Afera
Afera
NARCIS` Prijatelskiot natprevar pomegu,Makedonija i Srbija i Crna Gora ne se znae so kakov rezultat e zavrsen.... Reprezentacijata na Makedonija pod 21 god ne znae so kolku rezultat ima izgubeno od Srboja i Crna Gora...bidejki sramniot poraz na nastata reprezentacija od 0 - 7 nekoj go prepravil zapisnikot....i go napravil na 0 - 5 .Selektorot Mirsat Jonus kaza deka ne bil dovolno kompetendent da dade izjava kako zavrsil rezultatot....[}:)] Preraskazano od A1 tv na denesnite vesti za sport...do koga vaka neznam [:(]
StormAngel СКАНДАЛ ШПАНСКИТЕ ПРОВИНЦИЈАЛЦИ ГО ОТКАЖАА РЕВИЈАЛНИОТ НАТПРЕВАР СО МАКЕДОНИЈА КОЈ ТРЕБАШЕ ДА СЕ ИГРА В САБОТА НЕМА МЕЧ СО КАНТА(БРИЈА)!!! Преголемите трошоци, отказите на Елгера, Мунитис, Де ла Пења... заедно со слабиот интерес, причина за одложувањето на саботниот дуел [img]http://www.sport.com.mk/vesnici/1714/sliki/5130.jpg[/img] Нема меч со Кантабрија [img]http://www.sport.com.mk/vesnici/1714/sliki/5129.jpg[/img] Доста беше, а сега сите дома Невиден срам стигна од Сантандер. Фудбалската федерација на шпанската провинција Кантабрија ја извести ФФМ дека го откажува саботниот ревијален меч. Ваквиот шок за нашиот национален тим стигнува на неколку часа пред полетувањето за Шпанија или три дена од стартот на тренинзите на 'црвено-жолтите'. Според најавите од Сантандер и пишувањето на тамошните медиуми причина за одлагањето на натпреварот се големите трошици кои Канта(брија) не може да ги покрие. Немало голем интерес за натпреварот, а до вчера биле продадени само 125 билети а не и 12.000 кои требало да ги покријат сите трошоци. Згора на тоа за Канта(брија) немало да играат Елгера, Мунитис и останатите ѕвезди со што интересот за средбата бил ставен на минимално ниво. Затоа е одлучено средбата да се откаже. При донесувањето на оваа одлука како една од причините не е тоа што нашиот национален тим е некомплетен. Со тоа одговорноста за одлагањето се трга од грбот на ФФМ и сите удари се префрлаат кон шпанските провинцијалци. Ваков скандал досега се нема случено. 'Веста за одлагањето нй удри како гром од ведро небо. Ова е несфатлив и крајно несериозен потег на луѓето од Кантабрија', беше кусиот став на селекторот Канатларовски, кој не може да поверува околу последните настани и вести кои доаѓаат од Шпанија. Факсот за одлагањето на натпреварот во ФФМ стигнал во 19.25 часот во вторникот. Веднаш е стапено во контакт со менаџерот преку кој е закажан натпреварот и направен договорот. И при овој контакт е потврдено дека виновна е фудбалската федерација на Кантабрија. И. Д. Ивановски ГОВОРОТ НА ПАРИТЕ Вкупен буџет за натпреварот 96.000 евра 1. Трошоци за Македонија - 84.000 евра - 36.000 евра во кеш за настап - 35.000 евра за авио билети - 13.000 евра за сместување и други трошоци 2. Трошоци за организација 10.000 евра 3. Стадионот + судиите = 12.000 евра 4. Продадени само 125 билети 5. Цена на еден билет од 8 до 15 евра 6. Нема пари од ТВ права ДОГОВОРОТ Е НА НАША СТРАНА ФФМ МОРА ДА ДОБИЕ 36.000 ЕВРА На 7 ноември генералниот секретар на ФФМ Лазар Митровски и Алберто Гилар, претседателот на Фудбалската федерација на Кантабрија, го потпишале договорот за одигрувањето на натпреварот. И покрај откажувањето ФФМ ќе си добие пари според однапред договореното. 'Од ваквиот потег на Шпанците сите сме изненадени и навредени. Сите аргументи се на страната на ФФМ, која мора да добие сума од 36.000 евра. Кантабрија ја сноси вината за одлагањето на натпреварот и затоа мора да плати затоа што е потпишан регуларен договор меѓу двете федерации', вели Фуад Дехари, сопственикот на менаџерската агенција 'Емад Спорт', која заедно со шпанската 'Бај Спорт' посредувале при договарањето на ревијалниот натпревар. Според она што го дознавме ако нашиот национален тим го одложил натпреварот во тој случај ние би требало да им платиме на Кантабријците сума од околу 100.000 евра. ОТШТЕТА ЗА РАЗНИШАНИОТ УГЛЕД Веднаш по откажувањето на натпреварот од страна на провинцијата Кантабрија, прес-конференција свика генералниот секретар на ФФМ, кој на присутните новинари им го соопшти и ставот на федерацијата: Не се во прашање парите кои треба да ги добиеме, туку пред сй срамот и угледот на нашата репрезентација. Милан Стојановски е дојден од надвор, Виктор Треневски, Драган Чадиковски исто така. Секако има и други. Беа овде, тренираа, а сега нема да се игра натпреварот. Навистина несериозно од страна на Кантабрија. Како и да е, ФФМ ќе ја анимира ФИФА по повод овој случај. Ние имаме договор со менаџерска агенција која е властена од ФИФА и средствата ќе ги добиеме без оглед на тоа што ни агенцијата не е виновна. Агенцијата 'Бај Спорт' од Билбао веќе уплати на наша сметка аванс од 20 000 евра, ден пред да го добиеме факсот дека натпреварот се откажува. Кантабрија му откажала и на менаџерот Игнацио Бенавенте Гераса, сопственикот на агенцијата 'Бај Спорт'. Ќе бараме да ни бидат исплатени трошоците во висина од 11 000 евра, 40 000 долари, што требаше да ги добиеме како надомест и средства за нанесената штета за угледот на репрезентацијата. Знаеме дека агенцијата не е виновна, но ние имаме договор со неа, а потоа таа нека бара од Кантабрија да н ги надомести средствата. РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИТЕ СЕ ПРЕСЛУШАА МЕЃУСЕБНО И СЕ РАСПУШТИЈА ТРИУМФ ЗА 'ПРВИОТ' ТИМ ЦРВЕНИ - ЖОЛТИ 2:0 (1:0) Стрелци: Масев 22', Толески 50' ЦРВЕНИ: Милошевски, Стојановски, Ставревски, Ќумбев, Мустафи, Масев, Попов, Треневски, Чадиковски, Толевски ЖОЛТИ: Николоски, Божиновски, Васоски, Капинковски, Бајрамовски, Трајанов, Стојанов, Божијанов, Глигоровски, Димитровски. Селекторот Канатларовски по шокантната вест и откажувањето на дуелот со Кантабрија успеа да ги судри репрезентативците во меѓусебен дуел. На теренот во Негорски бањи за да потполнат место беа повикани Аце Стојанов и Пепи Божијанов од Беласица со што се создадоа услови за дуел од двапати по 30 минути. Победи условно кажано првиот состав на Канатларовски каде настапија Милошевски, Треневски, Чадиковски... Резултатот го откри Данчо Масов со удар од 15 метри, а истиот фудбалер му асистирал на Гоце Толески, кој во вториот дел го зголемил водството. 'Одигравме добар натпревар иако сите бевме разочарани по веста која стигна од Шпанија. Овој Сибир е позитивен затоа што во текот на оваа недела имаше што да се види. Ќе беше одлично доколку одигравме и во сабота, но ние ништо не можеме да сториме', беа зборовите на Канатларовски по вчерашниот ревијален меч. Pozdrav![:)]
StormAngel НАШИТЕ НАДЕЖИ УШТЕ ПОУБЕДЛИВО 'ПРИЗЕМЈЕНИ' НА РЕВАНШ-ПРИЈАТЕЛСКИОТ НАТПРЕВАР СО СЦГ ПОТВРДА НА ИНФЕРИОРНОСТА МАКЕДОНИЈА - СЦГ 0:5 (0:1) Стадион на СРЦ'Биљанини извори' во Охрид. Гледачи: 20. Судија: Тоде Тикоски од Струга. Стрелци: Јанковиќ 35', Ивановиќ 52', Грубјешиќ 70, Вукчевиќ 73' и Поповиќ 76'. МАКЕДОНИЈА: Пандев, Митров, Попов, Степановски, Ивановски, Шиков, Тодорчев, Тасевски, Стојков, Масев, Балдовалиев. Игра уште: Маџоски, Марковски, Глигоров, Стјепановиќ, Илијоски, Стојановски, Кировски и Тодоровски. СЦГ: Чановиќ, Ивановиќ, Тошиќ, Поповиќ, Лазаревиќ, Ѓуриќ, Камбер, Милијаш, Баста, Нинковиќ, Јанковиќ. Играа уште: Коциќ, Стевановиќ, Лазаревиќ, Вукчевиќ, Мишолиќ, Давидовиќ и Грубјешиќ. За 180 минути игра во двата натпревара со селекцијата до 21 година на Србија и Црна Гора соодветната екипа на 'црвено-жолтите' прими 9 голови, а постигна само 1! Ако претходно и имаше некој кој оптимистички го вреднуваше квалитетот на нашите фудбалски надежи по двата дебакла за три дена од нашиот северен сосед, веќе нема никој таков. Инфериорноста на нашиот национален тим беше манифестирана повеќе од убедливо. По првата средба кога противникот славеше висока победа од 4:1 бевме склони да помислиме дека можеби во прашање е само лош ден, но по вчерашниот реванш во кој надежите на Македонија се поразени уште поубедливо веќе нема дилеми. Сите се осведочивме на колку ниски гранки ни е фудбалот воопшто, а особено фудбалската перспектива. Исклучително студеното време и снежните врнежи беа голема пречка за фудбалерите на двата тима, но репрезентативците на СЦГ демонстрираа завидна физичка подготвеност и многу подобро ги поднесоа тешките услови за игра. Речиси секој нивен посериозен напад завршуваше со гол во нашата мрежа. Од друга страна, нашите играчи создадоа неколку поволни шанси, но ниту еднаш не успеаја да ја затресат противничката мрежа. Хроничната неефикасност и овој пат беше присутна така што противникот само еднаш беше матиран во двата дуела. Одбраната на македонската репрезентациеја е приказна за себе. Бавно реагира и неколкупати дозволи наивно да биде надиграна од расположените за игра противнички напаѓачи. Селекторот Мирсад Јонуз се обиде со измените во второто полувреме да внесе свежина во екипата, но ефектот беше поразителен. 'Резервистите' одиграа уште послабо така што дебаклот беше неминовен. Резултатот беше откриен релативно доцна бидејќи репрезентацијата на СЦГ поведе 'дури' во 35. минута со голот на Јанковиќ. Во второто полувреме голот на Ивановиќ во 52. минута најави уште една 'горка пилула' за македонската репрезентација. Потоа, противникот имаше блескави шест минути во кои постигна уште три гола. Далеку побрзите и повешти фудбалери на Србија и Црна Гора беа нерешлива загатка за нашата одбрана во која имаше многу 'дупки' и изгледаше како 'швајцарско сирење'. Се добиваше впечаток дека противникот може да даде гол кога ќе посака, а македонските репрезентативци беа немоќни да ги спречат фуриозните напади. Во пресрет на квалификациските натпревари убаво се виде дека не сме напреднале ниту чекор во однос на минатите години кога нашата селекција до 21 година беше 'топовска храна' за противниците и служеше само за поправање на нивната гол разлика. Тука и таму по некој резултат кој се граничеше со подвиг ни овозможи само лажно да се понадеваме дека работите ќе тргнат на подобро. Стручниот штаб на чело со селекторот Јонуз го очекува тешка и напорна работа колку-толку да ја подобри ситуацијата. МИРСАД ЈОНУЗ: Повторно изрешетана нашата мрежа- гостите од СЦГ при постигнување гол ТОА Е НАШАТА РЕАЛНОСТ, ДРУГА НЕМАМЕ Видно депримиран од двата дебакла на неговите избраници во дуелите со репрезентативците на Србија и Црна Гора, непосредно по натпреварот селекторот Јонуз ни изјави: 'За овие пет месеци како што работам во маладата репрезентација видов кој е нашиот вистински потенцијал и што сй ни недостига, а многу нешта ни недостигаат. На натпреварите со СЦГ потфрлија клучните играчи, а ако тие не одиграат како што треба што да се очекува од 'водоношите'. Се уверив дека фудбалерите се сосема неподготвени. Ова генерално се однесува за сите репрезентативци, а особено ме разочараа играчите од Беласица. Наспроти нив фудбалерите од Цементарница 55 ми се жалеа дека се преморени. Единствено Даниел Ивановски ги исполни очекувањата, но тоа е премалку да се пружи посериозен отпор на толку силен и квалитетен противник. Кога ситуацијата е таква, нема што добро да се очекува. Ако продолжиме вака 'црно' ни се пишува. За жал, тоа се фудбалерите на кои може да сметаме и тоа е нашата реалност, друга немаме. Ако се појави некој играч што заслужува да го носи дресот со националниот грб ќе му биде пружена шанса'. [img]http://www.sport.com.mk/vesnici/1708/sliki/5113.jpg[/img] Повторно изрешетана нашата мрежа- гостите од СЦГ при постигнување гол Pozdrav![:)]
NARCIS` ti ne kontas so e rabotata neli ?
a-pin-dim hmm sepak toa e toa nekogas moras i da izgubis so golem rezultat nekogas moras da iznenadesh
StormAngel СКАНДАЛ НЕЗАБЕЛЕЖАН ВО ДОСЕГАШНАТА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ АВТОГОЛ НА ЈОНУЗ Кој и зошто се дрзна да го 'скрои' резултатот од пријателската меѓународна средба Македонија - Србија и Црна Гора 0:7, во 'подносливи' 0:5? Примија 11 голови во два меча Каде се изгубија двата гола?- Мирсад Јонуз Само еден ден откако обелоденија дека потпишале рамковен договор за ангажирање рекламна агенција која ќе им ја враќа довербата кај јавноста и ќе гради нов имиџ на Федерацијата, вчера ФФМ си даде уште еден, којзнае кој по ред, автогол. Портпаролот Зоран Николовски пред многубројните новинари во името на Федерацијата информираше дека вториот натпревар меѓу младите репрезентации на Македонија и Србија и Црна Гора, одигран завчера во Охрид, завршил со 7:0 за гостите, а не 5:0, како што беше првобитно јавено на официјалниот веб-сајт на ФФМ и како што им соопштија на новинарите селекторот на младите Мирсад Јонуз и дел од официјалните лица на Федерацијата. Значи, сме примиле седум, но некој мислел дека ако кажеме пет ќе се замачка работата. Па, ова не е турнир во мал фудбал во некое село зад седум планини, каде записникот го води селскиот бакал седнат на гајба пиво. Ова е сепак меѓународен фудбалски натпревар, за кој медиумите на нашиот северен сосед вчера јавија дека завршил со точниот резултат. Нивниот стручен штаб немал причина да го крие резултатот и го јавил тоа што го видел и што навистина се случило. Нашата редакција, откако најпрофесионално го проследи понеделничкиот натпревар, во средата не пушти известувачи во Охрид поради лошото време, но и со надеж дека може да се потпре на официјалните лица од ФФМ. Слично постапија речиси сите македонски медиуми. За жал, првиот рапорт, токму од селекторот Јонуз, беше дека сме загубиле со пет нула. Дури, во изјавата за нашиот весник селекторот го елаборираше натпреварот, притоа 'заборавајќи' да ги спомне двата гола. Зошто Јонуз сака да си поигра со угледот на ФФМ и со сите медиуми во Македонија, бидејќи настанот не се случил во Тунгузија и со Марсовци, па да се скрие? Останува Куќата на фудбалот да спроведе официјалната истрага, но пече горчливиот вкус од уште еден невиден скандал. Во случајов, најголемата вина се лоцира кај Мирсад Јонуз бидејќи токму тој на новинарите им го кажа резултатот 5:0. Целата работа дополнително ја замрсија луѓето од ФФМ присутни на натпреварот кои истиот резултат му го пренеле на портпаролот, а овој го ставил на сајтот 'наштиманиот'. Кога од повеќе извори го добивме резултатот 5:0, нормално беше дека ќе го објавиме токму него, без да се посомневаме во веродостојноста на официјалните извори. Јавноста ќе го каже својот суд, децата кои настапија уште долго ќе го паметат натпреварот не по високиот резултат туку по неспортското криење на резултатот. Дали целата работа ќе резултира со вистинско расчистување или по обичај ќе биде виновен само Славе Батка, останува да видиме. Ако ова е вистинскиот момент конечно да се почне со средување на Куќата на фудбалот, што се најавува веќе една година од оваа гарнитура на власт, тогаш подобро да не почнуваат на ваков начинот да ги решаваат проблемите во мак-фудбалот. Со вакви смешни (трагични) работи ниедна агенција неможе да го поправи имиџот на Сојузот, тука не се работи за носење костум и кажување приказни како ќе да биде. Со ваквиот однос Сојузот ќе примиме уште многу 'автоголови', или како што милува да каже секретарот 'сам си го кладе'. М.В. СЕЛЕКТОРОТ МИРСАД ЈОНУЗ ЗА СКАНДАЛОТ СО РЕЗУЛТАТОТ ОД РЕВАНШ-НАТПРЕВАРОТ СО СЦГ ЗАРЕМ ДА ГО НЕГИРАМ ОФИЦИЈАЛНИОТ ЗАПИСНИК? Кој е виновен за дезинформацијата околу резултатот од завчерашниот натпревар на македонската репрезентација до 21 година со врсниците од Србија и Црна Гора? По натпреварот селекторот Мирсад Јонуз по телефон ни кажа дека конечниот резултат е 0:5, а на полувремето било 0:3. Со оглед на тоа дека резултатот од полувремето не се совпаѓаше со веќе објавениот на официјалниот сајт на ФФМ каде што стоеше 0:5 (0:1) се обративме до членот на стручната служба Даворин Пантевски, кој бил непосреден сведок на натпреварот и кој нй 'информира' дека резултатот 'навистина' е 0:5 (0:1)!? 'Дефинитивно можам да потврдам дека конечниот резултат е 0:7, но кога го видов записникот по натпреварот на кој стоеше 0:5, што требаше да правам?', ни изјави вчера селекторот Јонуз. 'Да го негирам официјалниот записник? Вината треба да се бара кај оние што го составувале записникот. Јас ниту го составував, ниту сум задолжен за тоа. Немам никакви причини да го ублажувам поразот бидејќи мене ми е сеедно дали било 0:5, 0:7 или 0:15, пораз е пораз. Единствената причина поради која ве информирав дека средбата завршила со 0:5, иако знаев дека поразот е повисок, е да не му 'контрирам' на официјалниот записник'. ВЛАТКО КОСТОВ, ПОМОШНИК НА СЕЛЕКТОРОТ: НА ЗАПИСНИЧКАТА МАСА БЕВ ПРЕД, А НЕ ПО НАТПРЕВАРОТ 'Веднаш по натпреварот ни дадоа 'ланч-пакети' и заминавме од стадионот', вели Костов. 'Единствениот контакт со записничката маса беше да го однесам списокот на нашите фудбалери, а како бил составен на крајот не ми е познато. Имаше официјални лица од ФФМ кои беа задолжени да го направат официјалниот записник и тие треба да објаснат како дошло до ова. По натпреварот имав обврска да разнесам 3-4 наши фудбалери до нивните домови така што воопшто не ми е познато што се случувало и како дошло до погрешниот резултат во записникот. Јас знам дека средбата заврши 7:0 за СЦГ, а на полувремето беше 3:0 за противникот'. ЗОРАН НИКОЛОВСКИ (портпарол на ФФМ) РЕЗУЛТАТОТ Е 0:7 На прес-конференцијата на која селекторот Драган Канталаровски го соопшти составот кој ќе патува во Кантабрија, портпаролот на ФФМ, Зоран Николовски, на присутните новинари им соопшти: 'Официјално резултатот на натпреварот Македонија - СЦГ е 0:7, а не како што беше соопштено 0:5. Тоа што на официјалниот сајт на ФФМ е објавено е според официјалниот записник воден на натпреварот. Истата вечер стапив во контакт со селекторот Мирсад Јонуз, кој ми потврди дека резултатот е 0:5. На некои од колегите новинари кои се интересирале за натпреварот, а со кои разговарав им било соопштено дури и резултат 0:3. Како портпарол на ФФМ би сакал да н се извинам на спорстката јавност, на сите љубители на фудбалот за дезинформацијата околу конечниот резултат на оваа средба. Федерацијата покрена истрага околу сево ова, од актерите на натпреварот се побарани изјави, а ќе се испита и дали е сево ова намерно организирано. Од страна на ФФМ специјално пратен да го води записникот е Славко Јовчев и според него резултатот е 0:5. Секој мора да си одговара според функцијата која ја врши. Информацијата е добиена од лице вработено во ФФМ, Давор Пантевски, кој ми го диктираше записникот. На следната седница на УО ќе биде разгледувана и изјавата на селекторот Мирсад Јонуз, кој нема доставено ни програма за работа на младата репрезентација. Се надевам дека до тогаш и ќе ја има. [img]http://www.sport.com.mk/vesnici/1709/sliki/5117.jpg[/img] Примија 11 голови во два меча [img]http://www.sport.com.mk/vesnici/1709/sliki/5116.jpg[/img] Каде се изгубија двата гола?- Мирсад Јонуз A be adas sto ni napravi[?][V] P.S:Eve vi objasnuvanje na aferata. Pozdrav![:)]
StormAngel САМО ПОРТПАРОЛОТ ИЗЛЕЗЕ ЈУНАК Зоран Николовски, портпаролот на ФФМ, единствен имаше храброст вчера да се појави пред очите на новинарите и да признае дека е направен скандал без преседан. Генералниот секретар на ФФМ, Лазар Митровски, кој не пропушташе досега ниедна можност во 'Бест Вестерн' да биде главен говорник, вчера не беше присутен на пресот, иако се очекуваше токму тој да го пренесе официјалниот став на Куќата на фудбалот. ЛАЗЕ МИТРОВСКИ: ОВА НЕ Е СЕЛСКИ НАТПРЕВАР 'Ова е навистина за срамење и за секоја критика. Во врска со тоа преземени се соодветни чекори од ФФМ. Побарани се изјави од сите актери на натпреварот, се разбира од оние на нашата страна. Секој кој сноси вина ќе трпи соодветни санкции. Не може секој да прави што го сака. Ова не е натпревар меѓу селски екипи туку дуел на репрезентации, меѓународна средба. Организацијата чини пари. Како пример, само за теренот за овие два натпревари дадовме 80 000 денари, другите трошоци да не ги споменувам. Некој мора да сноси одговорност и секако ќе одговара. Има дисциплинска комисија, дисциплински правилник, Управен одбор. Нека решаваат за овој прекршок кој е направен.' ХАРИ ХАЏИ-РИСТЕСКИ: ЌЕ ИМА РИГОРОЗНИ КАЗНИ 'Вчера издадов налог да биде покрената постапка во која ќе биде утврдено како е дојдено до вакво нешто. Во врска со тоа побарани се изјави од селекторот, судиите, службените лица од ФФМ кои беа задолжени за таа средба, а јас лично разговарав и со некои од фудбалерите и стручниот штаб. Не би сакал сега да прејудицирам, но сигурно е дека виновниците ќе бидат соодветно казнети, а казните ќе бидат ригорозни.' СКАНДАЛОТ ГО ЗАТЕМНИ СПОРТСКИОТ СРАМ За жал, незапаметениот скандал сосема во втор план го стави резултатот од двомечот со нашиот северен сосед. Имено, на два натпревара примивме 11, а дадовме само еден гол со селекција која е практично нивен 'втор ешалон', односно фудбалери кои се две години помлади од нашите. Приказните дека децата биле 'на сендвичи' па не можеле да играат не смее да претставува алиби, туку зборува за сериозноста на кризата во која се наоѓа целокупниот македонски фудбал, а особено за податокот како и колку се работи со младите категории во клубовите. СУДИЈАТА ТИКОВСКИ: РЕЗУЛТАТОТ Е 0:7 Главен судија на фамозниот мечот на стадионот Биљанини извори во Охрид беше младиот интернационалец Тоде Тиковски од Струга. Неговата изјава гласи: 'Конечниот резултат е 0:7. Записникот од натпреварот не го потпишав бидејќи за тоа немаше шанса. Откако со моите колеги се облековме и се упативме кон просторијата каде што се составуваше записникот, немаше никого и записникот остана без мој потпис што може да се провери. Впрочем за се официјално ќе ја известам фудбалската федерација на Македонија, вели судијата Тоде Тиковски. Pozdrav![:)]
NARCIS` Koj stigne ne siba..
GoDsHaNd Prevaranti, apashi, drogashi, dileri, kriminalni, bagabonti...
StormAngel I sto uste ne,samo fudbalski rabotnici ne se. Mislam deka se u fudbalot pocna da se zaebe koga dojde SV-RSA,ili mozebi gresam. Pozdrav![:)]