StormAngel |
Што сакал да каже милионерот во тестаментот?
ФИЛАДЕЛФИЈА, (АП) - Во 20-тите години на минатиот век милионерот и иноватор во медицината Алберт Барнс изградил уметничка галерија во близина на Филаделфија во која ја сместил својата огромна колекција на слики од импресионизмот и постимпресионизмот. Тој исто така ја основал Фондацијата Барнс којашто како што рекол самиот "треба да го промовира образованието и љубовта кон уметноста".
Повеќе од 50 години по смртта на Барнс, кој загинал во сообраќајка, судот на областа Монтгомери мора да одлучи какви биле желбите на големиот колекционер. Д-р Барнс оставил неколку детални упатства за третманот на неговата колекција вклучувајќи го и тоа дека таа не смее во никој случај да биде преселена на друго место. Меѓутоа фондацијата вел дека не може да преживее во малото гратче Лоуер Мерион и побара од судијата Стенли От дозвола колекцијата од слики на Сезан, Реноар и илјадници други дела кои заедно вредат неколку милијарди долари да се пресели во новата галерија во реонот со музеи во Филаделфија.
Четиридневното сослушување на кое требаше да се утврди судбината на колекцијата заврши деновите, а судската одлука се очекува дури следната година. От има задолжение не да утврди што би била желбата на Барнс во еден совршен свет, туку што би била неговата желба ако денеска се врати и види што се случило додека не бил тука, вели Брус Ман, професор по право на Универзитетот во Пенсилванија. Претставници на Барнс велат дека фондацијата се наоѓа во тешка финансика состојба поради рестрикциите во тестаментот на д-р Барнс и поради локалните регулативи на распоредување по зони кои дозволуваат галеријата неделно да ја посетуваат 1.200 посетители.
Pozdrav![:)]
|