Miscellaneous |
StormAngel |
Живеел мртов пијан
РИГА, (Ројтерс) - Полицијата во Летонија фатила пијан возач кој во крвта имал двојно повеќе количество алкохол од дозата што се смета за смртносна со што најверојатно поставил светски рекорд.
Неидентификуваниот средвечен човек биле во несвесна, но стабилна состојба откако алкотестот покажал дека во крва има 7,22 промили алкохол.
Инаку еден обичен човек би повратил од 1,2 промили, би паднал во бесознание на 3 промили, а би престанал да дише од околу 4 промили, така што овој човек најверојатно е за во Гинисовата книга на рекорди.
Од полицијата велат дека првпат гледаат случај човек да преживее со толкава доза алкохол во себе, па дури и ни во соседна Русија немало ништо слично иако таа е се гордее со својата традиција во пиење вотка.
"На ништо нема да се сеќава кога ќе се оставести", велат од Ургентниот центар каде што е сместен човекот.
Поздрав![:)] |
StormAngel |
2-годишно девојче преживеало само дома цела недела
ФЕНИКС, Аризона, (Ројтерс) - Едно 2-годишно девојче преживеало неколку дена јадејќи само путер, мајонез и вода во својот дом во американскиот град Феникс, откако нејзиниот татко починал на каучот.
Полицијата претпоставува дека девојчето можело да го отвори фрижидерот и можело да досегне до чешмата во кујната и така се одржало во живот. Полицијата го нашла девојчето минатава недела по што било веднаш пренесено во болница и сега се наоѓа во добра здравствена состојба.
"Ова е неверојатна случка. Таа беше дехидридана и малку ослабена, но закрепна и ќе биде во ред", изјави детективот Тони Моралес.
Инаку, полицијата дошла откако еден сосед пријавил дека забележал како истекува вода од станот, тропнал на вратата и чул човечки звуци кои не можел да ги разбере. Очигледно девојчето не можело да ја затвори чешмата од кујната. Нејзиниот 29-годишен татко бил најден мртов и најверојатно починал од природна смрт. Властите се обидуваат да го најдат неговото семејство во Ел Салвадор. Мајката е зависник од дрога која нема старателство над детето и не се знае каде е.
Поздрав![:)] |
StormAngel |
2 години затвор за најголемиот трговец со луѓе во Словенија
ЉУБЉАНА, (Ројтерс) - Судот во Љубљана прогласи 12-мина за виновни за трговија со луѓе и за рекетарство поради транспортирањето на илегални имигранти од поранешните комунистички земји во Источна Европа. По лидерот на групата Јосип Лончарич е распишана потерница и во соседна Хрватска и од Италија, каде што во отсуство му била досудена казна од шест години затвор. Судот во Љубљана го осудил на 22 месеци затвор.
Останатите обвинети добиле казни од осум месеци во речиси 4 години затвор.
"Задоволни сме со пресудата. Очекувавме таков исход бидејќи имавме силни докази. Меѓутоа, ќе поднесеме жалба бидејќи казните се пониски отколку што баравме", изјави главниот обвинител Јожица Бољте Брус.
Обвинителството тврдеше дека бандата на Лончарич е една од најголемите групи што организираат транспорт на илегални имигранти од посткомунистичките земји во Источна и Централна Европа.
Бранителот на Лончарич е задоволен од пресудата.
"Со оглед на тоа колку беа остри обвинувањата на почетокот на процесот, може да бидеме задоволни", изјави адвокатот Питер Цеферин, кој исто така рече дека ќе поднесе жалба, тврдејќи дека дел од доказите против Лончарич се нецелосни.
Со овие пресуди заврши најголемиот судски процес против трговија со луѓе во Словенија, кој почна во октомври 2001 година откако претходно во ноември 2000 година беа уапсени Лончарич и шестмина други обвинети.
Поздрав![:)] |