StormAngel |
В понеделник судење за атентатот врз Ѓинѓиќ
БЕЛГРАД, 20 декември, (Ројтерс) - Судскиот процес против десетина осомничени во убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ ќе почне в понеделник во Србија, иако мозокот на убиството Милорад Луковиќ Легија е се уште е во бегство. Процесот од највисок профил досега во Србија ќе почне една недела пред 28 декември кога ќе се одржат општите избори на кои сојузниците на Ѓинѓиќ ќе се соочат со ултранационалистите во гласање кое би можело да ја одреди судбината на про-пазарните реформи кои ги водеше Ѓинѓиќ.
Меѓутоа Легија, поранешниот специјалец од висок ранг кој е обвинет дека го органзирал убиството на 50-годишниот политичар, којшто ги разгневи тврдокорните струи кога го предаде Слободан Милошевиќ на трибуналот за воени злосторства во Хаг, веќе девет месеци е во бегство. Легија е поранешен шеф на единицата на Црвените баретки што беше формирана под режимот на Милошевиќ во 1990-тите години, а се очекува да биде застапен од адвокати кои ги најмило неговото смејство во судскиот процес во новата, високообезбедена судница во Белград.
Портпаролката на судот вели дека Луковиќ е еден од 15-мината на кои им се суди во отсуство за убиството и други криминални дела, вклучувајќи и киднапирања. На судењето кое би можело да трае со месеци треба да се појават и 21 осомничен кои моментално се в затвор.
Поздрав![:)]
|