Najdobar fudbaler vo svetot za 2003
Najdobar fudbaler vo svetot za 2003
Strelec Зинедин Зидан најдобар фудбалер во светот за 2003 година Зинедин Зидан е најдобар фудбалер во светот за 2003 година, според изборот на ФИФА. Репрезентативецот на Франција и играч на Реал Мадрид доби најмногу гласови од 142 национални селектори. Неговиот сонародник Тјери Анри од Арсенал е веднаш зад него, а трет на листата е соиграчот од Реал, Роналдо. Пред објавувањето на резултатите, фаворит беше Тјери Анри, како прв фудбалер од англиски клуб кој би ја освоил титулата. Откако ФИФА избира нај играч од 1991, седум пати победувале играчи на италијански, а шест пати на шпански екипи. Steta... Ne tvrdam deka Anri pruzil najmnogu ovaa godina, no vo odnos na Zidan i Ronaldo, jas sepak bi mu dal prednost...
DJ_SHEMA Glupava rabota. Trenerot na maldivi bira igrach na godinata a pojma nema ko shto napravil ovaa godina. Nedved bez diskusija beshe najdobar igrach vo evropa, ruud beshe vtor. Eve kako glasale trenerite. Javete mu se na capar i kazete mu drugiot pat koga prakja pismo da stavi marka, poshto izgleda ne go dobile negovot pismo. [url]http://images.fifa.com/events/playergala/2003/results/results_by_coaches_m.pdf[/url]
NARCIS` Zidan tapa beshe ovaa godina,greshka napravile Anri e mozok za Zidane..
darkjesus jas bi go igral Nedved ali koj me shisa:)
miden1mk Pa se znae ZIZU[8D] [img]http://www1.realmadrid.com/web_realmadrid/mmedia/000/000/037/291.jpg[/img] eve dokaz REZULTATI: 1. Zinedine Zidane: 264 votes. 2. Thierry Henry: 186 votes. 3. Ronaldo: 176 votes. 4. Pavel Nedved: 158 votes. 5. Roberto Carlos: 105 votes. 6. Ruud Van Nistelrooy: 86 votes. 7. David Beckham: 70 votes. 8. Raъl Gonzбlez: 39 votes. 9. Paolo Maldini: 37 votes. 10. Andrei Shevchenko: 26 votes. 11. Luis Figo: 17 votes.
GoDsHaNd Jas mislam deka trebashe Mario Petkov (alkosot) da go izberat za najdobar fudbaler na svetot:)))
StormAngel ФИФА ПО 11. ПАТ ГО ИЗБРА ФУДБАЛЕРОТ НА ГОДИНАТА ЗИДАН, НАЈДОБРОТО ЗА 2003 Вчера, во Базел, Швајцарија, ФИФА го прогласи Зинедин Зидан за најдобар фудбалер за 2003 по гласањето во кое учествуваа вкупно 142 селектори. Со ова францускиот плејмејкер стана вториот фудбалер покрај Роналдо кој трипати триумфирал во изборот за најдобар светски фудбалер според ФИФА. Инаку, интересно е дека ова е негова прва титула во дрес на Реал Мадрид по оние во 1998 и 2000 освоени како член на Јувентус. Од друга страна, пак, продолжува доминацијата на 'Кралскиот клуб' од чии редови трета година по ред доаѓа победникот (претходно лауреати беа Фиго и Роналдо), а покрај славеникот Зидан меѓу најдобрите десет се најдоа уште четири фудбалери на овој клуб. Доколку, пак, се погледа националната припадност, и покрај бројно поголемото присуство на Бразилците меѓу најдобрите, сепак, Франција е земјата која може да се пофали дека го поседува најдоброто за 2003 затоа што вицешампионската позиција му припадна на голгетерот на Арсенал Тиери Анри, кој според многумина беше сметан за прв фаворит за освојување на трофејот. Но главниот недостасток на Анри, се чини, е прескромниот ефект на 'топчиите' во поглед на титулите (го освоија само ФА Купот на Англија). Минатогодишниот победник Роналдо овој пат е само трет, а листа на фаворити ја затвора Павел Недвед, кој и покрај фантастичната сезона во Јувентус собра бодови само за 4. позиција. Изненадува и слабиот пласман на Паоло Малдини, кој е само 9. со скромни 37 гласа. Поради тоа што живата легенда се наоѓа на залезот на кариерата и фактот што 'росоњерите' ја освоија Лигата на шампиони се сметаше дека ќе влезе барем меѓу првите пет. Во меѓувреме во женскиот фудбал сопрена е доминацијата на Американката Миа Хам, која последниве три години го освојуваше ласкавото признание. Најдобра фудбалерка за 2003 е Бригит Принц, која е една од најзаслужните што Германија триумфираше на Светското првенство годинава. Интересно е тоа што Принц, која игра во нападот, можеби ќе влезе во историјата како прва жена која заиграла заедно со своите колеги во една професионална лига бидејќи во моментов ја разгледува понудата на калчолигашот Перуџа да стане нивен член. Што се однесува до останатите награди, за најдобра репрезентација ФИФА го прогласи светскиот првак Бразил. И покрај слабиот старт на годината со пораз на пријателската средба со Портигалија и раната елиминација на Купот на конфедерации, титулата на Мундијалот одржан на Далечниот исток ја заврши работата за 'кариоките'. Бодовите кои ги носи светската круна им помогнаа да ја минат Франција на ранг-листата на ФИФА и да ја освојат осмата титула во последните 11 години. За национален тим со најголем прогрес изненадувачки е прогласен Бахреин. Земјата со само 5 000 регистрирани фудбалери н се приклучи на интернационалната сцена дури во септември, но одличните резултати во квалификациите за Азискиот куп им донесоа 127 поени и скок од 41 позиција (од 105 на 64 позиција). Ова е првпат една репрезентација од Азија да дојде до титулата. Наградата за фер-плеј ја добија навивачите во Севиља за однесувањето на финалето од Купот на УЕФА против Порто. И покрај поразот од Португалците армијата во зелено-бело не направи никаков инцидент и постојано го бодреше својот омилен тим со што го сруши митот за хулиганството кое доаѓа од Островот. ЗИНЕДИН ЗИДАН: ОДЛИЧНО ЧУВСТВО 'Оваа награда е навистина посебна и се чувстувам подобро секој нареден пат кога ќе ја примам. Пресреќен сум што јас ја добив и особено што го победив мојот добар пријател Роналдо. Голема конкуренција имав и во Тиери Анри, фудбалерот пред Кого лежи блескава иднина', изјави францускиот ас. ТИЕРИ АНРИ: ИМА ВРЕМЕ И ЗА МЕНЕ 'Чувството е измешано. Би требало да се чувстувам разочарано, но не сум. Чест е да се биде во друштво на вакви фудбалски ѕвезди. Се разбира помислував на триумф, но има време, ќе дојде и мојот ред. Следната година пак ќе бидам тука, бидете сигурно во тоа', изјави голгетерот на Арсенал. НАЈДОБРИТЕ 10 СПОРЕД ФИФА: 1. Зинедин Зидан (Франција/Реал Мадрид) 264 гласа 2. Тиери Анри (Франција/Арсенал) 186 3. Роналдо (Бразил/Реал мадрид) 176 4. Павел Недвед (Чешка/Јувентус) 158 5. Роберто Карлос (Бразил/Реал Мадрид) 105 6. Руд ван Нистелрој (Холандија/Манчестер Ј.) 86 7. Дејвид Бекам (Англија/Реал Мадрид) 74 8. Раул (Шпанија/Реал Мадрид) 39 9. Паоло Малдини (Италија/Милан) 37 10. Андриј Шевченко (Украина/Милан) 26 ПОСЛЕДНИТЕ 10 ПОБЕДНИЦИ: 1993 - Роберто Баџо (Италија/Јувентус) 1994 - Ромарио (Бразил/Барселона) 1995 - Џорџ Веа (Либерија/Милан) 1996 - Роналдо (Бразил/Барселона) 1997 - Роналдо (Бразил/Барселона) 1998 - Зинедин Зидан (Франција/Јувентус) 1999 - Ривалдо (Бразил/Барселона) 2000 - Зинедин Зидан (Франција/Јувентус) 2001 - Луис Фиго (Португалија/Реал Мадрид) 2002 - Роналдо (Бразил/Реал Мадрид) 2003 - Зиденин Зидан (Франција/Реал Мадрид) КАКО ГЛАСАА СЕЛЕКТОРИТЕ: Марсело Биелса (Аргентина): Тиери Анри; Павел Недвед; Раул Карлос Переира (Бразил): Руд ван Нистелрој; Павел Недвед, Зинедин Зидан Жак Сантини (Франција): Паоло Малдини; Роберто Карлос; Раул Руди Фелер (Германија): Павел Недвед; Руд ван Нистелрој; Паоло Малдини Џовани Трапатони (Италија): Роберто Карлос, Павел Недвед; Оливер Кан Дик Адвокат (Холандија): Зинедин Зидан; Тиери Анри; Павел Недвед Инаки Саез (Шпанија): Зинедин Зидан; Павел Недвед; Роналдо Луис Сколари: Роберто Карлос; Руд ван Нистелрој; Павел Недвед ЗИНЕДИН ЗИДАН: 1972 - Роден на 23 јуни во Марсеј 1988 - Станува член на Кан. На 61 средба за овој клуб постигнува 6 гола. 1992 - Прави трансфер во Бордо. Во четири сезони минати меѓу 'жирондинците' постигнува 28 гола на 139 средби. 1994 - Дебитира за Франција на мечот со Чешка. Постигнува два гола за само 17 минути влегувајќи како резерва во вториот дел. 1996 - Се сели во Јувентус. Во првите две сезони триумфира во Серија 'А'. 1996 - Со 'Старата дама' ја освојува Лигата на шампиони и Интерконтиненталниот куп. 1997 - Пораз од 3:1 во финалето на Лигата на шампиони од Борусија Дортмунд. 1998 - втор пораз по ред во финалето Лигата на шампиони, овој пат од Реал Мадрид. Со двата гола н помогна на Франција да триумфира на светското првенство во финалето против Бразил. 'Франс фудбал' му ја доделува 'Златната топка' за најдобар европски фудбалер. 1999 - Успешната сезона ја комплетира и со триумф во изборот на ФИФА за најдобар фудбалер на планетата. 2000 - Со 'триколорите' триумфира на Европското првенство. Прогласен е за најдобар фудбалер на првенството. 2000 - Ја добива наградата на ФИФА за најдобар светски фудбалер по вторпат. 2001 - По пет сезони го напушта Јувентус со скор од 28 гола на 191 средби. Станува најскап фудбалер на светот со трансферот во Реал Мадрид вреден 66 милиони долари. 2002 - Го постигнува победоносниот гол за 'кралевите' во финалето од Лигата на шампиони против Баер Леверкузен. Избран за МВП на Лигата на шампиони според УЕФА. Триумф и во Европскиот супер куп со победата над Феенорд. Втор триумф во Интерконтиненталниот куп над шампионот на Јужна Америка Олимпија од 2:0. 2003 - Реал Мадрид ја освојува Примера Дивизион. Pozdrav![:)]
StormAngel 'ФРАНС ФУДБАЛ' ГИ ОБЈАВИ ЛАУРЕАТИТЕ ЗА ГОДИНАВА ШТО ИЗМИНУВА 'ЗЛАТНАТА ТОПКА' ЗА ПАВЕЛ НЕДВЕД Спортски новинари од 52 земји го избраа Павел Недвед за најдобар фудбалер за 2003 година според 'Франс Фудбал'. Елитниот француски фудбалски магазин го доделува трофејот 'Златна топка' од далечната 1956 година, а првиот добитник на ова признание е Англичанецот Стенли Метјуз. Интересно е што Недвед само вториот фудбалер од Чешка кој доаѓа до 'Златната Топка'. Претходно ова му има појдено од рака единствено на Јозеф Масопуст, и то во 1962 година. Успехот на Недвед е апсолутно заслужен, особено ако се има во предвид извонредната сезона што чешкиот фудбалер ја имаше во дресот на Јувентус. Имено, токму благодарение на него 'старата дама' успеа да стигне до второто скудето по ред во Серија 'А', а отсуството на Недвед се смета за главна причина за поразот на Јуве од Милан во финалето од Лигата на шампионите. 'Да се освои ваков трофеј со 31 наполнета година е огромен успех за мене. Исто така, ова треба да претставува и потстрек за помладите фудбалери да напредуваат во кариерата и во иднина тие да се закитат со ова големо признание', изјави Недвед. Интересно е што Недвед е дури шести фудбалер на Јувентус кој успева да се закити со ова големо признание, по Омар Сивори (1961 год.), Паоло Роси (1982 год.), Мишел Платини (1983, 1984 и 1985 год.), Роберто Баџо (1993 год.) и Зинедин Зидан (1998 год.). Чехот доби дури 62 гласа повеќе во однос на второпласираниот Тиери Анри, кому по се изгледа загубената титула во Премиер-лигата го чинеше голем број признанија на индивидуално ниво. За одбележување е дека најдобриот стрелец на Реал Мадрид, Роналдо, се пласираше на единаесеттото место со само 11 гласа, дури 179 помалку во однос на Недвед. 'Златната Топка' е трето признание за Недвед за најдобар фудбалер годинава, откако претходно чешкиот ас триумфираше и на изборите на 'Ворлд Сокер' и 'Спортске Новости'. 'Златната Топка' и официјално ќе му биде предадена на Недвед на 6 јануари, непосредно пред почетокот на натпреварот меѓу Јувентус и Перуџа што ќе се одигра на Деле Алпи. КАРИЕРАТА НА ПАВЕЛ НЕДВЕД ВО ИТАЛИЈА Сезона Клуб Настапи Голови/асистенции 1996/97 Лацио 32 7/4 1997/98 Лацио 26 11/4 1998/99 Лацио 21 1/0 1999/2000 Лацио 28 4/2 2000/01 Лацио 31 9/4 2001/02 Јувентус 32 4/6 2002/03 Јувентус 29 8/6 2003/04 Јувентус 12 4/4 ПОСЛЕДНИ 20 ОСВОЈУВАЧИ НА 'ЗЛАТНАТА ТОПКА' Година Фудбалер Држава 1984 Мишел Платини Франција 1985 Мишел Платини Франција 1986 Игор Беланов СССР 1987 Руд Гулит Холандија 1988 Марко ван Бастен Холандија 1989 Марко ван Бастен Холандија 1990 Лотар Матеус Германија 1991 Жан-Пјер Папен Франција 1992 Марко ван Бастен Холандија 1993 Роберто Баџо Италија 1994 Христо Стоичков Бугарија 1995 Жорж Веа Либерија 1996 Матијас Замер Германија 1997 Роналдо Бразил 1998 Зинедин Зидан Франција 1999 Ривалдо Бразил 2000 Луис Фиго Португалија 2001 Мајкл Овен Англија 2002 Роналдо Бразил 2003 Павел Недвед Чешка ГЛАСАЊЕ СПОРЕД 'ФРАНС ФУДБАЛ' Играч Клуб Бодови 1. Павел Недвед Јувентус 190 2. Тиери Анри Арсенал 128 3. Паоло Малдини Милан 123 4. Андриј Шевченко Милан 67 5. Зинедин Зидан Реал (М) 64 6. Руд ван Нистелрој Манчестер Ј. 61 7. Раул Реал (М) 32 8. Роберто Карлос Реал (М) 27 9. Џиџи Буфон Јувентус 19 10. Дејвид Бекам Реал (М) 17 11. Роналдо Реал (М) 11 12. Хенрик Ларсон Селтик 6 13. Деко Порто 4 13. Алесандро Дел Пјеро Јувентус 4 13. Дида Милан 4 13. Рој Макај Баерн (М) 4 13. Алесандро Неста Милан 4 18. Франческо Тоти Рома 3 18. Нихат Кивечи Р. Сосиедад 3 20. Михаел Балак Баерн (М) 2 20. Златан Ибрахимовиќ Ајакс 2 22. Филипо Инзаги Милан 1 22. Јан Колер Борусија (Д) 1 22. Адриан Муту Челзи 1 22. Роналдињо Барселона 1 22. Франческо Толдо Интер 1 Pozdrav![:)]