5. Валери Карпин (Р. Сосиедад) 7.86% ЛЕВО КРИЛО 1. Павел Недвед (Јувентус) 64.54% 2. Рајан Гигс (Манчестер Ј.) 17.01% 3. Рафел ван дер Варт (Ајакс) 11.65% 4. Демиен Даф (Челзи) 4.93% 5. Хавиер Де Педро (Р. Сосиедад) 1.87% ИГРАЧ ЗА ВРСКА 1. Дејвид Бекам (Реал М.) 39.05% 2. Едгар Давидс (Јувентус) 18.88% 3. Клод Макелеле (Челзи) 15.03% 4. Џенаро Гатузо (Милан) 14.13% 5. Андреа Пирло (Милан) 12.9% ПЛЕЈМЕЈКЕР 1. Зинедин Зидан (Реал М.) 43.86% 2. Деко (Порто) 38.55% 3. Михаел Балак (Баерн М.) 7.96% 4. Пол Сколс (Манчестер Ј.) 7.77% 5. Чаби Алонсо (Р. Сосиедад) 1.85% НАПАД 1. Тиери Анри (Арсенал) 18.29% 2. Руд ван Нистелрој (Манчестер Ј.) 18.07% 3. Рој Макај (Баерн М.) 13.35% 4. Дерлеи (Порто) 12.61% 5. Роналдо (Реал М.) 11.39% 6. Андриј Шевченко (Милан) 9.46% 7. Раул (Реал М.) 6.66% 8. Алесандро Дел Пјеро (Јувентус) 4.51% 9. Хенрик Ларсон (Селтик) 2.92% 10. Филипо Инзаги (Милан) 2.72% ТРЕНЕР 1. Хозе Мурињо (Порто) 60.97% 2. Марчело Липи (Јувентус) 17.45% 3. Карло Анчелоти (Милан) 10.88% 4. Мартин О'Нил (Селтик) 5.79% 5. Рејналд Денуа (Р. Сосиедад) 4.91% Pozdrav![:)]
StormAngel ЗА ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА НА 'ОСКАРИТЕ' ПОДЕЛБА НА ТИТУЛАТА ТОТИ И НЕДВЕД, НАЈДОБРИ ЗА МИНАТАТА СЕЗОНА Асовите на Рома, Франческо Тоти, и на Јувентус, Павел Недвед, ја поделија наградата за најдобар фудбалер во Серија 'А' за сезоната 2002/03 на церемонијата која се одржа во понеделникот. За првпат во седумгодишната историја се случува наградата да замине кај двајца фудбалери откако членовите на Италијанската фудбалска федерација не можеа да се одлучат кој е подобар меѓу Тоти и Недвед. Претходно на италијанските 'Оскари' Чехот Недвед го победи Бразилецот Емерсон и Романецот Адриан Муту во трката по наградата 'Најдобар фудбалер од странство'. За него ова беше заокружување на жетвата на трофеи откако минатиот месец беше прогласен за најдобар европски фудбалер на годината, а се најде и во идеалниот тим според анкетата на УЕФА во која гласаа фановите ширум планетава. Тоти, пак, триумфираше кај 'домашните' фудбалери пред фавотит за оваа титула Паоло Малдини од Милан и Кристијан Виери од Интер. Севкупно ова беше добра вечер за Недвед и неговиот клуб Јувентус. Сосема очекувано наградата најдобар голман замина во рацете на Џиџи Буфон, кому едноставно Франческо Толдо и Морган Де Самтис не му беа достојна конкуренција. Во трката по трофејот за 'Најдобар стратег' освојувачот на скудетото Марчело Липи го победи тренерот на европскиот првак Милан Карло Анчелоти. Дефанзивец на годината е Алесандро Неста оставајќи го својот партнер од одбраната на росоњерите' Паоло Малдини на втората позиција, а зад него остана и бекот на Лацио Јап Стам. Мало изненадување се случи во изборот за 'најдобар млад фудбалер' каде се очекуваше битката да се води меѓу Андреа Пирло и Фабрицио Миколи, за на крајот таа да му припадне на Антонио Касано од Рома, кој и не може да се пофали со успешна сезона. Што се однесува, пак, до судиите, и таму работите се кристално јасни па Пјеулуиџи Колина втора година по ред дојде до ова признание оставајќи им малку надеж на Папареста и Росети дека во иднина ќе можат да му го одземат приматот на најдобар делител на правдата во калчото. КАРЛО АНЧЕЛОТИ: ТОТИ Е ДОБАР, НО ГО ИМАМЕ КАКА Интересна изјава по завршувањето на изборот даде вицешамионот кај тренерите Анчелоти кога од него беше барано мислење дали би сакал во својот Милан да го види лауреатот Франческо Тоти. 'Секако дека би сакал да го видам Тоти во Милан, тој е одличен фудбалер. Но немам потреба од него. Милан си го има Кака, кој според мене е поквалитетен фудбалер од Тоти', рече Анчелоти. ПОБЕДНИКОТ НЕДВЕД НЕ ГЛАСАЛ Павелк Недвед вчера за медиумите откри дека не учествувал во гласањето за италијанските 'Оскари'. 'Не можев да гласам поради некои недоразбирања со италијанската фудбалска федерација', истакна чешкиот ас не сакајќи да прецизира за какви недоразбирања се работи. Pozdrav![:)]
StormAngel ФИФА ЈА ОБЈАВИ НОВАТА РАНГ-ЛИСТА ПАД ПОРАДИ СКОКОТ НА ГВИНЕЈА Нашата фудбалска репрезентација падна едно место на листата на ФИФА и сега се наоѓа на 93. место. Ваквиот пад се должи пред сй на скокот на репрезентацијата на Гвинеја, која на листата се искачи дури за 14 места. Имено, Гвинеја од 102. место во јануари, сега е на 87. место. Освен тоа, веројатно на падот 'кумуваше' и скорот кој го имавме со селекцијата на Кина, во кој на два натпревари имаме еден нерешен резултат и еден пораз. Што се однесува на поместувањата, како и што можеше да се очекува, нагоре отидоа земјите од Африка, кои играа во националниот куп на овој континент. Така Алжир се искачи за 10 места, Мали за 8, Зимбабве за 4, Тунис за 14, Нигерија за 14 итн. Од нашите противници во групата за пласман за СП 2006 година, Франција остана на второто место, а Холандија на четвртото. Чешка падна две места и сега е на осмото, а Романија, која минатиот месец беше на 27., сега е на 28. место. Пад од две места има и Финска, која е на 42. место. Преостанатите две репрезентации од нашата група се зад нас. Ерменија е на 114. место, а Андора на 147. место. Бразил е сй уште прв на оваа листа со 18 бода предност пред Франција. РАНГ - ЛИСТА 1. Бразил 2. Франција 3. Шпанија 4. Холандија 5. Мексико 6. Аргентина 7. Англија 8. Чешка 9. Турција 10. Италија 21. Нигерија 25. Русија 28. Романија 42. Финска 93. МАКЕДОНИЈА 114. Ерменија 147. Андора
StormAngel ОБЈАВЕНА ЛИСТАТА НА ЗАРАБОТКА НА ТОП-КЛУБОВИТЕ ВО ЕВРОПА 'ЗЛАТНАТА' КОКОШКА СЕ ВИКА МАНЧЕСТЕР Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајдед е на првото место на листата на најбогати фудбалски клубови во светот за 2003 година. Листата ја изготви сметководствена куќа 'Делоит', а според нив Манчестер Јунајдед има приход од 308 милиони долари, дури 40,5 милиони повеќе од најблискиот ривал, италијанскиот Јувентус, кој е во сопственост на автомобилскиот гигант 'Фиат'. Милан на италијанскиот премиер Силвио Берлускони е трет клуб кој минатата година имал најмногу заработка, а на четврто место е кралскиот клуб од Мадрид, Реал. Реал и Баерн Минхен, кој според заработката е веднаш зад наго на листата, се единствените клубови во Топ 10 кои не доѓаат од Англија или од Италија. Шест е Интер од Милано, а во споередба со ланската година, Арсенал го потисна Ливерпул за едно место и сега е седми. 'Топџиите' годинава обезбедија и нов стадион, поголем од 'Хајбери' каде игра во моментов, со капацитет од 66.000 гледачи и сразмерно со тоа може да очекува и поголем прилив на пари во иднина. Следува Њукасл Јунајтед и во за минатата година на 10. место е империјата на Роман Абрамович, Челзи, со 164 милиони долари годишна заработка. Манчестер Јунајтед е на првото место на листите во кои се вклучени и спортовите кои се популарни и во САД. 'Ѓаволите' заработиле речиси 10 милиони долари повеќе од вториот најпрофитабилен клуб на планетата, безбол тимот Њу Јорк Јенкис. 'Јенките' се на второ место со 298,6 милиони долари профит, а меѓу првите десет се вмешува и екипата во американски фудбал, Тампа Беј Буканирс. Тие на оваа листа би биле пред Арсенал. За изработка на оваа листа се сметаат приходите кои се добиваат со секојдневното бизнис работење на клубовите, а не и парите кои се добиени за откуп на клубот (како Челзи на пример). Исто така не се пресметани ниту расходите. ТОП 10 1. Манчестер Јунајтед Англија 308 2. Јувентус Италија 267.5 3. Милан Италија 245.3 4. Реал Мадрид Шпанија 235.8 5. Баерн Минхен Германија 200 6. Интер Италија 199 7. Арсенал Англија 183.3 8. Ливерпул Англија 183 9. Њукасл Англија 170.2 10. Челзи Англија 164
StormAngel И ФУДБАЛЕРИТЕ СЕ ВКЛУЧИЈА ВО СПАСОТ НА КЛУБОТ 'ЛАЦИЈАЛИТЕ' СЕ ОТКАЖАА ОД ЕДНА ПЛАТА Фудбалерите на Лацио решија да му помогнат на клубот во финансиската криза. Сите до еден се откажаа од платите и премии за еден месец со што на клубот му заштедија 12 милиони евра. Тие исто така ветија и дека ќе купат акции пред претстојното акционерско собрание на кое управата се надева дека ќе собере околу 120 милиони евра кои би го спасиле клубот од банкрот. Доминантиот акционер кај 'лацијалите ' Стефано Рикучи ги повика навивачите и тие да го следат примерот на фудбалерите и со купување акции да му помогнат на клубот. 'Ги жртвуваме нашите примања за да му помогнеме на кубот. Договорот сй уште не е потпишан, но тоа ќе се случи во наредните десетина дена', изјави дефанзивецот Синиша Михајловиќ. Следна непопуларна мерка која ќе се преземе за намалување на расходите е 'кастрењето' за околу половина на платите на фудбалерите. Последниот финансиски извештај на клубот откри дека за периодот од јуни до декември клубот забележал загуба од 68 милиони евра. Во моментов поради истрагата која се води над екс-претседателот Серџо Крањоти акциите на Лацио се повлечени од берзата во Рим.
StormAngel ОТКРИЕНА ОФИЦИЈАЛНАТА ПЕСНА НА ЕВРО 2004 НЕЛИ ФУРТАДО ЈА ПЕЕ ХИМНАТА Песната 'Форца' на канадската поп ѕвезда Нели Фуртадо ќе биде официјална химна на Европското првенство во Португалија. Канаѓанката која води потекло од Португалија (таму се родени нејзините родители) изјави дека е пресреќна што нејзината песна е избрана за химна на првенството. Песната инаку се наоѓа на албумот 'Фолклор', кој е продаден во повеќе од три милиони примероци, а според зборовите на Фуртадо е пишувана специјално за Европското првенство.
StormAngel ЖЕЛБИ НА ФУДБАЛСКИТЕ 'ФАЦИ' ЗА НОВАТА ГОДИНА ШТО САКАМ ОД ДЕДО МРАЗ? Слично како лани, и годинава ви презентираме дел од желбите што неколку фудбалски 'фаци' ги посакаа од Дедо Мраз за 2004 година. Овој пат тоа се желбите на Клаудио Раниери, Луис Фелипе Сколари и Кристијан Виери. Драг Дедо Мраз Или, подобро да речам Роман? Последниве шест месеци за мене беа како Божиќ секој ден. Некои мои пријатели мислат дека имам доволно играчки за сезонава, но ако тоа е точно тогаш не знам зошто Кристофер Колумбо отпатувал за Индија за да ја открие Америка. За луѓето никогаш ништо не е доволно и затоа сакам да се укинат сите трансфер-ограничувања за да можам секоја недела да си земам по некоја нова играчка и да си играм со неа додека ми е интересно, а потоа да ја остават во купот со истрошените играчки. Твојот Клаудио ПС: Можеби би можел да средиш мојот пријател Свен да триумфира на ЕВРО 2004, така што би престанал да се гледа со Роман и да ме вознемирува. Мислам дека тој би можел да ми ги украде играчките или дури да си купи подобри од моите. Мил мој Дедо Мраз, 2002 беше моја година, но моите играчки од тогаш сега изгледаат доста застарено. Мојата желба за 2004 година се однесува на летниот период, кога очекувам да биде организирана една извонредна забава во моја чест. Затоа би сакал моите 'пријатели' повторно да играат како кога имаа 19 години и сите заедно да уживаме во хитовите од 1991 година. Ако не можеш да ми го средиш тоа, тогаш барем обезбеди авионски билет за Бразил. Во еден правец. Засекогаш твој, 'Биг Фил' Чао 'Санта' Мојот пријател Хернан летово мораше да замине во Лондон и сега јас се чувствувам многу осамено. Порано чувстував дека имам многу пријатели во Италија, но веќе не знам дали тие воопшто сакаат да им бидам во близина. Во последните пет-шест години морав често да се селам од Болоња до Австралија, до Торино, па Пиза, Бергамо, повторно Торино, Мадрид, Рим, па сега и Милано и не знам дали повторно ќе морам да барам нова куќа. Чувствувам дека 'пријателите' ќе ми се смират само ако го освојам скудетото, но не знам дали ќе успеам да им ја исполнам желбата. Твој, Кристијан Виери Ако веќе морам да се селам, ќе можеш ли да го прашаш твојот пријател од Русија дали ќе може да ми среди да си купам убава куќа во Лондон? Pozdrav![:)]
StormAngel НАЈИНТЕРЕСНИ ИЗЈАВИ ШТО ФУДБАЛЕРИТЕ И ТРЕНЕРИТЕ ШИРУМ ЕВРОПА ГИ ДАДОА ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДВАНАЕСЕТ МЕСЕЦИ 'ФУДБАЛСКИ БИСЕРИ' ЗА 2003 'Ако ја шутнам копачката уште илјада, па дури и милион пати, не би можел повторно да го повторам тој удар. Кога би можел да го сторам тоа, јас сй уште би бил активен фудбалер', изјава на сер Алекс Фергусон откако во соблекувалната на Манчестер шутна копачка директно во главата на Дејвид Бекам. 'Не можам да дочекам да заиграм со вистинското име на мојот грб', коментар на Лучиано (претходно познат како Ериберто), кој беше суспендиран поради поседување лажен пасош (со лажен идентитет) за да може полесно да се продаде во Италија. 'Разликата меѓу Паоло и мене е што јас секогаш сум се трудел многу повеќе за да достигнам некое ниво, а тој сето тоа го прави крајно природно. Токму затоа тој е еден од најдобрите светски дефанзивци', Алесандро Костакурта се споредува себеси со Паоло Малдини. 'Кога ми го послужија во ресторанот помислив дека станува збор за пилешко', Пол Гаскоњ раскажува за своето искуство во јадење лилјак додека настапуваше во кинескиот тим Гансу Тианма. 'Не мислам дека Милан е подобра екипа од нас, едноставно немавме среќа денеска. Ние штотуку го освоивме скудетото, а во последните две сезони собравме 27 бода повеќе во однос на фудбалерите на Карло Анчелоти', слаба е утехата на Марчело Липи по поразот во финалето од Лигата на шампионите од 'росоњерите'. 'Лапорта им понуди убаво колаче на сите кревајќи им ги надежите дека ќе може да му парира на Реал Мадрид. Сепак, на оваа кампања н дојде крајот и сите сфативме дека Лапорта воопшто немал колаче и сй било само лага', изјави поразениот во претседателските избори на Барса, Луис Басат, мислејќи на ветувањето на Хоан Лапорта дека на Ноу Камп ќе го доведе Дејвид Бекам. 'Мајмунска чајанка', Ули Хенес ја објаснува непотребната преголема заинтересираност на медиумите околу трансферот на Бекам во Реал Мадрид. Детиште станува 'ренесансен принц' само благодарение на фудбалот, така што не треба да бидеме изненадени ако во следните неколку години некој секс-симбол стане обичен работник на градилиште. Очекувавме Бекам да биде 'лигав тип' кој ќе внимава да не биде удрен, но тој едноставно е неуморив', мадридскиот новинар Хуанма Треба е импресиониран од првите настапи на 'Бекс' во дресот на 'кралевите'. 'Да, знам што мислат најголемиот дел од луѓето ширум светот. Но треба да знаете дека во Русија има голем број млади, многу богати луѓе. Не живееме доволно долго за да го потрошиме она што сме го заработиле и затоа решив сега да си го остварам сонот и да си купам фудбалски клуб. Некој ќе се сомнева во моите мотиви, некој ќе мисли дека сум луд, но тоа воопшто не ми е важно', Роман Абрамович објаснува зошто го купил лондонскиот премиерлигаш. 'Секако дека ќе беше многу подобро доколку Роман купеше руски клуб место Челзи, особено ако се знае дека тој своето богатство го создаде користејќи ги природните ресурси на нашата земја', претседателот на Руската фудбалска федерација, Вјачислав Колошков, дава свој коментар за купувањето на тимот на Челзи од Роман Абрамович. 'Новинарите не знаат што пишуваат. Тие само го видоа семафорот и веднаш помислија дека противникот доминираше над нас. А ривалите воопшто не беа подобри од моите фудбалери', тренерот на АЗ Алкмар, Ко Адриансе, дава навистина смешна изјава по поразот од 1:5 на домашен терен од Рода. 'Не е важно. Кога Швеѓанките не сакаат да играат за Перуџа, тогаш ќе си купам фудбалерка од Данска. Генерално гледано, женските се поинтелигентни отколку машките. Ние по традиција купуваме млади фудбалери и им помагаме да станат 'ѕвезди'. Очекувам истото да биде случај и со фудбалерките што ќе ги купиме наскоро', изјава на претседателот на Перуџа, Лучијано Гаучи, откако не успеа да потпише договор со двете најдобри шведски репрезентативки. 'Не е до судиите, туку до нас. Дури и да донесеме странски судии, повторно тие ќе 'бидат потплатени' и ќе бидат виновни бидејќи Италијанците се таков народ, сомничави за сй. Секогаш плачеме дека некој нй краде, иако најчесто тоа воопшто не е случај', Џовани Трапатони дава изјава по најавата дека би можело да се случи странски судии да ја делат фудбалската правда на натпреварите од Серија 'А'. 'Ако Јохан Кројф сака да се забавува нека оди во кино за да гледа некоја интересна комедија', Карло Анчелоти му враќа на Кројф за неговата изјава дека Милан игра неверојатно досаден фудбал по триумфот на 'росоњерите' од 1:0 на гостувањето против Ајакс. 'На Кројф му е многу лесно да седи од страна и да се прави паметен давајќи коментари како други треба да си ја вршат работата. Сепак, треба да се знае дека тој двапати имаше можност да стане селектор на Холандија и двапати реши да ги одбие челниците на нашата Федерација. Ако имаше доволно храброст и ако веруваше во своите квалитети, тој сега ќе беше селектор', Дик Адвокат го напаѓа Јохан Кројф откако овој ги критикуваше холандските фудбалери по поразот од Шкотска во првиот бараж-меч за пласман на ЕВРО 2004. 'Дури и името му е погодено. Тој е спој од Џон Вејн и Мики Руни, 'микс' од човек што качен на својот коњ го спасува градот од мизерија и еден извонреден забавувач. Тоа е нашиот Вејн Руни', сопственикот на Евертон, Бил Кенрајт, има само пофални зборови за својата тинејџерска сензација. Pozdrav![:)]
StormAngel ГОДИНАТА КОЈА МИНУВА ВИДЕНА ПРЕКУ ПРИЗМАТА НА СТАТИСТИКАТА 2003 НИЗ БРОЈКИ 0 - порази на репрезентацијата на Чешка во 2003. 3 - постигнати гола од Аз Алкмар во првите пет минути на мечот со Утрехт. 13 - број на едноподруго шампионски титули на летонскиот клуб Сконто Рига ( светски рекорд) 17 - средби без пораз на Холандија. Серијата им ја прекина Чешка во јуни. 20 - средби на кои Англија е без пораз на кои игра Стивен Жерард (нема пораз во дресот на репрезентацијата). 22 - број на пенали на мечот меѓу Арсенал и Ротерам во Лига-купот на Англија. 29 - број на титули кои Реал Мадрид ги освои во Примерата. 29 - број на голови кои ги постигна Рој Макај во дресот на Ла Коруња на патот до Златната копачка. 40 (и шест месеци) - возраста на која Донато го одигра последниот меч за Ла Коруња, со што стана најстариот фудбалер кој играл во Шпанија. 100 - бројот на сезони кои Евертон ги одиграл во Премиер-лигата. 111 - францускиот рекорд во број на настапи за репрезентацијата кој го држи Марсел Десаи. 501 -бројот на настапи на Џани Ривера за Милан во Серија 'А'. Неговиот рекорд годинава го мина Паоло Малдини. 720 - Повторно Малдини. Овој пат се работи за севкупно настапи за Милан, каде го мина Франко Барези. 884 - минути колку голманот на Штутгарт Тимо Хилдебранд не беше совладан во Бундес-лигата. 1000 - средби во Серија 'А' на кои Карло Мацоне бил тренер ( во моментов е во Болоња), кој со 66 години е најстариот стратег во Италија. 1000 - број на средби на Дејвид Симан во Премиер-лигата. 1297 - бројот на минути колку репрезентацијата на Северна Ирска нема постигнато гол. 160 000 000 - милиони евра кои Роман Абрамович ги потроши за купување фудбалери откако стана сопственик на Челзи. Pozdrav![:)]
StormAngel НАЈИНТЕРЕСНИТЕ СТОРИИ НА ГОДИНАТА НА И ОКОЛУ ТЕРЕНИТЕ И ТОА Е ДЕЛ ОД ФУДБАЛОТ Што би бил фудбалот без фудбалерите? Филозовско прашање кое прилега на атмосферата во овој дел од годината, прашање кое истотака е добар поттик за издвојување на некои од најдобрите стории поврзани со најважната споредна работа на светот во изминатите 12 месеци. ЗАБОРАВЕНИОТ КАН Баерн Минхен крајно убедливо се прошета до титулата во домашното првенство минатата сезона, а за тоа можеби најзаслужен е нивниот голман Оливер Кан, кој бранеше во одлична форма. И покрај многуте одбрани во годината најголемиот 'пенал' Кан го прими кога заборави да се појави на прославата на титулата на Баварците во еден од елитните ресторани во Минхен. Според подоцнежните објаснувања, Кан бил поканет на прославата, но поканата до сите ја упатил тренерот Отмар Хицфелд во клупскиот автобус, а Кан поради тоа што во моментот имал слушалки на ушите не ја слушнал поканата. 'Звучи неверојатно, но тоа е вистината. Тој едноставно не знаеше каде треба да се појави за прославата', објасни портпаролот на Баерн, Маркус Хорвик. Неговите соиграчи не успеале ниту со помош на мобилната телефонија да го најдат правдајќи се на слабиот сигнал на нивните телефони, што за Кан не беше убедливо оправдување и сериозно им се налути на колегите кои го заборавија. КОГА НЕМА ДА СЕ НАМЕСТИ ЧАСОВНИКОТ Кан најверојатно повеќе би сакал да пропушти тренинг отколку прослава на титула, иако и недоаѓањето на тренинг може понекогаш скапо да чини. Напаѓачот на Гронинген Мартин Дент го пропуштил неделниот тренинг, само еден ден откако го постигнал победничкиот гол против Витезе, но тој барем имал оправдување. Имено претходната вечер се случило промена на сметање на времето, но Дент поради еуфоријата изумил да го намести часовникот и следното утро се појавил еден час порано на тренинг. Кога увидел дека му ги нема колегите веднаш си заминал, а и покрај убедливото оправдување Дент сепак бил казнет 250 евра. ТАТО МАТЕУС НА ПОМОШ Следната сторија доаѓа од кај нашиот северен сосед, сторија која е одлична потврда дека тренерите навистина треба да се втори татковци на фудбалерите и мораат постојано да ги чуваат од опасностите кои ги демнат насекаде. Имено, петмина фудбалери на Партизан во пресрет на мечот со Реал Мадрид околу еден час беа заробени во хотелскиот лифт, а целата операција на спасување на заробените мина под будното око на 'тато' Лотар Матеус. 'Вакви работи најверојатно често се случуваат', беше коментарот на Љубинко Друловиќ по ослободувањето на неговите колеги. СИТЕ ГО ПОЗНАВААТ ГОПИНГЕН Најверојатно никогаш во животот не сте слушнале за германскиот интернационалец Џеј Гопинген, кој е главната ѕвезда на Оринџ Сити Блу Старс екипата од МЛС Лигата во САД. Но ако го слушнете името Јирген Клинсман тогаш работите се далеку поинакви. Всушност се работи за една иста личност, а некогашната голема ѕвезда на најважната споредна работа на светот не сакајќи да привлекува внимание за свој нов идентитет го избра името на својот роден град. 'Се решив за лажен идентитет затоа што сакав да ја избегнам медиумската експонираност', рече Клинсман, пардон Гопинген. Но не успеа да ги прелаже сите. Еден од противничките тренери го препозна:' Секој што барем малку го познава фудбалот знае кој е Клинсман. Од него попознат е можеби само Пеле'. ХЕРОИТЕ ОД НАШЕ МААЛО Нема потреба да се трага премногу по фудбалерите на годината во борба против криминалот. Таа титула без конкуренција им припаѓа на членовите на Еспањол Саво Милошевиќ, Иван Амаја, Сирил Доморо и Алекс Фернандез. Фудбалските полицајци кога здогледале дека на клупскиот благајник му ја грабаат торбата во која имало 24 000 евра од продажба на билети веднаш започнале да го бркаат крадецот кој се исплашил и побегнал оставајќи ја торбата со пари. Pozdrav![:)]
StormAngel СИТЕ ФУДБАЛСКИ ПОБЕДНИЦИ, 'ЛУЗЕРИ' И ИЗНЕНАДУВАЊА ШИРУМ ЕВРОПА ВО ЗНАКОТ НА АБРАМОВИЧ, БЕКАМ, НЕДВЕД ... КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРО 2004 ТУРЦИЈА ЗАВИЕНА ВО ЦРНО Најголемо разочарување на квалификациите за ЕВРО 2004 сигурно е репрезентацијата на Турција. 'Бронзените' од последниот Мундијал се 'обрукаа' во баражот за пласман на ЕВРО 2004, губејќи од аутсајдерите од Летонија. За разлика од Турција, во најстандардна форма сезонава играше селекцијата на Чешка. Недвед, Поборски и останатите во текот на изминативе 12 месеци ниту еднаш не ја почувствуваа горчината на поразот, што е голем успех ако се знае дека меѓу другите, Чесите за ривал двапати ја имаа селекцијата на Холандија. ПРЕМИЕР-ЛИГА ЈУНАЈТЕД СЕ ВРАТИ НА ТРОНОТ Манчестер Јунајтед сигурно е клубот што го одбележа фудбалот во Англија во оваа година. 'Црвените ѓаволи' не само што по една година пауза се вратија на фудбалскиот трон, туку и летово направија многу пари со продажбата на Верон и Бекам. Ако се знае дека и без нив двајца Манчестер Јунајтед Новогодишните празници ќе ги мине на врвот на табелата во Премиер-лигата, јасно е дека Сер Алекс Фергусон си ја знае работата. За разлика од Јунајтед, најголеми 'лузери' во Премиер-лигата се фудбалерите на Ливерпул. Иако секоја нова сезона најавуваат се посериозен атак на титулата, 'црвените' буквално се посрамотија во 2003 година. Минатата сезона не стигнаа ни до 4. место кое води во Лигата на шампионите, а и покрај ангажирањето на Хари Кјуел, на Енфилд Роуд не цветаат рози ниту сезонава. СЕРИЈА 'А' ЈУВЕ НЕ ЗНАЕ ЗА ДОСТА Второ скудето по ред или вкупно 27. за Јувентус. Тоа беше епилогот на минатата сезона во Серија 'А', во која 'старата дама' на едно коло пред крајот си го осигура триумфот во домашниот шампионат. Рома важеше за најголемо разочарување во минатата сезона, но Фабио Капело летово успеа да ги мотивира своите фудбалери, кои сега играат во голем стил и се најсериозни кандидати за освојување на титулата. БУНДЕС-ЛИГА 'МИЛИОНЕРИТЕ' ПРЕД БАНКРОТ 'Црна' беше оваа година за фудбалерите и челниците на Борусија Дортмунд. 'Милионерите' најпрвин со ремито на свој терен со Котбус го загубија второто место на табелата, за подоцна во квалификациите за Лигата на шампионите да загубат од Бриж. Ако на ова се додадат очајните игри во новата сезона (без победа на последните осум натпревари), јасно е дека фудбалерите на Матијас Замер ќе настојуваат што побрзо да ја заборават оваа 2003 година. Баерн Минхен сосема очекувано лани дојде до титулата, а најпријатно изненади тимот на Штутгарт, кој лани дојде до второто место на табелата, а и сезонава е меѓу најсериозните конкуренти за првото место (заедно со уште едно големо изненадување, тимот на Вердер). ПРИМЕРА-ДИВИЗИОН БАРСА ОД ГЛУПОСТ ВО ГЛУПОСТ Хоан Лапорта најавуваше многу при претседателските избори во Барселона,но оствари малку. Фактот дека не успеа да го доведе Бекам не ги разочара толку каталонските навивачи колку ангажирањето на крајно неискусниот Франк Рајкард како замена за Радомир Антиќ, под чие водство ако ништо друго, Барса барем имаше свој препознатлив стил на игра. Неискуството на Рајкард веднаш се виде на дело, па Барса уште сега заостанува цели 15 бода зад лидерот Реал Мадрид. Инаку, 'кралевите' сосема очекувано дојдоа до титулата во домашниот шампионат, што беше слаба утеха за елиминацијата од Јуве во Лигата на шампионите. ЛИГА НА ШАМПИОНИ ТИТУЛАТА ШЕСТИ ПАТ НА САН СИРО Неколку сезони по ред завршницата во Лигата на шампионите минуваше без италијански тим, но одмаздата од Апенините стигна годинава. Три италијански екипи се најдоа меѓу четирите полуфиналисти, а во финалето се пласираа два тима од Апенинскиот Полуостров. На Олд Трафорд се одигра класично италијанско финале, во меч во кој и Милан и Јуве повеќе мислеа на одбраната, а 'росоњерите' дојдоа до трофејот поради подоброто изведување на пеналите. Ова беше вкупно шести триумф на Милан во елитното европско натпреварување, со што 'росоњерите' се убедливо најквалитетен италијански состав во елитното европско натпреварување. ТРАНСФЕРИ РУСКА ИМПЕРИЈА СРЕДЕ ЛОНДОН Треба ептен да си 'фраер' за да го ставиш Дејвид Бекам во сенка. Токму тоа беше случај со новиот газда на Челзи, Роман Абрамович, кој повеќе пати се најде на насолвните страници на весниците ширум Европа отколку капитенот на 'гордиот Албион'. Рускиот милијардер го купи Челзи од Кен Бејтс, за веднаш потоа да потроши преку 100 милиони евра за да доведе на Стемфорд Бриџ фудбалски мега-ѕвезди од калиброт на Верон, Креспо, Муту итн. Ако се знае дека Абрамович само се 'загрева' и дека најавува трошење на уште многу милиони, јасно е зошто скоро сите фудбалери сега сакаат да му пристапат на Челзи. Инаку, најскап трансфер во 2003 година беше оној на Дејвид Бекам, кој за 35 милиони евра од Манчестер Јунајтед се пресели во Реал Мадрид. Откако не успеа да го доведе Бекам на Ноу Камп, претседателот на Барса Хоан Лапорта беше принуден да му плати на ПСЖ 30 милиони фунти за Бразилецот Роналдињо. НАЈДОБРИ ФУДБАЛЕРИ ЈАВНОСТА ПОДЕЛЕНА МЕЃУ ЗИДАН И НЕДВЕД Во последните неколку години јавноста како по традиција да е поделена кога станува збор за индивидуалните награди за најдобар светски фудбалер. Таков беше случајот и овојпат, бидејќи Ривалдо беше добитник на првата награда според изборот на ФИФА (каде гласаат селекторите на сите светски репрезентации), додека 'Златната топка' на Франс Фудбал замина во рацете на Павел Недвед. Сепак, се чини дека Недвед е морален победник во трката за најдобар играч за 2003 година, ако се знае дека чешкиот ас триумфираше и на неколку 'помали избори' (на Ворлд Сокер и Вечерњи Лист). ТРАГЕДИЈА КОЈА ГО ПОТРЕСЕ ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ СМРТТА НА МАРК ВИВЕН ФОЕ За жал, 2003 ќе биде запаметена и по големата трагедија која се случи на Купот на Конфедерации на кој почина фудбалерот на Камерун Марк Вивен Фое. На мечот со Колумбија Фое падна на теренот по што веднаш беше пренесен во болница, но лекарите не можеа да сторат ништо за да го спасат неговиот млад живот. Подоцна се утврди дека Фое починал од срцев удар предизвикан од проширување на десната комора, ситуација за која и самиот бил свесен, но желбата да и помогне на својата земја беше преголема, па и покрај забраната се реши да игра. Пред два месеци на стадионот Жерланд во Лион голем број фудбалери, негови некогашни соиграчи, со ревијална средба му одадоа последна почест на Фое. Pozdrav![:)]
StormAngel ЕКС МАНЕКЕНКАТА И ПРИЈАТЕЛКА, ФЕРНАНДА ЛИМА НАПРАВИ СЕКС ИНТЕРВЈУ СО РОНАЛДО Феноменот сака големи гради, а се фокусира на газето Прва Роналдиња.- Сузан Малкумина го познаваат вистинскиот интимен живот на бразилскиот фудбалски феномен, Роналдо. Иако изгледа како најсрамежливото момче меѓу sвездите во неговиот клуб, Реал Мадрид, Роналдо е вистински феномен во кревет, човек со необични еротски мечти и фантазии. Неговата добра пријателка, Фернанда Лима, бивш бразилски топмодел, сега музички новинар, ги открива неговите искуства, желби и очекувања поврзани само со една тема: Секс. Роналдо открива дека на 15 години за прв пат се бакнал со девојка, додека настапувал за младинскиот тим на Крузеиро, а својата невиноста ја загубил малку подоцна. - Кога се бакнав, се вцрвив целиот, а за време на првиот секс, бев стегнат, засрамен.... Ужас! Но, сепак мислам дека беше скоро успешно, иако немав поим што точно правам, а таа уште помалку. Не сум ја сретнал потоа, но многу добро ја помнам. Бевме родени на ист датум и година. Убавицата која му ги исполнувала еротските мечти и сништа, додека бил тинејџер е бразилска ТВ-sвезда, која станала модел на 16 години, а веќе на 19 се сликала за Плејбој. - Имаше период, во кој што многу посакував да имам дете со неа. Роналдо вели дека никогаш не мастурбирал пред натпревар, но практикува добра партија секс за подобра концетрација и игра. Во принцип, Роналдо поминува многу малку време сам. - Обожавам да излезам надвор и со пријателите да отидам во дискотека со многу женски. Сакам да флертувам со убавиците... Запрашан дали претпочита светица или кучка и каков е неговиот идеален тип на женска, Феноменот вели: - Леле мајко! Ги сакам двете варијанти. Обожавам романтична блондинка, со големи гради без разлика дали се природни или силиконски. Прво го гледам лицето, а потоа се фокусирам на газето. Доколку не помине брзо покрај мене, ги "проучувам" сите нејзини облини. Мојот фетиш е ултракусо мини здолниште и многу високи потпетици. Роналдо им дава предност на девојките од Бразил, заради подобро "разбирање" со јазикот, но смета дека важен е и говорот на телата. Голгетерот се срами да искрено да признае колку пати неделно е во кревет со некоја од многубројните девојки, оставајќи ги неговите верни обожавателки да погодат колку моќ има нивниот миленик во спалната соба. - Не знам! Зависи колку ќе ми дозволат и колку ќе издржам... Во просек три пати неделно. Големиот љубовник со возбуда говори за своите сексуални фантазии и за тајните на најстарата "спортска" игра на светот. - Не мислите ли дека досега сум ги задоволил сите мои еротски фантазии? - алудирајќи на неговата слава и пари, кои му овозможија да ја легне и мисицата на Шпанија. - Сакам групен секс - јас и две жени заедно. Тоа изгледа на прв поглед нормално, но јас го правев со две девојки, кои порано ми беа цимерки. Имам и други желби за во иднина, но ова го потенцирам бидејќи сум го правел безброј пати. "Кралот" не сака да зборува за неговите учества со секс-оргиите заедно со соиграчите, зашто лошо му делуваат на имиџот на "примерно момче". Вели дека е супер-срамежлив и никогаш тој не ја презема иницијативата. Но, кога ќе му се спои телото со партнерката, му требаат десет минути да се опушти, а потоа делува како вистински лав во креветот. Перспективната Лима, не заборави да го праша дали добил "непристојни" предлози од мажи. - Не! Никогаш не сум се интересирал за геј момчиња. [img]http://www.vest.com.mk/images/{6733DB25-86C2-4538-9B72-AEB16FD3030E}_beauty-2.jpg[/img] Sudejki po slikava i jas bi igral ko Ronaldo![:D] Pozdrav![:)]
HaCkEr` More chitash On.net a?:)) Dobra e malata jas ja gledav i na drugi sliki:)))
a-pin-dim HaCkEr` ne mozes da kazes deka e dobra po so ne si ja probal zabe ti e od slikive gledanje :o) probaj da ja janish da vides sto e telo :o)hahahahahahahaha[:p]
StormAngel Peer,epten e jaka.Taman za fudbalerka e.Nemaat gajle ovie sto igraat fudbal zimi se.Site jaki zeni ili zenski imaat.Darko Pancev,Cristian Vieri,Ronaldo...site se isti.Kje pocnam da igram fudbal.[:D]
NARCIS` abe aj zena u fudbal so ne ide ne ide...se znae zena za so e
StormAngel Za kosarka[?][:D] Pozdrav![:)]
darkjesus biljard:)