StormAngel |
СЕН КАТАРИН, Канада, (Ројтерс) - Американецот кој преживеа по скокот од Нијагарините водопади и потпиша богат договор како циркуски акробат заработил казна од 2.256 долари.
Кирк Џонс (41 година) чиј договор како акробат тежок 100 илјади долари и кој исто така има право да биде снабдуван со бескрајно количество пластични корнети со кршен мраз до крајот на животот, пред канадскиот суд признал дека е виновен поради непослушност и зашто без дозвола извел опасна точка.
"Знам дека тоа што го направив беше погрешно. Никогаш повторно нема да чуете дека јас сум извел некаква точка во водите на Нијагара", изјавил Џонс.
Тој исто така признал дека се плаши од височини, но барал нов предизвик во животот во моментот кога скокнал од водопадите во октомври.
Поздрав![:)] |