Strelec |
Предгоор
Секој чоек како член на некоја обшчина или некоје другарство, имат извесен долг и извесни праа кон и од ниф. Народот не јет нишчо друго, осим едно големо другарство, основано на крвно сродство, на обшч произлез, на обчши интереси. Паметуан'то на тоа родство, тоја произлез и тије интереси, заставуат секој член од некој народ, да се одречит од некоји своји праа и интереси, за да посветит част од своите сили на обшчата арнотија. Тоа јет долгот кон народните интереси, за што членот од народноста добијат зашчита на својте лични интереси тамо, каде не сет доста само негојте сили. Долгот кон народот јет тесно врѕан со долгот кон таткоината, зашто пон'атјето народ јет тесно врѕано со пон'атјето таткоина. Долгот кон народот и таткоината зависит од приликите историјцки, који преживуат једен народ и једна страна. Тој се применуат кон приликите. Долгот кон таткоината и народот, до негоото осашчествуајн'е, се велит народен идеал и кон негоото осашчествуајн'е требит да се стремит секој свесен чоек. Народнијот идеал се применуат кон историјцките прилики и тоа , шчо денеска било народен идеал , утре по негоото осашчествуајн'е ке отстапит место на друг, за кој по напред мало се мислило. Често пак од једен народ историјцките прилики требаат или корени изменуајн'е на народните идеали, коренен обрат на идеалите во друг праец, или угрожаваат нему со полно унишчожаајн'е. Народните идеали или долгот кон таткоината, се разбираат од разни членои на народот различно. Кој нај верно јет разбрал истинцкијо и нај праијот народен идеал, се видит со порамнуан'ето на разбирајн'ето на народниот идеал од разни лица.За да можит да бидит порамнуајн'е и оценуајн'е на различно разбраните народни идеали, требит, тије да бидат искажани устно или на книга. Искажуајн'ето на својето разбирајн'е на народните идеали и критиката на таквија не јет праздна работа, зашчо идеалите се душата на на обшчата народна работа и од здравоста на таја душа зависит и здравоста и плодоитоста на самата обшенародна работа. Лошо разбраните народни идеали само уголемуат народните нестреки без да донесат полза на народот.
Така разбирајки долгот кон таткоината, јас се решиф, прво, да изложам моето разбирајн'е на народните идеали на македонците во једен ред расудуајн'а печатени во Петроградцкото Македонцко Словенцко Научно-литературно Другарство „Св. Климент“, а после да и напечатам во таја книга, каде сет поместени и расудуајн'а, не прочетени во упоменатото другарство. Со тоа мисл'ам да исполнуам спроти мојте сили, једен дел од мојот долг кон народот мој и кон таткоината ми.
Мнозина од македонцките читачи ке бидат удивени от појавуан'ето на таја книга. За удивуајн'е ке им бидит во неја много. Некоји ке речат: зошто отцепуајн'е от бугарите, кога није до сега сме се велеле бугари и соединејн'ето, а не расцепуајн'ето праит силата? Друзи ке расудуат, оти со полното отцепуајн'е, от једна страна, ке восторжествуваат нашите непријатели, који шчо направуат сите своји сили да ослабат балканцките словени, за да си подготват почва за раздел'уајн'е на балканцките земји помеѓу ниф, а од друга страна, оти оно ке не натерат нас македонците да се откажеме от нашијот прв долг, да се бориме за политична слободија, да разрушиме се, до сега напраено и да се зафатиме се одноо, така да се речит, од азбука. Треки ке најдат, оти јас проповедуам некаков надеж на попрауајн'е на турците спроти нас и на европејцки реформи во таткоината ни, кога до сега јасно било докажано оти ни Турција сакала, сакат и ке сакат реформи во Македонија, ни држаите сет наклонени да ја принудат Турција, за да ни дајит некакви па и нај мали реформи. Држаите, вел'ат мнозина, само играат дипломатична игра со реформи, за да не склонат нас, да се откажеме от вооражена борба со Турција, от која ке се нарушиат нивнијот мир, а пошто се одречиме от таја борба, тије ке ослабат да бараат от Турција реформи за Македонија.
Тија сет нај главните возразуајн'а, шчо очекуам от мнозина од мојте сонародници. Ми се чинит, оти они не сет праи и ето зашчо: Во ноата книга се зборуат, вистина, и за отцепуајн'е и за соединуајн'е, но за отцепуајн'е от тије, шчо сме веке отцепени и со који никој пат не ке ни позвол'ат да се сојединиме, а за сојединуајн'е со тије, со који сме морално задолжени да се сојединиме, и со који сојединејн'ето јет возможно. Ако со нашето отцепуајн'е од балканцките словенцки народи достигниме сојединуајн'ето на сето македонцко словенцко населејн'е во једно цело, није не ке ослабниме, туку ке се усилиме, така да од иополнуајн'ето на идејите, шчо сет развијени во таја книга само ке се оправдат послоицата, да јет силата во сојединејн'ето.
Сега се питат: дали од нашето отцепуајн'е од балканцките народи, ке се восползуват нашите непријатели и који сет тије? Сега во Бугарија јет мода да зборуат, да сет нај големи непријатели на балканцките словени: русите и ав.строунгарците, који сакаат на оточва на македонцкото прашајн'е да се зафатит и продолжит једна борба меѓу србите и бугарите, која ке ослабит силите и на једните и на друзите до таква степен, шчо ке требит да се набркаат во балканцките работи Русија и Австро-Унгарија и првата ке завојуват Бугарија и Стамбул, а втората Србија и Солун. Јас ке си позвол'ам да не се согласам со такво глабоко политично „далековидејн'е". Можит, бугарите и сет праи, кога мисл'ат, оти Русија без Бугарија не можит да сашчествуат, ни политично, ни економцки, но тоа јет бугарцка политика, а јас не сум намерен да политиканствуам бугарцки. Јас сум македонец и интересите на мојата таткоина ми се предстауат така: не Русија и Австро-Унгарија сет непријателите на Македонија, а Бугарија, Грција и Србија. Само енергична борба со тија три држаи ке избаит од погубуајн'е нашата таткоина. Борбата со трите балканцки држаи не протиоречит на нашите интереси, који се достигаат и со револ'уција и со евол'уција, или постепено развијајн'е на нашијот народ во моралнорелигиозен праец. Револ'уцијата стана и, ако има најужасни последици за нас, пак даде некоји благодатни резултати, со кои шчо можат да бидат задоолени нашите борци за национална слободија: тоа сет мјурцштегцките реформи, који ке бидат раширени опроти нуждите, шчо ке се покажат со време. Идејите за полно отцепуајн'е на нашијот народ од друзите балканцки народи, не сет протиоречје на досегашното работејн'е на нашијот народ за слободија, а само продолжејн'е на негоото досегашно работејн'е, на почва евол'уцијна. До сега нашијот народ се интересуал поеке само со полна политична автономија, а во националните наши интереси допушк'ал башибузукцки да му се набркуат разни неканени гости, како: бугари, грци и срби. По политичката борба идит значит националната. Но борбата со пропагандите во Македонија не јет чекор назад, туку напред, зашчо и тука имаме работа со борба за слободија, со борба со мрачните сили, шчо не дозвол'уат на таткоината ни сама со свои очи да гледат своите интереси, ами и наврзуат дзрдзала, шчо омрачуат истината и и придаат бугарцка, србцка и грцка боја. Време јет да отфрлиме од очите наши мрежите, шчо ни и кладоа националните и верцки пропаганди въ Македонија.
За нашите односи кон турците јас можам да речам само једно: није сме задолжени да напраиме се, шчо се барат од нас, за да докажиме на Турција, оти нејното остаајн'е како европејцка држаа стрек'ат во нас полно сочувство. Није сме задолжени да бидеме лојални поданици на Н. Ц. В. Султано. Но при тоа бараме и ке бараме од Негоото праителство цел ред реформи, који ке ни сочуваат нај главните интереси на нашето национално и културно развијајн'е. Јас мисл'ам, оти није требит да бидеме лојални кон Турција, но предполагајки, оти турцкото праителство и народ ке разберат нај после, оти интересите на нивната држаа во Европа совпадаат со нашите и зависат нај много од ниф, а не си протиоречат, и затоа турците први ке требит да докажат искреното сакајн'е да сет во мир со нас и со тоа да заслужат нашата поддршка на нивните интереси. Ако пак тије мисл'ат со нас да не се церемонат, и да лажат Европа и нас со реформи, који не ји иополнуат, то не ке се удивит Турција, ако и није обрниме нашите возгледи кон Европа и од неја бараме, да се воведат во таткоината ни со сила тија реформи, шчо се признаваат от силите европејцки за истинцка требност за успејајн'ето на религиознонационалното и културно развијајн'е на македонцките рисјани. Европа ке обрнит возгледите на нашите барајн'а, зашчо она јет задолжена да напраит тоа со два меѓународни актои: проекто за реформи во Македонија от Февруар и мјурцштегцкијот проект. Тије два меѓународни актои ни обек'аваат постепено рашируајн'е на реформите во Македонија, и со тоа даат ни прао да се обрак'аме до двете реформаторцки држаи со меморандуми и по друзи патишча, за да им покажиме на нашите религиознонационални и економцки нужди, како и на тоа, шчо праит Турција, за да се исполнат тија наши нужди.
Знам многу арну, оти мнозина со иронија ке се однесат кон мојите надежи за европејцки реформи. Но на тија иронији ево со шчо јас ке одгоорам: не јет истина кажуајн'ето, да не ке излезит нишчо от усилијата на Русија и АвстроУунгарија да се уредат работите во Македонија. Проектите за реформи и усилијата да се воведат тија не сет, како мисл'ат мнозина, само игра да ломинит време и да останит се, каoко шчо си било. Проектите за реформи на Русија и Австро-Унгарија сет мегународни. актои, неисполнуајн'ето на који от Турција јет насмешка и оскрбуајн'е за реформаторцките држаи и им даат полно прао за репресалији против нарушаачот на меѓународното прао. Да било така лесно и безнакажано престапуајн'ето на меѓународното прао, до сега држаите, денеска ке приимаа на себе разни задолжејн'а и утре ке се откажуаа од ниф. Но не било така. Реформите рускоавстријцки, једно сет меѓународен акт, ке даат прао секога на македонците да настојаваат пред Големити Сили да се ислолнат во полност. Нека не мисл'ат, оти они можат да бидат закопани, како шчо јет закопан берлинцкијот трактат со негоијот 23 член за Македонија. Берлинцкијот догоор вистина јет закопан, но не од Европа, а од Бугарија, која изврши соединуајн'ето со Источна Румелија со насилствен преврат - без согласије на држаите, шчо потписаа берлинцкијот трактат; а со нарушаајн'ето на једен параграф се нарушаат и сет трактат. Сегашните рускоавстријцки реформи силно се разликуваат од берлинцкијот трактат со тоа, шчо сет они само меѓународен акт закл'учен меѓу три држаи. Осим ниф важен фактор се јавуаме само није македонците. Волјата на двете сојузни држаи: Русија и Австро-Унгарија можит да сретит протиодејство само от Турција и од нас, но нај поеке од нас, зашчо со реформите се бараат, не од нас, а от Турција задолжејн'а и ако није со нашите работи покажиме, оти тија задолженија, шчо се бараат от Турција, не не удовлетворуат, то није само ке поможиме на Турција, нишчо да не воведит од реформите, шчо се бараат од неја. Турција ке велит, оти она се, шчо можит да напраит, ке напраит и напраила, а поеке не можела да напраит за тоа, шчо комитетите не даат на населејн'ето да се успокоит, а во једна страна, каде јет се на воено положејн'е, сите добри намерејн'а на праителството се рушат от сопротивуајн'ето на немирното населејн'е; а ако военото положејн'е се продолжит поеке од једна година, реформите ке се состарат по наша вина и ке се заколат. Таква једна служба није сослужифме на Турциа по објавуајн'ето на февруарцките реформи. Исто така, ако не сакаме никакви реформи, можиме да и послужиме и за однапред. И после, како и до сега, пак ке фрлиме вината на Големите Сили, који секој пат излегуваат криви за нашите грешки.
Собитјата, шчо се развија до сега ни покажаа јасно колко није сами можиме да си напакостиме, мислејки, оти постапуаме праилно.
За да се предупредат жртвите од једно секадешно востаајн'е, се изработи февруарцкијот руско-австријцки проект за реформи, вистина не совршен, но со огоорка, оти тој ке бидит постепено раширен. Поминаа месец, 2, 5, 7 и нишчо од него не излезе. Се прашат: зашчо? Ке одгоорат нашите: зашчо Турција и Европа не сакаат серјозно реформи. Но не јет така. Турција, можит и не сакат реформи, но сакаат тије, шчо го изработија проектот. Се прашаше само: кому приликите ке дозвол'ат да надделит? А во тије прилики нај важен фактор бефме није. Да се склонефме пред волјата на Европа и четите, или да се предадеа, или да се оттргнеа во Бугарија, или барем да се напраија некои прегоори со реформаторцките држаи, во који просто можеше да се речит, оти четите, или ке се оттргнат, или ке се предадат, но нека не мачат турците мирното населејн'е, за тоа, шчо, можит, некаде се имаат пушки, то ке настапеше во Македонија мирно време, кога ке се бараше от Турција да се воведат во полност реформите и да се оттеглат војските од Македонија. Но шчо напраи комитетот? Тој реши 4 1/2 месеци да чекат резултатите од воведуајн'ето на реформите и после објави со „чиста совест" востаајн'ето. Во време на објавуајн'ето на востаајн'ето, комитетот можеше да речит, оти тој не бркал на држаите да воведат реформите. Но тоа не јет токму. Вистина четите избегуаа стражејн'ата, но тоа ушче не значит да не бркаа да се воведат реформите. Тије избегуаа, но турците бараа стражејн'а и успеа поеке од комитето. Комитетот кажуаше да немат чети, немат протиодејство на реформите од негоа страна, а пак турците кажуваа да има чети, населејн'ето да имат оражје и се готвит за востаајн'е, војската имат постојани столкнуајн'а со четите, четите убиваат мирните жители, шчо не и слушаат и сет верни слуги на Падишаот. Ако земиме ноините од времето на публикуајн'ето на февруарцките реформи до и после објауајн'ето на востаајн'ето во Битолцко на 20 јули и прегледаме во ниф телеграмите од Стамбул, то ке видиме, оти Портата постојано предстауат на рускијот и австроунгарцкијот амбасадери списоци од стражејн'а на турцкијот аскер со четите, списоци од најдено при обиските оражје у населејн'ето, описоци од убијства, совршени од четите над мирното населејн'е. И најпосле списоци од воведени рефооми.
Шчо сакаше да речит Турција со тије списоци, јет многу јасну: „јас сакам да воведам реформите во Македонија, но наместо реформи сега за сега ке воведам аскер и маки, зашчо страната се готвит за револ'уција, подготвуана от престапното работејн'е на комитетите, који шчо состауат како држаа во држаа: ке ми позволите, прво, да усмирам страната и да воведам мир, а после ке се воведат нужните реформи". Со друзи зборои: комитетот ми даат возможност за једна година да се извинуам за неисполнуајн'ето на реформите, а после не ке и воведам, зашчо они ке остарат. Ја. каква услуга није напраифме на Турција, со нашето недоверуајн'е ком австро-рускијот проект од реформи. Сакаме ли ушче једнаш да не послужиме на Турција, и пак да не напраиме криви друзите за нашите грешки? Јас мисл'ам, оти нишчо друго не ни остаат да напраиме осим да се однесеме со полно доверје ком реформаторцките усилја на двете заинтересуани Сили, и сo тоа да иангажираме, час по скоро да се воведат обeк'аните реформи.
Со тије неколку зборои јас сакаф да појаснам содржајн'ето на предложената на македонцките читачи книга за најважните за нас прашајн'а. Како последуач на идејата за полно отдел'ајн'е на нашите интереси од интересите на Балканцките народи и за самостојно културнонационално развијајн'е, јас и је написаф на централното македонцко наречје, које за мене от сега на тамо имат да бидит литературен македонцки јазик. Нерамностите, шчо ке се окажат во јазикот на мојата книга, сет сосим природни и ке можеа да се отстранат само при једно по глабоко знајајн'е на централното македонцко наречје, со шчо не можам да се пофал'ам. Но и при тоа се надејам, оти за македонците таков јазик ке бидит по пријатен и по звучен, од јазико на нашите суседи, со који није сега за сега се дигаме на големо.
|
Strelec |
Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?
Долгоприготвуаното и многоочекуаното востааjн'е напоследок излезе на jава. Нашите земjаци си покажаа сета jунашчина и готовност да се пожртвуат за интересите на своjата таткоина. Борбата беше и jет отчаjана. Сиjот европеjцки свет обрна своите возгледи на неjа. Новините се преполниjа со известjа от театрото на возстааjн'ето. Редом со известjата за борбата мег'у четите и турците, во ноините се печатаат и известjа за турцките зверства над мирни жители. Европеjците се потресоа и ужасиjа от тиjа известjа и зафатиjа да окажуат нужното влиjаjн'е на своите праителства за да се пресечит колеjн'ето на мирното населеjн'е и да се помогнит на нестрек'ното македонцко жителство. Во Бирмингем Ворстерцкиjо владика напраи во црквата молебен за спасеjн'ето на македонцките рисjани. Кентербериjцкиjо архиjепископ се обрна кон англиjцкиjо министерпрезидент Бал'фур со молба од името на англиканцката црква, да се поможит на македонците. Европеjцкото обшчество зафаjк'ат да наредуат помоки за македонцките страдал'ци. На патуаjн'ето на Германцкиjо император се придаат политично значеjн'е, мег'у другото и за македонцките работи. Турциjа, како шчо се видит, како да се наjде на тесно, и предложи на Бугариjа да се доjдит мег'у ниф до jедно согласуаjн'е за македонцкото прашаjн'е. Разни праителства праат офицjални декларацjи по нашите работи. От Стамбул телеграфируат во разни европеjцки ноини (Standard), оти англиjцката и френцката стредиземни флоти добили повел'а, да се наог'аат блиско до македонцките води. Пак от тамо телеграфируат, оти воjната мег'у Бугарцко и Турцко jет неизбежна. От Софиjа телгерафируат, оти тамошниjо военен министер зел од офицери на разни европеjцки и американцки држаи предложеjн'е да се зачисл'ат они во бугарцката армиjа.
Шчо покажуваат сите овие фактои? Дали покажуваат, оти движеjн'ето достигна своjта цел'а? Дали можат раководците на движеjн'ето да се пофал'ат со успеф? Дали принесените жртви за ослободуаjн'е не сет напразно?
Можит да бидит, некоj, а можит и мнозина измег'у нас, кjе речат, оти ушче jет рано да се судит за резултатот на возстааjн'ето. Главната работа на комитето и четите jет напред. До сега можит не jет исполнена, ни полоината, ни четвртината от сет план, изработен од комитето и главниjо му шчаб.
Да. Секоаш, по секоjе прашаjн'е jет имало разни возгледи. Така ке бидит и во дадениjо случаj.
Јас од моjа страна ке си позвол'ам, со чистосрдечно прискрбиjе да видам во сегашното движеjн'е полно фиjаско. Сите тиjа дополнуаjн'а, коjи шчо ке се придаат до понапредниjо руско-австриjцки проект од реформи, не само не чинат 100,000 обездомени души, 3-5,000 чоечки жртви и полно обескуражуаjн'е на жителството во Македониjа, ами не чинеа и 100 чоечки жртви. Тиjа приложеjн'а ке се добиjеа и без капка крв.
По резултатите, кои шчо ке се добиjат од сегашното востааjн'е, последното ке можит да се наречит jедно од наjголемите, ако не и наjголема нестрекjа за нашиjо народ.
Не jет рано да се предвидат разултатите и краjо на нашето востааjн'е. Тиjа можеа да се предвидат ушче пред зафатоко негов.
Ушче во време на февруарцкото руско официално известуаjн'е беше jасно, оти Европа никоj пат не ке удовлетворит во полна степен бараjн'ата на комитето. За да се исполнат нашите сакаjн'а требуаше да се воjуват со Турциjа; само после наддел'уаjн'е ке можеше да се натерат Турцко да исполнит нашите сакаjн'а. А се наддел'уат Турцко не од нас и не од Бугарцко, ами или од Голема Сила, или от нас и Бугарцко, Србцко и Црна Гора заедно, при неутралноста на друзите држаи. А ни jедното, ни другото тогаj за тогаj не беше мислиадо. Комитетот тоа требаше да знаит и мисл'ам го знаеше. Но негоите раководци мислеа друго: они во биднината, како и во сегашното, видеа само тоа, шчо им jет приjатно да видат. Они велеа: „ниjе не сакаме, ни jедна држаа да воjуаат за нас: они можат просто да отпраат своите флоти во Солун и да принудат Турцко да ни даит реформи. Ниjе сакаме да напраат и со Македониjа, шчо напраиjа со Крит". Не jеднаш сме спориле, оти имат разлика мег'у Крит и Македониjа, оти имат држаи, коjи сет заинтересуани во Statu quo-то и ке напраат се возможно да немат набркуаjн'е во наша полза. Та и да имат набркуаjн'е, имат ли се осноа да се мислит, оти тоа набркуаjн'е ке бидит во наша имено полза, а не на наша пакост? Се покажуаше, оти сегашниjо момент jет наjнеблагоприjатен за востааjн'е. Но нашите раководци замижеа пред вистината и востааjн'ето се зафати; се зафати славно, за да се довршит плачевно и пагубно. Не беф jас сам, шчо гледаф на предвременоста на востаjн'ето. Така гледаа и мнозина друзи. Но никоj не си креваше гласот против. Критиката на држаjн'ето на комитето беше само во домашните крагои. Но она беше и безполезна па и опасна, не само за тиjе, коjи се критикуваа, ами наj после за тиjе шчо критикуваат: Комитетот беше сесилен; он имаше во своите раци живото и смртта на сите граг'ани и не приемаше никаква критика на своите постапоци. Тиjе, шчо не сет со него, сет против него и сет негои неприjатели, коjи требит да се истребат. Да критикуат работите на комитетот можеше само друг' комитет, коj шчо раополагаат со сила. Организациjа пак на контр-комитет беше и доцкна и безполезна. Мег'у комитетите тогаj ке се зафатеше погубна мег'уусобна борба.
И така борбата се зафати против требуаjн'ето на секоj благоразумjе. Она даде многу резултати, само не тиjе, шчо се очекеуваа. Мег'у сите jавуаjн'а, коjи сопроводуат движеjн'ето, наj големо вниманиjе заoслужаат руското „Праителствено Сообшчуаjн'е" от 11 Септем. т.г. После него представуаjн'ата од рускиjо и австро-унгарскиjо посланици до Портата и во Софиjа и писмото на англиjскиjо министр-президент Бал'фур до Кентребериjцкиjо архиjепископ.
„Праителственото Сообшчуаjн'е" заjавуат, оти руското праителство, ке барат за Македониjа тиjа реформи, коjи сет изработени во месец Февруари од Зиновjев и Каличе и оти тиjе реформи сет само зафатокот и ке бидат развиjени понака сообразно со нуждите на жителството. Тоа место беше и во февруарцкото Праителствено сообшчуаjн'е. Не покажуат ли оно, оти по широки реформи от тиjе, шчо ни беа дадени ке можефме да добиеме и без револ'уциjа, а само со ловки мали народни движеjн'а? Ако jет така, то сегашното востааjн'е ни на jедна jота не измени положеjн'ето.
Но во Праителственото Сообшчуаjне имат ушче jедно много важно место: револ'уционите комитети, по изражуан'ето на руското праителство, сакаат да создадат „Бугарска Македониjа", а Русиjа, за коjа сет блиски и интересите на друзите рисjанцки народности во Македониjа, не можит да пожртвуат нивните интереси на бугарите.
Разбра ли во Бугариjа, шчо означуваат тиjе зборои? Разбраа ли во Македониjа? Разбрафме наj напoкон ниjе?
Русиjа отворено ни изкажуат, зашчо она не работит и не можит да работит инак. Да ли jет праа Русиjа во своите утврдуаjн'а? Да ли можит она да постапит инак?
Ако се постаифме во положеjн'ето на руското праителство, и ниjе не ке можефме да постапиме инак . . До 1878 год. сите, па и руското праителство, велеа, оти Македонците сет бугари. После Берлинцкиjо догоор истапиjа со своите претенциjи на Македониjа србите. Србите во течеjн'е на 25 години, особено последните 20 години успеа, ако не да напраат македонците срби, то барем да создадат во европеjцкото обшчествено мнеjн'е убедеjн'е, оти во Македониjа имат и срби. Праи ли сет они, или не, не jет важно за дипломатите. Ако селцкото населеjн'е и сега си зборуат, како шчо си зборуало и по прег'е, и зборуат одред низ цела Македониjа само на jеден словенцки jазик, - во градоите, редом со бугарцките машки и женцки гимназиjи и основни сколиjи, на секаде ке наjме и србцки. Jедни села имаат србцки, друзи бугарцки сколиjи. Едни сел'ани со нивните учители и попои признаваат патриархjата и сет под покроителството на србцки или грцки консули, а друзи признаваат бугарцкиjо екзарх и слушаат бугарцкиjо трговцки агент. Се тоа сет факти за дипломатиjата, коjа шчо имат да се броjит со деjствителноста, а не со теориjата за народноста на македонците. Политиката немат работа со науката. Па и да имат работа, зар jет докажано, како два и два 4, оти сет македонците бугари? До рускотурцката воjна имаше само jедна теориjа за народноста ни. Сега сет две. Кон ниф се прибауат и трек'а, оти македонците сет нешчо стредно мег'у србите и бугарите. Привржениците на таjа теориjа пак се подраздел'уат: 1, на коjи шчо кажуваат, оти тоа стредно jет jеднакво далеко и от србите и од бугарите; 2. оти оно jет по блиско до србите; 3, отиjет по блиско до бугарите; оти част jет по блиска до србите, част - до бугарите. Не jет важно за дипломатите, каде jет истината. Важен jет факто, оти во Македонцкото прашаjн'е сет заинтересуани етнографцки, редом со бугарите и грците, ушче и србите. Осем тоа и политично Србиjа jет не по малку заинтересуана во судбите на Македониjа. Последната за Србиjа имат по големо значеjн'е, от колку за Бугариjа, оти Бугариjа можит да излезит на Егеjцкото море и преко Кавала и Деде-Агач.
Ако jет така зар можеме да се чудиме на поведеjн'ето на руското праителство во македонското прашаjн'е и на неговото заjавуаjн'е, оти Русиjа не ке помагат на комитето да се создадит „Бугарцка Македониjа"?
Некоj од нас, можит наивно ке забележит: „Комитетот не сакат да напраит Македониjа бугарцка; тоj сакат праина за сите македонци без разлика на вера и народност".
Како можит комитетот да докажит, оти он работит во таква смисл'а? Со jедни зборои не се докажуат. Поведеjн'ето на самиjо комитет зборуат против негоите утврдуаjн'а.
За да се дигнит револ'уциjа во полза на сите народности во Македониjа, требит комитетот да бидит образуан от предстаители на сите македонцки народности. Инак коj му jет дал прао на комитетот да работит од името на сите македонци и во полза на сите ниф? Комитетот можеше да работит и од името и во полза на jедна громадна част на македонци, т.е. од наj силната народност. Но требаше да имат цел ред докажуачки, оти работата на комитетот не jет врзана со интересите на соседните држаи и народности, а протиоречит им и jет во полза не само на господствуjуките, но и на сите друзи националности.
Нишчо подобно немат. Организациjата jет тесно врзана со Бугариjа. Шумот од организационото движеjн'е отпрво се дигна во самата Бугариjа. Тоа покажа, коj наj много jет заинтересуан во Македонцкото движеjн'е, за тоа пренесоа центрот негов во Македониjа, и напраиjа ушче jеден цел ред фокуси, за да се покажит, оти брканицата jет од натре и jет самородно jавуаjн'е. Но кого излажаа со тоjа маневр? Не jет ли jасно, како бел ден, оти брканицата jет тесно врзана со Бугариjа, со бугарцкото име и со бугарцките пари?
Ќе речите, оти народо jет напраил наj големи пожртвуваjн'а во полза на движен'ето. Тоа jет така, но не требит да се забораат, оти организаторите на движеjн'ето во поекето случаи беа чиновници, екзархиjцки. Се разбират само от себе, оти они со своjето участиjе во револ'уциони работи идеа во разрез со интересите на екзархиjата; но при се тоа, они беа бугарцки чиновници.
И така револ'уциониjо комитет беше чисто македонцка организациjа по произлез и по состаот му, но тоа беше само работа на jедна част од jедна од македонцките нацjоналности, врзана по име и ло црковно-сколиjцките работи со бугарцкиjо народ и држаа и нивните интереси. Тоjа комитет, во сашност македонцки, за надворешниjо свет и за рисjаните во Македониjа не екзархисти, беше комитет бугарцки.
Комитето не можа да докажит ни на надворешниjо свет, ни на самите македонци не екзархисти, оти он не jет бугарцки.
Радев со своjот „Mouvement Macedonjen" мислеше да убеди Европа, оти движен'ето jет чисто македонцко, и немат нишчо обшчо со Бугариjа. Истото сакаа да докажат и „Право" и друзите македонцки и бугарцки ноини. Но достигнаа ли они цел'ата? - Не.
Покоjниjо А. А. Ростковцки не jеднаш кажуаше: „Бугарите мисл'ат, оти само они имаат ум на светов, а сите друзи сет будали. Кого мисл'ат они да излажат со статиjите во „Право" и друзите ноини, оти македонците сакаат Македониjа за македонците? Знаеме ниjе многу арну, шчо сакаат они"! А какво впечатлеjне праеа на дипломатцкиjо свет ноинарцките уверуаjн'а на комитето и бугарите за македонцкото движеjн'е? Не требит да се забораат и то, како се изражуваа во европеjцките ноини за стражеjн'ата на четите со турците: четите се викаа банди и то бугарцки а не македонцки. За убитите четници не кажуваа: „убити сет толку души македонци, ами толку души бугари".
Се прашат кого убедиjа: „Mouvement Macedonjen", „Право", „Автономиjа" и др. во тоа, оти ратуваат за слободиjа македонците, а не тиjе, шчо се викаат „бугари" и сет от Македониjа и Бугариjа? - Никого.
Можит да бидит, комитето успе во самата Македониjа да се чинит обшче македонцки, само не доби признааjн'е од надвор, во Европа? - Одваj ли.
Револ'уциjата требит да бидит работа на сите македонци, или на болшинството од ниф, за да можит да се наречит обшча. Во самиjо комитет требит да бидат застапени сите, или неколко народности. Интелегенциjата на тиjе народности требит да си подадит jедна другиму рака и секоа од ниф да земит да попул'аризират идеjата во своjо народ. А шчо видиме во деjствителност? Не само интелегенциjата на сите народности, не и на болшинството од ниф, ами па и интелегенциjата на наj силната македонцка народност - словените, не сета беше застапена во комитето: србоманствуjук'ата и гркоманствуjук'ата македонцка словенцка интелигенциjа беше на страна от комитетот па и враждебна. Значит комитетот во патриархиските села и градои, и части од села и градои, беше не канет гост. Патриархистите словени можеа и да му сочувствуат, но за тоа шчо нивната интелегенциjа беше против комитетот, то немат сомнуаjн'е, оти и самите сел'ани тро му сочувствуваа, но тоа сочувство беше побркано со неувереност и со оомнеjн'е во обешчаjн'ата на комитето. Кон тоа неопределено чувство се присоjедини и страф. Сел'аните се наjдоа мег'у два огнои: воjската и комитетцките чети.
Кога едно движеjн'е, во едни места се распространуало со убедеjн'е, а во друзи со сила, можит ли да се наречит обшчо?
Ниjе можеме да го велиме како сакаме, но во деjствителност оно беше само частично. Оно беше и jет работа на екзархистите, коjи се величаат „бугари", а следователно, тоа jет бугарцки маневр, да се решит македонцкото прашаjн'е само во бугарцка полза; то jет да се ооздаит jедна „Бугарцка Македониjа".
Можит да не jет ушче jасно, оти, ако се удовлетворат сакаjн'ата на комитето, Македониjа и на вистина к'е се чинит бугарцка? Ќе се постарам да покажам по jасно, како реформите можат да побугарат Македониjа.
Се питат: коj jазик ке бидит официjален? - Одговараат - jазикот на „болшинството". - На коjе болшинство? - Тогаj ке се видит.
Не се запитуваат по тамо: како ке узнаjат, коjе jет болшинството. Да си предстаиме ниjе сега, оти jа каде Митровден идит мег'ународен отред и окупират страната. Од мег'у другото, ке требит да решит и прашаjн'ето за официjалниjо jазик, а пак да остаиме официjалниjо, прашаjн'ето за jазико во сколиjите.
За некоjи тоа прашаjн'е jет многу лесно: нека се признаjат неколку официални jазици т. е. и турцки, и бугарцки, и србцки, и грцки, и влашки, и албанцки, според населеjн'ето на областа. Зборуваат при тоа: како шчо беше во Источна Румелиjа (Южна Бугариjа) а тамо ке се видит, каде имат грци, каде - срби, бугари, турци, власи и арнаути. Некоjи ушче прибавуат: и за Источна Румелиjа кажуваа, оти имало грци во неjа, но после ослободуаjн'ето се покажа колку грци имат тамо. Со друзи зобори даjте виjе властта во раците на македонците, тоа требит да се разбират, на тиjе од ниф, шчо се викаат бугари, да од неколку години после виjе ке видите, оти и во Македониjа од друзите народности ке останит тоа, шчо остана од грците во Источна Румелиjа, по ослободуаjн'ето на последната. Со друзи зборои цела Македониjа ке станит бугарцка.
От тука не jет ли jасно, оти Бугариjа и комитето сакаат да создадат „Бугарцка Македониjа" во вреда на друзите рисjанцки македонцки народности?
Ама зашчо бугарцка, зашчо не србцка? Ке станит бугарцка, зашчо и jет таква; да имаше во неjа поеке срби, ке станеше цела србцка и бугарцкиjо елемент ке ослабнеше. Се тоа jет jасно и опраедливо од бугарцко гледиште. Но нека не се забораат, да имат и друго, и при тоа многу друзи гледишча на македонцкото прашаjн'е, како: србцкото, грцкото, влашкото, руското, словенцкото, австриjцкото и на друзите западноевропеjцки држаи. Ако jет така, то предполаганиjо окупацjонен отред на чиjе гледишче ке требит да станит?
Нема сомнуаjн'е, да наj лесно он ке решит прашаjн'ето за jазико во сколиjа и местна упраа во тиjе места ,каj шчо живеjат патриархисти со грцки jазик, арнаути мусул'мани и католици и турци мусул'мани. По мачно ке можит да се решит прашаjн'ето во тиjа места, каj шчо имат: 1, патриархисти арнаути, 2, патриархисти власи, 3, патриархисти словени, 4, словени мусул'мани и 5, екзархисти словени.
Сакаjки да напраат по големо значеjн'ето на словенцкиjо jазик во Македониjа, словените, ке бараат од окупацjониjо отред, да се признаит за официален во местиjн'ата со словени мусул'мани - словенцкиjо jазик; а самите словени мусул'мани, по религиозни сообразуаjн'а, можат да бараат турцкиjо jазик. Окупационите власти кого по скоро да удовлетворат? Ако постапат праилно без сообразуаjн'е со религиозните требности, к'е напраат насилjе.. Истото затруднеjн'е и во ушче по силна форма ке се стретит при решеjн'ето прашаjн'ето, коj jазик требит да се признаjит за во сколиjите и обшчественото управуаjн'е во патриархиjцките реjони. Влашкото праителство ке барат за власите влашки jазик, а патриархиjата со видните прихожани, ке барат грцки. Ако се не удовлетворит бараjн'ата на влашкото праителство, ке се постапит непраилно и непраедно; ако пак се удовлетворит бараjн'ето на влашкото праителство, против желаjн'ето на прихожаните, к'е се напраит насилjе.
Патриархиjата ке барат грцки jазик и за праославните арнаути- тоските. Самите тоски немаат дозреjано до национално самосозанаjн'е, затоа патриархиjата ке успеиат. Но друзите македонцки народности, заjедно со друзите арнаути, ке позаидуат на усилеjн'ето на грцкиjо jазик на есап на друзите и ке организуат партиjа против грцкиjо jазик. Немат сомнуаjн'е, да тука не ке бидит така лесно окупационите власти да се ориентираат.
Но наj мачно jет прашаjн'ето за официадниjо и сколиjцкиjо jазик во словенцките части на Македониjа. Тука сет: jедни патриархисти, друзи екзархисти по вероисповедуаjн'е, ако се не гоорит за католиците и мусул'маните. Патриjархистите се признаваат от турците за Грци - „урум-милет", а от србите и бугарите за срби и за бугари. Екзархистите, сами, и от турцките власти, се броjат за бугари, србите пак и броjат срби. И така патриархиjата к'е сакат во поголемата част на Македониjа со словенцко населеjн'е да устаноит грцкиjо jазик за во сколиjите и управлеjн'ето. Во своjите пожелан'а патриархиjата ке стретит отпор от србите и бугарите. Но последните, оспоруаjк'и праото на грцкиjо jазик во словенцките краини, сами не ке можат да се разберат и да определ'ат, каде ке требит да бидит бугарцкиjо и каде србцкиjо jазик.
Мислит ли комитетот, оти, ако он сакат да игнорират прашаjн'ето за jазикот во разни делои на фантазираната, барем сега за сега, автономна Македониjа, игнорираат истото прашаjн'е и заинтересуаните балканцки народности, особено србите? Мислит ли он, оти србите му веруваат да, се работит на „Македониjа за македонците" ,ако се игнорират прашаjн'ето за jазикот на македонцките словени, и да тоа прашаjн'е лесно и праедно ке се решит со добиjаjн'ето на автономни праа? Ако мислит така много се лажит.
Ако автономиjата на Македониjа се jавит како резултат на сегашното востаjан'е, то македонцкото прашаjн'е ке се решит не во полза на македонците, а во полза на бугарите, зашчо комитетот, како шчо видофме по горе, работит под бугарцка фирма. Тиjе од македонците, шчо добиjа образуаjн'е во Бугариjа зедоа инициативата за ослободуаjн'е и они до сега играа, можит да се речит, не само главната, ами и искл'учител'на рол'а. Ако нивното работеjн'е се увенчат со успеф, они, а со ниф заjедно и бугарцките интереси, ке земат врф над чуздите интереси во Македониjа. Ако востааjн'ето восторжествуат, не jет ли jасно, оти за него к'е имат да се благодарит на бугарите и за тоа тамо, каде сега србите конкурираат со своjите пари и своjата пропаганда, со бугарцките пари и пропаганда, ке изгубат секоjе влиjаjн'е на своjите клиенти? Зар не му мисл'ат србите, оти со успеот на востааjн'ето, ако се питат: на коj jазик ке требит да зборуат судиjата, да речиме, во Тетоо? - автономното праителство, коjе ке бидит од „бол'шинството", ке одгоорит - на бугарцкиjо; истото ке одгоорат и местните жители, зашчо во нивните очи, бугарите, а не србите, излезоа герои. Исто така, во полза на бугарите, ке се решит и прашаjн'ето за jазикот во градцките и селцки сколиjи. А пошчо во автономна Македониjа ке немат место за пропагандите, то србите ке требит да остапат место на бугарите. Но ке се согласат ли на тоа србите? Они, можит, и би се согласиле да jет тетовцкиjот гоор много близок со бугарцкиjот литературен jазик. Но они знаjат, оти не jет така. Они знаjат, оти во тоjа гоор вистина се имаат особини обшчи со бугарцкиjот jазик, но исто така се имаат и особини обшчи со србцкиjот jазик, па и таквиjа, шчо се немаат,ни во србцкиjот, ни во бугарцкиjот jазици, а сет своjствени само на македонските наречjа. Се питат: ке дозволит ли, и можит ли да дозволит Србиjа во тетовцкиjот гоор да се развиjат на место македонцките и србцки - бугарцки особини, а заjедно со jазикот да се развиjат во тетовцко на место македонцки и србцки - бугарцките интереси? Имат ли она прао да протестуат против бугаризуаjн'ето на тетовцко и да барат зашчита на своjите интереси тамо против бугарцките посегуаjн'а? Имат ли Русиjа морално прао да зашчишчаат нарамно со бугарцките и србцките интереси?
От тука jасно се видит да jет прашаjн'ето за jазико, особено за jазико во областите со словенцко населеjн'е, jедно од наj важните при разрешуаjн'ето на македонцкото прашаjн'е, Да имаше мег'у словените во Македониjа национално и религиозно единство, и да имаше сознааjн'е за ниф во жителството, до сега на полоина ке беше решено Македонцкото прашаjн'е. А до кога, jедни македонци се кажуаат патриархисти, друзи екзархисти; едни бугари, друзи срби, треки грци и бараат покроителство у различни балканцки држаи, даваjк'и им со тоа прао да се бркаат во македонцките работи, до тогаj не можит да се мислит за обшчо востааjн'е; до тогаj ке бидит само частично: со бугарцки, србцки, или грцки, но никако не, со чисто македонцки характер.
Тоа нешчо jет jасно за сите, само не за нас македонците и за раководците на сегашново востааjн'е. Тиjе раководци праат сите усилиjа да покажат мотивите и самото движеjн'е, како шчо се сакат ним; ама работа jет, оти не само ниjе, ами и друзите имаат разум и очи да видат и разберат, како jет истината. Комитето се срдит, зашчо консулите не осветуат работите, како шчо сет. Но ако се осветат тиjе како шчо сет, то не ке се аресат на комитето. Комитето, со друзи зборои, барат европеjцките праителства да гледаат на работите во Македониjа со македонцки очи т.е. со очите на комитето; а да беше така работата, немаше зашчо европеjцките праителства да имаат свои агенти во Македониjа.
Но ако имафме ниjе морално прао да бараме от престаителите на европеjцките држаи во Македониjа точно и беспристрасно да осветл'уат своите праителства и европеjцкото обшчествено мнеjн'е за работите во Македониjа, то наш морален долг беше, да сме и ниjе осветени во европеjцките интереси во таткоината ни, особено во интересите на балканцките држаици.
Ниjе требаше да знаеме, оти против нашето востаjн'е ке бидат: и Кара-Влашко, и Србиjа, и Грциjа. Кара-Влашко не можит равнодушно да гледат на усилеjн'ето на Бугариjа со дааjн'ето на Македониjа автономна управиjа. На автономиjата се гледат, како на преодна степен кон соjединуаjн'е на Македониjа со Бугариjа. Кара-Влашко не можит да допушчит на неjните граници создааjн'ето на jедна голема Бугариjа, коjа, можит, после ке барат од неjа Добруджа! По тиjа политични сообразуаjн'а, и да имат во Македониjа чисто бугарцко и само бугарцко населеjн'е, она не ке допушчат соjединеjн'ето мег'у турцките и бугарцки бугари; она не можит да допушчит во своjа пакост нарушеjн'ето на териториjалната целост на Турциjа. А Кара-Влашко jет во соjуз со троjниот соjуз, коj шчо ке покроителствуат Кара-Влашките интереси на Балканцкиjот полуостров.
Интересите на Грциjа во Македониjа сет ушче по големи. И ако немат многу грци во Македониjа, пак Грциjа jет не по малку заинтересуана во нашите работи од друзите балканцки држаици. Секоj држаа се мачит, ако не да праит нои завладуаjн'а, политични, економцки и културни, то да сочуат тиjе, што сет напраени од по напред. Грците со своjата цариградска патриjархиjа имаат наложено грцкиjо jазик во сколиjите и црквите на много македонцки краишча, каj шчо немат грци. Природно jет, да ке употребит Грциjа сите дипломатични патишча, за да се задржит во Македониjа на тиjа позициjи, каj шчо се наог'ат от средните векои, особено от времето на турцкото завладуаjн'е на Македониjа, а грцките интереси во Македониjа се бранат, не од jедна Грциjа, а и од големите сили, шчо не сакаат да се усилит словенцкиjот елемент.
Но наj много jет заинтересуана во македонцките работи Србиjа. Она предjавуат етнографцки и историjцки петензиjи на Македониjа. Но осим ниф, имат и политични причини, коjи никоj пат не ке дадат на Србиjа да допушчит, да се решит македонцкото прашаjн'е во полза на jедна од балканцките држаи, особено во полза на Бугариjа. Автономна Македониjа, како пат, по коj шчо ке се доjдит до соjединуаjн'ето на Македониjа со Бугариjа, Србиjа никоj пат не ке допушчит. Уголемуаjн'ето на Бугариjа от присоjединуаjн'ето на Македониjа не можит да бидит допушчено от Србиjа не само за то, шчо со тоа ке се нарушит рамновесjето на Балканцкиjо полуостров, а наj много за то, шчо по негоото извршуаjн'е Србиjа ке се наjдит мег'у две по силни од неjа држаи: Австро-Унгариjа и Бугариjа; она ке бидит од ниф политично и економцки задушена, и ке требит да се подчинит, или на jедната, или на другата. Значит, државните интереси на Србиjа никоj пат не ке допушчат да се образуат бугарцка Македониjа. Немат сомнуаjн'е, оти србцките интереси, како и интересите на Кара-Влашко и Грциjа, си имаат своj покроител'.
Значит, малите балканцки држаи, и ако на вид и да не играат рол'а во решеjн'ето на македонцкото прашаjн'е, коjе како да jет само во раците на големите држаи, во деjствителност имаат наj голем значаj.
Големите држаи заjавуат, оти они немаат непосредствени интереси во Македониjа, а работат само во име на праедноста. Но таjа праедност, како шчо рекофме, се разбират инак од грци, срби, власи, бугари, то и големите држаи, покроител'ки на малите, се jауваат предстаител'ки на своjеобразни праедности. От тука и не можит да се очекуат обшчо работеjн'е во македонцкото прашаjн'е. Задружна работа jет возможна само во наjмали реформи.
Ако jет така, то на кого се надеjафме со востааjн'ето? На на Русиjа ли? Но Русиjа неколку пати официjално си изми раците пред крвопролиаjн'ето. Ниjе, на место да се л'утиме на руските предстаители: А. Зиновjев, А. А Ростковцки и Машков, по арно ке напраифме, да се позамислиме за руската политика на Балканцки полуостров. Русиjа jет словенцка и праославна држаа. Она ослободи Србиjа и Бугариjа; она поможа на Кара-Влашко, Грциjа и Црна Гора да се ослободат. Она секога jет покроителствуала праославиjето и словенството. Ако jет така, то, шчо можит да напраит за нас Русиjа, кога во Македонцките работи сет забркани неколку словенцки и праославни народи? Можит ли она за атар на Бугариjа да оскрбит друзите балканцки самостоjни праославни држаи, чиjа самостоjност jет извоjуана со руска крв и руски пари, и да напраит тиjе држаи, да се одвртат од неjа кон друзите западноевропеjцки држаи, и да се чинат во нивните раци орадиjа, напраени против Русиjа? Можит ли Русиjа со своjата политика да оттолкнит от себе балканцките праославни држаи? И шчо добиjат она за таjа загуба? Благодарноста на Бугариjа, можит! Но бугарцката благодарност jет само ден до пладне, а после бугарите ке речат, оти тоа го напраи Русиjа со своjи планои да завладит Балканцки полуостров, спасеjн'ето на коj ке се наог'ат во Англиjа, и за тоа бугарите, на место да се во соjуз со „великата освободителка", ке се фрл'ат во скутоите, или на Англиjа, или на друзите неприjатели на Русиjа и словенството. Значит, при современата поставвка на македонцкото прашаjн'е, ниjе очекуафме за наш атар Русиjа со своjи неомислени постапоци, да се откажит од неjните интереси на далекиjот исток, и заjедно со тоа да потрпит поразиjа на блискиjот исток. Арно ама не било така, како шчо мислефме ниjе.
И така неуспехо на востааjн'ето jет jасен, како бел ден. То от самиjо зафаток jет постаено на лоша осноа: не jет обшче македонцко, но jет частично, и имат бугарцка боjа. Во него имаат раководна рол'а само македонцките словени, шчо се викаат бугари. Интелегенциjата, не само на друзите македонцки народности, ами и на самите македонцки словени, беше непричастна во управлеjн'ето на комитето. Комитето, како таjна организациjа, се боjеше да пушчи каj себе равноправни членои од друзи народности, от словени србоманни и гркоманни, или пак и само со србцко и грцко образуаjн'е, от страф негоите таjни да не станат достоjаjн'е на балканцките држаици. Организациjата беше и jет завиjена во таjна, така да долните неjни членои сет слепи орадиjа за исполнуаjн'е само на работи, диктуани од горни сообразуаjн'а и интереси. Тиjа сообразуаjн'а сет само достоjаjн'е на неколцина, туку речи, самозванци, или случаjно испливели на поврхнината македонци. Тиjе луг'е сет вршителите на судбините на Македониjа. Нивната деjателност не подлежит на критика. Ако се осмелит некоj да критикуат деjателноста на таквиjа лица. се решаат да погинит од организациjата. И таква организациjа се кажуат идеална! Разбирам, оти не сите членои можат да знаjат сите работи. Но, ако и имат ограничеjн'а, то ограничениjата требит да бидат разумни. Во организациjата требит да бидат сосредоточени наjдобрите интелегентни сили во Македониjа. Требит да имат луг'е, коjи шчо можат по широко да погледат на прашаjн'ето и да измерат безпристрастно и без увлечеjн'а резултатите на секоj jеден рачкор на комитетцките работи.
Имат ли нешчо подобно во организациjата? Коjи сет во Бугариjа главните предстаители на организациjата? - Татарчев и Матов.
Можит да бидит, оти и jедниjо и другиjо сет луг'е со висок патриотизм и знаjан'е на положеjн'ето во Македониjа. Но тиjе сет приврженци на краjни мери, без да гледаат на политичното положеjн'е. После, како се видит, они мисл'ат за единствено праилна гледна точка на прашаjн'ето за народноста на македонцките словени - бугарцката; а можит, си мисл'ат оти прашаjн'ето за народноста на македонците jет второстепено и ке се разjаснит лесно со ослободуаjн'ето на Македониjа. Но они требит да гледаат во биднината деjствителноста, а не то, шчо им се аресуат.
И сите друзи раководци, како Радев, Станишев, Караjовов и пр., сет од иста категориjа. Тиjе си мислеа, доста jет jедно заjавуаjн'е, оти Македониjа ке бидит за македонците. Комитетот можит да се пофалит и со по умерени раководци, но и тиjе мислеа, оти спасеjн'ето на Македониjа jет само во дуовното jединеjн'е па и господствуаjн'е на бугарите во Македониjа. Можит он да се пофалит и со луг'е, коjи шчо сакаа дуовно да се отдел'ат македонците од бугарите. Но тиjе луг'е или се ограничиjа со издааjн'ето на неколку книжки на македонцки jазик, или пак се ограничиjа со зборуаjн'е македонцки дома, или со своите земjаци.
И така бугарцката боjа на движен'ето jет главната причина на неуспеот. Ако jет така, то шчо се барат од македонцката интелигенциjа, за да се олеснат нестреките за македонците от сегашната нестрек'на авантура?
Првото нешчо, коjе шчо се барат од нас jет: да знаеме нуждите наши и на нашиjо народ.
Не еднаш на митинзите во Софиjа и друзите градишча се имаат приимано резол'уциjи со изложеjн'е на нуждите на македонците. Но тиjе резол'уциjи се имаат приимано во Бугариjа, под влиjаjн'ето на бугарцкото обшчество и от македонцката емиграциjа во Бугариjа. На тиjе митинзи не беше предстаен сиjот македонцко-словенцки народ со негоата интелегенциjа, за тоа резол'уциjите беа и не полни и jеднострани.
Македонцкиjо народ не толку се нуждаат, барем сега за сега, во официален jазик на болшинството, во генерал-губернатор од народноста со болшинство и во слободна преса, колку: во устрануаjн'е или парализуаjн'е деjателноета на националните и религjозни пропаганди; во устранеjн'ето на враждуаjн'ето мег'у приврженците на разните национални и религjозни пропаганди; во устранеjн'ето на тоа недоверjе и обособеност, коjа jет сега мег'у македонцката интелегенциjа, воспитана во разни држаици балканцки и служит на религjозно-националните пропаганди во Македониjа; во официjално признааjн'е на македонцката народност и во внесуаjн'е во нофузите и друзите официjални документи на лица от словенцки произлез од Македониjа името „македонец"; се нуждаат во земелен надел, како шчо беа сел'аните наделени со земjа при отмената на крепостничеството во Русиjа, Галициjа и др. страни. Тука идит и цел ред друзи реформи, во коjи флизаат и тиjа, шчо беа изработени од рускиjо и австро-унгарцки посланици во Стамбул и беа приемени од Н. И. В. Султано.
Задак'ата на македонцката интелигенциjа от сега на тамо ке требит да бидит да се одделат нагледно за сите: и за самите македонци, и за Турциjа, и за Балканските држаи, и за великите сили, интересите на македонците од интересите на друзите балканцки држаи и народи, и да се изучат подробно сите прашаjн'а врзани со избавуаjл'ето на нашиjо народ и нашата таткоина от сегашното големо бедствиjе, и со процветааjн'ето на нашиjо народ во дуовен и материален однос.
Таjа задак'а jет многу тешка и требуат големи заjеднични усилиjа. За тоа изучуаjн'ето на таjа задак'а и исполнуаjн'ето неjно бараат участjе во неjа от сите македонцки словени, без разлика на верцка или нацjонална боjа. За тоа македонцката интелегенциjа требит да престанит да се односит мег'у себе со недоверуаjн'е. От пропагандите, во коjи служит, к'е требит да барат слободиjа, да се наог'ат во постоjано сносуаjн'е со интелегенциjата и обшчеството од друзите пропаганди. Во слободните балканцки држаици, од време на време, македонцката интелигенциjа без разлика на пропаганди, требит да устроjат своjи македонцки собири, на коjи ке се разгледуваат и решаваат прашаjн'а за дуовното и нацjонално процветуаjн'е на македонците. Македонцката интелегенциjа секогаш, кога jет надвор от своjите официални работи, требит да зборуат мег'у себе на централното македонцко наречjе (Велешко-Прилепцко-Битолцко-Охридцко), коjе ке требит да се воведит во сите религиозни и национални пропаганди и турцките сколиjи, како задолжителен предмет. Тоа наречjе имат да бидит литературен jазик на македонците.
Ако религиозните и национални пропаганди не посакаат да воведат нашиjо jазик во своите сколиjи, се разбират, оти само тамо, каде живеjат словени, и ако забрануат на своjите учители и попои да другаруат со македонцката интелегенциjа и обшчество од друзите пропаганди, то тогаj македонската интелегенциjа и народ, без разлика на пропаганди, требит да му изнаjдат пат, со коj шчо к'е можит да се накажит таjа пропаганда. Ако таjа пропаганда се вооползуат со музавирлуци против неjните неприjатели, то интелегенциjата требит, да обjаснит на народо недостоjниjо образ на работен'е на таjа пропаганда, и да то повика, сам да се бранит животните своjи интереси. Ако народниjо протест во верцките и сколиjцки работи, во коjи требит обшчините да се признаjат слободни, се покажит од заинтересуаната пропаганда, како бунт со државна боjа и се барат државни мери против бунтовниците, то народо и интелегенциjата требит да се обрнат до консулете, како до третеjцки судиjи.
Ако неколку, или сите пропаганди се воспротиват за тиjа наши бараjн'а и настоjаваат, во сколиjите и црквите да се изучуваат и поминуваат само jазиците на пропагандите, то да се приjмат обшчи и енергични мери против сите и религиозни и национални пропаганди во Македониjа.
Слободиjата на совеста jет признаена на секаде; она jет и ке бидит признаана и каj нас. Експлуатациjата со таjа слободиjа се преследуат на секаде и требит да бидит преследуана и каj нае. Језуитите сет истерани, тукуречи, от сите европеjцки земjи, за тоа шчо експлуатираа со народната совест. Црковните ордени во Франциjа сет ограничени во сколиjцките работи, оти со ниф злоупотребуваат. Шчо jет било на секаде во Европа, можит да бидит и каj нас во Македониjа.
Секоj ке имат прао да исповедуат и мусул'манство и рисjанство во трите главни форми: праославиjе, католичество и протестанство. Религиозните потребности и убедеjн'а сет за сите неприкосноени. Но религиjата никак не требит да бидит средство за престапни политични и национални цели, како шчо jет сега во Македониjа.
Ако разгледаме сега распространените во Македониjа религиозни пропаганди, то тамо ке наjме религиозните пропаганди во поекето случаjи да служат како орадиjе за национали и политически цели.
Протестанството и католичеството во Македониjа имаат само религиозни цели, оти предстаителите на тиjа пропаганди со уважеjн'е се односуат до сите и наjдробни национални особнини на сите македонцки националности. Ето зашчо никоj немат прао да се ополчит против работата на тиjа пропаганди.
Праославиjето, наj старата, наj распространената и основната религиjа на сите македонцки народности, за сожал'уаjн'е, сосим изгубило од видот своjата главна цел'а да сеjит братство мег'у народите, да облагородуат срцата на верните. На место тиjа блатородни задаки праославjето сеjит само раздор и ненавист. Оно jет сега само наj главното средство во раците на xразни пропаганди со чиста национали и политични задаки. Праославиjето во Македониjа сега jет до толку искажено, шчо и не можит да бидит реч за една праославна црасва, - сега тамо имат 3 цркви, но не православни, а: грцка, бугарцка и србцка. Зашчо тоа да бидит така? Зар црквата не требит да бидит: Едина, Саборна, Вселенцка и Апостолцка?
- Да. Црквата требит да бидит имено Едина и Соборна, а не србцка, грцка и бугарцка. Црквата каj нас си изгубила своjата главна цел'а, за тоа македонцката интелегенциjа и народо имаат полно прао да употребат. сите своjи сили да лишат црквата во Македониjа от чисто национални цели и да и поврнат тиjа цели, коjи шчо и запоедал неj неjниот Божествен Осноач: да проповедуат евангелието на сите jазици т. е. на сите народи на нивните jазици.
Ако религиооните пропаганди се постараjат да побркаат на здружуаjн'ето на македонцката интелигенциjа и македонцкиjо народ мег'у себе, то прво нешчо, коjе ке се потребат,.тоа jет, да се образуат во Македониjа: Едина, Саборна и Апостолцка црква т.е. да се возстаноит Охридската Архиепископиjа, коjа шчо ке бидит „Архиепископиjа всеjа Македониjи".
Религиозните пропаганди можат да имаат нешчо против здружуаjн'ето на македонцката интелигенциjа и народ ,само по национални соображуаjн'а. Ако jет така, то природно jет, оти, со бараjн'ето црковна реформа, ке; се соjединит и бараjн'е сколиjцка реформа т.е. Архиепископиjата ке земит во свои раце сколиjцката работа, и ке се дообразуат во неjа со народноста на своjата паства: во грцките епархиjи и парохии ке се учит восколиjата и ке се служит во црквата на грцки jазик во влашките - на влашки; во словенцките на македонцки.
Тогаj сите наиионалии и религиозни пропаганди, коjи шчо цепиjа народо на разни групи, неприjател'цки една кон друг'а, ке се отстранат и ке настапит мир за народо, за Македониjа, за Турциjа и за Европа.
И вистина, одваj ли имат нешчо по арно од вакво свршуаjн'е на македонцката криза: за народот то jет арно, оти ке се ослободит и од интригантите од разни народности, и ке се откажит од разни поддувуаjн'а, коjи шчо го одвлекуваат од негоите мирни работи: црквата ке примирит безосновната вражда мег'у разните народности.
Таков исход на кризава jет нешчо наj арно и за Турциjа. Турцките дипломати се лажат многу, ако мисл'ат, оти ке сочуваат Турциjа во Европа поеке ако се придржуат до политиката: djvjde et jmpera. До кога имат во Македониjа почва за национални пропаганди, до кога не се отстранат причините, чуздате држаи да имаат во Македониjа поеке влиjаjн'е од самата Турциjа, до тогаj Турциjа само ке расходуат на Македониjа, а не ке имат од неjа никаква полза, до тогаj секоjа минута ке требит да се боjит да не изгубит Македониjа; а ако се признаит официално, оти во Македониjа немат неколку словенцки народности, ами имат само jедна оддел'на, ни бугарцка, ни србцка, и ако се одделит Македониjа во самостоjна архиепископиjа, наjеднаш Турциjа ке се ослободит однабркуаjн'ето во македонцките работи од сите 3 саседни држаи.
Нашите национални интереси диктуваат на македoнцката интелигенциjа и на македонцкиjо народ, да се поможит на Турциjа да излезит од затруднител'ното положеjн'е во коjе jа кладеа религиозните и националните пропаганди во Македониjа и држаите, заинтересуани во ниф. Нам не ни требит присоjединуаjн'е до Бугариjа, ни до Србиjа, ни до Грциjа. Целоста на Турциjа за нас jет по важна, от колку за Русиjа и западна Европа. Турциjа jет страната, шчо се наог'ат во наj арно географично положеjн'е. Турцкото поданство и сочувуаjн'ето на целоста на Турциjа ни даат прао на македонците да се ползуаме низ цела Турзциjа со прао граг'анство. А тоа прао можит да ни даит голема материална полза. Ето зашчо македонцката интелигенциjа, ако изучит подробно своjите интереси, то на прво место требит да постаит и за себе и за своjот народ: со сите свои морални сили да сочуат целоста на Турциjа. Во замена на тоа, ниjе ке имаме лице и прао, да се надеjаме од нашиjо великодушен гооподар, да добиjеме полна автономиjа во црковното и сколиjцко дело и полна равноправност пред законо и во местната самоупраа во Македониjа. Таква самоупраа никак не jет опасна за целоста на Турциjа. Напротив она ке уредит односите мег'у македонцките народи во вечни времиjн'а.
И така усилиjата на македонцката интелигенциjа и народо требит да се обрнат на националното соjединуаjн'е на макеонцките словени во jедно цело и на соjединуаjн'ето на интересите на сите македонцки народи. Националното и религиозно неприjател'ствуаjн'е требит да станит само jеден жалостен спомин. Солидарната работа на македонцките народности требит да се обрнит кон сочувуаjн'ето на целоста на Турциjа. Во замена на тоа, Турциjа ке раширит праините на сите македонцки народности пред законо и во административното управуаjн'е, и ке покроителствуат на националното развитjе на сите македонцки народности.
Таква мирна програма на македонците ке стретит поддржка и одобреjн'е у великите сили, заинтересуани со сочувуаjн'ето на целоста на Турцко. Великите Сили ке поможат на Турциjа да се оддалечат сите непраини за македонцките народности од националните и верцки пропаганди и да се обезпечит нивното самостоjно сашчествуаjн'е и развиjаjн'е.
Малечките Балканцки држаици, коjи шчо сет заинтересуани и поддржуат пропагандите, на прво време ке се расрдат на Императорцкото Султанцко праителство за тоа, шчо пресече „вековните" привилегиjи, но ке поминит време и они ке се примират со устранеjн'ето на пропагандите, оти тоа устранеjн'е, ке бидит во нивна полза: ке престанат да праjкаат во Македониjа секоjа година своjите милиони франкои, от коjи за ниф никога не jет имало, и не ке имат никаква полза. Тиjе милиони не само сет пропадали до сега без полза, но и имаат поддржуано неприjателство мег'у балканцките држаи, кога тиjе по своjата географцка близост и jеднакви интереси, требит, една со друга да помагаат заjедничното економцко развиваjн'е.
По горе, кога зборуаф jас за неуспео на востааjн'ето, jас рекоф, оти неуспео се должит на частичноста негоа. Јас зборуаф, оти кога се праит востааjн'е од името и во полза на сите македонцки народности, тогаj на тоа требит да се имат полномок'ност и участиjе на сите народности во организациjата.
Сега, кога зборуам jас за истеруаjн'ето на пропагандите од Македониjа, за примируаjн'ето и обjединуаjн'ето на македонцката интелегенциjа и народности, можит некоj да си помислит, оти тоа обjединуаjн'е ке ни поможит да се подигнит jедно обшчо востааjн'е, коjе шчо ке имат по голем успеф. Ке погрешит, коj ке напраит такво закл'учуаjн'е.
Јас ушче по горе рекоф, оти ниjе сме заинтересуани во целоста на Турцко. И вистина, каква полза еа нас од присоjединуаjн'ето со Бугариjа, или Србиjа, или Грциjа? Тиjе држаи сет по културни од нас, а како таквиjа само тиjе ке имаат полза од присоединуаjн'ето кон ниф Македониjа. После таквоа присоjединуаjн'е на цела Македониjа до jедна од балканцките држаици не jет возможно - друзите држаици ке побркаат на него. Возможен jет дележот на Македониjа мег'у малите држаици, или окупираjн'ето на Македониjа од Австриjа. Но можит ли да бидит по голема нестрек'а за македонците од раздел'уаjн'ето или окупациjата?
Малечките држаици балканцки без церемониjа ке земат во своjи раци сите дооди,од завоеваните части на Македониjа, а македонците ке се обрнат во просjаци, откако си загубат првен своjите национални особини.
Можит да се предречит, каква ке бидит судбата на Македониjа под Австро-Унгариjа: Босна и Ерцегевина jасно ни покажуваат, оти не ке поминат и 10 години од Австриjцката окупациjа, како ке зафатат македонците без разлика на вера и народност да си оставуат своjите катои и да се исел'уат.
А и присоjединуаjн'ето до jедна од балканцките држаици, шчо не jет никоj пат возможно, ни делеjн'ето, ни окупациjата, не сет воѕможни без револ'уциjа од натре. И имаат ли смисла тиjе револ'уциjи, кога ни обезпечит Н .И. .В Султано националното и религиозното сашчествуаjн'е и ни гарантират равноправност пред законо и во областната самоупраа со турците? А се имаат осноаjн'а да се мислит, оти Иксператорцкото праителство jет исполнено со добри намереjн'а за своjите македонцки народности. Историjата помагат да секоj народ да си видит грешките, коjи шчо имат праено, и да се чуат да не се повторуат. Сегашното востааjн'е jет многу поучно, како за нас, исто така и за турците. Јас не можам да допушчам, турците да не се поучат од него: jасно jет за секоj, па и за турците, оти Турциjа не можит поеке да сочуат Македониjа ако продолжат истата политика, кон нас, шчо jе водеше досега, Турциjа не можит да да сочуат таjа своjа провинциjа без содеjство на местното жителство. Једна воjска не jе доста, како шчо не jет доста и доволството на меншеството на населеjн'ето. Турцкото господство во Македониjа ке се сочуат само тогаj, ако во неjа имат многочислено населеjн'е, коjе шчо видит своjето благосостоjаjн'е обеспечено само под власта на Турциjа. Тоа населеjн'е ке составуат главниjо оплот на турцките интереси во Македониjа. А поддржката на болшинетвото Турциjа ке добиjит само, ако се погрижит да воведит во Македониjа истинцки реформи, способни деjствител'но да сочуваат националните и религиозните интереси на поданиците, нивните граг'ански праа и сносно економско сашчествуаjн'е. Ако тиjа потребности на поданиците не се сочуваат, и Турциjа продолжаат да бидит неискрена во прилагаjн'ето на реформите, то от тоа ке пострадат наj много пак она: 1, она ке бидит принудена со сила да воведит некоjи реформи, 2, ако и после тоа населеjн'ето не бидит оградено во национално-религиозен и економцки однос, то со тоа ке се восползуваат неприjатиелите на Турцко да напраат во Македониjа брканица за да ловат риба во матна вода.
И така првото нешчо, коjе шчо ке требит Македонцката интелегенциjа да се добиват, тоа jет: устранеjн'ето на недоверjето мег'у интелегенциjата, со разно национално и религиозно образуаjн'е, обjединуаjн'ето на таjа интелегенциjа, како во самата Македониjа, така и зад неjните граници; совместното обсудуаjн'е обшчите интереси на Македонците; устрануаjн'ето на национално-религиозната мрзн'а; воспитаjн'ето на македонцките словени во чисто македонцки национален дух; задолжителното изучуаjн'е на македонцкиjо jазик и слоесност во стредно-учебните заведеjн'а во градоите со словенцко населеjн'е; обучеjн'ето во селцките сколиjи со словенцко населеjн'е на македонцки jазик. Во словенцките села во црквата словенцко богослужеjн'е. Ако тиjа бараjн'а стретат отпор од некоjа от пропагандите, то да се молит турцкото праителство и Големите Сили, да се отдалечат од Македониjа деморализуjук'ите пропаганди, да се востаноит Охридцката Архиепископиjа, во раците на коjа да преминит црковно-сколиjцкото дело за сите рисjански народности во Македониjа.
Друго нешчо, коjе се барат од нас, jет, да се обрниме до нашите браjк'а, шчо воjуваат во таткоината ни, да сложат оражjето, за да се даит возможност на Русиjа и друзите сили, да земат сите мери, шчо зависат од ниф, да се удовлетворат сите наши религиозни, национални и економцки интереси.
Јасно ми jет, со какво негодуаjн'е ке се однесат мнозина кон тоа мое предложеjн'е. Можит, ке го наречат и предател'ство. Можит да бидит, да се наjдат и л'уг'е, коjи шчо ке речат, оти требит да се мавнат от тоjа свет лица со такви мисли.
Коj како сакат, нека речит, нека мислит и нека приjимат против мене. Долго кон народот и таткоината му диктуваат да се искажам во таква смисл'а. Јас сум jеднаш уверен, оти во постапоко ми немат нишчо предателцко: 1, оти мислите, не само на частни лица, како мене, но и на сите македонци од боjното поле и од Бугариjа, и мислите, бараjн'ата и предложеjн'ата на целиjо бугарцки народ и бугарцкото праителство, не сет во состоjаjн'е, да изменат погледите на Големите Сили и Русиjа на нуждите на македонцкиjо народ; 2, сите усилиjа по натамо одваj ли ке изменат поведеjн'ето на држаите во нашето прашаjн'е. Наj много, шчо можит да бидит, тоа jет - европеjцка конференциjа; но таjа конференциjа не можит да се зафатит по рано от пролетга, и то, тогаj ке се зафатит само, ако востааjн'ето тогаj бидит по силно от сегашното. Но можит ли да се предвидит одот на востааjн'ето? Пак и да се допушчит, оти востааjн'ето тогаj ке бидит, и по силно от сега, и ке принудит Европа, да се повикат европеjцка конференциjа, можит ли некоj да предречит, оти решеjн'ата на таjа конференциjа ке бидат во наша полза? - Одваj ли.
Европеjците до сега си имаат напраено непраилен закл'учок за народноста на македонците, и ето зашчо, последните, коjи носат на своjот грб сите тешкотиjи и нестреки от сегашното востааjн'е ке имаат наj малу полза од решеjн'ето на конференциjата. Требит да бидиме слепи, за да не видиме тоа, шчо jет очигледно. Во конференциjата ке се земат цел ред мери во полза на македонцките народности. Но коjи сет тиjе народности? .- турци, бугари, срби, грци, власи, арнаути.
Кого требит да броjат на конференциjата: бугарин, србин, грк? Каде jет границата мег'у ниф? Наj после коj ке заседаат на таjа Конференциjа? Коj ке даат сведеjн'а за македонцките народности и нивните потребности? Зар не jет jасно, како бел ден, оти предстаители од нас немат да имат, оти ке решаваат нашите судби, без да не питат нас, шчо бараме ниjе, а зато, ке питат нашите неприjатели, коjи имаат своjи држаи и своjи дипломати, икоjи ке извлечат сета полза од нашата пролиена крв?!
Не браjк'а! Никаква конференциjа не не спасават. Многу по арно ке бидит, да се довериме на наj многу заинтересуаните во нашите работи држаи, особено на праославна Русиjа, коjа знаjит убао нашите нужди, а не да се надеjаме во сами себе и во некакви конференциjи. Да беше било така лесно и арно созиваjн'ето на конференциjа, и сега ке имафме друг способ трактуаjн'е на нашите работи и наместо Европа да остаит Русиjа и Австриjа да решаваат нашето прашаjн'е, сите европеjцки Големи сили ке сакаат во него да играат jеднаква рол'а. А шчо пишит англицкиjо министер-председник на кентерберjцкиjо архиjепицкоп за политиката на Големите Сили во нашите работи: „участjето на сите Сили воразрешеjн'ето на македонцкото прашаjн'е само можит да задржит, на место да ускорит, неговото разврзуаjн'е. Во дадениjо случаj наj арно jет инициjативата и наj главната рол'а да jет во раците на наj заинтересуаните големи држаи, коjи наj арно знаjат нуждите на македонците". - Да, ниjе требит да знаjиме, оти од участjето на сиjот „концерт" можит да се очекуат големо неблагозвучjе, по малко давлеjн'е на Портата, от колку можит да се очекуат од работите на двете наj многу заинтересуани држаи. Држаите разно гледаат на прашаjн'ето, а тоа разногласjе бркат на jеднодушно давлеjн'е на Портата. Можит ли да се мислит, оти на конференциjата ке имат по големо jедногласjе, от тоа шчо го видиме сега во постапоците на двете заинтересуани држаи? Сегашната конференциjа ке бидит сосем во Друзи условиjа от тиjе, во коjи работеше конференциjата пред последната рускотурцка воjна.
Сегашната конференциjа ке изиграет само во полза на малите држаици, шчо бараат на есап на македонците да си осноат и рашират праата на нивните народности. Ако jет така, а инак не можит ни да бидит, то ексик му и конференциjата!
Једно jет така, то немат смисл'а и по накашното сопротивуаjн'е. Знаете ли, шчо мисл'ат тиjе, шчо сет за по накашното сопротивуаjн'е? - Једно имаат надеж за набркуаjн'е на Силите; друго, се надеjат на конференциjа; и трек'о, кажуваат, ако не бидит ни jедното, ни другото, то ке напраат Турцко економцки да пропаднит со долгото содржуаjн'е на голема воjска. Једнаш се видит, оти двете првни надежи не ке бидат во наша полза. А трек'ото ушче по малу. Зошчо ке питате?
Европа имат интерес, да се сочуат Турцко, ето зашчо, ке му дават средства, за да се сочуат. А коj ке и плаjк'ат тиjе пари и процентите од ниф? - Пак ниjе. Но да предположиме оти турцкото економцко разоруаjн'е не ке се отразит на нас. Но не jет ли jасно, оти, ако Турцко ослабнит економцки ниjе к'е ослабниме во неколку пати поек'е? Не знаеме ли ниjе, оти сето време, до кога ке се продолжаат борбата со четите, турцкиjо аскер ке грабит, ке насилуат и ке праит секакви друзи пакости на населеjн'ето? Народо не ке можит да вршит своjата работа, а од друта страна ке трибит да ранит гладната турцка воjска и четите?
Борбата имат, не толку национален, колку религиозен характер. Како та jет опустошител'на, во неколку пати поеке од обичната воjна! Тоа опустошеjн'е имат смисл'а, ако се имат надеж на успеф. Сиjот надеж наш jет на европеjцко набркуаjн'е. Но jасно jет, оти такво набркуаjн'е немат да последуат. Ниjе мислиме, оти Европа ке се сожалит над мирното населеjн'е, и заради него ке се набркат во нашите работи. Но имено нашите есапи не даваат на европеjците возможност да се претечат на помок' на мирното населеjн'е. Европеjците кажуваат, оти не можат да напраат нишчо, оти секоjа мера од Европа, комитето ке приимит за пооструаjн'е на негоата агитациjа.
Значит, до тогаj, до кога ке се продолжит движеjн'ето ниjе не можеме да очекуаме деjствително набркуаjн'е во нашите работи, и до тогаj нашиjот народ ке бидит принуден да трпит наj големи бесполезни и бессмислени нестреки.
Во таков случаj имат ли смисл'а по накашната борба? - По моето мнеjн'е немат. Ниjе немаме излишни народни сили, за да и принесеме на жртва за бугарцките, србцки и грцки интереси, оти сегашната борба jет само во туг'а полза. Нашите народни сили сет нужни и за културна борба.
Да допушчиме и противното, оти сегашната борба наj после ке принудит Европа да се набркат во турцките работи и да принудат Турцко да даит равноправност на македонцките народи. Дали ниjе македонците (словените) во таков случаj ке можеме да се поздраиме со успеф? Мисл'ам не. Равноправноста ке бидит за сите народи, па и за турците, грците и пр. и пр. Значит, нашата крв се проливала за праата на тиjа народности, коjи шчо, или си седеа мирно во време на борбата, или беа против нас. Малу jет тоа, шчо ниjе проливафме крвта на нашиjот народ за туг'ите, па и за интересите на нашите неприjатели, но со нашата крв и разореjн'е, к'е се восползуваат нашите неприjатели от слободните држаици за да продолжаваат со своjите религиозни и национални пропаганди, да не дел'ат на протиоположни и неприjател'цки лагери: срби, грци и бугари.
После борбата на боjното поле, ке настапит време да се бориме на културна почва, и во тоа време, наместо да имаме возможност, да се ползуаме со плодоите на пролиjената крв и да преуспеваме културно, ниjе, и тогаj, како и сега, ке требит да помагаме во наша вреда, то србцките, то грцките, то бугарцките интереси.
При таква национална раздвоjеност, и при полното економцко разоруаjн'е беземислени к'е станат секакви конференции, набркуан'а и реформи, оти сите ке водат кон jеден дележ на Македониjа. По сите тиjа сообразуан'а, како и по полната убеденост во тоа, оти, не само бесполезно и невозможно jет по накашното успешно сопротивуаjае, jас мисл'ам, оти наш долг jет да замолиме македонцката интелигенциjа, коjа имат влиjаjн'е на сегашното движеjн'е, да обрнит своjот поглед на сериозноста на положеjн'ето, да измислит патот и сите стредства, колку се можит по скоро, за да се искажит полно доверjе кон постапоците на заинтересуаните Големи Сили во полза на македонците, и откако ке им даjит обек'аjн'е, да прекинит, по накашната борба, да и замолит да се помогнит, морално и материjално на постраданото населеjн'е да се попраит; да замолит, да се воведат сите предложени реформи и тиjа, коjи лгчо ке наjдат Силите за нужно, како раширеjн'е на израбогениjо проект; да се отстранат пропагандите и востаноит Охридската Архиепископиjа со црковносколиjцка автономиjа, амнистиjа на емигрантите и сите четници, признаjн'е на словените во Македониjа за одделна народност: македонци, и внесуаjн'е на тоа име во официалните книги и пр.
Со полното прекратуаjн'е на востаjн'ето, ке се устаноат мег'у нас и турците односи, коjи одговараат на интересите и наши, и нивни. Тогаj ке се имат возможност да се видит, оти нашите интереси со нивните така сет сплетени, шчо, со загубуаjн'ето на jедните, губат и друзите, а сета полза извлекуваат од нашето неприjател'ствуаjн'е треки, ке се речит, малите балканцки држаи. Тоа се видит особено jасно од возможнните последици на востааjн'ето, коjи за наша и турцка стрек'а не последуваа. Зборот ми jет за делеjн'ето на Македониjа мег'у малите балканцки држаици.Востааjн'ето се дигна и разори, и нас, и турцката држаа. Вредата од него, и за нас, и за Турциjа jет громадна, но па по мала отколку, шчо можеше да бидит. Стрек'а и за нас и за Турциjа jет, шчо мег'у Бугариjа и Србиjа немаше никакво согласуаjн'е по македонцкото прашаjн'е. А такво согласуаjн'е немаше, зашчо Бугариjа мислеше да присоjединит до себе цела Македониjа сама без помок' на друзите саседни и големите држаи. Бугариjа се излажа во расчето. Во тоа се состоит нашата и стрек'ата на Турцко. Бугариjа до сегашното востааjн'е немаше политички опит за решеjн'ето на македонцкото прашаjн'е, ето зашчо, сите маневри да се решит оно излегоа jалови. Бугариjа до сега не знаjеше, оти решеjн'ето на македонцкото прашаjн'е не jет искл'учител'но во Софиjа, ами колку во Софиjа, толку и во Белград, т.е. во согласуаjн'ето мег'у Софиjа и Белград. Тоа согласуаjн'е до сега се броjеше за државна измена, но от сега, от како си испитаа бугарцките дипломати сето безсилиjе, и при наj големите своjи усилиjа сами да решат македонцкото прашаjн'е, ке се наjдит цел ред бугарцки дипломати, коjи ке погледат на тоа согласуаjн'е, како на неизбежно зло. Сегашниjот политичен опит да беше бил у бугарите по напред, ке се пристапеше, прво до раздел'уаjкето на сферите на влиjаjн'ето во Македониjа мег'у срби и бугари, а после во време на востааjн'ето, србцките и бугарцките воjски ке навлезеа во Македониjа. Таков ке бидеше излезот на востааjн'ето при по голем опит мег'у бугарцките дипломати. За наша стрек'а, тоа патниjе се избаифме од дележот на таткоината ни и Турцко от загубуаjн'ето на jедна од прекрасните своjи провинциjи.
Востааjн'ето не донесе делеjн'ето на Македониjа: тоа jет положител'ниjот резултат од него. На тоа делеjн'е, стрек'но jет избегнато само от случаjната неопитност на нашите неприjатели. Делеjн'ето ни грозит ушче поеке вo идно време от по големата опитност на нашите неприjатели: Бугариjа можит да закл'учит со Србиjа догоор за разделеjн'е сферите на влиjаjн'ето во Македониjа. Такво разделеjн'е на сфери на влиjаjн'ето неминуемо ке донесит дележ на Македониjа, ето зашчо, jеден од наj главните долгои на македонцката интелегенциjа jет, да се отстранат еднаш на секога од Македониjа бугарцката и србцка пропаганда, да се оснуатво Македониjа своj дуовен центр за македонците и тоj центр, како и самите македонци, да немаат никакво зимаjн'е дааjн'е со соседните балканцки држаи и народи. Во таjа мера се состоjит предотврак'аjн'ето на дележот на Македониjа и сочувуаjн'ето на таjа провинциjа за Турцко. От тука jет jасно, оти арно сознаjаните интереси на турците и македонците им диктуваат, не да трошат нивните сили во мег'уусобна борба во полза на обшчите нивни неприjатели, ами да си подадат jеден на друг рака, и да отстранат сите фактори, шчо бркаат на нивните приjател'цки односи и обшчи интереси.
Со прекратеjн'ето на востааjн'ето ке зафатит во Македониjа мирна културна работа. Она ке требит од нас устаноуаjн'е арни односи кон сите народности, шчо насел'аваат Македониjа. Нашата интелигенциjа до сега не можа да устаноит наj желател'ните односи мег'у нас и друзите македонцки народности. Тоа отчасти не зависеше од неjа. Така, односите на нашиjот народ кон турците и мусул'маните у опшче поеке jет заисел от последните, отколку од нас: ако мусул'маните гледаа на рисjаните, како на л'уг'е рамни ним, то немат сомнеjн'е, оти не само ке бидеа наj арни односите мег'у рисjани и мусул'мани, ами можит, и да немаше востааjн'е. За сожал'уаjн'е, мусул'маните и до последно време не можаа да се ослободат от своjо стар предрасудок, да гледаат на рисjаните, како на по долна раса од ниф. Ќе се надеjаме, оти турцкото праителство и турцката интелигенциjа ке се уверат во сета вреда, шчо причинуат подобен предрасудок и ке се постараат да го искоренат, и со тоа ке попраат односите мег'у рисjаните и мусул'маните.
Добрите односи мег'у грците и нас македонците (словените) пак поеке зависат от првите, от колку од нас. За да се попраат тиjе, грците ке требит да се откажат от своjата „мегали идеjа" и да признаат праото на сашчествуаjн'е и на македонцката народност редом со грцката во Македониjа. Особено патриархиjата, како устаноа вселенцка, требит да престанит да посталуат, како устаноа со грцки характер. Она требит свето да чуат праата на сите рисjани, а не да пожртвуат праата на jедни во полза на друзите. Особено jет нужно, патриархиjата свето да чуат праото на националното сашчествуаjн'е на сета своjа паства. Тогаj ке се избегнит конфликтот мег'у грците и македонците, оти последните не бараат, тиjе, шчо зборуваат грцки, да имаат во своите цркви старомакедонцки jазик, а во сколиjите сегашниjот македонцки jазик, ами тоа се барат само за тиjе, шчо зборуваат македонцки. Ако пак патриархиjата продолжит преследуаjн'ето на македонцкиjот jазик мег'у македонците, и место него пропагандират грцкиjо jазик, со тоа ке натерат македонците да гледаат на неjа, како на орадиjе на грцката национална пропаганда. Во таков случаj, и грците и патриархиjата ке ни се обjаат за неприjатели на нашата народност, и наш свет долг ке ни бидит, да одбиеме сите грцки напади на нашата народност. За таjа борба мег'у рисjани ниjе свал'аме от себе одгоорност на грците и патриархиjата, оти ниjе во тоjа случаj не нападаме, ами се браниме от чузди покушеjн'а.
Наj арни можат и требит да ни бидат односите со власите. Нашите интереси никаде не се престрек'аат со влашките. Власите поеке живеjат во градоите, и сет трговци, а ниjе поеке сме во селата, и сме селцки стопани. Тиjе од власите, шчо живеjат во селата, се занимаваат со овчарство. Власите и нашиjо народ се разликуваат: по jазлк, носиjа, характер, така да никоj пат власите не можат да претендираат на нашите села, исто така, никоj пат ниjе не сме кажуале оти влашките села сет наши. Мег'у нас и власите немат никаква историjцка недоразбериjа. Власите никоj пат не сет имале, никаква власт. над нас, и никоj пат не ни се сториле никаква пакост, Исто така и они немаат нишчо патено од нас. На опаку, ушче от стредните векои мег'у нас и власите jет имало секоj пат согласjе. На таква почва можит да.се развиjит наj срдечна дружба мег'у нас и власите. Таjа дружба требит да пушчит глабоки корени мег'у двата братцки народи, за да им даит возможност, рака за рака да врват по тешкиjо пат на културниот прогрес.
Једно се устаноат праилни односи мег'у нас и друзите: рисjанцки и мусул'манцки народности, jедно се признаjит нашата народност од праител'етвото на Н. Ц. В. Султано, се внесит во нофузите името македонец, се напраат првите постапоци за нашето национално и религиозно ослободуаjн'е от пропагандите и се воведат политичните преобразуан'jа, предвидени от реформаторцките сили; jедно се приjимат мери за економцкото попрауаjн'е на нашите селцки стопани, па и до воведуаjн'ето на сите тиjе подобруаjн'а во нашето националнорелигиозно и економцко жиуаjн'е, ниjе- македонцката интелетенциjа ке требит да напраиме ушче jедно, а то ке бидит и.наj важното: да приложиме сите своjи физически, интелектуални и морални сили на нашето национално возродуаjн'е.
Последното востааjн'е ни покажа, оти тоjа пат, по коj шчо одефме, сега jет погрешен и опасен. Тоj требаше много жртви, а дааше малу полза. Револ'уциjата не компрометира пред нашето праител'ство и не не исстаи во добра боjа пред европеjцкиjот свет. Но во се тоа ниjе сме малу криви. Од jеднастрана не поддупуваа кон востааjн'е; од друга - ниjе сме млад народ и се увлечефме со jедна нездрела предприjимачка. Како младите л'уг'е, кои предпочитаат во работеjн'ето скокои, на место постепено, но постоjано работеjн'е во jеден исти праец, и младите народи предпочитаваат скокоите пред постоjаната упорна работа во jеден исти праец. До сегашното наше работеjн'е, особено востаjн'ето беше неомислена младенческа работа, но они ни се опростуваат, jедно, зашчо до сега ниjе бефме млад народ, коj шчо одваj се проникнуат со своjето национално самосознаjн'е, а друго, зашчо до сега, не живеjки како оддел'на национално-религиозна jеденица, се наог'афме под влиjаjн'ето на разни национални и религиозни пропаганди. Но тоа шчо ни се прошчааше до сега, не можит да ни се опростит за од напред.
Сега ниjе не можиме поеке да гледаме на себе и своjо народ, како на jеден младенчески народ, без политичен опит. Ниjе поминафме во своjето историjцко развиjаjн'е веке важни стадиjи, коjи можит да состаат епоха во историjата на коj и да бидит народ. А ноата епоха налагат на нас ноа требност, - културно работеjн'е.
До сега работеше народот со интелегенциjа задружно, но работеjн'ето беше распределено не jеднакво: народотсе jавуаше исполнуач на планоите на интелегенциjата, кога последната не праеше нишчо поеке от состауаjн'е планои или организуаjн'е на реовл'уционо движеjн'е. Организаторцката работа jет пак работа, но не можит да се речит да jет од тешките. Подготвуаjн'ето за револ'уциjа jет работа, коjа, можит, требит нервно работеjн'е, но тоа работеjн'е не jет толку мачно и толку ценено, колку се мисл'ат револ'уционерите- младата наша интелегенциjа. Подготвуаjн'ето на jедно востааjн'е се продолжаат 5-10 години и после сите забркани во него, или умираат, или пак, ако остацат живи, требит да останат без нишчо, и да си изберат некоjа друга работа, коjа ке требит да зафатат од ноо, и за коjа, можит, и не сет сосим приготвени. Организаторцката работа не jет толку мачна и за тоа, шчо, обично, ортанизаторите често, мислеjки, оти нивниjот жиот jет по важен од жиотот на сел'аните, подстауат на наj мачните работи простите работници, или народот. За тоа организаторцката работа од jедна страна jет работа за jеден чоек, шчо предпочитат временото напрегуаjн'е на силите пред постоjаниот упорен и мачен труд, од друга страна, она jет и безнравствена, зашчо, при неа, не чоек се жртвуат во полза на обшчеството, на народот своj, или на чоешчината, а со народот праит опити за своjите фанастични планои македонцка интелегенциjо! Време jет да се помисли, да jет грешно да се праит опит со туг'и чоешки жиоти за нашите фантастични планои.
Но со тоа jас не сакам да кажам ниjе да престаниме да идеализираме и да живеjеме со народни идеали. Не! Ниjе не можиме да живуаме без идеали: само нашите идеали от сега ке требит да бидат по чисти от понапредните. От сега ниjе ке требит со нашата патриотична работа да искупиме нашите греои пред нашиjо народ. От сега ниjе ке требит да се жртвуаме за негоите интереси и со тоа да му отплатиме за негоата вера во нас и за негоото послушно и точно иеполнуан'е планоите на организациjата. Како можит нашата интелегенциjа да се одолжит пред нашиjо народ за дадените од него жртви? На тоа прашаjн'е jас одгоориф, кога зборуаф по горе за борбата со пропагандите и за постааjн'е на нашиjо народ во добри односи кон сите македонцки народности.
Но главно, како шчо напомниф пак по горе, ке се поможит на нашиjот народ со културно работаjн'е, а наj поеке со просветуаjн'ето.
Науката и литературата сет наj важниjот фактор во развиjаjн'ето на jеден народ, како народ, По степента на развиjаjн'ето на науката и литературата у jедан народ се мерит негоата култура и по ниф се дел'ат народите: на културни и не културни; културните народи владеjат, а не културните робуваат. Само со знаjаjн'е и просветеjн'е, само со културна работа ке можит нашата интелегенциjа да попраит и искупит своjите грешки пред нашиjот народ.
Ке речат некоjи, оти културната работа jет возможна само кога имат политична слободиjа; без неjа она jет не вооможна. - Вистина во таjа забелешка имат jеден дел истина, но само jеден дел. Главното, условjе за културна работа не jет полната политична слободиjа, а моралната воспитаност на народот и негоата интелегенциjа, сознаjн'ето на нравствен долг пред народот у секоj член от тоjа народ. Полната политична слободиjа не чинит за нишчо, ако jеден чоек не сознаат, оти негоиjот чоечки долг, негоиjот долг пред своjата таткоина и своjот народ jет: труд, труд и пак труд. Слободиjата чинит само за ползуаjн'е од резултатите от своjот труд, но не толку за самиjот труд, А за да можит чоек да се ползуат од резултатите на своjот труд, требит прво да се потрудит. Да работит и да се трудит можит чоек и при по стеснени политични условиjа.
За да си очистиие совеста пред народот наш за дадените од него жртви, требит, значит, да се зафатиме за културна работа. А при тоа да цените своjето работеjн'е, не по надворешниjот негов вид, а по негоата ценост, а цената на трудот се мерит со потребните за него сили. Ако гледаме така на трудот, и ако искрено сакаме да се одолжиме пред нашиjот народ, то не ке се извинуаме да немат почва за културно работеjн'е. Почва за него имат, но немат сакаjн'е. При сакаjн'ето, ако не ке можиме да печатиме много работи на нашиjот jазик; то зато нашата интелегенциjа ке можит да послужит, како жива народна енциклопедиjа, во коjа ке се имаат точни и проверени сведеjн'а по сите оддели на науката и литературата.
Но точни и проверени сведеjн'а се добиjаат при многогодишно упорно работеjн'е, и то кога се работит со сознааjн'е, да се иополнуат со работеjн'ето долгот кон таткоината и своjот народ. А таквоа многогодишно упорно работеjн'е jет по полезно, по мачно и по нравствено од револ'уционото. Оно jет исто разумно. Ползата за народот од научното работеjн'е на на шата интелегенциjа, ке се видит от тоа, шчо нашиjот народ сам со своjи очи ке можит да погледат на себе и на друзите народи, ке изучит своjите и туг'ите достоjинства и недостатоци. Једен просветен народ можит да се срамнит со jеден умен чоек; за тоа, наш долг jет, да приложиме сите своjи сили, со своjето работеjн'е да просветиме нашиjот народ.
Културното работеjн'е jет по мачно од револ'уционото, зашчо првото jет умствено, а второто поеке физическо. За ил'устрациjа земете изучааjн'ето на класическите и нои jазици и кореспонденциjата на комитетот или распределеjн'ето на четите. Револ'уционата деjател'ност jет времена и разрушаjушча, а не вечна, созидаjушча. А културниjот чоек, за да имат прао да се наричат таков, требит да созидат, а не да рушит. За да бидит здаjн'ето здрао, требит да му бидит темел'от убав. За тоа чоек не требит, само за олеснуаjн'е на своjата работа, отрицател'но да се однесуат кон много науки мачни, како старите jазици, но шчо состауваат осноаjн'ето на много положител'ни сведеjн'а и науки. Цел'ата да се добиjат положител'ни сведеjн'а от сите оддели на науката, не само за нас лично, а како членои народни, ке требит да застаит секого од нас да посветит сите своjи сили, сето своjе слободно време за изучуаjн'е на сите тиjа науки, шчо сет наj нужни за нашиjот народ и шчо требат наj много работа, зашчо за по лесните секоj пат ке се наjдат доста охотници. Ниjе, ако сакаме да имаме чиста совест пред нашиjот народ и пред себе, требит да зимаме на себе, за да му поможиме, и наj мачните научни работи, а не да се изгооруаме, избираjки наj лесното, да немаме способности или призваjн'е за тиjа науки, шчо требаат наj много труд и сакаjн'е да се работит.
Културното работеjн'е jет по нравствено од револ'уционото, зашчо со првото интелегенциjата се чинит истинцки слуга на своjот народ, а со револ'уциjата она се обрнуат во немимлосрден експериментатор.
Наj после културното работеjн'е jет разумно. Интелегенциjата со него разjасиуат наj важните за себе и за народот прашаjн'а. А наj важни сет тиjа прашаjн'а, шчо сет врзани со народното самосознааjн'е.
Во последно време ниjе истапифме со бараjн'е политична слободиjа, без да се запитаме, али сме ниjе дозрели до неjа, и али сега тоа ни jет наjнужното? Нашите последни бараjн'а до колку сет праилни, или не, не земам да решаам. За мене jет по важно прашаjн'ето за нашето национално-религиозно и економцко возродуаjн'е; а тоа можит да станит само со изучааjн'ето на своjот народ, прво како одделна jединица, после во врска со друзите македонцки и балканцки народи, и наj после како член ,на словенцката фамилиjа народности. Такво изучааjн'е ке внесит разумност во нашите односи кон сите упоменати народи.
Ето приближно какво можит да бидит наj главното работен'е на македонцката интелегенциjа за дасе попраат сите грешки напраени со последното востааjн'е. И така работеjн'ето наше ке требит да бидит на почва на народното просветеjн'е: мирно, легално, евол'уциjно; оно ке имат за цел'а, интелегенциjата да бидит истинцка служанка на народот, а не на опаку. Но за да бидит таjа служба благодатна, нам ке ни требит да создадиме народни служители, народна интелегенциjа, коjа ке си посветит сите своjи сили на народното благо. Ни требит интелегенциjа со jасно сознааjн'е на моралниjот долг на чоека пред негоата таткоина и негоjот народ. Ни требит интелегенгциjа морално и умствено совршена.
Сегашната наша интелегенциjа требит да посветит сето своjо работеjн'е над моралното и умствено усовршуаjн'е на своjот народ и создааjн'е на jедна идеална македонцка интелегенциjа.
Ако тоjа долг се сознаит, ако обjединуаjн'ето на нашата интелегенциjа со бугарцко, србцко и грцко образуаjн'е се достигнит, ако се парализуат работеjн'ето на пропагандите и се успеит, тиjа сосим да се отстранат од Македониjа, ако се устаноат добри односи кон сите македонцки народности и се подобрит политичното и материjалното состоjаjн'е на македонците, то, при сите дадени жртви, ке можиме краj другото да бидиме доолни од jедно: востааjн'ето ни отвори очите на грешниjот пат, по коj до сега врвифме, по коj ке врвифме и за однапред, и без востааjн'ето сами ке подготвифме почва за дележ; оно ни отвори очите на много наши нужди, коjи шчо и не и предполагафме по напред.
Даj, Боже, сегашното востааjн'е да ни послужит како jеден урок на нашиjот народ; урок за сите нас македонците, без разлика каде сме се образуале и како сме се до сега викале. Даj, Боже, сега пролиената крв да послужит како завет мег'у живите, коjи сет должни пред таjа крв да се заколнат за jедна обшча културна работа, на полза и стрек'а на нашата обшча много патена таткоина - Македониjа.
|