Parlament!
Parlament!
StormAngel МАКИ НА СПИКЕРОТ ЈОРДАНОВСКИ Ганке, не скокај, жена си, госпоѓа ! Вака спикерот на Собранието Љупчо Јордановски се обидел да ги смири Ганка Самоилова-Цветановска и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, по навредите од пратеникот на ДУИ Невзат Бејта. Трикови на власта и опозицијата - [img]http://www.vest.com.mk/images/{5C1C69F4-0C27-48A5-A331-FFC30279F46E}_jordanovski-3.jpg[/img] Позицијата и опозицијата во текот на двете ноќни парламентарни сеанси за легализирањето на малоречанскиот универзитет воделе инает, тренирале издржливост, си правеле заткулисни игри едни на други, се надмудрувале, а партиските структури однадвор се грижеле пратениците да работат во ноќни услови, тврдат собраниски извори. Луѓе однадвор организирано носеле храна, сокови, ги приспособувале просториите по канцелариите за да можат пратениците повремено да се одморат, а најчесто дремеле на столови. Народните пратеници по собраниските канцеларии се пресоблекувале во покомотна облека, бидејќи не можеле да ги поднесат костумите и вратоврските. Еден од нив во просториите на својата пратеничка група носел дури и тренирки, но неговите сопартијци го советувале да не се шета по собраниските кулоари бидејќи ќе пукне резил ако го забележи некој. Двете ноќни маратонски сеанси, според собраниски извори, наводно, се измислица на спикерот Љупчо Јордановски, кој двапати се договорил со опозицијата да не се развлекува седницата со тоа што тие нема бесконечно да се пријавуваат за збор. Но пратениците од опозицијата место да се повлечат, како што, наводно, имало договор со Јордановски, постојано еден по друг се ределе на говорницата. Ова многу го навредило спикерот Јордановски, се чувствувал изигран од опозицијата. Тој, без да консултира некого, решил седниците да траат се додека не се изморат опозиционите пратеници, но, очигледно, не успел во намерата. Опозицијата издржа две ноќи, постојано повторувајќи ги аргументите против легализацијата на тетовскиот универзитет. Власта, отако увидела дека не успеала да ја фати опозицијата на издржливост, се обидела со заткулисни игри да ја постигне целта. Коалиционите партнери СДСМ, ЛДП и ДУИ се договориле да излезат од салата за седници и да се кријат по канцелариите на Собранието. Со тоа сакале да ја доведат во заблуда опозицијата, кај која со своето отсуство сакале да создадат лажлив впечаток дека власта се откажала од намерата да го изгласа законот и дека си заминала дома. Во меѓувреме тие по кацелариите подготвени чекале сигнал од спикерот да ги извести дека опозицијата наседнала на финатата, за експресно да се симнат во салата и да го изгласаат законот. Но и оваа стратегија на парламентарното мнозинство се покажала безуспешна. Опозицијата не го извлекла заклучокот што тие го посакувале и продолжила со дискусиите. Не била случајна ниту завчерашната дискусија на пратеникот Невзат Бејта, кој жестоко се судри со опозицијата, нарекувајќи ги некултурни, дивјаци и фашисти. Целта била да се предизика опозицијата и таа во афект да реши демонстартивно да ја напушти салата. Нејзиното излегување требало да биде искористено за изгласување на законот. Но, опозицијата не паднала ниту на оваа финта и на власта не и преостана ништо друго освен да ја прекине седницата и да свика нова, на која ќе ги ограничи дискусиите. Интересна рапсправа се водеше во собранискиот ресторан меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои Љупчо Јордановски се обидуваше да ги смири по дискусијата на Бејта. "Ганке, цело време скокаш. Срамота е. Жена си, госпоѓа", велеше Јордановски, обраќајќи и се на Ганка Самоилова- Цветановска. Но со трикови не се служела само власта, туку и опозицијата. Тие за да одржат кондиција, цела ноќ на говорницата ангажирале луѓе во Собранието и во партискиот штаб, кои имале задача постојано да им штанцаат дискусии. Додека чекале готовите дискусии да пристигнат во Собранието, пратениците од опозицијата ги читале стенограмите од претходните дискусии, и притоа меѓусебно ги разменувале. Во еден момент, на помош на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ им дошол Замир Дика од ДПА, кој им ја дал својата дискусија. Дека опозицијата во текот на расправата била тенка со готови пишани дискусии, покажува и однесувањето на пратеникот Спиро Мавровски, за кого не претставува проблем за која било точка да дискутира најмлаку по еден час. Тој првата ноќ, немајќи што да каже, почнал да ја чита програмата на Владата за основање на државен универзитет во Тетово. Pozdrav![:)]
ViennaBoy
quote:
Originally posted by bluehim
МАКИ НА СПИКЕРОТ ЈОРДАНОВСКИ Ганке, не скокај, жена си, госпоѓа ! Вака спикерот на Собранието Љупчо Јордановски се обидел да ги смири Ганка Самоилова-Цветановска и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, по навредите од пратеникот на ДУИ Невзат Бејта. Трикови на власта и опозицијата - [img]http://www.vest.com.mk/images/{5C1C69F4-0C27-48A5-A331-FFC30279F46E}_jordanovski-3.jpg[/img] Позицијата и опозицијата во текот на двете ноќни парламентарни сеанси за легализирањето на малоречанскиот универзитет воделе инает, тренирале издржливост, си правеле заткулисни игри едни на други, се надмудрувале, а партиските структури однадвор се грижеле пратениците да работат во ноќни услови, тврдат собраниски извори. Луѓе однадвор организирано носеле храна, сокови, ги приспособувале просториите по канцелариите за да можат пратениците повремено да се одморат, а најчесто дремеле на столови. Народните пратеници по собраниските канцеларии се пресоблекувале во покомотна облека, бидејќи не можеле да ги поднесат костумите и вратоврските. Еден од нив во просториите на својата пратеничка група носел дури и тренирки, но неговите сопартијци го советувале да не се шета по собраниските кулоари бидејќи ќе пукне резил ако го забележи некој..... ............... ............ Pozdrav![:)]
cirkus [:o)][:D]
StormAngel Sekogas bilo taka kaj nas.Ama ke dojat podobri vreminja se nadevam. Pozdrav![:)]
StormAngel Dosega mislam deka se nemalo problem za menuvanje na Ustavot.Taka da pocekaj druga koalicija.Tie ke smenat.[:D] Kaj nas kolku sto e tesko da si "glup" tolku e tesko i da si politicar.Konkurencijata e golema.Dodeka sekoj misli za svojot dzeb ni ke si go krkame a tie ke srkaat. Pozdrav![:)]
fio До сите шо ми реплицираат за Србите :) Отидете во Србија, прошетајте низ некој град, преминете неколку улици на црвено, обрнете внимание на сообраќајот и културата, немојте да ставите појас додека возите, прошетајте низ парковите, влезете по продавниците, ќе ви стане јасно за што зборувам.
StormAngel ЦРВЕНКОВСКИ И АХМЕТИ НА ФАТОС НАНО МУ ГО ЧЕСТИТАА РЕИЗБОРОТ ЗА ЛИДЕР НА СП Тирана, 16 декември (МИА) - Македонскиот премиер Бранко Црвенковски и лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети му го честитаа денеска на премиерот на Албанија Фатос Нано реизборот на должноста претседател на Социјалистичката партија (СП). "Соработката меѓу двете земји ќе продолжи во насока на зачувување на мирот, стабилноста и демократскиот развој на регионот", истакнува Црвенковски во својата честитка до Нано. Како што соопшти Прес-службата на албанската Влада, Црвенковски во честитката изразил уверување дека престојната трилатерална средба во Црна Гора ќе ја зајакне соработката во напорите на Скопје, Тирана и Подговрица за интеграција во евроатлантските структури. Ахмети резиборот на Нано му го честитал во телефонски разговор, при што го информирал за чекорите што се преземаат во насока на имплементација на Рамковниот договор, особено во сферата на образованието. Нано, во саботата на Шестиот конгрес на Социјалистичката партија со 456 гласа "за", беше повторно избран за нејзин лидер. Во трката за претседател на партијата учествуваа и поранешниот албански претседател Реџеп Мејдани, кој доби 61 глас и градоначалникот на Тирана Еди Рама со 41 глас. Нано е партиски претседател од формирањето на партијата на 13 јуни 1990 година. Pozdrav![:)]
StormAngel СЕДНИЦИ НА ЧЕТИРИ СОБРАНИСКИ КОМИСИИ Скопје, 17 декември (МИА) - Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за култура, за образование и спорт, за економски прашања и Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање. Комисијата за култура треба да ја разгледа Предлог - програмата за одбележување годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2004 година, а членовите на Комисијата за образование и спорт ќе расправаат по Предлог буџетот на Република Македонија за 2004 година. За Предлог буџетот ќе расправа и Комисијата за економски прашања, која ќе ги разгледа Предлог законот за трговија и измените на Законот за трговски друштва. На дневен ред на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, се извештајот за работа на овие институции од ноември 2002 до ноември 2003 година и Предлог буџетот на Република Македонија за 2004 година. Pozdrav![:)]
vmro bluehim, nekam da svatish kako navreda ali zashto si troshish vremeto za ova koga e jasno kako den i mislam deka treba covek so iq 0 da misli poinaku, jasno e deka POD HITNO e za zakonot za visoko obrazovanie i deka branko ako treba ke instalira kreveti vo salata samo da ima pratenici i da se izglasa.... ja bash sakam da im go vidam liceto na od prilika 500.000 glasaci shto glasaa za koalicijata ZAedno i da gi prasham dali vredeshe....
Strelec
quote:
Originally posted by vmro
ja bash sakam da im go vidam liceto na od prilika 500.000 glasaci shto glasaa za koalicijata ZAedno i da gi prasham dali vredeshe....
tie 500.000 glasaci napravija GLUPOST...!!! ama zemajki vo predvid kakva alternativa imaa, so glupostite nivni barem se sozdadoa nekakvi sansi da opstane drzavava...:)
NARCIS` se odi down ...od koga dojde sdms salata e....ne vikam deka VMRO bea bolji ama ovie se .....FASISTI
miden1mk TIE SETAAT VO EVROPA A NARODOT NEMA LEB ZA JADENJE [V] A VO PARLAMENT SE PRAVAT KAKO DA SE NAJDOBRITE LUGJE VO SVETOT
slasa Vie gi izbravte vie smenetegi
vmro
quote:
Originally posted by Strelec
quote:
Originally posted by vmro
ja bash sakam da im go vidam liceto na od prilika 500.000 glasaci shto glasaa za koalicijata ZAedno i da gi prasham dali vredeshe....
tie 500.000 glasaci napravija GLUPOST...!!! ama zemajki vo predvid kakva alternativa imaa, so glupostite nivni barem se sozdadoa nekakvi sansi da opstane drzavava...:)
mozevme ko srbite da napravime da izlezeme pod 51% i spored nashiot ustav po avtomatizam ke se formirashe TEHNICKA VLADA shto e najdobroto neshto shto bi mozelo da ni se sluci i kraj na prikaznata, mislam tehnicka vlada se dodeka ne se izbere nova, shto znaci na sekoi 6 meseci izbori i na sekoi 6 meseci odziv pod 51%, a tehnicka vlada sekogash e sostavena od strucnjaci a ne od luge so osmo oddelenie kako na primer zamenikot minister za vnatreshni.... Shto znaci toa e podobro reshenie i od proshloto do 2002 i od ova sega od 15 pa navaka
OooOo
quote:
Originally posted by vmro
mozevme ko srbite da napravime da izlezeme pod 51% i spored nashiot ustav po avtomatizam ke se formirashe TEHNICKA VLADA shto e najdobroto neshto shto bi mozelo da ni se sluci i kraj na prikaznata, mislam tehnicka vlada se dodeka ne se izbere nova, shto znaci na sekoi 6 meseci izbori i na sekoi 6 meseci odziv pod 51%, a tehnicka vlada sekogash e sostavena od strucnjaci a ne od luge so osmo oddelenie kako na primer zamenikot minister za vnatreshni.... Shto znaci toa e podobro reshenie i od proshloto do 2002 i od ova sega od 15 pa navaka
Dobar predlog. Samo ima drugi raboti shto treba da se zemat vo predvid shto nie gi imame a srbite gi nemaat [;)]
Thief Има еден проблем: Член 93 од Уставот на РМ Став4: На Владата и‘ престанува мандатот коха Собранието се распушта. Арно ама неоставрлива е идејата на ВМРО заради ставот 5, кој вели: Владата на која и‘ е изгласана недоверба, која подела оставка или на која мандатот и‘ престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова Влада. Жалам, ама ви пропадна планот!
fio
quote:
Originally posted by OooOo
quote:
Originally posted by vmro
mozevme ko srbite da napravime da izlezeme pod 51% i spored nashiot ustav po avtomatizam ke se formirashe TEHNICKA VLADA shto e najdobroto neshto shto bi mozelo da ni se sluci i kraj na prikaznata, mislam tehnicka vlada se dodeka ne se izbere nova, shto znaci na sekoi 6 meseci izbori i na sekoi 6 meseci odziv pod 51%, a tehnicka vlada sekogash e sostavena od strucnjaci a ne od luge so osmo oddelenie kako na primer zamenikot minister za vnatreshni.... Shto znaci toa e podobro reshenie i od proshloto do 2002 i od ova sega od 15 pa navaka
Dobar predlog. Samo ima drugi raboti shto treba da se zemat vo predvid shto nie gi imame a srbite gi nemaat [;)]
Муда? Достоинство? Гордост?
StormAngel Drugo nest.[;)] Pozdrav![:)]
fio Нормално, тоа немаме :)
StormAngel Pak ne kontas sto toa srbite nemaat a nie imame,ili samo taka se pravis[?][;)] Pozdrav![:)]
SLaCk fio been there done that!I sto?Znam znam ne mi odgovaraj svetska kultura neli?Mozebi centar na svetot?Mozebi...e samo vo politika ne se razbiraat a?Radikalite se najzaostanati luge so Sheshelj na celo a najmnogu glasovi osvoija...kulturni sovinisti fenomeni
StormAngel [img]http://int.dnevnik.com.mk/izdanija/2340/6554.jpg[/img] ВЛАСТА СО НОВА ТАКТИКА За опозиционерите само по 10 минути! Намерата е со ограничени дискусии да се протуркаат буџетот и законот за тетовскиот универзитет Владата го повлече законот за тетовскиот универзитет, за да го врати по новогодишните празници и да се обиде да го "протурка" со ограничување на пратеничките дискусии на 10 минути. Оваа тактика прексиноќа ја избрале коалициските партнери СДСМ, ЛДП и ДУИ, предводени од нивните лидери Бранко Црвенковски, Али Ахмети и Ристо Пенов, за да се откочи процесот на собраниското усвојување на спорниот закон. Неговите параграфи ќе им бидат вратени на пратениците во неизменета форма. Мерката "ограничени дискусии" владејачкото мнозинство ќе ја "сефтоса" на денешната седница, на која ќе се расправа за буџетот за наредната година. Коалициските партнери решиле превентивно да ги скратат дискусиите, бидејќи само од ВМРО-ДПМНЕ се доставени 137 амандмани. - Ќе ги искористиме сите механизми за предлог-буџетот за наредната година да помине во предвидениот рок и воедно да ја подобриме ефикасноста на Собранието - изјави Борис Кондарко, портпаролот на СДСМ. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ завчера најави дека жестоко ќе се спротивстави на ваквиот потег на власта. Пратеникот Жарко Караџоски изјави дека "никаде во светот не се применува ваква мерка за замолчување на опозицијата". - Власта се однесува како да нема потреба во Парламентот да има опозиција - обвини Караџоски. Портпаролот на владејачкиот СДСМ, Борис Кондарко, потврди дека владините коалициските партнери се договориле да ја искористат деловничката можност за ограничување на дискусиите: 10 минути за пратениците и 15 минути за координаторите. Целта, според него, била само да се деблокира расправата за законот и да се зголеми ефикасноста на Собранието. - Немаме намера да ја ограничуваме опозицијата, туку само се држиме до одредбите од деловникот - изјави Кондарко. Генералниот секретар на Собранието, Александар Новаковски, вели: - Деловникот предвидува можност дискусиите да бидат ограничени на 10, односно 15 минути. Тука нема ништо спорно. Тоа треба да го предложи или претседателот на Собранието или пратеник што ќе има поддршка од најмалку десет свои колеги. Поранешниот претседател на Собранието Стојан Андов изјави дека постапката на Владата претставува "суспензија на Парламентот". - Најавите за рестрикција на собраниските расправи ќе го суспендираат Парламентот од политичката сцена и ќе го оневозможат остварувањето на неговата функција во системот - тврди Андов. Неофицијално дознаваме дека на состанокот на коалициските партнери најспорен бил терминот кога овој законски проект би можел да се врати во Парламентот. ДУИ инсистирала тоа да биде во почетокот на наредниот месец, а СДСМ се обидува да го одолжи неговото враќање пред пратениците. Намерата е што повеќе да стивнат реакциите во јавноста. "Дневник" дознава дека ова е втора средба на лидерите на владејачките партии. Првата, на која било одлучено законот да биде протнат заедно со буџетот, се одржала минатиот вторник. Но, бидејќи се оценило дека е неможно постапката да заврши во пакет со буџетот, владејачката коалиција се решила за одвоени седници. Pozdrav![:)]
asal Мерката "ограничени дискусии" владејачкото мнозинство ќе ја "сефтоса" Многу убаво пишуваат овие репортери, фала:)
kopacot Ajmo TAze demoKratijaaaaaaaaaaa......Ta Neaaaaa ....
vmro
quote:
Муда? Достоинство? Гордост?
ne sum protiv srbite (ne gi sakam ama ne gi mrzam) ali da imaa srbite muda i dostoinstvo pa duri i gordost nemashe da gi EBE (izvinete na izraz) Miloshevic celi 10 god. vodejki gi vo vojni (spored moe broenje 3 ako se poveke popravete me) tuka se blokadi (ekonomski) do propast e sega koga dojdoa do rabot na bezdnata, im tekna, a nemashe da im tekne ako ne bea amerikancite pozadi Dzindzic i drugarite, nemashe nikogash da go smenat miloshevic... Pak ke kazam ne gi ni mrazam ni gi sakam srbite!! da ne pomisli nekoj deka pirshuvam protiv niv
fio
quote:
Originally posted by vmro
quote:
Муда? Достоинство? Гордост?
ne sum protiv srbite (ne gi sakam ama ne gi mrzam) ali da imaa srbite muda i dostoinstvo pa duri i gordost nemashe da gi EBE (izvinete na izraz) Miloshevic celi 10 god. vodejki gi vo vojni (spored moe broenje 3 ako se poveke popravete me) tuka se blokadi (ekonomski) do propast e sega koga dojdoa do rabot na bezdnata, im tekna, a nemashe da im tekne ako ne bea amerikancite pozadi Dzindzic i drugarite, nemashe nikogash da go smenat miloshevic... Pak ke kazam ne gi ni mrazam ni gi sakam srbite!! da ne pomisli nekoj deka pirshuvam protiv niv
И пак се пред нас! Beat that[^]
Strelec
quote:
Originally posted by fio
И пак се пред нас!
cuvaj legja!:)
vmro
quote:
Originally posted by fio
quote:
Originally posted by vmro
quote:
Муда? Достоинство? Гордост?
ne sum protiv srbite (ne gi sakam ama ne gi mrzam) ali da imaa srbite muda i dostoinstvo pa duri i gordost nemashe da gi EBE (izvinete na izraz) Miloshevic celi 10 god. vodejki gi vo vojni (spored moe broenje 3 ako se poveke popravete me) tuka se blokadi (ekonomski) do propast e sega koga dojdoa do rabot na bezdnata, im tekna, a nemashe da im tekne ako ne bea amerikancite pozadi Dzindzic i drugarite, nemashe nikogash da go smenat miloshevic... Pak ke kazam ne gi ni mrazam ni gi sakam srbite!! da ne pomisli nekoj deka pirshuvam protiv niv
И пак се пред нас! Beat that[^]
vo shto ??? vo atentati???
SLaCk pred nas se Srbite vo pravo e fio niv Kosovo im go zemaa pred 3 godini nas doprva zapadna makedonija.
ozonce c c c c c abe aj vetite si pred vashata sovest deka nema poveke da pishete za politaka, a so toa da mi go troshite vremeto, tuku ke pishuvate kako bilo na taa zabava, kako bilo na koncertot, kako bilo na svadbata...