Kometal Gorce Petrov! Vesti i Rezultati!
Kometal Gorce Petrov! Vesti i Rezultati!
StormAngel ФИНИШИРААТ ПОДГОТОВКИТЕ НА КОМЕТАЛ Ѓ. П. ЗА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ПРОТИВ БУДУЌНОСТ Женскиот ракомет полека се враќа во нормала по возбудувањата кои ги донесе женското светско првенство одржано во Хрватска минатите две недели. Следни возбудувања кои ќе дојдат од најдобрите ракометарки се на почетокот на јануари, за нешто повеќе од две недели. Тогаш стартуваат натпреварите од Лигата на шампионите, каде за разлика од Светското првенство и Македонија ќе има свој претставник во тимот на Кометал Ѓ. П. [img]http://www.sport.com.mk/vesnici/1708/sliki/5114.jpg[/img] Висњтинските возбудувања се поблиску- Наталија Тодоровска Кометал Ѓ. П. е во непрекинат тренажен процес, иако за време на СП не можеше да смета на дури пет ракометарки кои мораа со своите репрезентации. Но, со завршувањето на мундијалот се вратија и интернационалките и Кометал Ѓ. П. влегува во последната фаза на подготовки пред почетокот на Лигата на шампионите. Во таа фаза предвидени се и два контролни меча со шампионот на СЦГ, Будуќност од Подгорице. Натпреварите ќе се играат следната недела, в четврток и в петок, а ќе се играат во Црна Гора. Кометал Ѓ. П. на тој турнир ќе отпатува во најсилен состав, а можно е овие два меча да бидат искористени и за официјален кам-бак на Лариса Ферзалиева. Ферзалиева по долгата пауза (бременост) од медицинска гледна точка е подготвена да игра, прашање е колку тернерот Андреј Портној ќе смета на неа со оглед на долгата пауза. Медицински подготвена да игра е и пикерот Халуна Маркушевска. И таа, но поради повреда, паузираше подолго време, а сега веќе може без проблеми да игра. И за неа важи истото што и за Ферзалиева, дека последниот збор ќе го каже Портној, но се претпоставува дека и двете ќе патуваат со оглед на краткиот период до почетокот на натпреварувањето во Лигата на шампионите. Единствена која нема да патува во Подгорица е Анжела Платон. Таа има здравствени проблеми поради кои е надвор од строј подолго време и најверојатно ќе го пропушти и стартот на Лигата на шампионите. НИШТО ОД НАЈАВЕНИОТ ТРАНСФЕР ПЕТРОВИЌ ОСТАНА ВО ШЛАГЕЛСЕ Ништо од најавите дека еден од најдобрите светски бекови Бојана Петровиќ ќе го напушти данскиот тим Шлагелсе и дека ќе се пресели во Икаст или Алборг. Петровиќ, како што вчера објавија данските медиуми, потпишала нов двогодишен договор со Шлагелсе и таму останува до крајот на сезоната 2005/06. Шлагелсе, инаку, е противник на Кометал Ѓ. П. во Лигата на шампионите. Pozdrav![:)]
Strelec
quote:
Originally posted by kopacot
2 razlika znacit ne ojme ponatamu...:((( a zamisli lani olomnani bevme evropski klupski sampioni....c c c c c
kopacot, sansite vo momentov se barem 95% deka ke uspeeme... gol-razlikata e baagji na strana na nasite kometalki...
StormAngel Barem ti nauci da go pravis toa.A mene profesorot neke da me nauci na toa.[:D]
Strelec bluehim... za toa da go naucis, ti treba polovina minuta... sledi me sega... kaj mojot post, sto go sodrzi toj link 'OVDE', klikni na 'Reply with Quote' znaci kliknuvas na ovoj znak: [img]http://www.lukaroski.com/forum/quote.jpg[/img] i tamu ke mozes da vidis kako jas sum napravil za da izleze toa sto izleglo... obidi se!:)
StormAngel Fenk ju za vremeto sto go trosis da mi objasnis.[;)]
Strelec
quote:
Originally posted by bluehim
Fenk ju za vremeto sto go trosis da mi objasnis.[;)]
you are fenkome!:)
StormAngel Кометал Ѓ. П. има подобра гол разлика од Хипо и дури и со пораз во последното коло од Шлагелсе би можел да се пласира во 1/4 финалето. Разликата во моментов е плус 13 во корист на Кометал, што значи дека ако во последното коло загуби дома од Шлагелсе, тогаш Хипо не би смеел да победи со повеќе од 12 разлика во Ниш. Или ако Кометал загуби со 2, тогаш на Хипо би му требале 11 разлика итн. Доколку Кометал победи или игра нерешно, тогаш македонскиот првак ќе се пласира во 1/4 финалето.
StormAngel В САБОТА СТАРТУВА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ, МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК НА ГОСТИ ВО ВИЕНА ХИПО ТРЕБА ДА ГО ПЛАТИ ДОЛГОТ Новата евро-сезона во женска конкуренција е на прагот. Најпопуларниот и најуспешен колектив во Македонија в сабота стартува со натпреварите во Лигата на шампионите, во рамките на кои во Скопје ќе гостуваат две звучни имиња, Хипо и Шлагелсе, последниот тим во групата е аутсајдерот ДИН од СЦГ. Кометал Ѓ. П. сезоната ја почнува на гостински терен и тоа против стариот познаник, екипата на Хипо, тим кој има(ше) големо влијание за малата екипа Ѓорче Петров да постане европски првак Кометал Ѓ.П. Токму против Хипо, но во Скопје далечната 1993/93 екипата на Ѓорче Петров со победата од 20:16 го привлече вниманието на финансиски моќниот Труфун Костовски за неколку месеци подоцна да биде потпишан и договор за спонзорирање со фирмата Кометал Трејд. Од тој тим на Кометал Ѓ. П. во моментов настапуваат единствено Гордана Нацева и Мирјана Чупиќ. Од тој момент многу работи се променија, но во дуелите со Хипо, Кометал Ѓ. П., никогаш не минувал добро. Посебно не кога се работи за гостински терен затоа што најнискиот пораз на Кометал Ѓ. П. во Виена е тој од 9 гола разлика во финалето на Лигата на шампионите 2000 година (32:23). Другите два порази се и поимпресивни (31:15 и 31:17), па затоа се чини дека годинава е дојдено времето Хипо да го плати 'цехот'. Австрискиот првак по фаталната за Кометал Ѓ. П. 2000 година и освоената титула во 'Кале' е во константен пад во квалитетот. Хипо веќе не е страшниот австриски тим со Фридрикаш, Мозговаја и Логвин зад кого стои уште пострашниот Гунар Прокоп. Сега играат некои нови ракометарки, од Романија Словачка, Унгарија па и од Бразил. Во текот на целата сезона Хипо бележи слаби резултати. Ескприментот со настап во Лигата на Унгарија се покажа како фијаско затоа што наводно судиите го украле на најважните натпревари, па и вниманието беше намалено, што резултираше со неколку порази од потпросечни екипи. Позитивни информации за катастрофланата форма и состојба во австрискиот првак има и од Германија, поточно од словенечкиот Крим, кој на турнирот во Лајпциг до декласираше Хипо победувајќи го со 23 гола разлика. Информациите велат дека Хипо игра потпросечно и дека Хрватката Весна Хорачек (операција на менискус) влегла во игра недоволно заздравена и дека ја обновила повредата. Таа сепак би требало да се појави, но прашање во какво издание. Сигурно нема да игра Унгарската Лови Дора, а би требало да игра и Симона Спиридон, ракометарка која се појави на турнирот во Лајпциг по петмесечна пауза. Повредени и рековалесценти се и Губова, Будечевиќ, Гаинскуте и Вијунаите. Сепак, Гунар Прокоп, верува во триумф. Во интервју за извесен австриски медиум Прокоп го кажа следново: 'Нашата цел е 1/4 финалето, а за да го постигнеме тоа мора да победиме на сите натпревари дома. Шлагелсе е голем фаворит, за второто место ќе се води жестока битка, сметам дека имаме шанса. Екипата докажа дека знае да игра. Треба само да игра едноставно, не барам да прават салто назад при секој шут. Имаме многу проблеми со повредени, но, сепак, имаме состав кој може да победи', изјави Прокоп. Сепак, тамошните новинари во целост не го делат мислењето на Прокоп, дури и прашањата одат во насока што ќе се случи ако не се успее, што за нив е сосем логично со оглед на имињата на противниците и посебно по поразот од Крим ЕТА. Кометал на овој меч настапува без Платон и со рековалесцентите Ферзалива и Маркушевска. Сепак, на располагање има далеку поздрав и покомпактен состав од Хипо и би требало конечно, во четвртиот обид од Виена да се вратат со подигнати глави. Мечот се игра на 3.1.2004, со почеток во 20:00 часот, а судии се Норвежаните Оје и Тогстад. Р. Ѓ. ПРОПАДНА ОБИДОТ ЗА АНГАЖМАН НА РУСКАТА РЕПРЕЗЕНТАТИВКА СМИРНОВА НЕ ДОАЃА ВО КОМЕТАЛ Ѓ. П. Пропадна обидот на управата на Кометал Ѓ. Петров во своите редови пред почетокот на Лигата на шампионите да ја доведе руската репрезентативка Светлана Смирнова. Иако се чинеше дека трансферот е на прагот да биде реализиран, тренерот на Кубан Краснодар, во последен момент се реши да ја задржи Смирнова за настапите во рускиот шампионат. Инаку, Кометал Ѓ. П. ја бараше на позајмица за минимум два месеци, а исто и Мотор Запорожје сакаше да ја ангажира истата ракометарка. Истовремено пропадна обидот да биде ангажирана и Татјана Дјадечко, исто така руска репрезентативка, инаку член на екипата на Мотор Запорожје од Украина. Според последните информации, таа иако е во кавга со управата на украинската екипа, ќе остане во Запорожје до мај. ЛИГА НА ШАМПИОНИ (ЖЕНИ) ГРУПА 'А' Трир (Гер) - Дунафер (Унг) 06.01.2004 Валенсија (Шпа) - Лада Тољати (Рус) 03.01.2004 ГРУПА 'Б' Мотор Запорожје (Укр) - Крим (Сло) 04.01.2004 Икаст (Дан) - Будуќност (СЦГ) 04.01.2004 ГРУПА 'Ц' Хипо (Авт) - Кометал ЃП (Мак) 03.01.2004 ДИН (СЦГ) - Шлагелсе (Дан) 04.01.2004 ГРУПА 'Д' Херц (Унг) - Елда П. (Шпа) 03.01.2004 Монтекс (Пол) - Ларвик (Нор) 04.01.2004 Pozdrav![:)]
StormAngel ПОГЛЕД НАНАЗАД КОН 2003 ГОДИНА И ЗА ПАМЕТЕЊЕ И ЗА ЗАБОРАВ Крајот на годината секогаш ја нуди уникатната можност да се 'фрли' поглед наназад, време кога треба да се даде отчет за тоа што е сработено, за тоа што е направено добро, за тоа што е направено лошо, за тоа што е пропуштено да се направи. Од таа перспектива, 2003 за ракометот, за македонскиот ракомет е година која ќе се памети по смената на раководството на РФМ, по Светското јуниорско првенство и по лошите резултати на клубовите и репрезентациите на меѓународната сцена. Некои долго ќе ја паметат 2003, за други е најдобро што побрзо да ја заборават. Веќе и на врапчињата им е јасно дека во Македонија раководните структури на спортските федерации (можеби со исклучок на фудбалот) мора да се поддржувани од политичката партија која е на власт. Тоа е единствениот начин да се дојде до пари, во спротивно нема музика. 2003 година почна со нова партија на власт и стара раководна структура во РФМ. Така беше само прашање на време кога ќе се случи смената затоа што тогашната опозиција не се стеснуваше и претходно да испровоцира промени. Решавачката битка се одигра во собранието на Скопје, каде клубовите решија да му го свртат грбот на Душко Кадиевски и поддршката да му ја дадат на Трифун Костовски. Тоа значеше и враќање на власт на Иван Бојков на Марајн и Драган Начевски на Михајло Михајловски. Практично, раководството кое беше на чело на тогаш РСМ до 1999 година. Со доаѓањето на власт, старо-новото раководство искажа низа пропусти на претходниците, најави промени и си зема обврска да го резултатски и организациски да го 'врати' ракометот на старите патеки. Следуваше Светското јуниорско првенство. Организирано за многу кус рок, со многу работи кои беа решавани не во од туку во лет, буквално во последните минути, првенството почна во Скопје, Охрид и Гевгелија. Иако беше организирано од група на луѓе кои прв пат работат на таков проект, првенството мина одлично или 'најдобро досега' како што кажа претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа на прес-конференцијата во Скопје. Секоја чест. По светското првенство, 'водата продолжи да тече', а на полето на најавените промени еве што се случуваше... Позитивни промени се случија во женската сениорска репрезентација. Во ситуација кога нема конфликт на интереси сениорките целосно под контрола на Кометал Ѓ. П. успеаја да го поправат реномето кое доживеа страотен пад по поразите од Словачка, Турција и Азербејџан. Македонија повторно е во плеј-оф, а за пласман на ЕП ќе има уште една пречка - Германија. Позитивна промена има и во односите со ЕХФ. Несомнено новото раководство има повеќе пријатели и бизнис-пријатели во ЕХФ, па многу полесно оди таа комуникација и полесно се обезбедуваат турнири, нашето влијание е поголемо. Негативни промени нема... Системот на натпреварување и преодниот рок се работи за кои се сметаат за нешто што не беше потребно, но тие се на пола пат. За тоа дали се позитивни или негативни ќе може да се говори дури по завршувањето на првенствата. Така, нема негативни промени, но затоа има работи кои останаа непроменети, а за кои новото раковоство во текот на минатите години постојано се жалеше. Еве дел од нив: Во времето на Кадиевски, остро беше критикуван УО кој немаше состаноци, а одлуките беа носени откако членовите беа консултирани телефонски. Во новиот РФМ, кој е на власт 8 месеци, состанок на УО немало безмалку шест месеци, а селекторот Драган Ѓукиќ беше избран откако УО беше консултиран телефонски. Честата смена на селекторите, од сегашното раководство беше назначувана како еден од факторите за неуспесите на машката сениорска репрезентација. Од промената на РФМ, Македонија има одиграно само два официјални меча (со Унгарија), а Драган Ѓукиќ кој во моментов ги води подготовките е третиот селектор. (Не)довербата кон комисиите не е променета. Посебни регистрациската, која годинава имаше само два интересни трансфер проблеми (Кузманоски и Мојсоски). Едниот оди на УО, а и другиот го решаваа(т) адвокати. И двата случаи се 'влечкаа' низ медиумите и го рушеа нестекнатиот углед на комисијата, која тешко дека ќе може во ваков состав да им влее доверба на другите. Можат да се најдат и други примери, ги има повеќе, но тоа не е поентата. Едноставно тука така се работело од 'памтивек' и така ќе се работи за навек. Не треба да се очекува од никого во Федерацијата, во кој и да е состав да направи нешто по што ракометот би почнал да оди напред. Единствени кои можат да го поведат напред ракометот се клубовите, но во 2003 тие немаа ниту идеи, ниту знаење, ниту капацитет ниту пак пари да почнат да размислуваат како вистински големи клубови. Затоа и не може да се очекува чудо, волшебното стапче е трик, тоа не постои. Се надеваме дека во 2004 ќе отидеме барем еден мал чекор напред. Р. Ѓамовски МИНУС ОД НОВИНАРИТЕ Новото раководство на РФМ заработи еден минус и тоа од новинарите или барем од дел од нив. Политиката која ја води РФМ кога се во прашање репрезентациите, посебно нивните настапи надвор од Македонија се разликува од претходниците. Имено, за разлика од претходните години (до лани) кога со националните тимови патуваа од 2 до 7 или 8 новинари, новиот РФМ овозможува со репрезентацијата да патува само еден новинар од кого сите други по тоа обезбедуваат информации, а кога е машката репрезентација и настапите на турнирите во Романија и Франција нема ниту еден, информациите кои го добиваме во принцип се некомплетни и нецелосни, а неретко и неточни. ЛОША ГОДИНА ЗА КЛУБОВИТЕ 2003 Македонија ја почна со актуелен апсолутен европски првак, можност за две екипи да настапат во ЛШ - жени, директно пласирана екипа во група од ЛШ-мажи итн. Европскиот првак Кометал Ѓ. П. ја загуби круната на фрустрирачки начин. Со два порази на домашен терен, нешто што се немаше случено во неговата евро-историја. Но, тоа беше само најава на тоа што по тоа се случуваше. Младост и Скопје се откажаа од настап од евро-куп, Пелистер беше на работ на истото, Југ исто така... Еуростандард иако играше два натпревари дома не успеа да го елиминира Монтекс (сега Бистрица), Вардар В., Пелистер, Т.К. Бренд, Металург, Југ, Вардар, Т. К. Бренд (жени) загубија и беа елиминирани со разлики повисоки од 10 гола... едноставно година која мора што побрзо да се заборави. МАЛКУ СВЕТЛО ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИИТЕ Јуниорките се најсветлата точка во 2003 кога се во прашање репрезентациите. Пласманот меѓу првите 10 на Светското првенство е пласман за респект, иако се доби впечаток дека можевме и подобро, исто како што се доби впечаток дека до таму стигнавме на сметка на домаќинството на мундијалот. Машката јуниорска селекција, официјално четврта во Европа, благодарение на катастрофлано испланираните подготовки од тогашниот селектор Илија Темелковски и тогашното раководство на РФМ, на квалификациите во Турција не обезбеди пласман на СП во конкуренција на ништо подобрите Хрватска и Шведска. 'Трите круни' кои ги 'имавме во раце', подоцна станаа светски прваци. Машката сениорска репрезентација уште еднаш немаше среќа со ждрепката за плеј-оф. Ја добивме Унгарија која во Битола допатува со нивното најсилно оружје, Кубанецот Карлос Перез, човек на одлука на мечот на кој не успеавме да направиме подобра разлика, за по тоа да бидеме елиминирани со минимална разлика. Сениорките се подигнаа од дното на квалификациите минатиот месец кога ги победивме просечните Италија, Португалија и Исланд. Кадетите очекувано беа елиминирани уште во квалификациите. Pozdrav![:)]
StormAngel КОМЕТАЛ Ѓ. П, ДВАПАТИ ПРОТИВ ПРВАКОТ НА СЦГ БУДУЌНОСТ, ЗАГРЕВАЊЕ ЗА ХИПО Само десетина дена го делат Кометал Ѓ. П. од почетокот на Лигата на шампионите и мечевите со 'стариот познаник' Хипо, од Австрија, по тоа фаворитот Шлагелсе од Данска и аутсајдерот ДИН Класик од СЦГ. Единствената вистинска проверка на можностите Кометал Ѓ. П. ќе ја има во подгоричката 'Морача', каде синоќа требаше да го одигра првиот, а вечерва вториот контролен натпревар со првакот на СЦГ, Будуќност Монет. Иако се работи само за пријателски натпревари, и двата тима најавуваа жестока борба во пресрет на натпреварите, посебно сериозно овој двомеч го сфаќаат Црногорките и како таков го најавуваа во јавноста. 'Сй е подредено на стартот на Лигата на шампионите и дуелот со Икаст, кој ни остана голем должник минатата година. Амбициите и сезонава ни се големи, одново имаме одличен тим и колку и да е тешка групата (Крим, Икаст и Мотор) планираме пласман во завршницата. Затоа нема да се штедиме против скопскиот состав. Мислам дека сме подготврни на жесток дуел и дека ќе покажеме дека европските очекувања стојат на сигурни темели', изјави за црногорските медиуми ракометарката на Будуќност, Маја Савиќ. Кометал Ѓ. П. сигурно нема да има лесна задача. Будуќност е сериозен противник, тоа е екипа која постојано е некаде кон врвот, иако засега останува единствената екипа од бившите ЈУ-републики, која редовно игра во ЛШ, а која го нема освоено пехарот. Годинава во обид тоа да го променат тимот значително се засили. Да потсетиме, во Подгорица, од екипата на Крим се врати Сандра Колаковиќ, од полскиот Монтекс дојдоа средниот бек Изабела Пухач (Чапко) и пикерот Моника Марзец. Украинскиот голман Светлана Морозова исто така е дела од подгоричкиот тим, а на голманската позиција по неколкугодишна пауза одново е и Марина Гриценко. Последните два натпревари меѓу Кометал и Будуќност се играа во Скопје, а и на двете средби победи Кометал Ѓ. П. (29:28 и 33:29). Pozdrav![:)]
NARCIS` ne shina radulovic :)
StormAngel КОМЕТАЛ Ѓ. П. ВО ОБИД ДА ГО ПРЕБОЛИ ПОРАЗОТ ОД ВИЕНА ДИН ГО БРИШЕ ХИПО ОД МЕМОРИЈАТА Деновите меѓу новогодишните и божиќните празници во таборот на Кометал Ѓ. П. минаа во обид да се потисне во сеќавањето натпреварот од првото коло од Лигата на шампионите во кое Кометал Ѓ. П. ја пропушти можноста која ретко се случува - триумфално да се врати од Виена. Слабата игра, за првпат видената тактика на тренерот Андреј Портној, необјасниво слабата и плашлива игра на Бујанова, Рајхел... резултираа со тесен пораз во Виена, нешто што сите домашни и странски медиуми кои го третираат ракометот го прогласија како изненадување на првото коло од Лигата на прваците, пред високите победи на Лада и Крим на гости и убедливиот пораз на Будуќност од Икаст. 'Се работи засилено, многу повеќе отколку претходно со цел да се елиминираат сите слабости демонстрирани во првото коло. Се надевам дека за следниот дуел тимот ќе одигра многу подобро и дека ќе дојдеме до првите бодови', изјави претседателот на клубот Иван Бојков. Најголемиот дел од критиките за првиот меч се однесуваат на тактиката која ја одреди тренерот Андреј Портној, која за сите, дури и за членовите на клубот беше изненадување. Ова првенствено се однесува за одлуката мечот да го почне со левото крило Олена Радченко на позиција десен бек. Во целиот подготвителен период, а можеби и во целата нејзина кариера како играч, освен можеби на последните два-три тренинга таа нема играно на таа позиција и без оглед на двата гола во првите пет минути, единствено што можеше да се очекува со таква поставеност беше конфузија. Оваа одлука беше уште попоразителна откако Оксана Рајхел не одигра на лево крило како што од неа се очекуваше. Со тоа Портној буквално го стави на коцка целото свое реноме и сега му претстојат тешки денови во Лигата на шампионите во нејзиниот натамошен тек. Меѓутоа, нефункционалноста на позицијата десен бек го одвлекува вниманието на можеби најголемиот проблем кој го имаше Кометал Ѓ. П. во Виена, а тоа е позицијата централен бек. Стартерот од таа позиција, Олга Бујанова беше без идеја на целиот натпревар, посебно откако изостана поддршката од десната страна, па целата игра се префрлаше или кон Олена Цигица, која одигра добро или кон Наталија Тодоровска, која ја користеше буквално секоја можност да шутне, за жал на Кометал со нешто повеќе од само 35 насто реализација. Трета варијанта беше нападот да завршеше некаде во противничкиот блок, некој изнуден удар или, пак, со техничка грешка Замерките кон тактичката поставеност на играта на Кометал Ѓ. П. иако во помала мерка се однесуваат и на минутажата која не ја добија Бразилката Ана Аморим и македонската репрезентативка Наташа Коцевска. Аморим важи за играч чија посилна страна е одбраната, каде Кометал Ѓ. П. исто така имаше проблеми кои останаа во втор план во однос на слабиот напад. Прашање кое нема да има одговор е дали на тој меч некаква промена можеше да направи бекот Наташа Коцевска, чија игра (во репрезентацијата) на неколку натпревари наназад беше оценета како одлична. Следно за Кометал Ѓ. П. е гостувањето на ДИН во Скопје в сабота, а за тој меч тешко е да се прогнозира, што ќе видиме од Кометал Ѓ. П. Само убедлив триумф над српско-црногорскиот вицешампион е во опција за Кометал Ѓ. П. и ништо повеќе. Тешка задача ќе има нашиот првак да го врати оптимизмот кај своите симпатизери. ДИН е екипа која во Скопје нема што да загуби и тоа ги прави исклучително опасни. Некој посебен квалитет со исклучок на Лилјана Кнежевиќ и ветеранот Бранка Јовановиќ на голот немаат, иако таму се и две ракометарки од шампионскиот тим на Кометал Ѓ. П. Русинките Ања Андрушенко и Ирина Калиниченко. Што и да се случи, Кометал Ѓ. П., не смее да загуби на саботниот дуел. Во нормални околности на такво нешто никој дури во најлошите варијанти не би ни помислил на такво нешто, но мечот во Виена откри премногу слабости на овој тим, така овој меч многу посериозно треба да биде сфатен и од клубот и од симпатизерите на тимот. Р. Ѓ. СРПСКИОТ ВИЦЕПРВАК ПОДГОТВЕН ЗА ДУЕЛ СО КОМЕТАЛ Ѓ. П. ДИН КОМПЛЕТЕН ВО СКОПЈЕ Екипата на ДИН Класик на дуелот со Кометал Ѓ. П. во Скопје ќе допатува комплетен. Единствениот повреден играч, левото крило Маја Ѓукиќ, која има скршеница на носот, ќе биде во ростерот, а доколку се појави на натпреварот ќе игра со маска. ДИН во Скопје доаѓа по тешкиот натпревар со данскиот Шлагелсе, на кој на домашен терен загуби 4 гола разлика (28:32). Бојана Петровиќ и Валентина Радуловиќ беа најефикасните ракометарки на данскиот првак и творци на победата на Шлагелсе. Данките на овој натпревар настапија без десното крило Стефани Кано и без двата пикери. Ане Лофт играла на линијата и била една од најзабележителните ракометарки во Шлагелсе, посебно во одбраната каде во вториот дел успеала да ја неутрализира најдобрата ракометарка на ДИН, Лилјана Кнежевиќ, која најголемиот дел од 10 гола ги постигнала во првите 30 минути. Денеска во ДИН Класик ќе одржи прес-конференција на која нишлиите ќе ги кажат своите планови за мечот со Кометал Ѓ. П. во Скопје, в сабота. ПОРАДИ ПОВРЕДА НА СКОЧНИОТ ЗГЛОБ В САБОТА БЕЗ КОЦЕВСКА За саботниот дуел со ДИН Кометал Ѓ. П., најверојатно нема да може да смета на услугите на Наташа Коцевска, која го повреди скочниот зглоб и ќе мора да одмори неколку дена. Коцевска, иако беше во составот во Виена, не доби шанса да истрча на паркетот, но нејзиното евентуално отсуство на саботниот меч може да биде искористено за првпат во ростерот на официјален натпревар по долга пауза да биде сместена Лариса Ферзалиева. Ферзалиева веќе извесен период тренира, но е далеку од натпреварувачка форма, така што дури и да биде во ростерот тешко дека ќе игра. ЛИГА НА ШАМПИОНИ 'А' ГРУПА 1. Коло Трир - Дунафер 24:24 Баумбах 6 - Радуловиќ 9 Валенсија - Лада 24:33 Пуче 8 - Муравјева 6 Табела: 1. Лада 1 1 0 0 33:24 2 2. Дунафер 1 0 1 0 24:24 1 3. Трир 1 0 1 0 24:24 1 4. Валенсија 1 0 0 1 24:33 0 Следно коло: (10/11.01.2004) Лада - Трир Судии: Јосиќ и Рудиќ (Хрв) Дунафер - Валенсија Судии: Лазар и Ревер (Фра) 'Б' ГРУПА 1. Коло Мотор - Крим 26:33 Резнир 8 - Логвин 10 Икаст - Будуќност 30:22 Туреј 10 - Јераминок 6 Табела: 1. Икаст 1 1 0 0 30:22 2 2. Крим 1 1 0 0 33:26 2 3. Мотор 1 0 0 1 26:33 0 4. Будуќност 1 0 0 1 22:30 0 Следно коло: (10/11.2004) Крим - Икаст Судии: Борд и Бај (Фра) Будуќност - Мотор Судии: Мигас и Бавас (Грц) 'Ц' ГРУПА 1. Коло Хипо - Кометал Ѓ. П. 25:23 Дроњиќ 10 - Цигица 9 ДИН - Шлагелсе 28:32 Кнежевиќ 10 - Петровиќ 10 Табела: 1. Шлагелсе 1 1 0 0 32:28 2 2. Хипо 1 1 0 0 25:23 2 3. Кометал 1 0 0 1 23:25 0 4. ДИН 1 0 0 1 28:32 0 Следно коло: (10.01.2004) Кометал Ѓ. П. - ДИН Судии: Иван и Милен Костови (Буг) Шлагелсе - Хипо Судии: Људовиќ и Вакула (Укр) 'Д' ГРУПА 1. Коло Херц - Елда 30:26 Мравикова 8 - Бокс 6 Монтекс - Ларвик 25:32 Силантјева 7 - Харсакер 9 Табела' 1. Ларвик 1 1 0 0 32:25 2 2. Херц 1 1 0 0 30:26 2 3. Елда 1 0 0 1 26:30 0 4. Монтекс 1 0 0 1 25:32 0 Следно коло: (10/11.01.2004) Елда - Монтекс Судии: Хансон и Олсон (Шве) Ларвик - Херц Судии: Рајзигер и Кашуц (Авс) Pozdrav![:)]
acid Ushte nemash staveno izveshtaj za natprevarot so DIN? :)
StormAngel ЅВЕЗДИТЕ НА ДАНСКИОТ ТИМ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ТРЕТОТО КОЛО ОД ЛШ И ДУЕЛОТ СО ЕКИПАТА НА КОМЕТАЛ Ѓ. ПЕТРОВ РАДУЛОВИЌ: НАТАМУ ЌЕ ОДАТ ШЛАГЕЛСЕ И КОМЕТАЛ Лигата на шампионите полека се ближи кон својата средишница, точка од која со поголема прецизност ќе може да се прогнозира за шансите на екипите за пласман во 1/4 финалето или евентуално за освојување на третото место кое го продолжува животот на екипите во Европа. В петок македонскиот првак Кометал Ѓ. П. ќе го има својот најтежок настап. На гости ќе игра со топ-фаворитот во групата, екипата на Шлагелсе од Данска, дрим-тимот на контроверзниот менаџер-тренер Ања Андерсен. Во екипата на Шлагелсе од минатата есен настапува во моментов можеби најдобрата македонска ракометарка Валентина Радуловиќ. Таа повеќе од успешно ја замени норвешката ѕвезда Миа Хандвин, која, се чини, славата повеќе ја стекна со контроверзите надвор од теренот отколку со играчките квалитети, кои несомнено ги поседува. Валентина Радуловиќ имаше свое шоу на дуелот со Хипо, беше стрелец на шест гола и ја доби клупската парични награда која се доделува за потег на натпреварот. Радуловиќ таа награда ја доби со спектакуларниот гол од крилна позиција. За дуелот со својот екс-тим, против кого ќе игра за првпат во кариерата, Радуловиќ вели: 'Го гледав натпреварот меѓу Кометал Ѓ. П. и ДИН. Единствено што не ми се допадна од тој меч беше изјавата на тренерот Владимир Радиќ, кој рече дека со таква игра ќе го победеле и Шлагелсе и Хипо. Во моментот ми звучеше потценувачки. Лично сметам дека во Лигата на шампионите не треба да се потценува ниту една екипа. Ние се подготвуваме како за секој друг натпревар. На мечот со Кометал Ѓ. П. Ќе одиграме најдобро што можеме и не би ни очекувала ниту посакувала поинаков расплет отколку победа на Шлагелсе', изјави Радуловиќ. Што се однесува до расплетот во 'Ц' групата по шесте одиграни кола, Радуловиќ вака прогнозира: 'Во четвртфиналето ќе одат екипите на Шлагелсе и на Кометал. Сметам дека тоа е најреалниот расплет во оваа група', рече Радуловиќ. Од данскиот Шлагелсе доаѓаат уште две информации. Ане Лофт, една од најдобрите дефназивни ракометарки, ја пропушта средбата со Кометал Ѓ. П., веројатно и сите други натпревари од групата. На средбата со Хипо таа се повреди и ќе мора да оди на операција на менускус. Лоша вест за Кометал Ѓ. П. е што во тимот се враќаат двата (повредени) пикери со што Шлагелсе практично ќе биде комплетен во офанзивната постава каде покрај веќе споменатиот пивот (Мете Мелгард) играат уште и Валентина Радуловиќ на лево крило, Аусра Фридрикаш на лев бек, Камила Андерсен на центар, Бојана Петровиќ и Ања Фрешер на десен бек и Стефани Кано на десно крило. КАМИЛА АНДЕРСЕН, КАПИТЕН НА ШЛАГЕЛСЕ: СУДИИТЕ ГО КРАДЕА КОМЕТАЛ ВО ВИЕНА Во пресрет на мечот со Кометал Ѓ. П. капитенот на Шлагелсе, легендарната данска ракометарка Камила Андерсен, за данските медиуми го коментираше мечот со Хипо и најави подобра игра на својот тим на претстојниот натпревар. 'Мораме да бидеме подобри на следниот меч. Мораме да бидеме многу поконцентрирани бидејќи Кометал е многу подобар тим од Хипо. Знам дека Хипо го победи Кометал на првиот натпревар. Ја гледав снимката од мечот на која јасно се гледа дека судиите го крадеа Кометал. Нема да земаме ништо здраво за готово за дуелот со Кометал и покрај високата победа на нашиот тим над Хипо. Мораме да бидеме подготвени за тој меч и да ги освоиме двата бода со што ќе го направиме совршен стартот за Лигата на шампионите', изјави Камила Андерсен. Контроверзниот шеф, пак, на екипата на Шлагелсе, Ања Андерсен, 'не е задоволна' од играта на својот тим и покрај победата од 12 разлика (38:26) над Хипо на мечот од второто коло од Лигата на шампионите. 'Требаше да ги испратиме дома со 20 гола разлика. Но, ова беше тешка недела за нас со три натпревари. Нема сомнеж дека сето тоа се одрази на нашата игра', изјави Ања Андерсен. ЛИГА НА ШАМПИОНИ 'А' ГРУПА 3. коло (17.01.2004) Лада - Дунафер Трир - Валенсија Табела: 1. Лада 2 2 0 0 65:48 4 2. Дунафер 2 1 1 0 50:47 3 3. Трир 2 0 1 1 48:55 1 4. Валенсија 2 0 0 2 47:61 0 'Б' ГРУПА 3. Коло (18.01.2004) Будуќност - Крим Мотор - Икаст Табела: 1. Икаст 2 2 0 0 57:46 4 2. Крим 2 1 0 1 57:53 2 3. Будуќност 2 1 0 1 49:55 2 4. Мотор 2 0 0 2 51:60 0 'Ц' ГРУПА 3. коло (16.01.2004) Шлагелсе - Кометал Ѓ. П. Хипо - ДИН Табела: 1. Шлагелсе 2 2 0 0 70:54 4 2. Кометал 2 1 0 1 52:48 2 3. Хипо 2 1 0 1 51:61 2 4. ДИН 2 0 0 2 51:61 0 'Д' ГРУПА 3. коло (17/18.01.2004) Херц - Монтекс Ларвик - Елда Престиго Табела: 1. Ларвик 2 2 0 0 61:47 4 2. Елда 2 1 0 1 57:50 2 3. Херц 2 1 0 1 52:55 2 4. Монтекс 2 0 0 2 45:63 0 Pozdrav![:)]
kopacot katastrofa se....jas da sum ko trifun se povlekvam od sponzor pa valjda ke im dojt umot..kako mozese lani olomnani evropski sampioni a sea vo 1 kolo ispagame....sramota :P
StormAngel Se moze da se sluci.[;)]Moze i sega sto ispadnavme vo prvo kolo,narednata sezona pak da bideme evropski sampioni.Nikogas ne se znae. Pozdrav![:)]
bliznak Sho naprajvme vecerva ?
Strelec Rezultatot go imate [url="http://www.lukaroski.com/forum/kometal.gif"] OVDE[/url]
Strelec Ракометарките на Кометал Ѓ П ја зграпчија посакуваната победа во Ниш Ракометарките на Кометал Ѓорче Петров ја зграпчија толку посакуваната победа во Ниш. По победата над Дин, нашата ракометна гордост невообичаено и понеделнички ќе ја почуствува тензијата за расплетот во групата. И покрај тоа што се во игра многу варијанти, триумфот во Ниш ја исфрли за нашиот првак, наједноставната за остварување на целта. Сам да си ја решава судбината за пласман во четврфиналето. Потребни се победи и тоа дома пред верната публика во Кале. Дали само против против Хипо или плус и над Шлагелсе, ќе зависи од вечерашниот австриско - дански дуел во Виена во кој скандинавскиот тим е апсолутен фаворит. А1 Телевизија
NARCIS` gi utepaa
StormAngel КОМЕТАЛ Ѓ. П. СС УШТЕ НЕ УСПЕА ДА НАЈДЕ ЗАЕДНИЧКИ ЈАЗИК СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЛАДА ТОЊАТИ МИНИМАЛНИ ШАНСИ ЗА ЗАСИЛУВАЊЕ Сй помали се шансите на екипата на Кометал Ѓ. П. мечевите од 1/4 финалето во Лигата на шампионите со норвешкиот Ларвик да ги дочека засилена на бековската позиција. Рокот кој го има одредено ЕХФ е минат, сега единствената шанса на Кометал Ѓ. П. е ракометарките кои посакува да ги доведе во своите редови, Марина Наукович и Оксана Пал, да не настапат на ниту еден официјален меч на Лада додека не се финишираат преговорите. Доколку заиграат и една секунда во првенството во Русија, тогаш повеќе нема да имаат право за настап во европските купови за ниту еден друг тим освен Лада Тољати до крајот на сезоната. До утре целата ситуација ќе биде многу појасна. Имено, во рускиот шампионат на 2 и на 3 март се играат дуелите меѓу екипите на Динамо Аква Волгоград и Лада Тољати. Два меча кои ќе се играат во Волгоград и ако за некој дуел на Трефилов би му биле потребни Марина Наукович и Оксана Пал тоа ќе бидат овие натпревари. Следните мечеви на Лада ќе се играат во Тољати (6-8 март), против екипата на Кубан Краснодар. Што се однесува до преговорите, Кометал Ѓ. П. не успеал да се договори со претседателот на Лада, Јуриј Борисович, иако постојано се обидува.
StormAngel В НЕДЕЛА (19:30), КОМЕТАЛ Ѓ. П. ГО ИГРА РЕШАВАЧКИОТ НАТПРЕВАР ЗА ПЛАСМАН ВО 1/4 ФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ СЕ БЛИЖИ ДЕНОТ 'Д' ЗА КОМЕТАЛ Ѓ. П. В недела, екипата на Кометал Ѓ. Петров го игра првиот од двата решавачки меча за пласман во 1/4 финалето на Лигата на шампионите. Македонскиот првак за противник ја има најуспешната екипа во последните 10 години од минатиот век и втор на вечната листа во женскиот тимски ракомет (зад засега неприкосновениот Спартак Киев). По освојувањето на својата 8. титула, на паркетот во 'Кале' во 2000 година, Хипо одеднаш забави и реши да направи играчки промени во тимот по кои од екипата која беше страв и трепет во деведесетите, остана само името. Резултатски овој Хипо е далеку од тимот кој од 13 сезони играше во 11 финалиња на Лигата на шампионите, а освои осум. Во Хипо веќе ја нема ударната тројка Фридрикаш - Логвин - Мозговаја, која беше клуч за успехот на најконтровеерзниот менаџер во женскиот ракомет, Гунар Прокоп. Нивното место во моментов го заземаат Ротис, Дроњиќ и Шункаренко, но со далеку помал успех. Ново име во австрискиот состав е Бразилката Александар до Нансименто, која дојде по одигрувањето на натпреварот во Виена, а игра на позиција на крило. Прокоп има на располагање интернационален состав чие време допрва треба да дојде. Годинава тешко дека ќе можат да се пробијат меѓу осумте најдобри. Единствената пречка за пласман во 1/4 финалето е во Кометал Ѓ. П., македонскиот првак, екипа која досега нема позитивен скор од двобоите со Хипо и која со нетрпение, веќе со години го очекува моментот кога ќе може да се слади на елиминација на австрискиот ривал. Шансата на македонскиот првак е токму сега, во дуел во кој на Кометал Ѓ. П. му е потребна победа поголема од два гола разлика или евентуално триумф и со два, но под услов Хипо да не постигне 23 гола. Заинтересираноста за овој меч е голема. Всушност како и секогаш кога во Скопје доаѓал австрискиот првак. Мерките за безбедност би требало да бидат на највисоко ниво. За Хипо и од тој план нй врзуваат лоши спомени откако по 2000 кога Прокоп беше нападнат, ЕХФ реши да ги суспендира сите клубови во Македонија и во машка и во женска конкуренција. Прокоп, кој во Македонија и Унгарија има вистинска анти-фан група, пред почеток на оваа сезона изјавуваше дека тоа е минато, но за верување е дека би можел да ја искористи полната сала каква што неминовно ќе биде во Скопје и нетрпеливоста на македонските фанови за уште еднаш да го 'нокаутира' македонскиот ракомет и на тој начин да го провре Хипо во 1/4 финалето. Да се обезбеди мир во салата ќе биде и повеќе од важно затоа што шансите се на страната на Кометал и би било бесмислено да се 'киксне' на овој план. Играчки, во моментов Кометал Ѓ. П. важи за голем фаворит и би било бистинско изненадување доколку не успее да го мине австрискиот противник. Хипо, сепак, ќе биде посилен од последниот меч затоа што во тимот се врати Унгарката Лови Дора, а Будечевиќ, Спиридон се веќе целосно заздравени од повредите поради кои на првиот меч беа повеќе статисти. Р. Ѓ. ХИПО Гана Криворучко Голман Украина Маријана Губова Голман Словачка Вилма Гаинскуте Голман Литванија Чунг Хи Парк Крило Ј. Кореја Бригит Енгел Крило Австрија Даниела Пиедаде Крило Бразил Александра Нансименто Крило Бразил Дора Лови Бек Унгарија Јулијс Банкова Бек Словачка Слаѓана Дрониќ Бек Австрија Весна Хорачек Бек Хрватска Габриела Ротис Бек Литванија Марина Будечевиќ Бек СЦГ Тетјана Шункакаренко Бек Украина Соната Вијунаите Пивот Литванија Симона Спиридон Пивот Романија Тренер: Мартин Матушкович Австрија ХИПО ВО ФИНАЛЕТО НА ЛШ 2000 Хипо - Кометал Ѓ. П. 32:23 (21:23) 1998 Хипо - Валенсија 28:21 (26:28) 1996 Хипо - Подравка 20:25 (17:13) 1995 Хипо - Подравка 26:19 (14:17) 1994 Хипо - Вашаш 20:18 (25:21) 1993 Хипо - Вашаш 23:11 (17:14) 1992 Хипо - Лицелинден 15:14 (19:18) 1991 Хипо - Лицелинден 15:21 (25:22) 1990 Хипо - Краснодар 30:16 (29:24) 1989 Хипо - Спартак 16:14 (17:17) 1988 Хипо - Спартак 22:23 (23:29) КОМЕТАЛ - ХИПО ВО ЛШ 1993/94 (2. коло) Ѓ. Петров - Хипо 20:16 (15:31) 1997/98 (1/4 финале) Кометал Ѓ. П. - Хипо 21:14 (17:31) 1999/00 (Финале) Кометал Ѓ. П. - Хипо 23:21 (23:32) 2003/04 (Група) Хипо - Кометал Ѓ. П. (25:23) ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ВО ЛШ 1. Лилјана Кнежевиќ ДИН 43 2. Бојана Петровиќ Шлагелсе 37 3. Слаѓана Дроњиќ Хипо 36 4. Ана Бурмистрова Мотор 30 5. Катја Нуберг Ларвик 28 6. Бојана Радуловиќ Дунафер 28 7. Олга Бујанова Кометал Ѓ. П. 27 8. Надежда Муравјева Лада 26 9. Тања Логвин Крим 26 10. Наталија Дерепаско Крим 26 ЛИГА НА ШАМПИОНИ Група '1' 5. Коло (14/15.02) Лада - Валенсија Дунафер - Трир Табела: 1. Лада 4 3 0 1 117:93 6 2. Дунафер 4 2 1 1 99:96 5 3. Трир 4 1 1 2 99:111 3 4. Валенсија 4 1 0 3 99:114 2 Група '2' 5. Коло (14/15.02) Крим - Мотор Будуќност - Икаст Табела: 1. Будуќност 4 3 0 1 103:105 6 2. Крим 4 2 0 2 109:103 4 3. Икаст 4 2 0 2 107:103 4 4. Мотор 4 1 0 3 106:114 2 Група '3' 5. Коло (14.02) Кометал Ѓ. П. - Хипо Шлагелсе - ДИН Табела: 1. Шлагелсе 4 4 0 0 130:110 8 2. Кометал 4 2 0 2 110:106 4 3. Хипо 4 2 0 2 108:113 4 4. ДИН 4 0 0 4 103:120 0 Група '4' 5. Коло (14/15.02) Елда - Херц Ларвик - Монтекс Табела: 1. Ларвик 4 3 0 1 125:99 6 2. Херц 4 3 0 1 113:105 6 3. Елда П. 4 1 0 3 110:121 2 4. Монтекс 4 1 0 3 102:1255 2
StormAngel Reply a la OooOo.[:D]
kopacot 2 razlika znacit ne ojme ponatamu...:((( a zamisli lani olomnani bevme evropski klupski sampioni....c c c c c
Strelec
quote:
Originally posted by bluehim
Reply a la OooOo.[:D]
ne e tocno... toj upotrebuva 'TUKA", a jas 'OVDE'... se seguvam... tocno e deka ucam od profesorot!:)
Strelec
quote:
Originally posted by kopacot - 18 januari, 2004
katastrofa se....jas da sum ko trifun se povlekvam od sponzor pa valjda ke im dojt umot..kako mozese lani olomnani evropski sampioni a sea vo 1 kolo ispagame....sramota...
quote:
Originally posted by kopacot - 16 fevruari, 2004
2 razlika znacit ne ojme ponatamu...:((( a zamisli lani olomnani bevme evropski klupski sampioni....c c c c c
Кометал ЃП - Шлагелсе 19:19. Кометал ЃП се пласираше во 1/4 финалето од ЛШ.
StormAngel Nasite rakometarki se borea kako lavici za ovoj rezultat.Epten dramaticno bese do samiot finis.So sreka na Kometalki.[;)]
Strelec Izvor na informacijava e web sajtot na EHF, a vrsam samo prevod na odredeni delovi, so malku analiza... Izgotveni se rang listite za evropskite klupski natprevaruvanja niz Evropa, za sezonata 2004/2005 godina. Kako kriteriumi se zemeni rezultatite od prethodnite tri natprevaruvacki sezoni. Vo zenska konkurencija, Makedonija go zavzema 14-toto mesto vo konkurencija na 46 rangirani evropski drzavi. Normalno e deka ne mozeme da bideme zadovolni so ogled na padot od minatata godina koga bevme rangirani kako 7-ma evropska reprezentacija. Na prvo mesto e reprezentacijata na Danska, pred Ungarija i Spanija. !4-toto mesto na rang listata na Makedonija i' obezbeduva po edno mesto vo site evropski natprevaruvanja: Ligata na sampioni, Kupot na EHF, Kupot na pobednicite na kupovite i Chelendz kupot, so uste moznost za edno dopolnitelno mesto vo Chelendz kupot. Vo maska konkurencija, vo konkurencija na 46 rangirani evropski drzavi, Makedonija se naogja na 13-toto mesto, sto e pad za edno mesto vo odnos na prethodnata godina. Identicen e brojot na ekipi od Makedonija sto ke participiraat vo evropskite kupovi, kako i vo zenska konkurencija. Znachi, po edno mesto vo Ligata na sampioni, Kupot na EHF, Kupot na pobednicite na kupovite i Chelendz kupot, so uste moznost za edno dopolnitelno mesto vo Chelendz kupot.
ozonce ke go izedev doma dalechinskiot upravuvach od nervoza, ovci da gi ebam!!! Ne e toa sho bea pred dve godini!
StormAngel Rezultatot vo skopje: Kometal-Slagelse 19;19 Poradi podobra gol razlika Kometal se plasirase vo 1/4 finaleto.Mnogu sreka za Kometalki i vo ponatamasniot del na natprevaruvanjata.
StormAngel СЕ ЧЕКА ПОСЛЕДНАТА ОДЛУКА ЗА ТРАНСФЕР ВО КОМЕТАЛ Ѓ. П. БУДИМИР И ПОДРАВКА НА ПОТЕГ Откако Подравка Вегета се согласи да ја ослбоди Адријана Будимир, шансите за враќање на оваа ракометарка во редовите на Кометал Ѓ. П. се навистина големи. Бидејќи двете екипи најдоа заедничи јазик за евентуалниот трансфер на репрезентативката на СЦГ, остана единствениот проблем - условите под кои Будимир би се преселила во Кометал Ѓ. П. Финанските проблеми на Подравка и налагаат да се ослободи од скап играч каков што е Будимир, но конечниот одговор 'кометалци' го имаат добиено вчера вечерта. Информациите кои доаѓаат од Кометал Ѓ. П. говорат дека 99% од работата е веќе завршена. Условите што управата на Кометал Ѓ. П. ги постави веќе им се доставени на луѓето од Подравка Вегета и сега се чека на нивниот одговор. Доколку се случи да небидат прифатени овие услови, Кометал Ѓ. П. најавува дека ќе се откаже од намерата да ја ангажира оваа ракометарка.