Transferi
Transferi
StormAngel PLAYER team from team to state 12/19/2003 Holger Fach Borussia Mцnchengladbach Borussia Mцnchengladbach concluded Nicolas Savinaud Nantes Nantes concluded David Marcelo Pizarro Udinese Tottenham Hotspur pending negotiation Geoff Horsfield Wigan West Bromwich Albion concluded Pozdrav![:)]
StormAngel СЕРСЕ КОСМИ ГО ЗАСИЛУВА НАПАДОТ ПЕРУЏА ПО МАКАРОНЕ Серсе Косми воопшто не е задоволен од функционирањето на навалната линија на Перуџа сезонава, поради што е решен да ангажира нов голгетер во текот на претстојниот преоден рок. Информациите од Италија говорат дека прв на листата на желби на Косми се наоѓа напаѓачот на Мидлсброу, Масимо Макароне. Италијанскиот интернационалец е прескап за Перуџа, но Косми се надева дека ќе успее да се договори со Стив МекКларен околу позајмување на овој фудбалер до крајот на сезонава. Овој трансфер би можел да се реализира со оглед на лошата форма на Макароне сезонава (овој фудбалер не постигна ниту еден гол во дресот на Мидлсброу). Pozdrav![:)]
StormAngel ХРВАТОТ ГО НАПУШТА АНДЕРЛЕХТ МОРНАР СЕ СЕЛИ ВО ФРАНЦИЈА Француските медиуми вчера информираа дека неколку екипи од оваа земја се заинтересирани да го ангажираат Ивица Морнар. Договорот на хрватскиот репрезентативец со Андерлехт истекува во јули 2004 година, поради што белгискиот клуб ќе настојува уште зимава да го продаде Морнар и да заработи нешто на него. Ленс и Лил се екипите што искажаа заинтересираност за услугите на Морнар, кој претходно беше поврзуван и со трансфер на Островот, во редовите на Болтон. Pozdrav![:)]
StormAngel ЈУВЕ ГИ ПОТВРДИ ОЧЕКУВАЊАТА МОЏИ: ДАВИДС СИ ЗАМИНУВА Генералниот менаџер на Јувентус, Лучијано Моџи, и официјално потврди дека Едгар Давидс повеќе нема да биде член на овој клуб и дека во јануари ќе ја промени средината. Оваа вест и не е некое изненадување ако се знае дека Холанѓанецот сезонава е заборавен од тренерот Марчело Липи, а неговото место во тимот го зазеде Стефано Апиа. 'Сй што можам да кажам во моментов е дека Едгар Давидс нема уште долго да биде член на Јувентус. А дали ќе замине во Рома или Интер, навистина не знам, ќе мора него да го прашате', рече Моџи. Pozdrav![:)]
StormAngel ОЛИМПИК ЌЕ ГО КОМПЛЕТИРА ТРАНСФЕРОТ СО ГОЛМАНОТ НА МАНЧЕСТЕР ПОТПИШУВАМЕ СО БАРТЕЗ, НЕ И СО ДЕСАИ Челниците на Олимпик Марсеј потврдија дека дека во најскоро можно време ќе потпишат договор со Фабиан Бартез. 'Ние сакавме да потпишеме договор со Бартез уште пред неколку недели, но ФИФА не ни го дозволи тоа. Затоа, веднаш по почнувањето на преодниот рок ние ќе го официјализираме трансферот на овој голман на Велодром', изјави претседателот на Олимпик, Кристоф Буше. Барез истакна дека со нетрпение очекува повторно да го облече дресот на тимот од Велодром. 'Олимпик е специјален клуб за мене и ќе ми биде огромно задоволство повторно да настапувам за оваа екипа. Се надевам дека веќе на 1 јануари ќе го потпишам мојот договор со Олимпик', истакна Бартез. Во меѓувреме, челниците на Олимпик ги негираа гласините дека во текот на зимскиот преоден рок ќе го ангажираат и дефанзивецот на Челзи, Марсел Десаи. 'Десаи сигурно нема да дојде на Велодром. Ние не сме заинтересирани за овој фудбалер и воопшто немаме испратено понуда до Челзи за неговите услуги', прокоментира Буше. Pozdrav![:)]
StormAngel БЕЛГИЕЦОТ СИ НАЈДЕ КЛУБ ЛЕОНАРД ПОТПИША ЗА НИЦА Филип Леонард по шестмесечна потрага, конечно, успеа да си најде нов клуб. Имено, белгискиот интернационалец во текот на вчерашниот ден потпиша договор со францускиот прволигаш Ница. Леонард беше без клуб од минатото лето, кога челниците на Монако одбија да го продолжат договорот со овој фудбалер. 'Ова беше навистина прекрасен Божиќ за мене. Шест месеци тренирав и трпеливо чекав понуда од некој квалитетен клуб, за точно на Божиќ да ми се јави тренерот на Ница, Жернот Рур, и да ми каже дека сй е договорено. Убеден сум дека ќе ја оправдам неговата доверба', изјави Леонард. Pozdrav![:)]
StormAngel МРТВА ТРКА МЕЃУ ЧЕЛЗИ И ИНТЕР ПАРМА ЌЕ ГО СОЧУВА АДРИАНО ДО ЛЕТО Претседателот на Парма, Патрик Небиоло, потврди дека минатата недела добиле понуда од Челзи за Адриано, екипата во која со успех сезонава настапува неговиот поранешен соиграч од нападот Муту. Адриано најверојатно ќе биде првата жртва во обидот на Парма да се спаси од ликвидацијата која им се заканува. 'Има многу клубови кои се интересираат за Адриано, но најупорен дефинитивно е Челзи. И во саботата телефонски добив понуда чија висина не сакам да ја откривам. Во исто време се одвиваат и преговори со Интер за евентуален трансфер. Но сум кажал многупати досега, а ќе повторам и сега, Адриано останува наш фудбалер до крајот на сезоната. Дури на лето ќе ги разгледуваме понудите', изјави Небиоло. Во меѓувреме ново име кај 'млекарите' би требал да биде одбранбениот фудбалер на Црвена Ѕвезда Немања Видиќ. Според најавите неговиот договор ќе го откупи Интер, но веднаш ќе го прати на позајмица на Ениот Тардини. Не се знае дали ова е дел од договорот меѓу двата клуба Адриано да се врати назад на Џузепе Меаца. Pozdrav![:)]
StormAngel ПОТРАГАТА НА ЧЕЛЗИ ПО ЗАСИЛУВАЊЕ ВО ОДБРАНАТА ПРЕД СВОЈОТ ФИНИШ ГО БАРАА ПУЈОЛ, ДОЈДОА ДО ТРАБЕЛСИ Иако во досегашниот тек од сезоната Глен Џонсон одигра одлично по десната страна во одбраната, сепак, Клаудио Раниери во зимскиот преоден рок е упорен да доведе засилување на оваа позиција. Она што Италијанецот го бара е искуство кое му недостига на 19-годишниот Џонсон, а во таа категорија спаѓаат двете негови желби Карлос Пујол и Хатем Трабелси. На оваа листа до пред извесно време беше и Кристијан Чиву, но од Рома добија порака дека нема да го продадат Романецот без разлика на парите кои ќе им се понудат. Пред извесно време Роман Абрамович од управата на каталонците се распрашувал околу сумата за која би можел Пујол да стане дел од неговиот Челзи, на што од потпретседателот на каталонците Сандро Росел добил одоговор дека тоа задовоство ќе го чини 25 милиони фунти. По сй изгледа дека оваа сума беше превисока дури и за еден Абрамович па тој своето внимание го сврте кон искусниот бек на Ајак Хатем Трабелси. Според анлиските медиуми, 'сините' веќе се договориле околу трансферот на интернационалецот од Тунис и во наредниве денови тој и официјално треба да биде промовирам како член на Челзи. Доаѓањето на Трабелси на Стемфорд Бриџ сигурно го прави прекуброен Марио Мелчиот и тој ќе мора да си побара нов клуб. РЕН ЈА ОДБИ ПОНУДАТА ЧЕХ НЕ СЕ СЕЛИ НА СТЕМФОРД БРИЏ Управата на француски Рен откри дека ја одбиле понудата на Челзи за нивниот голман Петр Чех. Младиот чешки чувар на мрежата требаше да биде конкуренција за Карло Кудичини. Неговата сегашна резерва Нил Саливен на неколкуте средби на кои доби шанса не остави впечачаток дека заслужува место во тим од калибарот на Челзи. Pozdrav![:)]
StormAngel ПОЗАЈМИЦА ПРЕМИНА ВО ДОГОВОР БЛЕКБУРН ГО ОТКУПИ ДОГОВОРОТ НА ЕНКЕЛМАН Премиеригашот Блекбурн го откупи договорот на голманот Питер Енкелман од Астон Вила. Висината на трансферот двата клуба не ја објавија. Репрезентативецот на Финска од ноември е на позајмица во Блекбурн, но нема одиртано ниту една средба бидејќи првиот избор на голот е Американецот Бред Фридел. И покрај тоа управата за Блекбурн реши да упати нова повисока понуда која Астон Вила овој пат ја прифати. 'Се договоривме со Астон Вила околу трансферот на Енкелман. Иако се работи за фудбалер кој извесно време е наш член, ќе мора да ги мине лекарските прегледи по што ќе биде потпишан договорот', изјави менаџерот на Блекбурн Греем Сунмес Pozdrav![:)]
StormAngel КОНЕЧНО, ПРОНАЈДЕН ДОГОВОР СТАНКОВИЌ ВО ИНТЕР ЗА 6 МИЛИОНИ ЕВРА Повеќемесечните преговори меѓу првите луѓе на Интер и Лацио за трансферот на Дејан Станковиќ во таборот на 'неро-азурите', конечно, дадоа плод. Имено, италијанските медиуми вчера ја пренесоа информацијата дека двата клуба се договориле Станковиќ да се пресели на Џузепе Меаца, а за овој трансфер Интер ќе му плати на Лацио шест милиони евра. Иако постоеја најави дека Станковиќ како позајмен играч ќе остане на Олимпико до крајот на сезонава, тоа најверојатно нема да се случи, па овој фудбалер веќе во текот на неделава би требало да се пресели во тимот на Алберто Закерони. Можно е како дел од овој трансфер нов член на 'лацијалите' да стане Сабри Ламуши, но засега оваа можност се смета само како обична новинарска шпекулација. 'Можам да потврдам дека Дејан Станковиќ ќе замине во Интер. Едноставно, се наоѓаме во сериозна финансиска криза и не можеме да им понудиме на нашите фудбалери онолку пари колку што посакуваат и затоа ќе мораме да ги продаваме. Токму од овие причини летоска ќе се простиме и од услугите на Јап Стам', изјави претседателот на Лацио, Уго Лонго. Италијанските медиуми шпекулираат дека Интер е многу близу до купување на Стам во трансфер со кој на Лацио би му биле платени пет милиони евра, плус на Олимпико би бил испратен младиот Пасквале. Pozdrav![:)]
StormAngel НОВО ИМЕ ВО ТИМОТ НА АЛ ФАЈЕД ФУЛАМ ПОТПИША СО БОКАНЕГРА Екипата на Фулам ја засили својата одбрана успевајќи да потпише договор со Карлос Боканегра. Американскиот репрезентативен дефанзивец доаѓа во Фулам како слободен играч, а со оваа екипа потпиша тригодишен договор. 'Го имам гледано Карлос како игра и воодушевен сум од неговиот потенцијал. Не се сомневам дека тој набргу ќе се аклиматизира во новата средина, по што ќе почне да ги прикажува игрите што се очекуваат од него', изјави менаџерот на Фулам, Крис Колмен, за своето најново засилување. Pozdrav![:)]
StormAngel СУНЕС ГО ЗАСИЛИ НАПАДОТ МЕКБРАЈД ВО БЛЕКБУРН Репрезентативецот на САД Брајан МекБрајд е нов член на премиерлигашот Блекбурн. Напаѓачот на Колумбус потпишал на три години во кои ќе добива годишно по 1.4 милиони долари, а отштета која неговата екипа ќе ја добие изнесува 1 милиони долари. И покрај големата конуренција во Блекбурн каде во навалниот ред се наоѓаат Енди Кол, Двајт Јорк,Пол Галагер и Мат Јансен, Мек Брајд може да се надева на место во тимот поради својата височина. Извршниот директор на Блекбурн, Џон Вилијамс, потврди дека го финализирале трансферот на Мек Брајд додавајќи дека се пред договор и со Анкона која достави понуда за Дино Баџо. Pozdrav![:)]
StormAngel 'НЕРОАЗУРИТЕ' ПРЕД БОМБАСТИЧЕН ТРАНСФЕР РОНАЛДО СЕ ВРАЌА ВО ИНТЕР !? Челниците на калчолигашот Интер планираат на Џузепе Меаца да го вратат Роналдо. Техничкиот директор на 'нероазурите', Марко Бранка, во интервју за 'Гардиен' откри дека трансфер Роналдо е мошне реален и покрај проблемите кои ги имаа при неговата преселба во Реал Мадрид. 'Крајно сме заинтересирани за враќањето на Роналдо. Тој е еден од најдобрите фудбалери кои во последно време го носеле дресот на Интер и би било убаво доколку повторно го видиме во нашиот тим', изјави Бранка. Се верува дека Интер ќе тргне по Роналдо дури откако претходно ќе го договори трансферот на Кристијан Виери во Челзи. Но и покрај фактот што еден од челниците на Интер Габриеле Ориали во моментов се наоѓа во Лондон, Бранка демантираше дека размислуваат за продажба на Бобо Виери. Од друга страна, пак, Роналдо не е во најдобри односи со управата на 'кралевите', кои го казнија парично за недозволениот излет во Лондон. Исто така тој во последно време постојано во интервјуата споменува дека прекрасно си поминувал во Милано и дека би сакал да се врати назад во Интер. Интересно ќе биде да се види како на сево ова ќе реагира претседателот Масимо Морати, кој беше крајно лут кога Роналдо пребегна во Реал. Pozdrav![:)]
a-pin-dim КОНЕЧНО, ПРОНАЈДЕН ДОГОВОР АДРИАНО ДОАЃА ВО ИНТЕР Челниците на Интер и на Парма, конечно, се договорија околу трансферот на Адриано на Џузепе Меаца. Италијанските медиуми вчера објавија дека 'неро-азурите', конечно, успеале да пронајдат заеднички јазик со првите луѓе на Парма и Адриано најдоцна до петок ќе се пресели во Милано. Ова значи дека бразилскиот голгетер ќе може повторно да го облече дресот на Интер веќе на неделниот натпревар во Модена. Се шпекулира дека вкупната висина на овој трансфер изнесува 27 милиони евра, а покрај парите Парма го добила и младиот Романец Јанис Зику. Станува збор за извонредно талентиран 20-годишен напаѓач кој досега беше отстапен на Динамо Букурешт, но до крајот на сезонава ќе настапува како позајмен играч за 'млекарите'.
a-pin-dim БЕЛГИЈЦИТЕ ГО СОБРАА СЛОБОДНИОТ НАПАЃАЧ БАЛАБАН ПОТПИША ЗА БРИЖ Хрватскиот репрезентативец Бошко Балабан потпиша две и пол годишен договор со белгискиот првак Бриж. 25-годишниот напаѓач во Бриж заминува како слободен агент откако неговиот договор со Астон Вила бешераскинат во декември. 'Бошко беше слободен на пазарот и тоа беше прилика која не смеевме да ја пропуштиме. Во нормални околности тој би бил прескап за нас, но сега можеме да го ангажираме. Откако ќе се врати во натпреварувачка форма сигурно ќе биде големо засилување во нападот', изјави спортскиот директор на Бриж, Марк Дегрис.
a-pin-dim И ПОКРАЈ ПОНУДАТА ОД СОСЕИДАД КАРПИН ЗАМИНУВА ВО ПЕНЗИЈА Плејмејкерот на Реал Сосиедад Валери Карпин ќе се повлече од фудбалот на крајот од сезоната. Ветеранот, кој месецов полни 34 години, неодамна ја одби понудата на клубот да го продолжи договорот на уште една година. 'Во моментов размислувам за повлекување на крајот од сезоната. Не би сакал да минам уште една сезона во клубот само за да заработам пари, а да не сум во можност во целост да придонесам во играта на клубот. Не сакам да мамам, посебно не Реал Сосеидад', изјави Карпин. Неговата игра минатата сезона беше клучна за успехот кој го постигна малиот баскиски клуб кој во финишот на сезоната ја пропушти шансата да стане шампион на Шпанија.
a-pin-dim ЛИДС ЌЕ ЈА ПРИФАТИ НОВАТА ПОНУДА НА ЊУКАСЛ СМИТ НА СЕНТ ЏЕЈМС ПАРК Алан Смит, по сй изгледа, ќе биде решението за голгетерската криза во Њукасл. Боби Робсон веќе подолго време се обидуваше да доведе елитен голгетер на Сент Џејмс Парк, но оваа потрага набрзо ќе заврши. Имено, челниците на Лидс поради огромните финансиски проблеми, по сй изгледа, ќе мора да ја прифатат понудата од три милиони фунти што менаџерот на Њукасл им ја испрати за Смит. Лидс претходно ја одби понудата од два милиони фунти од Њукасл за овој фудбалер, но со оглед на фактот дека оваа екипа има уште една недела за да си ги намали долговите кон доверителите, јасно е дека деновите на Смит на Иланд Роуд се избројани. По овој фудбалер, се очекува од Лидс Јунајтед да си замине и Австралиецот Марк Видука, за чии услуги најзаинтересиран е тимот на Фенербахче.
StormAngel Ova dobro ke mu dojde na Newcastle.Smith e klasa od igrac. Pozdrav![:)]
a-pin-dim СЕРСЕ КОСМИ ГО ЗАСИЛИ СРЕДНИОТ РЕД ДИ ФРАНЧЕСКО ОД АНКОНА ВО ПЕРУЏА Екипата на Перуџа успеа да го ангажира во своите редови екс-фудбалерот на Рома, Еузебио ди Франческо, кој во изминативе шест месеци го носеше дресот на Анкона. 'Ди Франческо е офанзивен фудбалер со чија помош очекувам да ја подобриме ефикасноста. Неговото искуство ќе ни биде неопходно ако сакаме да се избориме за опстанок во италијанската елита', изјави тренерот на Перуџа, Серсе Косми. Анкона реши да го продаде овој фудбалер на Перуџа само неколку часа откако успеа да дојде до услугите на Дино Баџо, кој пристигнува како позајмен играч од редовите на Блекбурн.
a-pin-dim ШПАНСКИТЕ МЕДИУМИ ПОТВРДИЈА ДЕЛИБАШИЌ ПЕТ ГОДИНИ ВО МАЈОРКА Шпанскиот весник 'Марка' вчера потврди дека екипата на Мајорка го комплетираше трансферот на голгетерот на Партизан, Андрија Делибашиќ. Откако прво ја одби понудата на Мајорка, младинскиот репрезентативец на Србија и Црна Гора на крајот, сепак, се согласи на преселба во Шпанија потпишувајќи петгодишен договор со Мајорка. Висината на трансферот на овој фудбалер на Канарските Острови изнесува три милиони евра. Покрај Делибашиќ, се очекува во овој преоден рок тимот на Партизан да го напушти и Нигериецот Тарибо Вест. 'Вест моментно е во Англија каде што преговара со неколку клубови. Ние нема да му правиме проблем да си замине од Партизан, доколку добиеме соодветна отштета', истакна директорот на 'црно-белите', Ненад Бјековиќ. ДОАЃА БАТА МИРКОВИЌ? Челниците на Партизан веќе најавија дека очекуваат репрезентативец Зоран Бата Мирковиќ да биде најзвучно засилување на 'црно-белите' во овој преоден рок. Екс-капитенот на 'Црно-белите' во моментов настапува за Фенербахче, но управата на турскиот гигант е подготвена да му дозволи враќање во Белград. 'Го чекаме одговорот на Бата Мирковиќ за неговото враќање во Партизан. Пред да тргнеме на подготовки во Дубаи би требало се да биде јасно. Ако го купиме овој фудбалер, тогаш по него нема да ангажираме ниту едно ново лице до крајот на сезонава', прокоментира Ненад Бјековиќ.
a-pin-dim ПРЕГОВОРИ МЕЃУ МИЛАН И РЕАЛ МАДРИД 'ТРАМПА' АМБРОЗИНИ - СОЛАРИ? Италијанските медиуми открија дека неодамна дошло до средба меѓу претставници на Реал Мадрид и на Милан. Според овие информации, тема на разговорите била можноста да дојде до 'трампа' меѓу овие два тима со која Сантијаго Солари би се преселил на Сан Сиро, а Масимо Амброзини би станал нов член на 'кралското семејство'. Солари и така е вечна резерва во Реал и сигурно многу повеќе би сакал да биде стандарден првотимец на Сан Сиро отколку да продолжи да ја грее клупата на Сантијаго Бернабе. Карло Анчелоти во аргентинскиот ас гледа одлична замена за ветеранот Сержињо, кој има 32 години и наскоро ќе се врати во својата татковина за таму да ја заврши кариерата. На спротивната страна, Карлос Квеироз ја продолжува потрагата по 'работник' на средината од теренот и верува дека Амброзини може да му заврши голема работа на оваа позиција. Веројатноста за реализација на овој трансфер е дотолку поголема ако се знае дека Камбиасо летово ќе си замине од Реал, па 'кралевите' токму затоа упорно настојуваат да го доведат Амброзини во своите редови.
a-pin-dim ЗАВРШИ ТРКАТА ПО ГРЧКИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ АМАНАТИДИС ГО ИЗБРА АЈНТРАХТ Ајнтрахт Франкфурт си ги зголеми шансите да обезбеди опстанок во Бундес-лигата откако победи во трката по потписот на напаѓачот Јоанис Аманатидис. 'Фенерџијата' успеа да го ангажира довчерашниот фудбалер на Штутгарт иако како конкуренција ги има речиси половина од клубовите во Германија. Ова е добар потег и за Аманатидис, кој сега може да биде сигурен дека ќе има загарантирано место во првиот тим, што би му помогнало да биде дел од грката репрезентација на Евро 2004. Според информациите тој потпишал 18-месечен договор, но со клаузула дека може да го раскине доколку Ајнтрахт се пресели ранг подолу. 'Среќен сум што Аманатидис нй избра нас и покрај понудите од други клубови. Тренерот Рајман го доби фудбалерот кој го посакуваше и кој сум сигурен дека ќе ни помогне да обезбедиме опстанок', изјави претседателот на Ајнтрахт, Херберт Брукхаген.
a-pin-dim ПОНУДА ОД ЈУВЕ ЗА 'ЛАЦИЈАЛИТЕ' МИКОЛИ И ПАРИ ЗА СТАМ Јап Стам неодамна изјави дека по заминувањето од Лацио би сакал да се пресели во Интер, но челниците на Јуве не се предаваат така лесно во трката по овој фудбалер. Италијанските медиуми најавија дека Лучијано Моџи веќе подготвува нова понуда за холандскиот дефанзивец, според која Јуве би му платил на Лацио осум милиони евра и би го испратил на Олимпико Фабрицио Миколи. Ако се знае дека Роберто Манчини очајно трага по нов напаѓач, за очекување е 'лацијалите' да ја прифатат на 'Старата дама'. Сепак, овој трансфер би се реализирал дури по јули, ако се знае дека челниците на Лацио веќе објавија дека немаат намера да го продадат холандскиот интернационалец додека трае оваа сезона.
a-pin-dim ПЛЕЈМЕЈКЕРОТ НА 'МИЛИОНЕРИТЕ' НА ЦЕНА РОСИЦКИ: И БАРСА МЕ БАРА Плејмејкерот на Борусија Дортмунд, Томаш Росицки откри дека и Барселона се приклучила во трката по неговиот потпис. Германските медиуми претходно информираа дека Челзи им понудил на 'милионерите' 30 милиони евра, но со приклучувањето на каталонците сигурно дека неговата цена ќе порасне. 'Барселона е заинтересирана за мене. Трансферот во нивните редови би бил остварување на мојот животен сон . Најдобрите фудбалери на светот играат во Шпанија и сигурно дека би сакал да играм покрај нив', изјави Росицки. Тој призна дека повеќе би сакал да заврши на Ноу Камп бидејќи во Челзи поради огромната конкуренција би морал да седи на клупата. 'Знам и дека Челзи се интересира. Но пред финансиите треба да се стави квалитетот на екипата и шансите да бидеш дел од првиот тим. Ако се случи да ја напуштам Борусија по играњето во Лигата на шампионите не би сакал да му се случи во новиот клуб да седам на клупа. За мене Барса покрај Реал Мадрид е најдобриот клуб на светот иако во моментов не игра како што се очекува. Но сигурен сум дека кризата ќе им мине и ќе ги покажат вистинските квалитети', додава чехот. Се верува дека 'милионерите' поради финансиските проблеми нема да му прават проблеми на Росицки за соодветна отштета да ја промени средината.
a-pin-dim УПРАВАТА НА РЕАЛ ДОЗНА КОЈ ИМ ТРЕБА РОБЕРТО КАРЛОС: КУПЕТЕ ГО АЈАЛА Роберто Карлос н порача на управата на Реал Мадрид во зимскиот преоден рок да инвестира во фудбалери од одбраната, а за да ги поштеди од потрага тој им го препорача Фабијан Ајала како алката која недостасува пред голот на Икер Касиљас. Искусниот Аргентинец беше веќе виден во дресот на 'кралевите' пред стартот на сезоната, но на крајот остана во Валенсија потпишувајќи нов договор. 'Имаше неколку обиди да се ангажираат Карлос Гамара и Габриел Милито, но мислам дека Фабијан Ајала е вистинскиот човек за Реал. На Реал му е потребен одбранбен фудбалер од светска класа, а Ајала е дел од таа група. Убеден сум дека лесно ќе се адаптира во нашиот тим', изјави Карлос. Тој се осврна и на својата слаба форма и им вети на навивачите дека понатаму ќе го гледаат во старото издание:'Поради повредата која ме мачи подолго време мојата форма се движи по надолна линија. Не сум оној стариот, но затоа им ветувам на навивачите дека повторно ќе го гледаат оној Роберто Карлос кој добро го познаваат'.
a-pin-dim ФА КУП - 4. КОЛО ШЕЈРУ КОБЕН ЗА ЊУКАСЛ Во најинтересниот натпревар од 4. коло во англискиот ФА Куп тимот на Ливерпул успеа да слави над Њукасл со 2:1. Бруно Шејру повторно беше херој на 'Црвените', овој пат двапати успевајќи да го совлада Шеј Гивен за пласман на Ливерпул во петтата рунда на најстарото европско фудбалско натпреварување. Резултатот на Енфилд Роуд беше отворен уште во 2. минута, кога Шејру налета на одбиената топка по ударот на Хески и го доведе Ливерпул во водство. Само две минути траеше радоста на домаќините бидејќи Лорен Робер со еврогол од слободен удар го совлада повратникот на голот на 'црвените', Јиржи Дудек. Клучен момент на средбата беше 61. минута, кога по центаршутот на Жерард, Шејру со прецизен удар со глава му ја донесе победата на најтрофејниот англиски клуб.
a-pin-dim МИЛАН БАРА НОВ ГОЛГЕТЕР 15 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КОРАДИ Хроничната повреда на Филипо Инзаги придонесе Карло Анчелоти да почне потрага по уште еден напаѓач. Италијанските медиуми информираа дека прв на листата на желби на 'росоњерите' е Бернардо Коради од Лацио. Јувентус веќе подолго време е заинтересиран за услугите на овој фудбалер, но се шпекулира дека 'Старата дама' нема да може да ја израмни понудата од 15 милиони евра што 'росоњерите' веќе ја имаат подготвено. Доколку не успеат да дојдат до Коради, тогаш челниците на Милан своето внимание ќе го насочат кон Бацани од Сампдорија.
a-pin-dim СПОРЕД РУДИ ФЕЛЕР КЛОСЕ Е ИДЕАЛЕН ЗА ВЕРДЕР Германскиот селектор Руди Фелер им порача на челниците на Вердер да дадат сй од себе за да го ангажираат Мирослав Клосе. Овој фудбалер летово ќе замине од редовите на Кајзерслаутерн, а во Вердер би можел да биде одлична замена за Аилтон, кој веќе го договори својот трансфер во редовите на Шалке. 'Според мене Мирослав Клосе е најдобриот германски напаѓач во Бундес-лигата. Јасно е дека за да напредува кариерата тој би требало да замине во поголем клуб, но мислам дека тој најдобро би се снашол во тимот на Вердер. Оваа екипа создава барем по пет-шест шанси за своите напаѓачи на секој натпревар, така што Клосе многу полесно ќе ги искаже своите несомнени квалитети. Со оглед на фактот дека тој игра подеднакво добро и со нога и со глава, сметам дека Клосе би бил дури и подобра варијанта за нападот на Вердер отколку што е тоа Аилтон во моментов. Да сум јас претседател на Вердер, би сторил сй што е во моја моќ за да го доведам Клосе во оваа екипа', изјави Фелер.
a-pin-dim НОВ ДЕФАНЗИВЕЦ КАЈ 'РОСОЊЕРИТЕ' ЗЕБИНА НА САН СИРО? Челниците на Милан сериозно размислуваат за можноста по завршувањето на сезонава да го доведат на Сан Сиро Џонатан Зебина од екипата на Рома. Францускиот интернационалец уште не успеа да се договори со Франко Сенси за продолжување на договорот со 'римската волчица', така што летово ќе може без никаква отштета да си замине од Олимпико. Токму затоа Адриано Галијани планира наскоро да се сретне со агентот на Зебина и да се обиде да го убеди овој фудбалер кариерата да ја продолжи во таборот на актуелниот европски шампион.
a-pin-dim АБРАМОВИЧ СО ПОНУДА ЗА ФРАНЦУСКИОТ БЕК 5 МИЛИОНИ ФУНТИ ЗА САЊОЛ Роман Абрамович е подготвен да му плати на Баерн Минхен пет милиони фунти за да го види во дресот на Челзи францускиот интернационалец Вили Сањол. Англиските медиуми информираат дека Клаудио Раниери побарал да му биде донесен квалитетен десен бек кој би му помогнал на 19-годишниот Глен Џонсон побрзо да созрее како играч и дека Сањол според негово мислење е идеален човек за таа работа. Сепак, тешко е за верување дека овој трансфер ќе се реализира до крајот на месецов, многу поверојатно е дека Сањол би се преселил на Стемфорд Бриџ по завршувањето на сезонава, кога му истекува договорот со Челзи на Марио Мелчот (уште еден фудбалер кој настапува на позицијата десен бек).
a-pin-dim БРАЗИЛЕЦОТ СЕ ДОГОВОРИ РОКЕ ЖУНИОР ПОЗАЈМЕН ВО СИЕНА Бразилскиот репрезентативец Роке Жуниор по престојот во Лидс се враќа назад во Серија 'А', и тоа во дресот на Сиена. Дефанзивецот потпиша позајмица до крајот на сезоната. Тој и во Лидс настапуваше како позајмен фудбалер од Милан, но поради финансиските проблеми на тимот од Иланд Роуд со заедничка спогодба договорот беше поништен. Ново име во таборот на Сиена е уште еден Бразилец Жуниор од Парма. И тој под идентични услови стана нивен член. Поради проблемите на 'млекарите' си замина потпишувајќи позајмица до крајот на сезоната. Дебито на двајцата Бразилци во дресот на Сиена ќе се случи вечерва на заостанатата средба со Милан.
a-pin-dim ПОТВРДА ОД ХОЗЕ АНТОНИО РЕЈЕС ПОТПИШАВ ЗА АРСЕНАЛ Шпанскиот репрезентативец Хозе Антонио Рејес вчера ја изненади европската фудбалска јавност со изјавата дека неговиот трансфер во редовите на Арсенал е веќе завршена работа. 'Во моментов сум најсреќен и најтажен човен на светот. Многу ми е жал што си заминувам од Севиља, но затоа, пак, преминувам во најдобриот англиски клуб во моментов. Со Арсенал сй е договорено и наскоро ќе се преселам на Хајбери', изјави Рејес за шпанскиот весник 'Марка'. Челниците на Севиља потврдија дека ја прифатиле понудата на Арсенал од 24 милиони евра за својот најдобар фудбалер, додека 'топчиите' не сакаа да ги коментираат овие информации. Англиските медиуми најавија дека трансферот на Рејес на Хајбери ќе биде официјализиран најдоцна до утре, а овој фудбалер во Арсенал би требало да има годишна плата од околу три милиони евра
a-pin-dim БАЕРН ЗАИНТЕРЕСИРАН ЗА ПЛЕЈМЕЈКЕРОТ НА АЈАКС БАВАРЦИТЕ ПО СНАЈДЕР Отмар Хицфелд веќе најави дека ќе ангажира нови фудбалери во тимот за следната сезона, а се чини дека прв на листата на желби на тренерот на Баерн Минхен се наоѓа Весли Снајдер. Младиот плејмејкер на Ајакс имаше импресивно деби за холандската репрезентација на бараж-средбата со Шкотска што 'лалињата' ја добија со 6:0, со што го привлече врз себе вниманието на неколку европски гиганти. Се шпекулира дека Хицфелд би платил и преку 10 милиони евра за да го види Снајдер во дресот на Баерн, но за реализацијата на овој трансфер ќе треба да се почека до крајот на сезонава.
a-pin-dim ЛИПИ НЕЗАДОВОЛЕН ОД ОДБРАНАТА ЈУВЕ ПРИТИСКА ЗА ОДО По трите примени гола на натпреварот со Емполи, Марчело Липи повторно почна со критики за своите дефанзивци. На удар се најде Марк Јулијано, а работата отиде дотаму што сега Липи инсистира на купување нов дефанзивец до крајот на месецов. Информациите од Италија говорат дека Липи решил да тргне по Масимо Одо од Лацио. Со оглед на фактот дека Одо игра на позицијата десен бек, тоа би значело дека Лилиан Турам би се префрлил кон централната одбранбена позиција како партнер на Паоло Монтеро. Преговорите меѓу претставниците на двата клуба се веќе почнати, а за очекување е покрај пари, Јуве да му го понуди на Лацио и младиот Аргентинецот Гонзало Родригез, кој деновиве ќе пристигне на Деле Алпи од редовите на Сан Лоренцо.
a-pin-dim И РОМА ВЛЕГУВА ВО ТРКАТА ПО НАПАЃАЧОТ НА САМП 'ТРАМПА' БАЦАНИ - МОНТЕЛА ? Напаѓачот на Сампдорија Фабио Бацани во моментов е најбараното име во Серија 'А'. Неговите два гола против Реџина минатиот викенд беа само продолжение на одличната сезона која ја игра. Сосема очекувано добрите игри побудија интерес кај гигантите кои не жалат пари до го видат во своите редови. Според некои информации, екипата на Милан се смета за фаворит за неговиот потпис, особено што самиот Бацани признава дека е фан на 'росоњерите'. Тука е и шампионот Јуве, кој посакува да го види на местото на Трезеге доколку Французинот си замине од Деле Алпи. Неодамна во трката се приклучи и лидерот Рома. Претседателот на 'Римската волчица', Франко Сенси, ќе се обиде преку 'трампа' да го доведе Бацани на Олимпико при што на Сампдорија би н го понудил Винченцо Монтела.
StormAngel СЕ ВЖЕШТУВА ТРКАТА ПО БРАЗИЛЕЦОТ ИНТЕР ПРЕД МИЛАН ЗА ЕМЕРСОН Откако Емерсон најави дека по завршувањето на сезонава, најверојатно, ќе си замине од Рома, сй погласни се шпекулациите дека овој фудбалер кариерата ќе ја продолжи во еден од миланските калчолигаши. И Интер и Милан потврдија дека се заинтересирани за услугите на бразилскиот репрезентативец, но според италијанските медиуми, поголеми шанси да дојдат до Емерсон имаат 'неро-азурите'. Челниците на Милан веќе се сретнале со агентите на Емерсон при што понудиле пет милиони евра по сезона за четиригодишен договор на Бразилецот. Сепак, ова ги налутило првите луѓе на Рома, кои очекуваат прво да се преговара со нив, па сега не сакаат да го продадат Емерсон на актуелниот европски првак. 'Неро-азурите' планираат да го искористат тоа и да испратат понуда до 'римската волчица' за Емерсон. Франко Сенси бара 30 милиони евра за својот најдобар играч за врска, но од таборот на Интер се надеваат дека ќе ја намалат оваа сума со тоа што на Олимпико ќе го испратат Кристијано Занети. Со оглед на фактот дека Занети пред неколку сезони со голем успех настапуваше за римскиот клуб и сй уште е цел на Фабио Капело, јасно трансферот на Емерсон на Џузепе Меаца е многу близу до реализација.
StormAngel ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ ЗА ДЕФАНЗИВЕЦОТ НА ИНТЕР ЧЕЛЗИ И ЈУНАЈТЕД ПО КАНАВАРО Манчестер Јунајтед и Челзи планираат да се вклучат во трката по Фабио Канаваро. Оваа информација вчера ја пренесоа неколку англиски медиуми, според кои Сер Алекс Фергусон и Клаудио Раниери најавиле дека ќе се обидат да го доведат Канаваро во своите редови. Алберто Закерони најави дека незадоволен од настапите на италијанскиот репрезентативец најверојатно ќе се реши да го продаде Канаваро, а претходно заинтересираност за услугите на овој фудбалер искажаа и челниците на Рома.
StormAngel ОКСЕР ДЕФИНИТИВНО ОСТАНУВА БЕЗ НАПАЃАЧОТ СИСЕ МИСЛИ НА ЛЕТНИОТ ТРАНСФЕР Францускиот репрезентативец Џибрил Сисе потврди дека идното лето ќе го напушти Оксер и, најверојатно, својата кариера ќе ја продолжи во Премиер лигата, и тоа во дресот на Ливерпул. Тој беше близу до преселба на Енфилд и минатото лето, но тогаш тренерот на Оксер, Ги Ру, успеа да го задржи уште една сезона. 'Сметам дека е вистинското време да се испробам надвор од Франција. Но прво, се разбира, би сакал да ја завршам успешно сезоната во Оксер. Посакував да си заминам и на лето, но тогаш тренерот Ру ме убеди да останам. Ако си заминам и клубот би имал корист. Засега сй околу мојата иднина останува на интерес, без конкретни преговори', рече Сисе. Тој се осврна и на суспензијата од пет средби која му ја одреди УЕФА за црвениот картон заработен во квалификациите на младинската репрезентација поради која ќе мора да го пропушти Европското првенство во Португалија. 'Црвениот картон остана лошо сеќавање. Во исчекување сум на разгледувањето на жалбата на 29 јануари на кое се надевам дека ќе ми биде намалена казната. Знам дека погрешив, но, сепак, пет средби неиграње е преголема казна. Ќе морам да ја прифатам одлуката која ќе ја донесат иако искрено се надевам на намалување. Знам дека неиграњето на Европското првенство е голем удар за мојата кариера, но затоа ветувам дека ќе надоместам во квалификациите за Светското првенство', додава голгетерот на Оксер. Pozdrav![:)]
StormAngel ПО ДЕЈАН СТАНКОВИЌ И СИМОНЕ ИНЗАГИ И ОДО СИ ОДИ ОД ЛАЦИО Дејан Станковиќ и Симоне Инзаги нема да бидат единствените двајца фудбалери што во текот на зимскиот преоден рок ќе си заминат од Лацио. На нив се очекува да им се приклучи и Масимо Одо откако десниот бек на 'лацијалите' повторно јавно го изрази своето незадоволство што последните неколку средби ги мина на клупата за резервни фудбалери. Информациите од Италија говорат дека Роберто Манчини е подготвен да го продаде Одо за да заработи нешто на овој фудбалер, а 'најзагреани' за услугите на овој фудбалер се челниците на Јувентус Pozdrav![:)]
ace6vel 06.01.2004 11:30:00 Денеска во 13 часот во просториите на ФК Партизан во Белград ќе биде преставен новиот тренер на црно-белите. Српските медиуми уште вчера најавија дека Владимир Вермезовиќ седнува на жешката клупа на првакот на СЦГ.
StormAngel 12/20/2003. According to speculation, Schalke 04 are preparing an offer for Hertha Berlin's Marcelinho. The 28-year-old Brazilian midfielder is said to be unhappy with Hertha because of the poor results obtained this season and would be interested in joining Schalke. Marcelinho's contract expires in 2007 therefore an offer of around 12 million Euros will be required by Hertha to let the player go. Pozdrav![:)]
StormAngel 12/19/2003. Lille are interested in Anderlecht's Ivica Mornar. The Croat is still considering several offers from his club concerning a contract extension. Bolton and Birmingham have also followed Mornar in the past. [img]http://images.soccerage.com/53546.jpg[/img] Pozdrav![:)]
StormAngel PLAYER team from team to state 12/22/2003 Tom Starke Bayer Leverkusen SV Hamburg concluded Vahid Hashemian Bochum VfB Stuttgart pending negotiation Louis Saha Fulham Manchester United pending negotiation Pozdrav![:)]
StormAngel 12/22/2003. Emerson has been in the centre of speculation lately about a possible January transfer, however the Roma player has denied he will leave the team before June. During an interview, the Brazilian midfielder stated: "It's obvious that I'm staying till June. At this moment, the only thing that matters is to think about our objective: the scudetto. We are doing well and even if the long is road, there is a lot of enthusiasm. It's not the moment to think about the future." [img]http://images.soccerage.com/72055.jpg[/img] Emerson might leave Roma in June. Pozdrav![:)]
StormAngel 12/20/2003. Lazio midfielder Dejan Stankovic has announced that he's ready to join Inter. "I am in a position to choose now and I can say I choose Inter," he told Sky Italia. "I want to win and sooner or later Inter must break through this taboo and return to lifting trophies." The Yugoslav, whose contract expires next summer, could leave for the San Siro in January. Meanwhile, Stankovic has had his ban reduced again and will be able to face Inter tomorrow night. Pozdrav![:)]
StormAngel 12/19/2003. Espanyol are waiting to hear back from Rivaldo after offering the former Milan playmaker a contract. The deal would keep him at Montjuic until the end of the season. The Brazilian has also been linked with a number of English clubs as well as Benfica. [img]http://images.soccerage.com/69094.jpg[/img] Pozdrav![:)]
StormAngel БЕКОТ НА БАЕРН НА ЦЕНА САЊОЛ, ЦЕЛ НА 'СПАРСИ' Според англиските медиуми екипата на Тотенхем е сериозно заинтересирана за ангажирање на одбранбениот фудбалер на Баерн Минхен Вили Сањол. И агентот на францускиот репрезентативец минатата недела потврди дека два клуба од 'островот' пројавиле интерес за десниот бек на германскиот првак. Се верува дека менаџерот на 'Спарси' Дејвид Плит посакува да го ангажира Сањол кака замена за капитенот Стивен Кар кој се очекува наскоро да ја промени средината. Сепак тешко е да се поверува дека Сањол ќе прифати да се пресели на Вајт Харт Лејн и да го напушти клубот со кој осојува титули и е редовен учесник во Лигата на шампиони. Pozdrav![:)]
StormAngel ЧЕЛЗИ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД БЕКОТ НА ВАЛЕНСИЈА ТРЕТА СРЕЌА ЗА АЈАЛА Клаудио Раниери е подготвен да понуди 10 милиони фунти за дефанзивецот на Валенсија Роберто Ајала и со таа понуда да го победи Манчестер Јунајтед во трката по потписот на аргентинскиот репрезентативец. Но со оглед на тоа што 'Црвените ѓаволи' го загубија Рио Фердинанд долги осум месеци можно е тие да упатат и повисока понуда до шпанците само за да дојдат до еден од најдобрите одбранбени фудбалери на светот. Менаџерот на Челзи се надева дека треттаа понуда ќе му биде прифатена откако во последниве два месеци беа одбиени две понуди, вклучувајќи ја и онаа од 9 милиони фунти од минатата недела. Ајала би требало да претставува замена за ветеранот Марсел Десаи кој е се поблиску до својата фудбалска пензија. На 'сините' не им пречи и тоа што поради настапите на Ајала во Купот на УЕФА со Валенсија ќе нема право на настап во Лигата на шампиони. Доколку пропадне и третата понуда Челзи своите пари ќе ги сврти кон Баер Леверкузен односно нивниот фудбалер Лусио. Ако пак успее трансферот на Ајала тогаш сумата која Роман Абрамович ја потроши откако дојде на власт во Челзи би се искачила на 125 милиони фунти. Pozdrav![:)]
StormAngel УЛИЕ ЗЕМА НОВ ГОЛМАН НА ПРОБА ДУДЕК СИ ОДИ ОД ЛИВЕРПУЛ Јиржи Дудек најверојатно во текот на зимскиот преоден рок ќе си замине од Ливерпул. Полскиот чувар на мрежата на последните неколку натпревари на 'црвените' не се најде ниту на клупата (резерва на Крис Киркленд му беше Патрис Лужи), поради што се погласни се шпекулациите дека Жерар Улие се подготвува да го продаде Дудек. Во прилог на овие шпекулации оди и фактот дека Улие веќе зеде нов голман на проба. Станува збор за 18-годишниот Логан Бејли, кој е фудбалер на Генк, но како позајмен играч настапува за Хојсден Золдер. Менаџерот на Ливерпул се надева дека со продажбата на Дудек не само што ќе ги намали трошоците за плати во својот тим, туку и ќе добие пари за да ангажира уште некое ново име на Енфилд Роуд. Pozdrav![:)]
StormAngel УЛИЕ ВО ПОТРАГА ПО ЗАСИЛУВАЊА 5 МИЛИОНИ ФУНТИ ЗА ОВЕРМАРС Излезот од резултатската криза менаџерот на Ливерпул Жерар Улие го гледа во ангажирањето на крилниот фудбалер на Барселона Марк Овермарс. Каталонците најавија дека ќе му дозволат на Овермарс за соодветна сума да си замине, а сумата која Ливерпул ја нуди е 5 милиони фунти. Но проблемот е во тоа што Барса за возврат го бара левиот бек на 'црвените' Јон Арне Рисе, кој е еден од милениците на Улие и мали се шансите да го пушти да си замине. Од друга страна и разликата во годините меѓу двајцата фудбалери е огромна и Ливерпул би добил ветеран кој има уште неколку сезони пред него, додека пак Барса во 23-годишниот Норвежанец долгорочно би ги решила горчливите проблеми по левата страна во одбраната. Во меѓувреме повторно е актуелен трансферот на уште една голема желба на Улие, Џибрил Сисе. Бидејќи неговиот договор истекува на лето можно е Оксер да го пушти за одредена отшета да го пушти напаѓачот во јануари да се пресели на Енфилд. Pozdrav![:)]
StormAngel ОТКАКО НЕ СЕ СНАЈДЕ ВО ИНТЕР ЛУЧИАНО СЕ ВРАТИ ВО КИЕВО Екипата на Киево осетно ги засили своите редови решавајќи да го врати на Луиџи Бентегоди Бразилецот Лучиано. Овој фудбалер до лани настапуваше на 'летечките магариња', по што беше продаден на тимот на Интер. Сепак, 'неро-азурите' не беа задоволни од настапите на Бразилецот во оваа полусезона, поради што решија да го вратат во Киево. 'Навистина сум пресреќен поради враќањето во Киево. Најубавите моменти во кариерата ги минав како член на оваа екипа, така што сега со големо задоволство му се враќам на располагање на Џиџи Дел Нери. Најважно од сй ми е да настапувам редовно за својот тим, а бидејќи тоа не беше возможно во Интер, решив да се вратам во Киево', изјави Лучиано за италијанските медиуми Pozdrav![:)]
StormAngel ЧАРЛТОН ОДОЛЕА НА ПРВАТА ПОНУДА ОД АБРАМОВИЧ ЧЕЛЗИ ПРИТИСКА ЗА ПАРКЕР Управата на Чарлтон откри дека ја одбиле понудата на Челзи за нивниот фудбалер за врска Скот Паркер. Пораката која тие му ја упатија на Роман Абрамович е дека големиот талент нема да си замине без разлика на тоа колку ќе ја зголемуваат понудата. 'Паркер не е на продажба и не би сакале повеќе да примаме понуди за него. Се надеваме дека Челзи ќе ја прифати оваа ситуација и ќе се откаже од желбата да го ангажира. Минатото лето потпиша нов договор, а е многу значаен дел од нашиот тим и нема шанси да го пуштиме да си замине ', изјави извршниот директор на Чарлтон, Питер Вернеј. Клубот во моментов се наоѓа на одличната 4. позиција за што голема заслуга има и 23-годишниот фудбалер. 'Сините', пак, од друга страна иако на лето прилично го засилија средниот ред сепак поради неколкуте повреди решија и понатаму да трошат пари на фудбалери од средината на теренот. Паркер е еден од фудбалерите на чие ангажирање инсистираше менаџерот Клаудио Раниери уште пред стартот на сезоната, но се задоволи со другите засилувања кои ги доби. Сега се поставува прашањето дали Абрамович ќе реши да ја подигне понудата до сума која Чарлтон не би смеел да ја одбие. Pozdrav![:)]
StormAngel МАНЧИНИ СО ПОРАКА ДО МАНЧЕСТЕР И РЕАЛ КУПЕТЕ ГО СТАНКОВИЌ Тренерот на Лацио, Роберто Манчини, им препорача на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид да упатат понуда за Дејан Станковиќ и покрај тоа што најверојатно фудбалерот од средниот ред кариерата ќе ја продолжи во Интер. Репрезентативецот на Србија и Црна Гора можно е веќе во јануари да се пресели на Џузепе Меаца, а пред извесно време беше споменуван и негов трансфер во Манчестер. 'Мислам дека ќе заврши во Интер. Не знам дали во меѓувреме ќе пристигнат други понуди. Да бев јас дел од управата на Реал Мадрид или Манчестер Јунајтед веднаш би упатил понуда за Станковиќ. Доколку ситуацијата во клубот беше поинаква сигурно ќе останеше, што е и негова голема желба, но вака е принуден да си замине', рече Манчини. СПОРЕД ЗАКЕРОНИ ИНТЕР СЕ ОТКАЖУВА Според последните информации на италијанските медиуми Интер се откажал од намерата да го купи Станковиќ. 'Челниците на клубот ми соопштија дека нема да го купат Станковиќ. Задоволен сум од фудбалерите кои ги имам на рапологање. Откако испаднавме од Лигата на шампиони нашето внимание е свртено кон калчото', рече тренерот на 'нероазурите', Алберто Закерони, ден по поразот од Станковиќ и неговиот Лацио. Pozdrav![:)]
StormAngel НОВ ЗАПЛЕТ ВО ТРКАТА ПО БРАЗИЛЕЦОТ САО ПАОЛО ПРЕД ЕСПАЊОЛ ЗА РИВАЛДО Иако се шпекулираше дека трансферот на Ривалдо во редовите на Еспањол е завршена работа, работата се искомпликува откако се дозна дека и Сао Паоло се вклучил во трката по овој фудбалер. Имено, бразилскиот клуб од минатата недела го зеде 'Сименс' како свој спонзор, и токму оваа компанија инсистира да го доведе Ривалдо во Сао Паоло. Така, Сао Паоло му понудил на Ривалдо одлични три милиони евра по сезона (понудата на Еспањол изнесуваше два милиони евра годишно) за Бразилецот кариерата да ја заврши во својата татковина. Ривалдо сериозно размислува за оваа варијанта од две причини, прво за да биде што поблизу до својата сопруга и двата сина кои во последните пет-шест години останаа во Бразил додека тој настапуваше низ Европа, и второ за да може да му се наметне на селекторот Карлос Алберто Переира за овој да го има во предвид за мундијалот што во 2006 година ќе се одржи во Германија Pozdrav![:)]
StormAngel БРАЗИЛЕЦОТ НА ХЕРТА ЈА МЕНУВА СРЕДИНАТА ШАЛКЕ ГО КУПУВА МАРСЕЛИЊО Екипата на Херта е подготвена да го продаде Марселињо, по последните проблеми со дисциплината на бразилскиот интернационалец. Марселињо минатата недела пропушти тренинг на берлинскиот бундеслигаш со што се чини дека ја прели чашата кај челниците на Херта. Првите луѓе на Шалке сакаат да ја искористат можноста да го ангажираат бразилскиот плејмејкер и затоа веќе подготвуваат понуда за Марселињо. Германските медиуми најавија дека Шалке е подготвен да плати осум милиони фунти за Бразилецот да го напушти Берлин и да се пресели во Гелзенкирхен. Pozdrav![:)]
StormAngel КИГЕН ГИ ОБЈАВИ ПРИОРИТЕТИТЕ НОВ ГОЛМАН ВО СИТИ Кевин Киген вчера објави дека негов приоритет во зимскиот преоден рок ќе биде доведување нов голман во Манчестер Сити. 'Дејвид Симан многу често се жали на повреди, така што немам постојано решение на голманската позиција. Затоа ќе мора да се стори нешто и веќе во јануари да се ангажира нов чувар на мрежата ако сакаме да се бориме за излез во Евро-куповите идната сезона', изјави Киген. Се шпекулира дека Киген прво ќе тргне по голманот на Ливерпул, Кевин Киген, а ако овој обид биде неуспешен, тогаш менаџерот на Манчестер Сити своето внимание ќе го сврти кон Ли Грант од екипата на Дерби Каунти. Pozdrav![:)]
StormAngel ПО КАРАНИЦАТА СО МАНЧИНИ ИНЗАГИ ПРЕД ТРАНСФЕР ВО УДИНЕЗЕ Сите италијанските медиуми вчера ја потврдија информацијата дека Симоне Инзаги во текот на зимскиот преоден рок ќе ја напушти екипата на Лацио. Според овие информации, Роберто Манчини не може да му прости на Инзаги за караницата во пресрет на решавачкиот меч од Лигата на шампионите против Спарта Прага и поради тоа побарал од управата на клубот да се ослободи од овој напаѓач. На Апенинскиот Полуостров се најавува дека Симоне Инзаги до крајот на сезонава како позајмен играч ќе настапува во Удинезе, како дел од трансферот со кој Давид Пизаро би се преселил на Олимпико. Се очекува по завршувањето на сезонава Симоне да замине кај својот брат Филипо во редовите на Милан. Pozdrav![:)]
StormAngel РАБОТНИЧКИ К. ГО ДОБИ ПРВОТО ЗАСИЛУВАЊЕ ГОЦЕ ТОЛЕСКИ ПОТПИША ЗА 'РОМАНТИЧАРИТЕ' Репрезентативецот Гоце Толески, вчера стана член на Работнички К., откако стави потпис на професионалниот договор. Со неговото доаѓање, 'романтичарите' секако завршија голема работа, бидејќи во своите редови донесоа класичен, искусен и проверен напаѓач, со кој нивниот напад и игра ќе бидат многу поефикасни. Деталите околу условите остануваат деловна тајна, но со оглед на тоа дека за Толески беа заинтересирани и други клубови како од земјава така и од странство, станува јасно дека определбата на Работнички К во своите редови да донесува или екстра засилувања или млади играчи станува реалност. Толески е првото засилување за Работнички К., а се очекува од овој калибар да има уште најмалку едно. Дали тоа ќе биде Жарко Серафимовски кој поодамна тренира со нив ќе видиме деновиве, бидејќи до крајот на годинава тој би требало да се изјасни Pozdrav![:)]
StormAngel БРАЗИЛЕЦОТ ПРЕМНОГУ СЕ МИСЛЕШЕ ЕСПАЊОЛ СЕ ОТКАЖА ОД РИВАЛДО Ривалдо би требало својата кариера да ја продолжи во дресот на Сао Паоло. Оваа информација вчера ја потврдија сите шпанските медиуми, откако објавија дека Еспањол и официјално се откажува од трката по бразилскиот репезентативец. 'Во последните недела дена се слушам со Ривалдо, и тој постојано го одложува донесувањето на конечната одлука. Последното што ми го кажа беше да почекам до 26 декември, но мене ми е преку глава од чекање. Затоа, можам да потврдам дека Еспањол нема да го ангажира бразилскиот ас во јануарскиот преоден рок, така што тој ќе може слободно да се врати во својата татковина, во дресот на Сао Паоло', изјави претседателот на Еспањол, Даниел Санчез Либре. Се очекува Еспањол во текот на овој преоден рок да ги ангажира Кили Гонзалез од Интер и Маурицио Покетино од Бордо. Pozdrav![:)]
StormAngel СЕ СМИРУВААТ СТРАСТИТЕ МЕЃУ ДВЕТЕ ЗАВОЈУВАНИ СТРАНИ ОРТЕГА СЕ ВРАЌА НАЗАД ВО ФЕНЕРБАХЧЕ Фенербахче се надева дека ќе го врати назад во своите редови Ариел Ортега по неговото фамозното напуштање на турскиот гигант. Ортега си замина од Турција по само шест месеци одработени од четиригодишниот договор по конфликтот со тренерот Вернер Лорант. Ортега беше на удар и на своите соиграчи поради тоа што беше најскапо платениот фудбалер на клубот. За својата постапка Аргентинецот беше казнет од страна на ФИФА со огромни 11 милиони долари и шестмесечна суспензија. Поради неможноста да ја плати високата казна Ортега се реши да се повлече од фудбалот, но сега добива втора шанса и тоа од клубот кој и беше причина за казната. Во моментов на клупата на Фенербахче се наоѓа Криштоф Даум, кој и инсистира на враќањето на Ортега со оглед на големите проблеми кои ги има во средниот ред. 'Да заборавиме на се она што се случуваше во минатото и да почнеме одново. Нашите навивачи со нетрпение го очекуваат твојот кам-бек', беше пораката на претседателот на Фенер Азиз Јилдирим. Самиот фудбалер пак кој би заработил 600 000 долари доколку ја доигра сезоната одговори: 'Би било чест повторно да се игра за Фенербахче'. Pozdrav![:)]
StormAngel ПО ПОЗАЈМИЦАТА НАЗАД МЕЃУ 'КРАЛЕВИТЕ' МОРИЕНТЕС НЕ САКА ДА ОСТАНЕ ВО МОНАКО И покрај тоа што игра одлично во дресот на Монако, Фернандо Мориентес откри дека се мали шансите тој да прифати целосен договор со 'кнезовите' по завршување на позајмицата од Реал Мадрид. Напаѓачот ја доби вистинската шанса од тренерот Дидие Дешамп на што врати со седум гола на 16 средби помагајќи му на клубот да 'се одлепи' на табелата во домашното првенство. Неговата желба е пред да заврши позајмицата да ја освои титулата со Монако. 'Пристигнав со многу оптимизам и без предрасуди, а клубот реагираше на мене како и што се надевав. Се наоѓаме на лидерската позиција во Франција со седум бода предност, а обезбедивме и пласман во втората рунда од Лигата на шампиони, според што нашиот ефект сезонава може да се оцени како позитивен. Се наоѓаме на вистинскиот пат за освојување на титулата. Одлично е чувството да ги гледаш ривалите од врвот. Без разлика на тоа дали ќе ја освоиме титулата или не по завршувањето на позајмицата јас ќе се вратам во Реал. Супер си поминувам во Монако, но Реал е мојот клуб и едвај чекам да се вратам назад', рече Мориентес. Pozdrav![:)]
StormAngel Espeacially for Dark: 'СТАРАТА ДАМА' ГИ ОБЈАВИ ПЛАНОВИТЕ ЈУВЕ ЌЕ БИДЕ АКТИВЕН ЗИМАВА Челниците на Јувентус објавија дека ќе бидат активни на трансфер-пазарот во текот на зимскиот преоден рок. Иако се очекуваше овој преоден рок да мине мирно во таборот на италијанскиот шампион, тоа нема да се случи. Ново име на Деле Алпи се очекува да биде аргентинскиот дефанзивец Гонзало Родригез од редовите на Сан Лоренцо. Сепак, за очекување е Родригез веднаш по доаѓањето во Јуве да биде позајмен на некој 'помал' клуб (најзаинтересирани за неговите услуги се Болоња и Лече). 'Болоњезите' покрај Родригез ќе се обидат во своите редови да го доведат и Алесандро Фрези, кој годинава не се наигра во дресот на Јуве. Доколку се остварат најавите Едгар Давидс зимава да премине во Интер, на негово место е најавено дека ќе пристигне Давид Пизаро од екипата на Удинезе. POzdrav![:)]