OooOo |
Imavme edna vakva tema neodamna, ali ova e pointeresno :)
Кларк го почна сведочењето против Милошевиќ
ХАГ - Поранешниот командант на НАТО Весли Кларк го почна сведочењето во судскиот процес за воени злосторства на Слободан Милошевиќ. Кларк, кој ја предводеше воздушната кампања против Србија во 1999 година, е една од најпознатите личности што ќе сведочи во судскиот процес против поранешниот југословенски претседател. Дводневното сослушување почна вчера во Хаг, зад затворени врати.
Со договорот без преседан меѓу Судот и САД, Вашингтон ќе има право да го разгледа сведочењето на Кларк пред да биде објавено во јавноста. САД ќе имаат два дена да поднесат жалби на делови од сведочењето што ќе бидат отстранети од снимките за јавноста доколку сметаат дека се штетни за американските национални интереси. Коригираната снимка се очекува да биде објавена во јавност в петок.
Средбата меѓу Кларк и Милошевиќ сигурно ќе биде политичка предност, јави дописникот на Би-Би-Си од Хаг. И двајцата политичари се кандидати кои се борат за власт на изборите на домашната сцена. Весли Кларк се бори за кандидатура од демократите на американските претседателски избори во 2004 година, додека Милошевиќ е кандидат на Социјалистичката партија на парламентарните избори во Србија на 28 декември.
Кларк изјави пред сведочењето дека очекува да даде информации за состаноците што траеја повеќе од 100 часа во текот на четирите години кога Милошевиќ беше на власт во 1990-тите години. Обвинителите истакнуваа дека тоа ќе им помогне да утврдат што знаел Милошевиќ за воените злосторства и кога го дознал тоа. Поранешниот југословенски претседател честопати го обвинуваше НАТО за агресија и секако ќе ја искористи шансата да ја посочи Алијансата со прст за воените злосторства за кои тврди дека ги извршила за време на воздушната кампања против Србија. (Би-Би-Си)
Ne uopshte ne e tochno deka najdemokratskata zemja montira snimki, deka cenzurira sloboden govor i deka na takov nachin ne mu pere mozok na americhkiot gragjanin. Ne uopshte ne e toa taka. |