Сликата на верскиот синдром во балканскиот свет !
Сликата на верскиот синдром во балканскиот свет !
AaaAa www.blesok.com.mk Блесок број 34, септември-октомври, 2003 Критика Сликата на верскиот синдром во балканскиот свет ! Јасмина Мојсиева ГушеваНа човек секој ден му се заканува опасност од друг човек.„ Сенека Истакнувајќи го фактот дека религијата1 е феномен кој го претставува колективниот дух, но притоа не заборавајќи дека таа е важна и за разбирањето на секоја индивидуа, како и за градењето на идентитетот, со овој труд, преку примери од балканските литератури сакаме да укажеме на важноста на проблемот на верскиот2 синдром на балканскиот простор, на неговото доближување до националниот идентитет и на неговото искривоколчување во дваесеттиот век. Тој доаѓа од доминацијата на западната цивилизација во балканските простори, која привидно верува во Господ, практикувајќи ги само традиционалните ритуали. Но, во суштина, нивните сфаќања се потпираат на идејата дека животот е борба, и од тука, заедно со животот е дадено и оружјето како средство за негово одржување. Ако е животот нужен, нужни се и средствата за негово одржување. Во таа нивна логика на непостоење на ограничувања и совладување на пречките по пат на насилство, слободата досегнува до границите на апсурдноста. Се губи човечноста, емпатијата, коректниот однос кон другиот. Се губи с#232; она што е во основата на религиските сфаќања. Заради својот специфичен развој, балканското тло е особено погодно за имплементација на западната логика и развивање на верските конфликти. Имено, сите главни современи религиозни групи на Балканот настануваат во епохите на средниот век, што значи дека тие се традиционално насочени и ги имаат карактеристиките на она општество кога настанале. А тоа се затвореност, привлекување на луѓето кон едно јадро, постојан манифестен или латентен конфликт, надворешни притисоци преку разни социјални сили, итн. Ликот на Ѓаволот - непријателот, во тој период се олицетворува во еретиците и неверниците, а потоа во надворешните рушители на постоечкиот поредок и ред. Таа структура е задржана во петте века на турското владеење, а потоа е заменета со нацијата. Преминот од ерата на религиското уверување во ерата на националните држави на Балканот се случува во втората половина на 19 век. Нови маркери на идентитетот тогаш стануваат националната и јазичната поврзаност. Под дејството на силните социјални процеси и надворешни влијанија, големата христијанска заедница на Балканот се распаѓа во одделни национални заедници. Религијата сега има споредна улога во формирањето на новиот национален идентификатив. Христијанските народи на Балканот, како што заклучува Марија Тодорова3 во книгата „Замислувајќи го Балканот“ - „започнаа да се разбираат со јазикот на национализмот, додека нивниот став кон муслиманите остана во доменот на неиздиференцираниот дискурс помеѓу верските заедници“. Тоа уште повеќе го усложнува проблемот, бидејќи тие со својата гетоизација останаа да бидат потенцијална закана за разгорување на конфликтот на Балканот. Тој конфликтен однос трае додека трае и антагонистичката интеракција помеѓу групите чие тежнение е, на пример, да поседуваат исто нешто, да поседуваат ист простор или иста територија, да имаат иста социјална, политичка или друга позиција, или да постигнат спротивни цели кои можат да ги загрозат интересите на другите. Сето тоа се среќава на балканските простори. Никој не дал подобра експликација и анализа на односот помеѓу верските заедници на Балканот од Андриќ. Тој врз основа на историски факти ги антиципирал верските конфликти на овие простори во сета нивна грозоморност. Основата на која се потпираат сите трагедии на Балканот, Андриќ ја согледува во силната ендемична омраза и стравот, кои постојат на овие простори. „Стравот е само корелатив на омразата, нејзино природно ехо, додека омразата е суштествена“. Андриќ предупредува и на фактот дека на Балканот има повеќе луѓе кои се готови - во настапите на несвесна омраза, по разни поводи и под разни изговори - да убиваат и да бидат убиени, отколку на други места. За жал, тој факт денес смислено се користи од Западот. _________________________________________ 1. Поимот религија е изведен од латинскиот глагол religare што значи поврзува, сврзува. Таа е духовна вска меѓу Богот и човекот. Основен белег на секоја религија е верата во Бога. Видлив израз на секоја религија се: догмата, култот и моралот. Види во Македонска терминологија од областа на теологијата, МАНУ, Скопје, 1999, стр. 85. 2. Употребата на зборот вера во Стариот Завет секогаш ја користи познатата идеја за надежта која се користи за потврдување на својата потчинетост кон господа. Во Новиот Завет зборот вера всушност се однесува на христовата религија. Види во New Concise Bible Dictionary, editor D. Williams, Universities and Colleges Christian Fellowship, 1989, p. 93. 3. Тодорова, Марија, Замислувајќи го Балканот, Магор, Скопје, 2001 год., стр. 261. --------------------------------- Корените на балканската верска нетрпеливост и омраза се исконски и можеме да ги побараме и во митското сиже, кое во раните стадиуми е речиси трауматско-трагично како во хагиографиите за Апостол Павле4, Еразмо Лихнидски5, Света Варавара6, додека подоцна тоа сиже се трансформира во херојско преку фигурите на Света Злата Мегленска7, Свети Ѓорѓи Кратовски8, Свети Спасе Радовишки9, Крале Марко10, Болен Дојчин11, Милош Обелиќ12, Бановиќ Страхиња13, Марко Боцарис14, Јанис Букувалас15 и многу други. Но, митот за полудивиот балкански човек кој го среќаваме во извештаите на западните патеписци и интелектуалци од минатите векови, полека се менува. Севкупниот општествен и економски живот во втората деценија на дваесетиот век ја наметнува потребата за соработка и толеранција која ги надминува рамките на таквите групи како што се религии, нации и различни држави. Политичките и културните фактори с#232; повеќе дејствуваат интегративно и луѓето стануваат свесни за својата сличност, иако припаѓаат на различни религии и нации. Тоа трае с#232; до деведесетите години кога започнува распаѓањето на југословенската заедница, заедно со распаѓањето на Советскиот Сојуз. Сега веќе се губи светскиот баланс, и балканската митска територија, која е колевка на европската историја и крстопат помеѓу истокот и западот, повторно се наоѓа во средиштето на интересот. Токму затоа, од почетокот на дваесетиот век, поимот балканизација - и покрај сите политички, општествени, културни и идеолошки промени - како што тврди Марија Тодорова,16 повторно добива погрдно значење. Повод за тоа е пренесеното мислење од минатото, а причина е судирот на различните интереси на велесилите кои повторно го иницираат проблемот17 за да ги остварат своите цели, користејќи се со добро разработена стратегија која се базира врз разгорување на верската и националната нетрпеливост. Истата тема е и главната теза на романот „Бабаџан“ каде преку одредени слики се прикажува започнатиот параноиден циклус помеѓу двете вери: муслиманската и христијанската. Нивното меѓусебно недоразбирање произлегува од идејата да се врши проекција на непријателски ставови. Тоа се состои во искривоколчување на вистината, сомничавост, некоректно величање на сопственото значење. Друга карактеристика на овој роман е силното афективно назначување на секоја мисла, дејство, и во таа смисла на секоја духовна рамка на луѓето кои живеат едни покрај други, но не се познаваат. Тие остануваат заробени од традицијата и наследените шаблони на мислење кои се одликуваат со затвореност. Наместо да преовладува духот на разбирање, толерантност, соработка и заедништво, се инсистира на парцијална и непроменлива слика на светот. Таа претставува илузија за создавање на статичко општество, и секогаш е причина за потенцијални опасности и судири. Во балканската литература многу распространето е и користењето на сижето на заљубување во туѓинец, во оној со друга вера или во личност од друга нација. На пример, заљубувањето на жената од одредена општествена заедница во маж со други верски и национални карактеристики, која во балкански услови секогаш е осудувана, како што е љубовта на младата еврејка Рифка во хрватскиот благородник Леденик од расказот „Љубов во паланката“ na Андриќ18. Понекогаш во другиот може да се бара некаква проекција на Татко, која во балканските литератури, на пример кај Крлежа, има непријателска конотација. Сите синови во делата на Крлежа (Леоне од „Господа Глембаеви“, Филип од „Враќањето на Филип Латиновиќ“), го напуштаат домот поттикнати од морални принципи поминувајќи определено време во некоја странска земја. Кога се враќаат во татковиот дом, сите тие се обземени со надеж за нов подобар живот, што според Шпехар19, потсетува на евангелистичката приказна за изгубениот син и неговото враќање во татковиот дом. Но набргу сфаќаат дека среќата за нив е неможна, поради нивната судбинска предодреденост да страдаат заради лошата крв која ја носат. Сите синови на Крлежа имаат лоша слика за себеси и страдаат од криза на идентитетот. Тоа е една од причините зошто тие не ја доживуваат судбината на изгубениот син од Евангелието20. За нив домашните се луѓе со изгубено чувство за морал и праведност кои се оддалечуваат од христијанската слика на Богот. Тие го носат тоа судбински предодредено проклетство на затвореност, страв, параноидност која произлегува од искуството на злото и страдањата од балканското колективно минато. Се чини дека во балканската митологија местото на праведниот бог е заменето со суровиот бог. Тоа е причина повеќе за отфрлањето на Богот и за прифаќање на западната логика. Суровиот Бог или отфрлањето на Богот кој е мртов - според Ниче, во дваесетиот век се практикува и на Балканот кадешто вистински верници има многу малку, наспрема неверниците кои го користат параванот на религијата само за да ги оправдаат своите егоистички постапки. Затоа, нам, кои живееме на Балканот, не ни преостанува ништо друго освен во миговите на нашата загрозеност да ја сфатиме универзалната порака на религијата - трпеливоста и толеранцијата која ни дава моќ на духовен продор подалеку од фантазмите за доминација. Негувајќи ги во себе самите трпеливоста за другите сфаќања, ние ќе го стекнеме вистинското разбирање за својата сопствена вера. Се разбира дека трпеливоста подразбира да се постават и почитуваат јасните граници помеѓу доброто и злото, помеѓу она што е точно и она што е лажно. Впрочем сите религиозни сфаќања во светот се сложуваат во две работи, пропагираат трпеливост и во своите свети книги ги содржат истите основи за моралот. _________________________________________ 4. Поп-Атанасов, Ѓорѓи, Библијата за македонија и македонците, Менора, Скопје, 1995, стр. 129. 5. Стојчевска-Антиќ, Вера, Историја на македонската средновековна книжевност, Детска радост, Скопје, 1997, стр. 242. 6. Види кај Китевски Марко, Македонски народни празници и обичаи, Менора, Скопје, 1996, стр.196. 7. Ibid, str. 174. 8. Ibid, str. 64. 9. Ibid, str. 163. 10. Шапкарев, Кузман, Избрани дела, кн.2, Мисла, Скопје, 1976, стр. 68. 11. Зборник на Браќа Миладиновци, Кочо Рацин, Скопје, 1962, стр. 219. 12. #272;uri#263;, Vojislav, Antologija narodnih juna#269;kih pesama, Srpska knji#382;evna zadruga, Beograd, 1983, str. 280. 13. Ibid, str. 235. 14. Popovi#263;, Jovan, Sterija, Davorje, Beograd, 1893, str. 35-34. 15. Види кај Стојановиќ, Миодраг, Хајдуци и клефти у народном песништву, САНУ, Београд, 1984, стр. 249. 16. Ibid, str. 51. 17. И постои и нешто друго. За да го свртат вниманието од своите фрустрации и неуспеси тие прогласуваат поединци или цели групи – за виновни, насочувајќи го својот притисок кон нив. Примери за вакво однесување има безброј. ќе го споменеме најдрастичниот. Хитлер за сите неволји на Вајмарската Германска република ги окривува евреите и комунистите и ги подложува на зверско прогонување и уништување. Црнците стануваат жртви за фрустрираните групи на белите американци кога ќе се појават економски и социјални потреси. Политичарите од сите времиња и народи, отсекогаш го свртувале вниманието на масите од лошите внатрешни проблеми на земјата така што наоѓале жртви во другите народи и нации поради што се предизвикани многу војни во бескрајната историја на војувањето. 18. Andri#263;, Ivo, Jelena #382;ene koje nema, Svetlost - Sarajevo, Prosveta - Beograd, 1989, str. 173. 19. #352;pehar, Milan, Problem Boga u djelima Krle#382;e, Kr#353;#269;anska sada#353;njost, Zagreb, 1987, str. 27. 20. Види во Новиот Завет, Библиско здружение на Република Македонија, Скопје, стр. 90. ---------------------------