10 години од смртта на Конески |
AaaAa |
10 години од смртта на Конески во Друштвото на писателите
Друштвото на писателите на Македонија денес ( 12 часот) ќе ја одбележи 10 годишнината од смртта на Блаже Конески. Собирот ќе го отвори претседателот на ДПМ, Веле Смилевски, а реч за големиот македонски поет, раскажувач, научник... ќе одржи Зоран Анчевски, продекан на Филолошкиот факултет "Блаже Конески" од Скопје. Потоа шефот на катедрата за македонски јазик и литература Људмил Спасов ќе презентира сеќавања за Блаже Конески, а Јагода Михајловска - Георгиева ќе зборува на тема "Средба со професорот". Стихови ќе говори Лилјана Стоилковска. (Д.С.)
|
AaaAa |
ОДБЕЛЕЖАНА ДЕЦЕНИЈА ОД СМРТТА НА КОНЕСКИ
Делото на Конески е импулс што не тера да издржиме
- Блаже Конески е од редот на најзначајните имиња на македонскиот 20 век, творец и двигател од самото средиште на развојните процеси на македонската литературна, културна и национална мисла. Автор е на богат и разновиден творечки и научен опус подигнат на рамниште на своевидна парадигма - рече претседателот на Друштвото на писателите на Македонија Веле Смилевски на вчерашниот собир во писателската асоцијација по повод 10 години од смртта на Блаже Конески.
Конески е еден од основачите и прв претседател на Друштвото на писателите. Неговиот влог во оваа асоцијација, според Смилевски, останува крупна и неодминлива придобивка во поновата македонска национална и културна историја.
Реч за Конески имаше Зоран Анчевски, продекан на Филолошкиот факултет "Блаже Конески". Тој, меѓу другото, рече:
- Во време на кризи, падови и премрежиња неговото доблесно дело е еден од оние импулси што не тераат да издржиме и да продолжиме понатаму. Ако некој бил свесен за потребата на верба, цврстина, тврдоглава упорност, итрина и мудрост за да се победат силите на темнината и деструкцијата, тоа секако бил Блаже Конески.
Сеќавања за Конески презентираше Људмил Спасов, шеф на катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици на Филолошкиот факултет, а Јагода Георгиева-Михајловска зборуваше на тема "Средба со професорот".
(В.Д.) |
Thief |
За само некој ден Конески не доживее да стане член на руската Академија на науките и уметностите. Ова е момент кој секогаш ме прави многу тажен-и покрај сите успеси, смртта го спречи да ја понесе и оваа ловорика! Деновиве ќе добиете многу повеќе од биографијата на мојот „идол“ Конески (покрај Маркс, се разбира). |