Се бара Тито
Се бара Тито
AaaAa ЈОСИП БРОЗ ВО СКОПЈЕ Се бара Тито На промоцијата на "Титовата последна исповед" во салата на АРМ се плачеше и се аплаудираше, особено по снимените говори на Тито и неговите фотографии што одеа на бим [img]http://www.vest.com.mk/images/{B8B5084F-7E9E-4B92-AE3C-594CB9890991}_naslov-3.jpg[/img] Вчера во Домот на АРМ беше промовирано македонското издание на книгата "Титовата последна исповед" од авторот Вјенцеслав Ценчиќ, со стенограми од разговорите на Тито со политичкиот врв на тогашна Југославија. Книгата чекаше на објавување 20 години, откако сите учесници споменати во неа веќе се починати. Здружението на почитувачите на ликот и делото на Тито од Скопје ја објавија и на македонски јазик , по словенечкото, босанското и српското издание . На промоцијата на книгата присуствуваше и внукот на Тито, неговиот истоименик Јосип Броз. Чичка наполнетата сала, најмногу од постарата и средната генерација, беше во онаа добро позната иконографија: девојки и момчиња во носии, поголемка бронзена биста на влезот и помала за на маса на другарот Тито, фотографии на Тито и на Лазо со македонското знаме во заднина, наместо тробојка со петокрака, а во фон познатата песна на Здравко Чолиќ "Друже Тито ми ти се кунемо". Во салата се плачеше и се аплаудираше, особено по снимените говори на Тито и неговите фотографии што одеа на бим, а во продукција на "100 проценти" на Угро, инаку син на претседателот на Здружението Слободан Угриновски. Пред почетокот на промоцијата народ се туркаше за да потпише пристапници кон ова здружение, но тие, за жал, не предвиделе ваков интерес, па не ги понеле. Книгата се продаваше по промотивна цена од 500 денари и пламна за час. Продадени беа околу 60-ина пакети, а оние среќници што успеаја да ја купат, веднаш ја носеа на потпис кај Јосип Броз. Инаку, во публиката, покрај сопругата на Лазо Колишевски, Соња, и нивната ќерка, од активните политички структури беа лидерите на Третиот пат: Циле, Павле и Sинго, а од моменталната позиција беше забележан само СДСМ-овецот Димитар Бузлевски. Книгата "Титовата последна исповед" во земјите на екс Југославија, покрај итересот, предизвикала и бурни реакции кај читателите, бидејќи во неа за првпат се откриваат и многу контроверзни моменти: паѓањето на Ранковиќ, улогата на Кардељ во разградувањето на СФРЈ, сепаратизмот на Косово, судирот Тито - Јованка и сл. Како што истакна претседателот на Здружението, и оваа книга, како и сите негови дела, ја отсликува неговата големина." Тито стана легенда дури живееше, а сега е легенда на историјата". Д.Стојановиќ фото : О. Теофиловски *** Јосип Броз јуниор: Онаа Југославија веќе беше во Европа Внукот Јосип Броз е син на постариот син на Тито, Жарко. Живее во Белград и, како што изјави, и натаму копнее по старата Југославија: "Онаа Југославија што тогаш веќе беше во Европа, со една граница, еден пасош и со една валута, по онаа Југославија што ја создаде овој човек, а која други ја растурија". Броз јуниор има завршено два факултета, бил и металостругар како дедо му и тоа е единственото што го има како наследство, и тој и фамилијата од Тито. Сега држи кафеана. Од неодамна е во политиката, со Еколошката странка на Србија која годинава, сепак, не собрала потписи за да учествува на парламентарните избори. Еден е од творците на т.н. "Мала Југославија" во Суботица каде што на мала квадратура, како што вели тој, живеат припадници на сите народи на екс Југославија. Од интересот на јавноста во Македонија за книгата на Тито беше фрапиран, бидејќи дошол народ како никаде, а во Србија ич.
a-pin-dim ima za sto da se place covekot sakase da napravi od nas luge ali nija opet stanavme stoka :o) ima da go barat i toa kako............. ni volimo bratstvo e edinstvo!
Gazment
quote:
Originally posted by a-pin-dim
ima za sto da se place covekot sakase da napravi od nas luge ali nija opet stanavme stoka :o) ima da go barat i toa kako............. ni volimo bratstvo e edinstvo!
Toj bese diktator! Veshtachki gi drzeshe site! Samo odreden krug na luge ziveea vo raskosh! Site diktatori-komunjari gi sjebaa zemjite! Istochna evropa e dzgan! Citaj forum tito vo utrinski vesnik!
n/a I agree with Gazment. The reason most people like Tito is because they like remembering the times when they were young. If there was a different president then, they would have liked him as well. Sentimentalism. In communism we had no freedom of speech. If we had a chance to talk about history, like the French and the Germans could, and talk about what was happening in World War II in Croatia, Bosnia, Kosovo, Macedonia we may not have started killing each other all of a sudden after we got the right to talk freely. Plus, many innocent noncommunists were killed during communist rule. In Serbia, they killed at least tens of thousands of priests, rich peasants and local inteligentsia - anyone who was smart enough to resist them potentially. For example, on the day Belgrade was 'liberated' by the communists in 1945, they killed 10-15 thousand of people. Војин
f9 TITO- TOA SME SITE NIE ,-ZAKOPANI NA DEDINJE!
marko_polog Vo Bolnicata "Bardovci" imase delegacija od Amerika sto donirase najnova oprema i za vreme posetata pocnava site pacienti osven eden da skokaat i da vikaat "Zivjela Yugoslavia" i "Tito Tito", Amerikancite zacudeni go prasuvaat edinstveniot "a zosto ti ne vikas?", Jas ovde rabotam, ne sum Budala.
Gazment
quote:
Originally posted by marko_polog
Vo Bolnicata "Bardovci" imase delegacija od Amerika sto donirase najnova oprema i za vreme posetata pocnava site pacienti osven eden da skokaat i da vikaat "Zivjela Yugoslavia" i "Tito Tito", Amerikancite zacudeni go prasuvaat edinstveniot "a zosto ti ne vikas?", Jas ovde rabotam, ne sum Budala.
Ne si normalen kolku me iznasmea[:D] Bravo[:X]
Strelec
quote:
Originally posted by marko_polog
Amerikancite zacudeni go prasuvaat edinstveniot "a zosto ti ne vikas?", Jas ovde rabotam, ne sum Budala.
bravos... umen bil toj i otposle pocnal da vika: Da ziveat Dosta, Ljube, Lambe, Dalavera, Vojo i site nivni istomislenici!!!:)
fio Е оди сега објасни им. Проста раја.
SLaCk Strelec kaj ti e komunjarskata stalozenost,smirenost i nadmenost nad drugite?Se vozbudi od vicot na marko pa morase vaka nisko da reagiras?hehehe ne se nerviraj Tito umre 1980 koj go bara ke go najde na Dedinje i neka si posedi tamu.
Strelec
quote:
Originally posted by SLaCk
Strelec kaj ti e komunjarskata stalozenost,smirenost i nadmenost nad drugite?Se vozbudi od vicot na marko pa morase vaka nisko da reagiras?hehehe ne se nerviraj Tito umre 1980 koj go bara ke go najde na Dedinje i neka si posedi tamu.
abe Tito koj go bara, ke go najde... ama uste malku, tie sto gi nabrojav tesko ke se najdat!:) na primer, dalavera kaj vi e?:)))
marko_polog
quote:
Originally posted by Strelec
quote:
Originally posted by marko_polog
Amerikancite zacudeni go prasuvaat edinstveniot "a zosto ti ne vikas?", Jas ovde rabotam, ne sum Budala.
bravos... umen bil toj i otposle pocnal da vika: Da ziveat Dosta, Ljube, Lambe, Dalavera, Vojo i site nivni istomislenici!!!:)
Ne be strelec, on rece "Da Zivee Makedonija" Zosto odma udiras na VMRO, zarem ne e mozno covekot da e simpatizer na SDSM i da se gordee so Republika Makedonija? [:D]
Strelec
quote:
Originally posted by marko_polog
Ne be strelec, on rece "Da Zivee Makedonija"
ajde de!:) ova sega prv pat go kazuvas... majkata, i ti pocna dalaveri da pravis... ko G-din Dalavera stana i ti!:)))
marko_polog kade vo vicot kazav jas deka on bil simpatizer na VMRO?, Mnogu gi gledas rabotive po Partiski linii, pa i eden vic nemoze da pomine bez komentar protiv edna ili druga partija. I pak ne sakas da odgovoris na prasanjeto, zarem ne e mozno toj rabotnik da e simpatizer na SDSM i da se gordee so Republika Makedonija? I neka ne te cudi deka mnogu od nas do vcera bile simpatizeri i CLENOVI na SDSM, samo da znaes polovina Tetovcani gi iskinava kniskite koga stapi vo koalicija so Ahmeti, eden fakt da si go imas na um kakva e slikata realna i toa sto ve lazat po mediumi.
Strelec marko, како што можеш да забележиш досега имам преку 2200 поста напишано, па од толку голем избор те молам најди ми макар ЕДЕН ПОСТ каде што имам застанато во одбрана на СДСМ! Едноставно, се обидувам секогаш реално да ги гледам работите. А за да ти го направам денов убав, еве ќе ти кажам дека за СДСМ никогаш досега не сум гласал. И мислам дека СДСМ е лошо решение за Македонија. Имаа досега во неколку наврати шанси да сторат нешто за Македонија и сите шанси ги прокоцкаа. Можеби не е така, но моето мислење е токму такво. За жал, во овој момент објективната алтернатива на СДСМ (се разбира мислам на ВМРО ДПМНЕ) ми остави уште полош впечаток и уште помалку верувам во нив. Не верувам дека е можно да се има полошо владеење во Македонија од она кога тие беа на власт. И да е трагедијата најголема за Македонија, нема во моментов ниту една ’сила’ што е способна Македонија да ја повлече напред. Македонија умни луѓе има многу, но никој нема таква харизма каква што во моментов има на пример еден Бранко Црвенковски. И пред да скокнеш, да ти кажам дека харизмата не ја потенцирам овде како позитивен момент, туку напротив (во овој случај) како негативен момент.