OooOo |
http://int.utrinskivesnik.com.mk/default7c0e.html?pBroj=1349&stID=3353&pR=15
Годинава МВР поднело 22 пријави против 40 екозагадувачи.
Министерството за внатрешни работи од јануари годинава досега, по пријава на граѓани и по свои прибрани оперативни сознанија, поднело 22 пријави против 40 лица сторители на кривични дела од областа на екологијата. Четириесеттемина осомничени се товарат за извршени кривични дела: криволов, рибокрадство, помор на риби, загрозување на животната средина, труење птици, пустошење шуми и мачење на животни.
Во делот на кривичните дела за кои, според официјални извори од МВР, докажувањето е малку покомплицирано од вообичаеното, опфатени се ингеренции во казнените одредби за околу триесетина закони. Се санкционираат кривични дела за заштитата на животната средина и човековото здравје, квазилекарство, недозволена храна и други слични работи.
Моментално во МВР има само еден инспектор којшто се занимава со оваа проблематика, а со новата систематизација се предвидува по еден полициски инспектор да има во секој сектор за внатрешни работи.
- Министерството за внатрешни работи во целост го следи проблемот со велешката Топилница којшто од сферата на еколошкиот криминал е систематизиран и издвоен од другите, е најсериозен во државава. Ингеренцијата околу Топилницата е во надлежност на државните институции и во ресорните министерства за човекова околина и економија но, како и да е, тој проблем континуирано се следи, истакна Миле Маневски, виш инспектор екологија, на вчерашниот брифинг со новинарите.
Според инспекторот Маневски, во државава имало фирми коишто можеле да се "справат" со радиоактивни материи. За овие материи што за здравјето на луѓето биле"овластени" Скопска железарница и Заводот за заварување "Југ". Кај нив, истакна Маневски, постоеле услови за депонирање и за чување, имале услови за преземање на одредени работи за симнување на радиоактивните материи од одделни површини доколку било утврдено дека некаде постои такво нешто.
Prashanjeto e kako toa mozhesh da podnesesh pomalku prijavi protiv povekje lugje??? Da ne ide neshto u stilu na: Eve na vas trojcata 3 godini zatvor pa podelete si gi koj koga saka neka gi lezhi :))
|