Tenis
Tenis
StormAngel ТЕНИС ИТФ ГИ ОБЈАВИ НАЈДОБРИТЕ СПОРТИСТИ ЗА ИЗМИНАТАТА ГОДИНА ХЕНИН И РОДИК ШАМПИОНИ ЗА 2003 Енди Родик и Жастин Хенин-Харден се прогласени за Светски шампиони за 2003 од страна на Меѓународната тениска федерација (ИТФ). Родик имаше сензационална година во која стигна до својот прв гренд слем триумф на УС Опен, а стигна до полуфиналињата во Мелбурн и на Вимблдон, додека Хенин-Харден победи на Францускиот Опен и на УС Опен а стигна до полуфиналето во Австралија и Вимблдон. И двајцата имаат по 21 година и финишираа на првото место на рејтинг листите. Наградата на ИТФ е базирана на перформансите на гренд-слем турнирите, АТП и ВТА турнејата, заврната рејтинг листа и Дејвис и Фед купот. Родик тесно го победи шампионот од Вимблдон, Рожер Федерер. 'Ова беше тешка одлука, но Родик сепак беше подобар на гренд-слем турнирите и на Мастерс турнирите', изјави претседателот на ИТФ, Франческо Ричи Бити. Боб и Мајк Брајан, како и Вирхинија Руано Пасквал и Паола Суарез се прогласени за светски шампиони во двојки. ГЕМ, СЕТ, МЕЧ Зина Гарисон ќе ја замени Били Џин Кинг како капитен на американскиот Фед куп тим следната сезона, станувајќи првата црна капитенка во 40-годишната историја на натпреварувањето. Гарисон, финалистката од Вимблдон од 1990 ќе има едногодишен договор, а Кинг си заминува откако донесе три титули на САД од 1995 година, но и многу конфликти со тенисерките. Тим Хенман вели дека е 'презадоволен' од новиот тренер Пол Анаконе (кој е екс тренер на Пит Сампрас), со кого работи во последните неколку недели. 'Беше одлично да се работи со човек кој го разбира тенисот. Се подготвувам екстра-напорно за новата сезона', вели Хенман. Хуан Карлос Фереро соопшти дека ќе игра на Олимписките Игри во Атина, за разлика од Лејтон Хјуит за кого терминот е преблиску до УС Опен. 'Ќе играм сега бидејќи за четири години ќе имам 28 години. Следната година ќе имам реална шанса да стигнам до златен медал за Шпанија', вели Фереро. Pozdrav![:)]
StormAngel ТЕНИС ТИТУЛИТЕ ДОАЃААТ ПРЕЛЕСНО ЗА БЕЛГИСКАТА ШАМПИОНКА ЖАСТИН НЕ ЗАПИРА Жастин Хенин-Харден нема намера да запре. Белгиската светска тенисерка број 1 стигна до својата трета титула во 2004 откако со 7:6(7:3)/6:3 ја совлада Русинката Светлана Кузнецова во финалето на Дубаи Дјути Фри Опен турнирот одбранувајќи ја својата титула и додавајќи ги на титулите во Сиднеј и на Австралискиот Опен. Сепак, мечот беше тежок за Хенин, која не успеа да доминира во 85-минутната битка од основната линија дозволувајќи н на руската тинејџерката да израмни со брејк на 5:5 во првиот сет. 'Беше малку лошо што не успеав да ја преземам контролата на мечот во тие моменти. Но, на почетокот на оваа недела не се чувствував добро и не бев сигурна дали ќе го доиграм турнирот. На крајот се вратив кога беше најтешко и затоа се чувствувам многу добро. Бронхитисот е минато', вели Хенин-Харден, која додаде дека следната година ќе се врати во Дубаи за третата по ред титула. 18-годишната Кузнецова, пак, за првпат во кариерата ќе влезе меѓу најдобрите 20 на светот во понеделник, кога ќе се објави новата ВТА листа, покажувајќи дека на неа треба да се смета во иднината, посебно по победата над Венус Вилијамс во четвртфиналето. 'Бев малку уморна и се обидов да направам сй што треба, но, сепак, не играв најдобро. Морам да бидам внимателна, но ова беше најдобрата недела во мојата кариера', вели Русинката. Во финалето на 13 Опен Франс турнирот во Марсеј словачкиот ветеран Доминик Хрбати стигна до својата прва титула во 2004 откако во три сета го совлада шведското изненадување Робин Содерлинг со 4:6/6:4/6:4. Финалето на Бразилскиот Опен во Коста де Сауипе, пак, беше одложено поради дожд. Домашниот фаворит Густаво Куертен и Аргентинецот Агустин Калери имаа освоено по еден сет, кога мечот беше прекинат поради дожд при скор од 3:6/6:2/1:0 за Куертен. Во финалето на Копа Колзанитас турнирот во Богота, пак, ќе играат домашната фаворитка Фабиола Зулуага, која со 6:2/0:6/7:6(7:4) едвај ја совлада Љубомира Курхајцова од Словачка, и втората носителка Марија Санчез-Лоренцо, која со 7:5/6:2 беше подобра од Емили Лоа од Франција. ХИНГИС НЕ ВЕРУВА ВО СЕСТРИТЕ ВИЛИЈАМС Поранешната светска тенисерка број 1 Мартина Хингис верува дека сестрите Вилијамс ќе се намачат за да се вратат во елитата на светскиот тенис, а додава дека причината поради која Венус не игра добро е тоа што Серена сй уште се нема вратено на теренот. 'Луѓето нон-стоп ме прашуваат за мојот кам-бек, но видете ја Венус. Не сакам да завршам така. Таа досега не покажа ништо посебно, а сестрите се силни само кога се заедно', вели Хингис, која беше во Дубаи во посета на неколку клиники. Хингис се повлече од тенисот во октомври 2002, на само 22-годишна возраст по серијата незгодни повреди. Швајцарката вели дека н недостасува тенисот, но вели дека тоа се ублажува со други активности, како ТВ коментарите. 'Ако не бев блиску до тенисот секако ќе ми недостасуваше многу повеќе. Но, тука се патувањата и не верувам дека физички и психички можам да издржам. Сега уживам во животот, а тенисот ми го овозможи тоа. Си ја купив мојата прва куќа во Цирих, покрај езерото и сега ја средувам. Би сакала да се омажам и да имам деца, но некогаш мислам дека и самата сум уште дете и треба да почекам', вели 24-годишната Хингис.
ace6vel КОРЕЧА И КОСТА ИГРАА ЗА ГИНИС 09.12.2003 15:00:00 Шпанските тенисери Алберт Коста и Алекс Кореча, пред преполнетиот Ноу Камп играа натпревар за Гинисовата книга на рекорди. УБИЕНА СЕСТРАТА НА СЕРЕНА И ВЕНУС ВИЛИЈАМС 15.09.2003 09:44:00 Постарата сестра на тениските мега-звезди Венус и Серена Вилијамс била убиена вчера во Лос Анџелес.Џетинда Прајс заедно со својат придружба возејќи се својот автомобил по озогласениот Гринлиф булевар влегла во расправија со непознати луѓе по што и се слушнале истрели.Откако полицијата пристигнала на местото на инциндентот можела само да потврди дека сестрата на тенисерките Вилијамс е ладнокрвно убиена. Коста и Кореча играа тај-брејк во обид да влезат во Гинисовата книга како тенисери кој одиграле дуел пред најмногубројна публика. На Ноу Камп пред средбата Барселона-Реал Мадрид беа присутни 90.000 гледачи, а иако тенисерите им приредија одлична забава на посетителите, суште нема потврда дали овој рекорд ќе биде признаен и ќе влезе во Гинисовата книга.
StormAngel ТЕНИС БЕЛГИЈКАТА ЗАРАБОТИ НЕЗГОДНА ПОВРЕДА НА ХОПМАН КУПОТ КИМ НАДВОР ОД АВСТРАЛИСКИОТ ОПЕН? Пред Ким Клијстерс е вистинска трка да се врати во форма пред Австралискиот Опен откако си замина кривејќи од дуелот од Хопман купот против Алиша Молик. Откажувањето на Клијстерс додека водеше со 6:3/6:7/3:2 ги уништи плановите за 'љубовниот дуел' во мешани двојки против нејзиниот свршеник Лејтон Хјуит, но уште поважно стави сенка на нејзините планови за освојување на првиот гренд слем во 2004. Белгиската тенисерка мораше да се повлече откако го повреди скочниот зглоб за време на мечот, а при смената на 3:2 во вториот сет лекарите не успеаја да ја санираат повредата. Директорот на Австралискиот Опен, Пол Мекнеми, кој исто така е претседател на тимското мешано натпреварување Хопман купот, вели дека Клијстерс е однесена на први прегледи. 'Таа има отечен скочен зглоб и повеќе ќе дознаеме по првите тестови', вели Мекнами. Хјуит, пак, изјави дека разговарал со својата свршеница веднаш по мечот. 'Ким е многу нервозна бидејќи ваква работа воопшто не е пожелна пред некој гренд-слем. Не знам каква е ситуацијата, но се надевам дека ќе биде во состојба да игра во Мелбурн', вели Хјуит. За тенисерка чија игра е базирана на брзината и мобилноста ваков тип на повреда е многу лоша вест. Откако загуби во финалињата на три гренд слем турнири (двапати на Ролан Гарос и лани на УС Опен), Ким имаше големи надежи за победа во Мелбурн Парк. Таа тренираше напорно под летното австралиско сонце. Повредата оди на 'корист' на нејзината сонародничка и светска тенисерка број 1, Жастин Хенин-Харден, која ја победи во Париз и Њујорк во 2003. Покрај Клијстерс, постојат шпекулации дека турнирот, кој почнува на 19 јануари, ќе го пропуштат и Американките Џенифер Капријати и Серена Вилијамс. Поранешната шампионка Линдзи Девенпорт, сега на петтото место на ВТА листата, претходно изјави дека не се чувствува доволно подготвена за Мелбурн, додека Серена и Венус Вилијамс немаат меч по финалето на Вимблдон. Сестрите Вилијамс тренираат во САД, но британските медиуми шпекулираат за нејзиното повлекување. Капријати, победничката од 2001 и 2002, од друга страна има повреда на грбот, поради која се повлече од турнирот во Хонг Конг. ВИМБЛДОН, СЕПАК, СО ПОКРИВ Ол-Ингланд клубот потврди дека има план да изгради подвижен покрив над централниот терен во Вимблдон, според кој инвестицијата која вреди повеќе милиони фунти би била готова до 2009, а капацитетот би се зголемил на 15.000 гледачи. 'Централниот терен е скапоцениот камен во круната и сакаме да го направиме уште поскапоцен. Нашиот план сака да ја задржи историјата на Вимблдон, но со најдобри можни услови за тенисерите, гледачите и ТВ камерите. И Вимблдон треба да влезе во 21 век', вели Тим Филипс, претседателот на Вимблдон. Дождот од 1991 година придонесе за откажување на пет цели дена, а глетката на играчите кои се повлекуваат во соблекувалните а зелените покривки се навлекуваат стана имиџ на турнирот. Досега организаторите ја одбиваа идејата за подвижен покрив поради можните проблеми кои влажноста на воздухот би ја направиле со тревата. По целосно специјално истражување и советите од Австралискиот Опен, кој користи подвижен покрив, 126 години стариот турнир и традиционално конзервативните Англичани попуштија. РЕЗУЛТАТИ: ХЈУНДАИ ХОПМАН КУП - ПЕРТ Австралија - Белгија 2:0 Молик (Авс) - Клијстерс (Бел) 3:6/7:6(8:6)/2:3 пред. Хјуит (Авс) - Малисе (Бел) 3:6/6:1/6:2 ААПТ ШАМПИОНАТ - АДЕЛАИДА 2.КОЛО (2) Спадеа - Артурс 6:4/6:7(8:10)/6:3 Јохансон - (3) Клемен 6:4/6:3 Лодра - (8) Лапенти 6:1/6:3 1.КОЛО Реид - (1) Фереира 6:0/6:1 Солние - (4) Гинепри 6:3/6:4 Руседски - Вавринка 6:4/6:2 Слуитер - Кањас 6:4/6:4 АСБ КЛАСИК - ОУКЛЕНД (2.КОЛО) (1) Суарез - Ли-Вотерс 6:1/6:3 Бранди - Фрејзер 2:6/7:6(7:3)/7:6(8:6) Бартоли - Блек 6:1/6:1 Пери - Гарбин 6:1/2:6/6:3 АНКЛ ТОБИС ХАРДКОРТ - ГОЛД КОУСТ (2.КОЛО) (2) Петрова - Прат 6:2/6:2 Кузнецова - (3) Звонарева 1:6/6:3/6:2 Сафина - (5) Мартинез 6:3/6:4 Деши - (8) Шнајдер пред. Стосур - Шпрем 7:5/6:4 КАТАР ЕКСОНМОБИЛ - ДОХА (1.КОЛО) (1) Родик - Давиденко 6:3/6:4 Коубек - (3) Филипусис 3:6/6:1/6:4 (4) Гросжан - Ханшчк 6:1/7:5 (5) Мантиља - Ј.Вачек 6:3/7:6(7:5) (6) Калери - Воландри 6:4/4:6/6:4 Љубичиќ - (8) Масу 6:3/6:3 Чела - К.Рошу 6:3/3:6/7:5 Ескуд - Ел Ајнауи 6:3/6:0 Содерлинг - Гамбил 6:7(4:7)/6:3/6:3 Бјоркман - Степанек 6:3/3:0 пред. Х.Т.Ли - Волчков 1:2 пред. ТАТА ОПЕН - ЧЕНАИ (1.КОЛО) (1) Моја - Окун 6:3/6:4 (2) Шрихафан - Монтанес 6:1/6:3 (3) Шалкен - Удомчоке 6:4/7:5 (4) Робредо - Турсунов 7:5/6:7(2:7)/6:4 Ашионе - (6) Надал 7:6(7:5)/6:4 Ван Лотум - Бланко 7:6(8:6)/6:3 Ноул - Растоги 6:4/6:1 Карлсен - Матју 6:2/1:0 пред. Pozdrav![:)]
StormAngel ТЕНИС ЛОШ СТАРТ НА ГОДИНАТА ЗА СВЕТСКИОТ РЕКЕТ БРОЈ 1 БЈОРКМАН ГО 'РАСТУРИ' РОДИК Подготовките на светскиот број 1 Енди Родик за првиот гренд слем во новата сезона, Австралискиот Опен, не одат според планот откако загуби во второто коло на Катар Опен турнирот во Доха од Швеѓанецот Јонас Бјоркман со 6:3/6:4. Шампионот од УС Опен, Родик, лесно стигна до победа во својот прв меч во оваа година победувајќи го Русинот Николај Давиденко во вторникот, но против сервис-и-волеј специјалистот Бјоркман не успеа да пронајде одговор. 21-годишниот Американец, прв носител на турнирот, спаси две меч топки во деветтиот гем од вториот сет, пред Бјоркман да ја заокружи победата за помалку од еден час. Родик е петтиот носител кој порано ги завршува натпреварувањата во Доха, по елиминацијата на вториот носител Раинер Шутлер, Марк Филипусис (4), Николас Масу (5) и Јунес Ел Ајнауи (6). Бјоркман, кој е 30. на АТП листата, направи брејк во шестиот гем од првиот сет за да добие водство од 4:2 за да си го задржи сервисот за да го освои сетот со 6:3, а иако вториот сет беше поконкурентен, Бјоркман во секој момент ја имаше предноста и при секоја можност излегуваше на мрежа. 'Секогаш е тешко да се игра против светскиот рекет број 1, но откако играв двапати против него лани мислам дека научив како да играм против него. Пак успеав да направам притисок над него, а мислам дека клучот беше добриот сервис', вели Швеѓанецот. Седмиот носител, Тим Хенман, пак, лесно го совлада Аргентинецот Хуан Игнацио Чела со 6:3/6:4 и е трет носител во 1/4 финалето покрај Французинот Себастиен Гросжан и Агустин Калери. 'Ова е добар старт на годината, а имам добри спомени од Катар бидејќи играв во финалето во Доха во 1999. Мислам дека најдобар беше вториот сет и можеше да направам да биде малку полесно. Се надевам на титулата', вели Хенман. Марат Сафин, пак, н помогна на Русија да стигне до полуфиналето на 1 милиони $ вредниот Хопман куп откако во тежок меч со 6:7/7:6/6:3 го победи Јиржи Новак. Руската победа ја потврди и Анастасија Мишкина со 6:3/7:6 триумфот над Чехинката Барбара Стрицова. Со оваа победа Русите ќе мораат да го одиграат полуфиналето против САД (Линдзи Девенпорт и Џејмс Блејк) за да се одреди вториот финалист, покрај Австралија (Лејтон Хјуит и Алиша Молик). 'Се борев добро, но тој не се откажуваше и имаше добри шанси. Сега се обидувам да останам смирен и тоа е добро за мене', вели Сафин, кој по повредите во 2003 е само 77. на АТП листата. ХОПМАН КУП - ПЕРТ Русија - Чешка Република 2:0 Мишкина (Рус) - Стрицова (Чеш) 6:3/7:6(7:0) Сафин (Рус) - Новак (Чеш) 6:7(4:7)/7:6(8:6)/6:3 ААПТ ШАМПИОНАТ - АДЕЛАИДА (2.КОЛО) (6) Ниеминен - Сангвинети 7:6(7:2)/6:4 Солние - Руседски 6:2/6:2 Реид - Слуитер 6:3/6:2 АСБ КЛАСИК - ОУКЛЕНД 1/4 ФИНАЛЕ (1) Суарез - Бранди 6:3/6:2 (3) Данилиду - Ту 7:5/6:2 Бартоли - Пери 6:2/6:3 2.КОЛО Харклроуд - (2) Смашнова-Пистолези 7:6(9:7)/6:2 (3) Данилиду - Гаљарди 7:6(7:3)/6:2 Ту - (7) Вајнгартнер 4:6/6:3/7:6(7:4) (8) Барна - Марама 6:4/7:5 АНКЛ ТОБИС ХАРДКОРТС - ГОЛД КОУСТ (1/4 ФИНАЛЕ) (2) Петрова - Сафина 6:1/6:4 Стосур - (7) Серна 7:6(7:1)/7:5 Деши - Кузнецова 7:6(7:5)/6:4 КАТАР ЕКСОНМОБИЛ ОПЕН - ДОХА (2.КОЛО) Бјоркман - (1) Родик 6:3/6:4 (4) Гросжан - Улихрах 6:1/6:4 (6) Калери - Арази 4:6/6:4/7:5 (7) Хенман - Чела 6:3/6:4 Ескуд - Хојбергер 6:3/6:2 Х.Т.Ли - Коубек 6:4/6:4 Љубичиќ - Содерлинг 6:4/6:2 ТАТА ОПЕН - ЧЕНАИ (2.КОЛО) (2) Шрихафан - Леви 6:2/6:2 (4) Робредо - Карлсен 6:2/6:2 Андреев - (7) Ферер 6:2/6:3 Лиснар - (8) Дупуа 7:5/6:3 НОВИ КОНТРОВЕРЗИ ОД ДОКИЌ Невообичаената 'врска' меѓу Јелена Докиќ и нејзината поранешна татковина Австралија уште еднаш наиде на проблеми откако таа се повлече од Сиднеј Интернешнл турнирот ставајќи го во неизвесност нејзиното учество на Австралискиот Опен. Светската тенисерка број 15 вели дека место да игра во Сиднеј би сакала да се концентрира на тренингот. Овој турнир требаше да биде прв за Докиќ во Австралија од 2001, кога го зема тогашното југословенско државјанство по конфликтот со организаторите на Австралискиот Опен. 'Навистина сум разочарана што нема да се натпреварувам во Сиднеј, но навистина ми треба малку повеќе време посветено на тренингот за да можам да го играм мојот најдобар тенис. Важно ми е да почнам навистина силно и мислам дека фановите во Австралија заслужуваат максимум', вели Докиќ. Нејзиниот конфликт со својот татко и поранешен тренер околу нејзината врска со поранешниот формула 1 возач Енрике Бернолди како да стивнува, и тој изјави дека разговарал со неа пред '10-тина дена' и дека таа му рекла дека нема да игра во Австралија. 'Како може да се врати таму?' вели Докиќ. Pozdrav![:)]
StormAngel ОДЛУКАТА ЗА КИМ, СЛЕДНАТА НЕДЕЛА Ким Клијстер ќе почека до следната недела пред да одлучи дали ќе игра на Австралискиот Опен откако се повреди во Хопман купот во Перт, Австралија. Белгиската светска тенисерка број 2 мораше да се повлече во третиот сет против Австралијката Алиша Молик со повреда на скочниот зглоб. 'Ќе почекаме следната недела да видиме дали Ким ќе може да продолжи со тренинзите. Ако не, тогаш нејзиното учество во Мелбурн е навистина неизвесно', се вели на нејзиниот веб-сајт. Докторите соопштија дека се 'внимателно оптимистички' расположени околу можностите Клијстерс да биде подготвена за старт на Австралискиот Опен на 19 јануари. Pozdrav![:)]
StormAngel ТЕНИС СВЕТСКАТА ТЕНИСЕРКА БРОЈ 1 СО ЛЕСНА ПОБЕДА ХЕНИН СО ПРВА ПОБЕДА ВО 2004 Светската тенисерка број 1 Жастин Хенин-Харден ја отвори својата сезона со 6:4/6:1 победа над ветеранката Кончита Мартинез. Белгијката го загуби првиот сервис и губеше со 2:0 пред да се врати за освојување на првиот сет за само 39 минути, по што почна со брејк за да го финишира мечот со 27 директни поени и 35 неизнудени грешки. Хенин-Харден е прва носителка во Сиднеј и за Австралискиот Опен, кој почнува во понеделник во Мелбурн Парк. Таа доби шанса да стартува од второто коло и нема играно од поразот во полуфиналето на завршниот ВТА шампионат во Лос Анџелес во ноември. 'Среќна сум што победив во мојот прв меч и иако не беше убав меч најважно е да се стартува добро. Постоеја проблеми во мојата игра, но сигурна сум дека ќе ги надминам многу бргу', вели Хенин-Харден, која паузата ја искористи за формирање добротворна организација за помош на деца со рак. Кај мажите, поранешниот светски број 1 Лејтон Хјуит освои девет едноподруго гема откако губеше со 0:4 во првиот сет за победа од 6:4/6:1 и пласман во четвртфиналето каде што ќе игра со Французинот Арно Клемен кој со 6:4/7:5 го победи шведскиот квалификант Јоаким Јохансон. Тој вели дека се наоѓа во топ форма пред Мелбурн, посебно по кам-бекот против Кучера. 'Не сакав да го дадам првиот сет под никакви услови. Уживате кога се извлекувате така како што јас направив во тој сет. Кога сте победиле на еден гренд слем, јасна е целта - да победите на уште многу', вели Хјуит, шампионот од УС Опен во 2001 и Вимблдон 2002. Актуелниот шампион од Вимблдон, Рожер Федерер, пак, се намачи во првиот меч во 2004, со победа во три сета над Томас Јохансон на Кујонг Класик егзибицискиот турнир во Мелбурн. Федерер покажа мал дел од неговиот најдобар тенис во 6:4/6:7/6:3 победата над поранешниот шампион од Австралискиот Опен, но вели дека 'сй е ОК и не сум загрижен'. Светскиот рекет број 1, Енди Родик, не покажа дека има такви проблеми 'демолирајќи' го својот сонародник Роби Гинепри со 6:1/6:3. Во форма беше и Андре Агаси, кој со 6:3/6:3 го победи Себастиен Гросжан. Првиот носител на Хајнекен Опен турнирот во Оукленд, Нов Зеланд, Гијермо Кориа, се повлече од турнирот и му препушти на Словакот Доминик Хрбати место во четвртифиналето. Кориа го победи Германецот Николас Кифер со 7:6/6:3 во првото коло. Минатата година Кориа стигна до седум финалиња и освои пет титули остварувајќи 60 победи и стигнувајќи до финалето на Францускиот Опен. Тој објави дека ќе остане во Оукленд неколку дена пред да замине во Мелбурн за Австралискиот Опен во понеделник. РЕЗУЛТАТИ (2.КОЛО): АДИДАС ИНТЕРНЕШНЛ - СИДНЕЈ МАЖИ (3) Моја - Лодра 7:6(7:5)/6:3 (4) Филипусис - Руседски 6:3/1:6/6:4 Робредо - (5) Шрихафан 4:6/6:1/7:6(7:4) (7) Хјуит - Кучера 6:4/6:1 (8) Феркерк - Мирни 6:7(0:7)/7:6(8:6)/7:6(7:5) Реид - Мантиља 6:4/6:1 Клемен - Ј.Јохансон 6:4/7:5 ЖЕНИ (1) Хенин-Харден - Мартинез 6:4/6:1 (3) Морезмо - Шонеси 6:2/6:3 (4) Девенпорт - Звонарева 1:6/6:2/7:5 (6) Дементиева - Бовина 6:2/6:3 (7) Рубин - Краснорутскаја 7:5/6:2 Смашнова-Пистолези - Чладкова Скијавоне - Деши 6:0/6:4 ХАЈНЕКЕН ОПЕН - ОУКЛЕНД Хрбати - (1) Кориа пред. (2) Новак - Милер 7:6(7:4)/6:2 (3) Куертен - А.Мартин 6:2/6:4 (5) Спадеа - Хемес 6:1/6:2 Колшрајбер - (6) Гаудио 7:6(7:3)/6:1 Караз - Санторо 6:2/6:4 Слуитер - Санчез 7:6(7:3)/6:3 Анчиќ - Надал КАНБЕРА КЛАСИК Пенета - (4) Танасугарн 7:5/6:2 (6) Лоа - Мартинез Гранадос 6:3/6:2 Пара - (7) Вајнгартнер пред. (9) Санчез Лоренцо - Гаљарди 7:5/4:6/6:4 Шпрем - Руано Пасквал 4:6/6:1/6:3 МУРИЉА ТАСМАНИАН - ХОБАРТ (1/4 ФИНАЛЕ) (6) Асагое - (4) Зулуага 6:2/6:4 Салерни - (7) Барна 7:6(7:4)/6:3 Бранди - Моригами 6:3/6:4 Фрејзер - Камерин 7:6/6:4 Pozdrav![:)]
StormAngel ДОКИЌ, КОНЕЧНО, СЕ ОТКАЖА ОД МЕЛБУРН Јелена Докиќ продолжи со своето отсуство од Австралискиот Опен трета сезона по ред велејќи дека не е подготвена да се врати. 'Мојата игра не е како што треба да биде за да се натпреварувам на највисоко ниво, така што мислам дека не е праведно да им го направам тоа на фановите', вели Докиќ. Србинката Докиќ нема играно во Австралија откако загуби од Линдзи Девенпорт во првото коло на Мелбурн Парк во 2001 откако нејзиниот контроверзен татко Дамир ги обвини организаторите дека ја 'местат' ждрепката против неговата ќерка. 20-годишната Докиќ сега ја претставува Србија и Црна Гора, а оваа година првпат реши да игра во Австралија, откако се 'раздели' од својот татко поради несогласувањето околу нејзината врска со поранешниот формула 1 возач, Енрике Бернолди. 'Навистина сум разочарана што нема да можам да заминам во Мелбурн бидејќи сакав да играм таму. Најмногу жалам за фановите бидејќи мојата главна цел беше да се смирам со нив и да се вратам меѓу најдобрите 10', вели Докиќ. ДОКИЌ, КОНЕЧНО, СЕ ОТКАЖА ОД МЕЛБУРН Јелена Докиќ продолжи со своето отсуство од Австралискиот Опен трета сезона по ред велејќи дека не е подготвена да се врати. 'Мојата игра не е како што треба да биде за да се натпреварувам на највисоко ниво, така што мислам дека не е праведно да им го направам тоа на фановите', вели Докиќ. Србинката Докиќ нема играно во Австралија откако загуби од Линдзи Девенпорт во првото коло на Мелбурн Парк во 2001 откако нејзиниот контроверзен татко Дамир ги обвини организаторите дека ја 'местат' ждрепката против неговата ќерка. 20-годишната Докиќ сега ја претставува Србија и Црна Гора, а оваа година првпат реши да игра во Австралија, откако се 'раздели' од својот татко поради несогласувањето околу нејзината врска со поранешниот формула 1 возач, Енрике Бернолди. 'Навистина сум разочарана што нема да можам да заминам во Мелбурн бидејќи сакав да играм таму. Најмногу жалам за фановите бидејќи мојата главна цел беше да се смирам со нив и да се вратам меѓу најдобрите 10', вели Докиќ. Pozdrav![:)]
StormAngel ТЕНИС ПРЕД СТАРТОТ НА ПРВИОТ ГРЕНД СЛЕМ ВО 2004 СИТЕ СО РАЗЛИЧНИ ПРОБЛЕМИ АГАСИ ГО 'УНИШТИ' ФЕДЕРЕР, ХЕНИН И ДЕВЕНПОРТ СО ПОВРЕДИ Андре Агаси јасно покажа во каква форма е пред Австралискиот Опен откако со 6:2/6:4 го 'уништи' шампионот од Вимблдон Рожер Федерер на Кујонг Класик егзибициониот турнир во Мелбурн. Федерер е фаворит кај букмејкерите за триумф на првиот гренд слем турнир во 2004, но по импресивниот меч Агаси вели дека е сигурен дека ќе ја одбрани својата титула од Мелбурн Парк. 'Морате да ризикувате против Рожер и да ги искористите сите свои шанси бидејќи тој има такво чувство за играта. Не можете да посакате подобра подготовка од ова - да играте против најдобрите тенисери на светот', вели Агаси. На 33-годишниот Американец му требаа само 22 минути да го освои првиот сет откако светскиот рекет број 2, Федерер, не можеше да го издржи темпото на Американецот. Вториот сет беше многу потесен, но Агаси не дозволи да ја загуби контролата над мечот. Агаси своите победи на Кујонг турнирот ги повтори со триумфи на Австралискиот Опен во три од последните четири години пропуштајќи ја 2002 поради повреда на зглобот на раката. Неговата сопруга Штефи Граф неодамна го роди нивното второ дете, но дури ниту тоа не го спречи Агаси да оди на тренинзи. 'Тренирам само неколку часа дневно и можам да го правам тоа додека децата спијат', вели Агаси. Во останатите мечеви во Мелбурн, Французинот Себастиен Гросжан го совлада Томас Јохансон со 6:4/6:2, додека Американецот Роби Гинепри го победи сонародникот Тејлор Дент со 7:5/6:1 Белгијката Жастин-Хенин Харден и Американката Линдзи Девенпорт го 'преживеаја' четврфиналето на Сиднеј Интернешнл турнирот иако главното стравување беше околу нивните повреди. Светската тенисерка број 1 и прва носителка на Австралискиот Опен, Хенин-Харден, го истегна скочниот зглоб пред да ја победи Американката Чанда Рубин со 6:3/4:6/6:4, додека Девенпорт истегна мускул на рамото при 6:3/6:4 победата на Русинката Елена Дементиева. Но и двете тенисерки сметаат дека ќе бидат ОК за Опен, кој почнува во понеделник. 'Го превиткав скочниот зглоб малку, но сега сй изгледа ОК. Тоа отече во два гема и тогаш ми беше тешко да играм, но верувам дека сега ќе е ОК', вели Хенин-Харден. РЕЗУЛТАТИ (1/4 ФИНАЛЕ): АДИДАС ИНТЕРНЕШНЛ МАЖИ (3) Моја - Робредо 6:1/6:2 (8) Феркерк - (4) Филипусис 6:4/7:6(7:4) (7) Хјуит - Клемен 6:1/4:6/6:3 Фереира - Реид 6:4/6:4 ЖЕНИ (1) Хенин-Харден - (7) Рубин 6:3/4:6/6:4 (3) Морезмо - (5) Мишкина 6:4/7:6(7:4 (4) Девенпорт - (6) Дементиева 6:3/6:4 Скијавоне - Смашнова-Пистолези 6:2/6:2 ХАЈНЕКЕН ОПЕН - ОУКЛЕНД (2) Новак - Слуитер 4:6/6:4/6:4 (3) Куертен - (5) Спадеа 6:2/7:6(7:4) Хрбати - Колшрајбер 6:1/3:6/1:0 прек. Надал - Караз 2:1 пред. КАНБЕРА КЛАСИК (2) Суарез - Пара 6:2/6:2 (3) Фарина Елиа - (9) Санчез Лоренцо 6:3/1:6/6:3 Шпрем - (6) Лоа 6:1/6:4 Вакуленко - Пенета 6:4/6:4 МУРИЉА ТАСМАНИАН - ХОБАРТ 1/2 ФИНАЛЕ (6) Асагое - Бранди 5:7/6:4/6:4 Фрејзер - Салерни 4:6/6:3/6:2 ЕНДИ И ЖАСТИН СЕ ГЛАВНИТЕ ФАВОРИТИ Светските тенисери број 1, Енди Родик и Жастин Хенин Харден се први носители на Австралискиот Опен, кој почнува на 19 јануари, соопштија организаторите. Родик, кој лани стигна до полуфиналето, имаше одлична 2003 станувајќи најмладиот Американец со 21 година и два месеци кој годината ја завршил на првото место на АТП листата победувајќи и на својот прв гренд-слем турнир (УС Опен). Актуелниот шампион Андре Агаси е четврт носител и ќе се обиде да стигне до петтата титула во Мелбурн по тие во 1995, 2000, 2001 и 2003. Втор носител е шампионот од Вимблдон и од Мастерс купот Рожер Федерер, а трет е шампионот од Ролан Гарос, Хуан Карлос Фереро, кој лани во Мелбурн стигна до четвртфиналето. Меѓу носителите се и двајца Австралијци, Марк Филупусис како 10. и Лејтон Хјуит како 15., а двајцата тенисери го немаат поминато четвртото коло на овој турнир. Кај дамите, Хенин-Харден за првпат ќе е прва носителка во Мелбурн, пред својата сонародничка Ким Клисјтерс, која во 2003 загуби во две гренд слем финалиња (во Париз и Њујорк) од Хенин, а оваа година во нејзина корист не оди повредата на скочниот зглоб. На третото место е Венус Вилијамс, за која ова ќе биде прв турнир по поразот од својата сестра Серена во финалето од Вимблдон. Французинката Амели Морезмо е четврта носителка, а петта е шампионката од 2000, Линдзи Девенпорт. НОСИТЕЛИ НА АВСТРАЛИСКИОТ ОПЕН МАЖИ (1) Енди Родик (САД) (2) Рожер Федерер (Шва) (3) Хуан Карлос Фереро (Шпа) (4) Андре Агаси (САД) (5) Гијермо Кориа (Арг) (6) Раинер Шутлер (Гер) (7) Карлос Моја (Шпа) (8) Давид Налбандиан (Арг) (9) Себастиен Гросжан (Фра) (10) Марк Филипусис (Авс) (11) Тим Хенман (Бри) (12) Николас Масу (Чил) (13) Парадорн Шрихафан (Тај) (14) Јиржи Новак (Чеш) (15) Лејтон Хјуит (Авс) (16) Сјенг Шалкен (Хол) (17) Мартин Феркерк (Хол) (18) Јунес Ел Ајнауи (Мар) (19) Густаво Куертен (Бра) (20) Томи Робредо (Шпа) (21) Марди Фиш (САД) (22) Агустин Калери (Арг) (23) Феликс Мантиља (Шпа) (24) Макс Мирни (Блр) (25) Јонас Бјоркман (Шве) (26) Алберт Коста (Шпа) (27) Тејлор Дент (САД) (28) Фелициано Лопез (Шпа) (29) Винсент Спадеа (САД) (30) Арно Клемен (Фра) (31) Вејн Фереира (ЈАР) (32) Роби Гинепри (САД) ЖЕНИ (1) Жастин Хенин-Хенин (Бел) (2) Ким Клијстерс (Бел) (3) Венус Вилијамс (САД) (4) Амели Морезмо (Фра) (5) Линдзи Девенпорт (САД) (6) Анастасија Мишкина (Рус) (7) Елена Дементиева (Рус) (8) Аи Сугијама (Јап) (9) Чанда Рубин (САД) (10) Надја Петрова (Рус) (11) Вера Звонарева (Рус) (12) Паола Суарез (Арг) (13) Кончита Мартинез (Шпа) (14) Ана Смашнова-Пистолези (Изр) (15) Даниела Хантучова (Свк) (16) Магуи Серна (Шпа) (17) Меган Шонеси (САД) (18) Франческа Скијавоне (Ита) (19) Елени Данилиду (Грц) (20) Силвија Фарина Елиа (Ита) (21) Елена Бовина (Рус) (22) Пати Шнајдер (Шва) (23) Лина Краснорутскаја (Рус) (24) Магдалена Малеева (Буг) (25) Лиза Рејмонд (САД) (26) Тина Пишник (Сло) (27) Аманда Кецер (ЈАР) (28) Марија Шарапова (Рус) (29) Натали Деши (Фра) (30) Светлана Кузнецова (Рус) (31) Тамарине Танасугарн (Тај) (32) Фабиола Зулуага (Кол) Pozdrav![:)]
StormAngel ТЕНИС ДЕНЕСКА ПОЧНУВА ПРВИОТ ГРЕНД СЛЕМ ВО 2004 ОДМЕРУВАЊЕ НА СИЛИТЕ ВО МЕЛБУРН ПАРК Само една титула, ниту еден гренд-слем и седум месеци надвор од тенисот поради повреда на стомачните мускули. Тоа е дел од разочарувањата на Венус Вилијамс во 2003, година во која испадна од првите 10 на ВТА листата првпат од 1997 година, а исто така ја загуби и својата полусестра, која беше застрелана пред нивниот поранешен дом. Поради тоа не беше вистинско чудо што кога таа пристигна во Мелбурн веднаш отиде на тренинг и не зборуваше за мода или за ВТА турнејата како порано. Работите, сепак, не се толку црни - таа го доби местото трет носител на Австралискиот Опен предизвикувајќи многу контроверзи. Во Мелбурн не е нејзината сестра Серена, актуелната шампионка која сй уште заздравува од операцијата на коленото во август. Надвор од турнирот се и неколку други поранешни шампионки, како Џенифер Капријати, Мери Пирс и Моника Селеш. Проблеми со здравјето имаат и втората носителка Ким Клијстерс и петтата носителка Линдзи Девенпорт. Меѓу првите пет носителки само Французинката Амели Морезмо (4), финалистката од Австралискиот Опен во 1999 (загуби од Мартина Хингис), нема некаква повреда. Првата носителка, 21-годишната Белгијка Жастин Хенин-Харден, која имаше неверојатен прогрес на нејзината игра во 2003, верува дека ќе стигне и до третата гренд-слем титула. И покрај проблемите со скочниот зглоб на турнирот во Сиднеј верува дека има големи шанси оваа година. Нејзината 20-годишна сонародничка Ким Клијстерс нема играно две недели по проблемите со десниот скочен зглоб на Хопман Купот и изјави дека 'не сака да ја ризикува кариерата' за настап на само еден турнир. Девенпорт, која се враќа по операцијата на стапалото во октомври, имаше проблеми со истегнати мускули на градите во Сиднеј. За разлика од дамите, машката конкуренција во Мелбурн е неверојатно голема со сите главни конкуренти на теренот. Првиот носител и светскиот рекет број 1 Енди Родик знае дека конкуренцијата е неверојатна силна. Шампионот од УС Опен добро ја познава играта на 2.носител Рожер Федерер, шампионот од Вимблдон, и 3.носител Хуан Карлос Фереро, кој е шампион од Ролан Гарос. Тие во 2003 ги освоија првите гренд-слем титули, што беше прв случај тројца тенисери да дебитираат од 1977 година. Актуелниот шампион од Австралискиот Опен, Андре Агаси, во споредба со тројцата тенисери (просечна возраст од 22 години) изгледа како дедо со своите 34 години, но тешко дека некој ќе се обиде да го потцени. Австралиската надеж повторно е вперена во нивните адути, Лејтон Хјуит и Марк Филипусис, кои ќе се обидат да станат првите 'локални момци' со титулата од Марк Едмонсон во далечната 1976. ХЕНИН СО ТИТУЛА, АГАСИ ШОКИРАН ВО МЕЛБУРН Жастин Хенин Харден не планираше да ја прославува победата над Амели Морезмо во финалето на Сиднеј Интернешнл турнирот откако стигна до 15. титула во кариерата со 6:4/6:4 победа. 'Ова беше тешка недела, но не сакам да се опуштам бидејќи вистинското само што почнува', вели Хенин. Кај мажите, локалниот фаворит Лејтон Хјуит имаше лесно финале против Карлос Моја откако Шпанецот заработи повреда и се повлече уште во првиот сет при резултат од 4:3 за Хјуит. Австралиецот Тод Вудбриџ, пак, го подобри рекордот со 79. титула во двојки освоена задно со Швеѓанецот Јонас Бјоркман по 7:6(7:3)/7:5 победата над американските близнаци Боб и Мајк Брајан. Толку лесна задача немаше актуелниот шампион од Австралискиот Опен, Андре Агаси, откако во финалето на егзибицискиот Кујонг турнир во Мелбурн загуби од одличниот Аргентинец, Давид Налбандиан со 6:2/6:3. Доминик Хрбати ја потврди одличната форма со втората титула по ред оваа година враќајќи се за триумф од 4:6/6:2/7:5 над шпанскиот тинејџер, Рафаел Надал на Хајнекен Опен турнирот во Оукленд, Нов Зеланд. Конечно на Канбера Класик, првата носителка, Аргентинката Паола Суарез стигна до 3:6/6:4/7:6(7:5) победа над Италијанката Силвија Фарина Елиа, која се жалеше на пристрасното однесување на судиите. Pozdrav![:)]
StormAngel ГЕМ, СЕТ, МЕЧ Светската тенисерка број 2, Ким Клијстерс, реши да игра на Австралискиот Опен и покрај повреденото стапало. Белгијката игра со Германката Марлен Вајнгартнер во вторник во првото коло и вели дека е подготвена за акција. 'Дојдов тука и решив да играм. Тоа не беше тешко бидејќи навистина сакав да играм', вели Клијстерс. Поранешниот шампион од Вимблдон, Горан Иванишевиќ ќе го има својот кам-бек на АТП турнејата на турнирот во Милано во февруари. Хрватот нема играно од повредата на коленото од јуни 2003 година. Иванишевиќ е победник на овој турнир во 1996 и 1997. Карлос Моја се надева дека секако ќе игра на Австралискиот Опен и покрај повредата која ја заработи во поразот во финалето на Сиднеј Интернешнл од Лејтон Хјуит. Шпанецот беше однесен во болницата во Сиднеј, а и покрај првите стравувања дека се работи за фрактура на скочниот зглоб, се работи само за лошо истегнување. Ветеранот Евгениј Кафелников нема да игра во Дејвис куп репрезентацијата на Русија во првото коло против Белорусија на почетокот на февруари откако поранешниот шампион од Ролан Гарос и Австралискиот Опен размислува за пензионирање и е поставен за помошник тренер во дуелот. Полицијата во Лос Анџелес го уапси 23-годишниот Роберт Мексфилд, за кого се верува дека ја убил 31-годишната Јетунде Прајс, полусестрата на Венус и Серена Вилијамс. Интересно е што ова е второ апсење за случајот на убиството на Прајс откако 24-годишниот Арон Мајкл Хамер е затворен од септември. Pozdrav![:)]
StormAngel ГЕМ, СЕТ, МЕЧ Седмиот носител Карлос Моја сепак беше 'принуден' да се повлече од дуелот во првото коло против Американецот Џејмс Блејк откако повредата добиена во финалето на Сиднеј Интернешнл турнирот против Лејтон Хјуит беше пресериозна. Иако рендгенските снимки покажаа дека на неговиот скочен зглоб немаше фрактура, тој мораше своето место да го предаде на Перуанецот Иван Миранда. 'Сй беше премногу бргу. Да го играв мечот утре можеби немаше да морам да се повлечам', вели Моја, кој во 1997 година загуби во финалето во Мелбурн. За разлика од Моја, Ким Клијстерс сй уште верува дека нема да има проблем да игра и покрај повредата на левиот скочен зглоб. Таа треба да игра против Германката Марлене Вајнгартнер во првото коло денеска. 'Утрото бев на мојата трета тренинг-сесија и се чувствувам сй подобро. Сй уште ми е страв околу трчањето по некои топки, но верувам дека нема да имам проблеми', вели Клијстерс. Андре Агаси вели дека да се имаат две деца е многу покомплицирано од тоа да имаш само едно, посебно ако си тенисер. 'Искрено 10 пати е покомплицирано. Покрај тоа што во авионот си со две деца кои се обидуваат да им го загорчат животот на другите патници, сакам да доаѓам во Австралија. Најтешко е тоа што немам многу време да сум покрај Штефи', вели Агаси. Тениската двојка има две деца, двегодишниот Џејден и малата Џез, која се роди во октомври. Поранешната топ 10 тенисерка, Австралијката Пам Шривер е трудна. 41-годишната Шривер се сретна со својот сопруг Џорџ Лејзенби (Австралиец кој во еден филм беше во улогата на Џејмс Бонд), на еден тениски турнир пред три години. Шривер освои 21 титула во сингл и уште 112 во двојки (вклучувајќи 22 на гренд-слем турнирите). Pozdrav![:)]
StormAngel ТЕНИС ПРВОТО КОЛО НА АВСТРАЛИСКИОТ ОПЕН СО ПОВЕЌЕ ИЗНЕНАДУВАЊА ХЕНИН КАКО ЕКСПРЕСЕН ВОЗ, ШУТЛЕР СЕ 'СОПНА' Првата носителка на Австралискиот Опен, Белгијката Жастин Хенин-Харден, лесно се пласираше во второто коло, по безмилосната 6:0/6:0 победа над 15-годишната Австралијка Оливија Лукашевич. Хенин, која е најголема фаворитка за титулата, ја скрши Лукашевич, која е 817. на ВТА листата за само 45 минути. Нејзината игра беше далеку од совршена со шест двојни сервис грешки и 17 неизнудени грешки, но беше задоволна од успехот. 'Добро е во првото коло да имате ваков лесен меч бидејќи ова може да биде напорен турнир на летното сонце. Оливија беше многу храбра и сигурна сум дека ќе биде многу подобра бидејќи сепак е многу млада', вели Хенин, која во второто коло в среда ќе игра со Французинката Камил Пин. Првиот носител кај мажите, Енди Родик, успешно ја прејде првата пречка, незгодниот Чилеанец Фернандо Гонзалез со 6:2/7:5/7:6(7:4) триумф. Мечот беше прилично напорен за Американецот, но тој имаше дури 20 аса, иако освои само 4 од 16-те брејк топки против 35. наАТП листата. 'Мислам дека ова беше лоша ждрепка за двајцата. Навистина морав да играм многу добро и одлично е што сервисот ме послужи', вели Родик. Финалистот од минатата сезона, Германецот Раинер Шутлер, пак, пропушти предност од два сета и стана најголемата 'жртва' на првиот ден на натпреварувањето. Шестиот носител Шутлер пропушти неверојатен број шанси против Швеѓанецот Робин Содерлинг, кој победи со 4:6/4:6/7:5/6:3/6:4. 'Едноставно не искористив ништо. Можев да победам во три сета. Потоа имав шанси во четвртиот и петтиот сет, така што поразот е посебно лош. Секако дека имаше притисок по финалето лани, но тоа не беше причината за слабата игра. Лани беше вистински сон, но овој пат имав сурово будење', вели Шутлер. Слични проблеми имаше и седмата носителка, Елена Дементиева, која со 6:1/6:4 беше поразена од 18-годишната Србинка Јелена Јанковиќ, која е само 79. на ВТА листата. Дементиева успеа да се врати по првите четири загубени поени, но Јанковиќ беше премногу силна за седмата носителка. 'Обично имам проблеми на стартот на годината. Проблем е што празниците ги поминав во Москва, каде што сега е навистина студено', вели Дементиева. Јанковиќ, пак вели дека ова е најголемиот триумф во нејзината кратка кариера. 'Ова е моја прва победа над тенисерка меѓу најдобрите 10 на светот. Пресреќна сум', вели Јанковиќ. Меч во пет сета имаше Густаво Куертен, кој успеа да се спаси во дуелот со Холанѓанецот Џон Ван Лотум. Поранешниот светски рекет број 1, кој сега е 19. носител, го совлада 'тврдоглавиот' Холанѓанец со 5:7/6:0/6:1/2:6/8:6. РЕЗУЛТАТИ (1.КОЛО): МАЖИ (1) Родик - Гонзалез 6:2/7:5/7:6(7:4) (4) Агаси - Ларкхем прек. Содерлинг - (6) Шутлер 4:6/4:6/7:5/6:3/6:4 (9) Гросжан - Јужни 6:1/6:4/7:5 Ниеминен - (12) Масу 6:1/6:7(5:7)/6:2/6:3 (13) Шрихафан - Акасусо 7:5/6:4/6:0 (16) Шалкен - К.Карлсен 7:5/6:3/6:1 Бланко - (18) Ел Ајнауи 4:1 пред. (19) Куертен - Ван Лотум 5:7/6:0/6:1/2:6/8:6 Гаудио - (20) Робредо 6:3/6:2/7:6(8:6) Карловиќ - (21) Фиш 7:6(7:0)/7:6(7:5)/7:6(7:4) (27) Дент - Вердаско 6:2/6:1/2:1 пред. Енквист - (29) Спадеа 6:4/4:6/4:6/7:6(8:6) Давиденко - (30) Клемен 6:7(6:8)/4:6/6:4/6:1/6:2 (32) Гинепри - Хорна 7:5/6:3/6:3 Бек - Коубек 6:4/6:0/2:6/6:4 Хрбати - Сарета 6:3/6:3/6:3 Гамбил - Караз 6:2/6:3 пред. Бердих - Махут 6:4/6:2/5:7/5:3 Ескуд - Х.Т.Ли 6:3/7:6(7:5)/6:2 Голмар - Портас 7:6(7:3)/6:4/6:1 Т.Мартин - Дупуа 4:6/4:6/7:6(7:5)/7:6(7:4)/6:3 Ферер - Милер 7:6(7:4)/6:1/6:3 Лапенти - Хернандез 6:1/6:3/6:1 Сафин - Вахали 6:2/3:6/6:2/6:4 Гучионе - А.Џонс 6:3/7:6(7:3)/6:2 Блејк - Миранда 6:1/6:4/6:4 Улихрах - Бургсмилер 6:4/3:6/6:2/6:1 Љубичиќ - Турсунов 7:6(7:2)/6:4/5:7/6:2 Мелцер - Беренд 6:1/6:2/6:2 Чела - Лабадзе 6:4/6:3/3:6/6:3 Пејшнс - Андреев 4:6/4:6/7:6(7:4)/6:1/6:2 ЖЕНИ (1) Хенин-Харден - Лукашевич 6:0/6:0 (4) Морезмо - Ч.Ј. Чуанг 6:1/6:0 (5) Девенпорт - Драгомир Илие 6:2/6:3 Јанковиќ - (7) Дементиева 6:1/6:4 Капрош - (10) Петрова 6:3/6:3 (11) Звонарева - Ондрашкова 6:3/6:1 (15) Хантучова - Ад.Сера Занети 7:6(7:5)/6:4 Сантанџело - (16) Серна 6:7(3:7)/7:5/6:4 Прат - (17) Шонеси 6:4/5:7/6:4 (19) Данилиду - Хопкинс 6:1/6:3 (21) Бовина - Клеинова 4:6/6:1/7:5 (24) Малеева - Ривс 6:1/6:0 Федак - (26) Пишник 7:5/6:0 (30) Кузнецова - Пери 6:3/6:3 Гренвил - (31) Танасугарн 6:1/6:3 (32) Зулуага - Асагое 6:3/6:2 Стосур - Талаја 6:3/6:2 Крејбас - Гранде 6:2/6:1 Шет - Фернандез К.Блек - Каленс 2:6/6:3/6:3 Лоа - Мареро 7:5/6:4 Медина Гаригес - Каргил 6:3/6:4 Черванова - Делаква 6:4/6:4 Мандула - Леон Гарсија 6:4/4:6/6:4 Доминкович - Бахман 6:1/6:4 Моригами - Пелетие 7:6(7:2)/4:6/6:4 Диаз-Олива - Жидкова 6:2/7:6(7:5) Ан.Сера Занети - Пенета 7:5/6:4 Шаул - Перебијнис 6:0/6:0 Пин - Гарбин 6:4/6:7(3:7)/6:4 Чинк - Венто-Кабчи 6:4/6:3 Pozdrav![:)]
StormAngel ТЕНИС ГЛАВНИТЕ ФАВОРИТИ ВО МЕЛБУРН НЕ ДОБИЈА ВИСТИНСКИ ОТПОР ФЕРЕРО СО МАЛА ПОВРЕДА, КЛИЈСТЕРС ЕКСПРЕСНО Венус Вилијамс се мачеше во својот втор меч на Австралискиот Опен, пред да ја победи Русинката Вера Душевина со 6:4/6:2 и покрај 23-те неизнудени грешки против 112-рангираната тенисерка. 'Ова беше добар меч. Можеби направив повеќе грешки отколку што требаше, но целта е остварена. Јасно ми е што треба да направам на теренот и мислам дека можам да ги надминам и грешките кога треба', вели Венус. Втората носителка, Белгијката Ким Клијстерс, пак, не покажа дека повредата на скочниот зглоб многу ја мачи остварувајќи импресивна победа од 6:0/6:0 над Марија Елена Камерин. Таа немаше никакви проблеми со Италијанката до последниот гем, кога Камерин спаси четири меч топки. На крајот Клијстерс имаше 25 директни 'победнички' топки во 50-минутниот дуел. 'Ова беше доволно совршено мислам. Не се случува често да можете да остварите ваква победа. Секако дека се чувствувате добро', вели Клијстерс, за која ова е четврта победа од 6:0/6:0 на гренд слем турнирите. Белгијката вели дека нема знак од проблемите со скочниот зглоб поради кои две недели паузираше пред Австралискиот Опен. Клијстерс помина повеќе време чекајќи ги момчињата со топчиња да ги отстранат топчињата од теренот отколку да го земе четвртиот гем од вториот сет. Камерин по ова почна да мавта со рацете како да сакаше да го забави возот. Тоа не н успеа. Клијстерс, која е свршеница на Лејтон Хјуит и миленичка на австралиската публика, вели дека барем еден гледач бил против неа. 'Го слушав тој човек како вика: 'ајде, дај н еден гем!'. Си помислив: 'Што сакаш да направам, да го удрам топчето во мрежа'', вели Клијстерс. Со неколку модринки Хуан Карлос Фереро 'преживеа' две можни повреди за да се избори за триумф од 6:4/7:6/7:5 над Италијанецот Филипо Воландри. Третиот носител мораше да добие средства против болки и една масажа од неговиот тренер откако измести мускул на грбот во првиот сет. Шампионот од Ролан Гарос продолжи со лошата среќа откако во третиот сет падна и повторно осети болка во левата надлактица. И покрај сето тоа тој вели дека ништо нема да му пречи на патот кон финалето. 'Засега сй е ОК. Бев на лекар и тој ми рече да земам неколку таблети против воспаление, но дека нема поголем проблем', вели Фереро. Во одлична форма е и Аргентинецот Давид Налбандиан, осмиот носител, откако го елиминираше германскиот квалификант Флориан Мајер со 6:1/6:0/6:3. Финалистот од Вимблдон пред две години имаше неверојатни осум брејка во мечот кој траеше 94 минути. 'Се чувствувам многу добро оваа година. Овој турнир сосема ми одговара', вели Налбандиан. Кај дамите, дури четири Русинки го поминаа второто коло во четвртокот. Шестата носителка Анастасија Мишкина ја победи Емануела Гаљарди со 6:2/6:4, 23. носителка Лина Краснорутскаја ја победи Барбора Стрицова со 6:3/4:6/6:3, Елена Ликовцева ја победи Франческа Скијавоне со 6:2/6:2, а Динара Сафина ја нокаутираше Аманда Кецер со 7:5/6:3. РЕЗУЛТАТИ (2.КОЛО): МАЖИ (2) Федерер - Морисон 6:2/6:3/6:4 (3) Фереро - Воландри 6:4/7:6(7:3)/7:5 (8) Налбандиан - Мајер 6:1/6:0/6:3 (10) Филипусис - Санторо 4:6/6:3/6:4/6:2 (11) Хенман - Степанек 6:2/4:6/6:3/6:0 (14) Новак - Ј.Вачек 6:2/7:6(7:3)/6:4 (15) Хјуит - Кучера 1:6/6:1/6:4/6:1 Кањас - (22) Калери 6:1/4:6/2:6/7:6(7:2)/6:4 (26) Коста - Артурс 6:7(5:7)/7:5/4:6/6:4/8:6 (31) Фереира - Санчез 2:6/6:3/6:4/6:4 Реид - Саргсјан 6:3/6:4/4:6/6:7(6:8)/6:4 Ј.Јохансон - А.Мартин 7:6(7:5)/6:3/7:5 Павел - Вајнер 6:4/6:4/6:2 Арази - Солние 3:6/6:1/6:2 пред. Надал - Ашионе 6:4/3:6/7:5/6:1 Анчиќ - Коретча 6:4/1:6/6:3/6:7(4:7)/7:5 ЖЕНИ (2) Клијстерс - Камерин 6:0/6:0 (3) В.Вилијамс - Душевина 6:4/6:2 (6) Мишкина - Гаљарди 6:2/6:4 Обата - (8) Сугијама 6:4/6:4 (9) Рубин - Чладкова 6:2/6:4 (12) Суарез - Вакуленко 6:3/6:4 Головин - (14) Смашнова-Пистолези 6:2/6:3 Ликовцева - (18) Скијавоне 6:2/6:2 (20) Фарина Елиа - Руано Пасквал 5:7/6:4/6:4 (22) Шнајдер - Бартоли 6:4/2:6/6:3 (23) Краснорутскаја - Стрицова 6:3/4:6/6:3 (25) Рејмонд - Барна 6:3/6:4 Сафина - (27) Кецер 7:5/6:3 (28) Шарапова - Ли-Вотерс 6:1/6:3 (29) Деши - Обцилер 6:3/6:0 Фрејзер - Бранди 2:6/6:0/7:5 ТОД РЕИД - НОВИОТ АВСТРАЛИСКИ ХЕРОЈ Австралија си пронајде нов тениски херој откако Тод Реид ги надмина здравствените проблеми (повраќањето и плускавците) за да триумфира во драматичниот дуел во пет сета против Саргис Саргсјан. Тенисерот од Сиднеј ја пропушти предноста од два сета против Ерменецот за на крајот да победи со 6:3/6:4/4:6/6:7/6:4. Реид требаше да сервира за освојување на мечот при резултат 6:5 во четвртиот сет, кога одеднаш пребледе и почна да повраќа. Тој го загуби сервисот и тај-брејкот и работите изгледаа лошо за тинејџерот кога за првпат во кариерата го почна петтиот сет. Но, на крајот Реид, кој пред два дена победи во својот прв гренд-слем меч, го победи 38. тенисер на светот и се пласираше во третото коло добивајќи неверојатна поддршка од публиката. 'Ова беше најневеројатното чувство кое кога било сум го имал. Со ваква публика беше нешто што никогаш не го очекував. Беше многу подобро откако повратив. Можеби Саргис си помисли дека ми беше полошо, но одеднаш сй беше подобро. Сега сум ОК', вели Реид. Целата храброст на Реид можеби нема да биде доволна да го спаси во следното коло бидејќи ќе игра со шампионот од Вимблдон, Рожер Федерер, кој го победи Американецот Џеф Морисон со 6:2/6:3/6:4. НИТУ ВЕНУС НЕ Е 'СУПЕР-ЖЕНА' Венус Вилијамс стигна до неверојатно откритие по паузата од шест месеци поради повреда - дека таа не е супер-жена. 'Колку и да го сакам тенисот, најтешкото што морав да го прифатам е дека постојат ограничувања, дека има нешто што не можам да го направам. Растејќи како Вилијамс не постоеше збор 'не можам' и тоа на крајот беше многу тешко да се прифати', вели Венус. Американката го игра првиот турнир откако се појавија проблемите со стомачните мускули на финалето на Вимблдон во јули минатата година и кога загуби од помладата сестра Серена. Таа признава дека од паузата ја научила лекцијата за балансиран и смирен живот. 'Секогаш ќе давам сй од себе во тенисот, но сега има многу други работи кои ме привлекуваат. Добро е да не се ограничуваш на едно нешто', вели Венус. Таа веќе е побогата отколку што кога било замислуваше, а со 23 години почна со неколку различни бизниси, како дизајн и мода. Венус обожува поезија и уметност и сака да научи неколку странски јазици. Во кариерата веќе има четири гренд слем титули, иако последната ја освои во 2001 (УС Опен. ГЕМ, СЕТ, МЕЧ Андре Агаси вели дека жали што првите години од неговата кариера не ги поминал во Австралија. Агаси првпат играше на Австралискиот Опен во 1995 и тогаш победи, а не играше и на Вимблдон по поразот во 1.коло во дебитантската сезона во 1987. Вторпат таму, во 1992, стигна до титулата. 'Би сакал да можев да играм тука во секоја пригода која што ја имав. Покрај тоа што тука го играм можеби најдобриот тенис во мојата кариера, ми се допаѓа играта. Мислам дека не играв поради причини кои сега не можам да ги објаснам. Бев многу млад и не сакав да ги почитувам традициите', се кае Агаси. Жастин Хенин-Харден вели дека нејзиниот брак н помогнал да ја подобри играта. 'Тоа ми помогна многу, ми даде самодоверба и сигурност и сега се чувствувам многу подобро', вели Хенин, која се омажи за Пјер-Ив Харден во ноември 2002. Дали сега таа има некој совет за својата сонародничка и ривалка Ким Клијстерс, која е свршеница на Австралиецот Лејтон Хјуит? 'Најважното за Лејтон и Ким е да се разбираат што подобро бидејќи се во истиот спорт. Јас разговарам со Пјер-Ив, но не многу за тенисот', вели Хенин. Надежта на Иво Карловиќ за гренд-слем титула повторно заврши во три тајбрејк сета. Хрватскиот гигант беше победен од Американецот Тод Мартин со 7:6(4)/7:6(4)/7:6(7) во второто коло, откако во првото коло го победи Марти Фи со 7:6(0)/7:6(5)/7:6(4), а на последниот гренд слем меч загуби во третото коло на УС Опен од Сјенг Шалкен со 7:6(8)/7:6(5)/7:6(3). 'Тоа е животот. Сосема неверојатно', вели Карловиќ, кој е 72. на АТП листата. Американскиот Фед куп тим ќе го игра првото коло од новата сезона во Порторож, Словенија, на гости и на земјена терен. Дуелот на 24 и 25 април ќе биде прв меч помеѓу САД и Словенија, а ќе го означи и дебито на Зина Герисон на челото на американскиот тим, по повлекувањето на Били Џин Кинг. Pozdrav![:)]
StormAngel ТЕНИС ДЕЈВИС КУП ВИКЕНДОТ КАКО И СЕКОГАШ СО МНОГУ ВОЗБУДУВАЊА АВСТРАЛИЈА ВО 'АУТ', РОДИК СО РЕКОРДЕН СЕРВИС Јонас Бјоркман и Томас Енквист победија во неделните сингл натпревари за да н дадат на Шведска изненадувачка 4:1 победа над актуелните шампиони Австралија во првото коло на Дејвис купот во Аделаида. Бјоркман го скрши Австралиецот Марк Филипусис со 7:5/6:2/6:2 за да стигне до недостижно 3:1 водство, а потоа Енквист имаше лесен дуел со Вејн Артурс за 7:6/3:6/6:4 триумф. Сега противник на Шведска во четвртфиналето во април е САД, додека Австралија во септември ќе игра плеј-оф за опстанок во светската група. 'Знаевме дека мораме да направиме нешто навистина добро за да стигнеме до ваков резултат. Никогаш не е лесно против шампионите и секогаш се надевате на победа, но искрено не верував дека ќе можеме да го направиме тоа', вели Бјоркман. Австралија, која ја победи во финалето во ноември Шпанија за 28. титула стана само седмиот актуелен шампион да е елиминиран во првото коло од Светската група. Филипусис, кој е херој на последните две титули за Австралија, овој пат не успеа да освои сет во своите два меча.'Еден ден сте херој, следниот сите скокаат против вас. Но, тоа е тенисот, и тоа е Австралија. Мораме да размислиме што понатаму', изјави разочараниот Филипусис. Близнаците Мајк и Боб Брајан со победата во игра на двојки го обезбедија местото во четвртфиналето за САД победувајќи ги Јирген Мелцер и Јулиан Ноул со 6:2/6:1/6:4. Американскиот тим ја бара првата титула од 1995, а во натпреварите во сингл, поранешниот светски рекет број 1, Енди Родик постави нов рекорд на најсилен сервис откако при победата од 6:4/6:4/6:2 над Штефан Коубек имаше сервис од 150 милји на час (240 км/ч). 21-годишниот актуелен шампион од УС Опен претходно го држеше рекордот заедно со Грег Руседски на 149 милји на час. РЕЗУЛТАТИ (ДЕЈВИС КУП - 1.КОЛО) АВСТРАЛИЈА - ШВЕДСКА 1:4 Артурс/Вудбриџ - Бјоркман/Јохансон 6:7(5)/4:6/6:2/7:6(4)/5:7 Филипусис - Бјоркман 5:7/2:6/2:6 Артурс - Енквист 6:7(8)/6:3/4:6 САД - АВСТРИЈА 3:0 Гинепри - Мелцер 6:7(6)/4:6/6:4/6:4/6:2 Родик - Коубек 6:4/6:4/6:2 М.Брајан/Б.Брајан - Ноул/Мелцер 6:2/6:1/6:4 БЕЛОРУСИЈА - РУСИЈА 3:2 Мирни/Швец - Сафин/Јужни 4:6/5:7/6:7(4) Мирни - Андреев 6:3/6:4/6:4 Волчков - Јужни 7:5/6:2/6:4 МАРОКО - АРГЕНТИНА 0:3 Ел Ареж - Кориа 1:6/1:6/4:6 Арази - Налбандиан 6:4/1:6/5:7/1:2 пред. Ел Ареж/Тахири - Арнолд/Калери 1:6/4:6/2:6 РОМАНИЈА - ШВАЈЦАРИЈА 2:3 Павел/Трифу - Алегро/Федерер 4:6/6:1/3:6/6:3/8:10 Павел - Федерер 3:6/2:6/5:7 Ханеску - Вавринка 6:3/6:7/6:3 ФРАНЦИЈА - ХРВАТСКА 4:1 Ескуд/Лодра - Анчиќ/Карловиќ 6:1/7:6(7:5)/6:3 Клемен - Љубичиќ 6:2/3:6/7:6/6:4 Ексуде - Карловиќ 7:6/6:2 ХОЛАНДИЈА - КАНАДА 4:1 Хархуис/Феркерк - Нестор/Нимајер 6:7(10)/0:1 пред. Феркерк - Данчевич 6:7/6:2/7:5/6:3 Шалкен - Ларосе 6:2/7:5 ЧЕШКА РЕПУБЛИКА - ШПАНИЈА 2:2 Новак/Степанек - Надал/Робредо 6:4/7:6(6)/6:3 Бердих - Лопез 4:6/7:6/3:6/2:6 ЧЕТВРТФИНАЛЕ ШВЕДСКА - САД АРГЕНТИНА - БЕЛОРУСИЈА ШВАЈЦАРИЈА - ФРАНЦИЈА ХОЛАНДИЈА - ЧЕШКА РЕПУБЛИКА/ШПАНИЈА ДЕВЕНПОРТ СО ТИТУЛА ОД ТОКИО Актуелната шампионка Линдзи Девенпорт н ги уништи надежите на Бугарката Магдалена Малеева со 6:4/6:1 триумф на Пан Пацифик Опен турнирот, што е нејзината четврта титула од Токио. На Американката н беа потребни само 58 минути да ја совлада Малеева продолжувајќи ја серијата на 12 победи во Токио од 2001, нешто што очигледно не н се допаѓаше на јапонската публика, која не дојде во полн број по повлекувањето на Венус Вилијамс. 'Ќе беше убаво да ја победам Венус во финалето, но немав таква среќа. Сепак, мислам дека не е мало остварување да се освои некој турнир четири пати по ред. Ова беше една недела во која сй одеше како што треба', вели Девенпорт, која помина само 3 часа и 22 минути во своите четири дуели до титулата. Малеева, која стигна во финалето откако петтата носителка, Чанда Рубин се повлече од полуфиналето поради повреда на коленото, вели дека е задоволна иако не стигна до шанса да го повтори успехот на нејзината постара сестра Мануела, која победи на првите два турнири во Токио во 1984 и 1985 година. 'Линдзи беше едноставно предобра за мене. Се обидов со сй и не успеав и немам зошто да жалам', вели 28-годишната Бугарка. Pozdrav![:)]
StormAngel ТЕНИС БЕЗ ПРОБЛЕМИ ЗА АМЕРИКАНЕЦОТ ВО КАЛИФОРНИЈА РОДИК КАКО ВОЗ ВО САН ХОЗЕ Енди Родик одбива да се сфаќа себеси пресериозно велејќи дека е вообичаено спортистот да е на врвот еден ден, за следниот да биде на самото дно. Американската тениска суперѕвезда повторно го покажа својот чуден карактер откако го потсетија дека неговиот прекар 'А-Род' е истиот со безбол ѕвездата на Тексас Ренџерс, Алекс Родригез. 'Ќе му го дадам прекарот, а тој мене може да ми го даде неговиот 10-годишен 252 милиони $ вреден договор. Брзо ќе се откажам', вели Родик. Сериозноста, сепак, ја остава за на теренот, каде што со 6:4/6:2 го совлада Белгиецот Криштоф Рошу во првото коло на Сибел Опен турнирот во Сан Хозе. 'Се чувствував лошо сй додека не го пронајдов својот ритам. Можев да сервирам подобро, а имав и премногу двојни сервис грешки, но тоа веќе е ситничарење', вели Родик, кој имаше 16 аса во мечот. 109-рангираниот Рошу не мисли дека во играта на Родик нешто недостасува. 'Во неговата игра има премногу интензитет. Сй е толку бргу и тој не ви дава да дишете', вели Белгиецот. Притисокот беше преголем за Давиде Сангвинети откако во првото коло на турнирот во Милано загуби од актуелниот шампион Мартин Феркерк од 6:4/7:6(7:0). Ова е трет пораз во четирите меча во оваа сезона за Сангвинети, 31-годишниот Италијанец, кој првата своја титула ја освои токму во Милано во 2002, а лани во финалето загуби од Феркерк. 'Секогаш има притисок кога играш на домашен терен, а првото коло секогаш е најтешко. Дури и во 2002 кога победив за малку ќе загубев во првото коло', вели Италијанецот. Феркерк, кој е втор носител на турнирот по Јиржи Новак, вели дека очекувал тежок дуел. 'Тука сум како актуелен шампион, но тешко е да се игра против Италијанец во Италија', вели Феркерк. Мери Пирс во својот прв меч во 2004 година ја победи Аранча Пара со 7:5/6:2 во првото коло на Газ де Франс турнирот во Париз. Пирс, освојувачка на Ролан Гарос од 2000 и Австралискиот Опен од 1995, немаше играно откако н помогна на Франција да стигне до Фед куп титулата во ноември. 'Можеше да се види дека немам играно во последно време. Бев нервозна, но потоа се смирив и сй беше полесно', вели Пирс. РЕЗУЛТАТИ: СИБЕЛ ОПЕН - САН ХОЗЕ 2.КОЛО (3) Фиш - Карлсен 6:3/3:6/7:6(7:2) Кендрик - (4) Дент 6:4/6:4 Гамбил - Хипенстил 6:3/6:2 1.КОЛО (1) Родик - К.Рошу 6:4/6:2 (7) Блејк - Флеишман 6:1/6:3 Х.Т.Ли - Малисе 7:6(7:1)/6:1 Ј.Јохансон - Кифер 5:7/7:5/6:2 МИЛАН ИНДОРС - МИЛАНО (1.КОЛО) (2) Феркерк - Сангвинети 6:4/7:6(7:0) Дупуа - (4) Лопез 6:3/7:6(8:6) Бек - (5) Љубичиќ 6:4/6:4 (6) Надал - Карловиќ 7:5/6:7(5:7)/6:1 (8) Хрбати - Андреев 4:6/6:3/6:2 Слуитер - Брачали 7:5/6:4 Ескуде - Боли 6:3/6:4 Кучера - Степанек 7:6(7:5)/6:2 Јужни - Галимберти 7:6(7:5)/6:4 ОПЕН ГАЗ ДЕ ФРАНС - ПАРИЗ 2.КОЛО (2) Дементиева - Коен Алоро 7:5/1:6/6:4 (7) Фарина Елиа - Пишник 6:0/6:4 1.КОЛО Хантучова - Тесту 5:3 пред. Бовина - Медина Гаригес 4:6/6:2/6:4 Пирс - Пара 7:5/6:2 БЕЛ САУТ ОПЕН - ВИЊА ДЕЛ МАР (2.КОЛО) (2) Куертен - Сквиљари 6:1/7:6(7:2) (4) Гаудио - Акасусо 6:3/6:3 (7) Воландри - Бланко 6:2/6:0 Санчез - Миранда 6:1/6:4
StormAngel ТЕНИС НАПОРНА НЕДЕЛА НА ДВЕТЕ СТРАНИ НА АТЛАНТИКОТ КИМ ЌЕ СЕ ОДМАЗДУВА ЗА ЕЛКЕ, ГАМБИЛ ГО 'ШУТНА' ДЕНТ Ким Клијстерс се враќа на домашен терен во обид да се одмазди за поразот на нејзината сестра Елке од Шпанката Аранча Санчез. 20-годишната Белгијка по освојувањето на 20. титула во кариерата во Париз минатиот викенд сега игра со Пара во второто коло. Шпанката со 6:3/6:2 ја совлада нејзината помлада сестра Елке. Интересно е што додека Клијстерс игра во Антверпен, нејзиниот свршеник Лејтон Хјуит е во блискиот холандски град Ротердам. 'Ако имаме време секако дека ќе се најдеме', вели Клијстерс. Нејзината најголема ривалка Жастин Хенин-Харден има проблеми со инфекцијата на грлото и се бори со времето да може да настапи на Дајмонд Игрите, на кои главна награда е златниот рекет посипан со вистински дијаманти. 'Не ви кажувам колку време земам антибиотици, но сега проблемите се зад мене бидејќи продолжив со тренинзите како ништо да не се случило. Побарав од организаторите првиот меч да ми биде в четврток и тие ме послушаа. Искрено, да не беше турнирот во Белгија тешко дека ќе бев тука', вели Хенин. Во Ротердам, пак, четвртиот носител, Тајланѓанецот Парадорн Шричафан се 'сопна' на првата пречка губејќи со 6:4/6:3 од Русинот Николај Давиденко. Шричафан мечот го почна слабо губејќи ги првите четири гема од Русинот, кој на 51. место на АТП листата е повеќе од 40 места зад него. 'Едноставно бев премногу бавен. Се обидов да се вратам по двојниот брејк, но ги пропуштив малите шанси кои ги имав за некаков брејк. Ова ми е првпат да играм на турнирот во Ротердам, но едноставно работите не одеа како што треба', вели Шричафан. Од другата страна на Атлантикот, на Крогер Сент Џуд турнирот во Мемфис, Жан-Мишел Гамбил го 'нокаутираше' актуелниот шампион Тејлор Дент со 7:6(8:6)/6:3 во првото коло одмаздувајќи се за поразот во второто коло минатата година. Гамбил имаше три успешни брејка во текот на мечот и ја заокружи победата за 1 час и 17 минути. 'Секогаш е добро да победиш некој со кого си имал проблеми во минатото. Од Тејлор изгубив во Вимблдон и тука минатата година, така што овој пат бев целосно подготвен. Јас играм подобар тенис оваа година и многу сум поопуштен', вели Гамбил. Кај дамите, Марија Шарапова продолжи со одличните игри и за само 55 минути ја елиминираше Шпанката Кончита Мартинез Грандос со 6:2/6:2 во првото коло на турнирот. Русинката, која е трета носителка и 25. на ВТА листата е најмладата тенисерка на турнирот со своите 16 години, а зад себе веќе има две ВТА титули. РЕЗУЛТАТИ (1.КОЛО): КРОГЕР СЕНТ ЏУД - МЕМФИС МАЖИ (7) Фереира - Б.Брајан 7:6(10:8)/6:3 Нимајер - Бургсмилер 6:2/6:4 Турсунов - К.Рошу 7:6(7:5)/6:3 Мелцер - Вахали 6:3/6:7(5:7)/7:6(7:4) ЖЕНИ (3) Шарапова - Мартинез Гранадос 6:2/6:2 (7) Бранди - Галиксон 6:0/6:0 Дулко - Гајдошова 7:5/6:3 Свенсон - Пери 7:6(15:13)/6:1 Салерни - Снајдер 7:5/6:3 АБН АМРО - РОТЕРДАМ Давиденко - (4) Шричафан 6:4/6:3 (5) Хенман - Робредо 7:5/6:2 Коста - Хојбергер 6:4/3:0 пред. Слуитер - Коретча 6:4/6:2 Павел - Јужни 4:6/7:6(9:7)/6:2 ПРОКСИМУС ДАЈМОНД ИГРИ - АНТВЕРПЕН (8) Фарина Елиа - Санчез Лоренцо 6:3/6:0 Чладкова - Гаљарди 6:0/6:0 Шпрем - Смашнова-Пистолези 6:4/7:5 Пара - Е.Клијстерс 6:3/6:2 Блек - Ондрашкова 6:4/4:6/6:3 Кукалова - Серна 6:4/6:2 АТП АРГЕНТИНА ОПЕН - БУЕНОС АИРЕС (2) Моја - Леви 6:2/6:4 Ферер - (4) Куертен 6:3/7:5 (5) Калери - Бланко 6:4/6:2 (6) Забалета - Лиснар 6:4/6:4 Акасусо - (7) Гаудио 6:3/7:6(8:6) (8) Чела - Џ.Лапенти 7:5/6:0 Пејшнс - Портас 6:4/6:3 Монако - Н.Лапенти 7:6(7:2)/6:1 Сквиљари - Лопез 6:0/6:1 Хернандез - Мојано 6:1/4:6/6:4 Сарета - Беренд 6:4/6:2 Санчез - Рамирез Хидалго 3:6/6:0/6:1 ИНДИЈА ОПЕН - ХАЈДЕРАБАД (2) Бартоли - Бамбри 6:1/6:1 (3) Танасугарн - Куликовскаја 6:4/6:0 (4) Прат - Мирза 4:6/6:2/6:2 (7) Камерин - Родионова 6:3/5:7/6:2 Пер - Сун 6:4/6:4 Југиќ-Салкиќ - Јан 3:6/6:4/6:1 Душевина - Гренфелд 6:3/6:2 Видџаџа - Шварц 7:6(7:5)/6:2 Путчек - Драгомир Илие 7:6(7:5)/6:4 Кириленко - Уберои 6:3/7:5
StormAngel ТЕНИС СВЕТСКИОТ РЕКЕТ БРОЈ 1 СЕ ВРАТИ НА АТП ТУРНЕЈАТА ФЕДЕРЕР И ФЕРЕРО СПОРЕД ПЛАНОТ, ЕНДИ МАЛКУ ПОТЕШКО Првиот носител на АБН АМРО Опен турнирот во Ротердам, светскиот рекет број 1 и шампион од Вимблдон и Австралискиот Опен, Швајцарецот Рожер Федерер, го одигра својот прв меч по освојувањето на титулата во Мелбурн победувајќи го Французинот Арно Клемен со 6:4/6:3. Победата над Клемен, поранешен финалист од Австралискиот Опен, ја продолжи серијата на 15 победи по ред за Швајцарецот, од Мастерс купот во Хјустон во ноември. 'Овој беше малку чуден меч и двајцата го баравме нашиот ритам. Немаше многу добри потези, а мојот сервис беше доволен за победа', вели Федерер, кој сега има скор од 3:3 во дуелите со Клемен. Вториот носител, Хуан Карлос Фереро, кој падна зад Федерер и Енди Родик на АТП листата, оствари 6:3/7:6(7:5) победа над Холанѓанецот Денис Ван Шепинген, а и за него ова беше прв меч по полуфиналето во Мелбурн, каде што загуби токму од Федерер. 'Добар старт на турнирот. Почнав со одлични потези и го видов дека станува сй понервозен. Првиот сет беше многу лесен', вели Фереро. Шестиот носител Лејтон Хјуит го победи уморениот Чилеанец Фернандо Гонзалез со 6:2/6:2 подобрувајќи го својот скор на 10:1 во 2004. Гонзалез минатата недела го освои турнирот во Виња Дел Мар. На Американецот Енди Родик, пак, на турнирот во Мемфис му требаа повеќе од два часа да го победи сонародникот Тод Мартин со 7:6/1:6/7:5 во тежок и напорен меч. Сй беше јасно уште во првиот сет, кога по два меѓусебни брејка Родик 'преживеа' во тај-брејкот и победи со 7:2. Но, Мартин, кој има само две победи во оваа сезона, покажа дел од постојаноста и упорноста која го краси во неговата 14-годишна кариера стигнувајќи лесно до вториот сет и намачувајќи го светскиот рекет број 2 во третиот. Светската тенисерка број 2, Ким Клијстерс, н се одмазди на Шпанката Аранча Пара победувајќи ја со 6:3/6:2, за победата над помладата сестра на Белкијката Елке во првото коло. И покрај сй Клијстерс по мечот имаше само пофални зборови за Шпанката. 'Таа е од Шпанија, но не игра како сите други шпанси тенисерки - има одличен сервис и е многу агресивна. Верувајте, не е лесно да се победи против неа. Среќна сум што играм во мојата земја и што играм толку важен турнир, иако тука имам многу повеќе работа која не е поврзана со тенисот', вели Клијстерс. 17-годишната француска сензација Ришар Гаске успеа да го изненади петтиот носител Агустин Калери за пласман во четвртфиналето на Аргентинскиот Опен во Буенос Аирес. Во следното коло тој ќе игра со третиот носител, Чилеанецот Николас Масу, кој беше подобар од Италијанецот Филипо Воландри со 6:2/6:4. 'Повеќе ме интересира да играм добар тенис, отколку да победувам', беше скромен Гаске. РЕЗУЛТАТИ: КРОГЕР СЕНТ ЏУД - МЕМФИС МАЖИ, 1.КОЛО (1) Родик - Т.Мартин 7:6(7:2)/1:6/7:5 (6) Блејк - Муди 7:6(7:5)/6:1 Бејкер - Дупуа 6:4/7:5 ЖЕНИ, 2.КОЛО (2) Рејмонд - Воскобоева 6:2/6:3 (3) Шарапова - Панова 2:1 пред. Дулко - (5) Харклроуд 7:5/7:6(7:3) Ли-Вотерс - Суча 6:3/6:3 АБН АМРО - РОТЕРДАМ 2.КОЛО (3) Шутлер - Степанек 6:3/6:4 1.КОЛО (1) Федерер - Клемен 6:4/6:3 (2) Фереро - Ван Шепинген 6:3/7:6(7:5) (6) Хјуит - Гонзалез 6:2/6:1 Т.Јохансон - Ашионе 6:3/6:1 Чакл - Бјоркман 7:6(7:2)/7:6(10:8) Мирни - Саргсјан 6:7(3:7)/7:6(7:5)/6:1 ПРОКСИМУС ДАЈМОНД ИГРИ - АНТВЕРПЕН 2.КОЛО (2) Клијстерс - Пара 6:3/6:2 (8) Фарина Елиа - Каленс 3:6/6:2/6:1 Шпрем - Блек 6:4/6:3 Кукалова - Сафина 6:4/7:6(7:2) 1.КОЛО Вакуленко - Стивенсон 6:3/6:1 Бенешова - Данилиду 7:5/6:4 Малеева - Пирс 6:4/6:4 АТП АРГЕНТИНА ОПЕН - БУЕНОС АИРЕС (2.КОЛО) (1) Кориа - Сквиљари 6:3/4:6/6:1 (3) Масу - Воландри 6:2/6:4 Гаске - (5) Калери 7:5/6:2 Монако - (8) Чела 7:6(7:4)/6:3 ИНДИЈА ОПЕН - ХАЈДЕРАБАД (2.КОЛО) (2) Бартоли - Фокина 6:2/6:4 (3) Танасугарн - Пер 6:3/6:2 (4) Прат - Ад.Сера-Занети 7:6(7:4)/6:2 (5) Костаниќ - Душевина 6:1/6:3 Видџаџа - (7) Камерин 6:3/6:4 Југиќ-Салкиќ - (8) Курхајцова 7:6(8:6)/4:6/6:3 Кириленко - Јошида 6:2/6:3
StormAngel ТЕНИС ФИНИШ НА ПРВИТЕ ЕВРОПСКИ ТУРНИРИ ВО 2004 'СОСЕДСКИ' ПОБЕДИ ЗА ДВОЈКАТА КИМ-ЛЕЈТОН Лејтон Хјуит го победи изморениот Хуан Карлос Фереро за да стигне до титула на АБН АМРО турнирот во Ротердам по 6:7/7:5/6:4 триумфот. Шестиот носител Хјуит ја заработи победата како предвремен роденденски подарок вреден 161.800 евра. Ова е 21. титула за Австралиецот и се враќа во првите 10 кога АТП листата ќе се објави во понеделник. 'Ова е мој прв турнир тука и чувството е неверојатно да се победи во прв обид', изјави Хјуит. Фереро сакаше да се одмазди за поразот од Хјуит во Дејвис куп финалето во ноември, но имаше многу тежок предизвик. Шпанецот одигра дури 124 гема, 43 повеќе од Хјуит за да стигне до финалето. Последните три меча тој ги победи во тај-брејк во третиот сет и уморот беше повеќе од очигледен. Челичната самоувереност ја немаше, иако даде сй од себе во првите два сета. Белгијката Ким Клијстерс стигна до својата прва титула на домашен терен победувајќи ја Италијанката Силвија Фарина Елиа со 6:3/6:0 во финалето на Проксимус Дајмонд Игрите во Антверпен, за втора титула по ред, по победата на Париз Опен минатата недела и за 21. ВТА титула. 'Беше фантастично да се игра на домашен терен пред 15.000 фанови кои навиваат за тебе. Против Силвија никогаш не е лесно и знаев од почетокот дека нема да ми попушти. Тоа што победив во два сета само покажува дека сум во добра форма', изјави Клијстерс, која во минатогодишното финале беше победена од Венус Вилијамс. Првата носителка на Крогер Сент Џуд турнирот, Русинката Вера Звонарева пак стигна до својата втора титула во кариерата, победувајќи ја Американката Лиза Рејмонд со 4:6/6:4/7:5 во маратонски меч од 2 часа и 22 минути. 19-годишната Московјанка губеше со 2:5 во третиот сет и спаси три меч топки пред двократната актуелна шампионка. Кај мажите, Швеѓанецот Јоаким Јохансон стигна до своето прво финале, победувајќи го Американецот Марди Фиш со 6:2/6:4 и ќе се сретне со Германецот Николас Кифер, кој го победи Томас Енквист со 6:3/6:3. 21-годишниот Јохансон, имаше 15 аса и успеа да оствари 70% од поените на прв сервис. Во финалето на Аргентинскиот Опен во Буенос Аирес, пак, ќе игра домашниот фаворит, првиот носител Гијермо Кориа, кој со 7:6/6:1 го победи 17-годишниот Французин Ришар Гаске, против Шпанецот Карлос Моја кој го победи домашниот фаворит Хозе Акасусо со 7:6/7:5.
StormAngel ТЕНИС ИЗНЕНАДУВАЧКО ФИНАЛЕ ВО МЕМФИС ЈОХАНСОН ДО ПРВА ТИТУЛА, КОРИА СЕ ОДМАЗДИ Јоаким Јохансон стигна до својата прва титула во кариерата откако со 7:6(7:5)/6:3 триумфираше над осмиот носител, Германецот Николас Кифер на 690.000 $ вредниот Крогер Сент Џуд турнирот во Мемфис, станувајќи четвртиот различен Швеѓанец со триумф во Тенеси. 21-годишниот Јохансон се придружи на Бјорн Борг, Штефан Едберг и Магнус Ларсон, а во исто време стана првиот Швеѓанец со АТП титула по Јонас Бјоркман во Нотингем во јуни 2002. 'Чувството е одлично бидејќи имаше тројца други големи Швеѓани кои стигнаа до оваа титула. Не успеав да го разгледам многу Мемфис, но сега сигурно овој град ќе биде многу блиску до моето срце. Публиката беше одлична и сега секогаш ќе се сеќавам на оваа недела', вели Јохансон. Швеѓанецот заработи 128.000 $ за победата и имаше седум аса во 94 минути долгата победа, за вкупно 78 аса во текот на неделата. Тој не загуби брејк на свој сервис на турнирот, за вкупно 55 гема по ред, со само пет брејк топки. Тој исто така не загуби сет во 63 гема до четвртото коло кога го загуби првиот сет од Енди Родик. 'Една од моите цели за 2004 беше да победам на еден турнир. На крајот на минатата сезона играв добро и освоив неколку челенџер турнири, така што се надевав дека ќе продолжам со солидната форма. Искрено, не очекував прва титула толку бргу', вели Јохансон. Кифер од друга страна не успеа да стигне до својата прва титула од 2000, но Германецот се надева дека лошата серија од шест порази по ред е завршена и дека 2004 ќе донесе многу подобри работи. 'Ако некој ми кажеше дека ќе бидам во финалето, немаше да му верувам. Цела година работите да стигнете до финалињата, а кога ќе стигнете таму, секако дека сакате да победите. Но, може да има само еден победник', вели Кифер. Во Буенос Аирес, пак, Аргентинецот Гијермо Кориа стигна до титулата одмаздувајќи му се на минатогодишнито победник Карлос Моја за поразот во финалето. Кориа овој пат немаше проблеми и со 6:4/6:1 стигна до својата 20. едноподруго победа на земјен терен и стана првиот Аргентинец со титула на турнирот од Гијермо Перез-Ролдан во 1987. 'Денес се движев многу добро и не се почувствував уморено. Знаев дека Карлос е уморен од неделата и дадов сй од себе. Секој ден работам мојата игра да биде подобра и сакам да бидам број 1 оваа година. Победата на Ролан Гарос и на Олимпијадата е дел од тој сон', вели Кориа, кој заработи 52.000 $ за својата седма титула во кариерата. АТП РЕЈТИНГ ЛИСТА 1.Рожер Федерер (Шва) 5.170 2.Хуан Карлос Фереро (Шпа) 4.460 3.Енди Родик (САД) 4.335 4.Гијермо Кориа (Арг) 3.240 5.Андре Агаси (САД) 2.775 6.Раинер Шутлер (Гер) 2.510 7.Карлос Моја (Шпа) 2.290 8.Давид Налбандиан (Арг) 2.025 9.Лејтон Хјуит (Авс) 1.875 10.Марк Филипусис (Авс) 1.705 ВТА РЕЈТИНГ ЛИСТА 1.Жастин Хенин-Харден (Бел) 7.000 2.Ким Клијстерс (Бел) 6.699 3.Амели Морезмо (Фра) 3.353 4.Линдзи Девенпорт (САД) 3.050 5.Џенифер Капријати (САД) 2.651 6.Серена Вилијамс (САД) 2.584 7.Анастасија Мишкина (Рус) 2.457 8.Аи Сугијама (Јап) 2.340 9.Чанда Рубин (САД) 2.300 10.Елена Дементиева (Рус) 2.270
StormAngel РЕЗУЛТАТИ (1.КОЛО): АРИЗОНА ШАМПИОНАТ - СКОТСДЕЈЛ (1) Родик - Ван Лотум 6:3/6:5 прек. (2) Феркерк - Алегро 6:3/6:2 (3) Гинепри - Филипс 6:2/6:0 (4) Спадеа - Т.Јохансон 6:4/6:4 (6) Блејк - Васало Аргуело 6:3/6:1 Ханеску - (8) Фереира 6:1/6:2 Мамит - Лиснар 6:0/4:6/6:3 Богомолов - Маркачо 6:3/5:7/6:4 Артурс - Коретча 6:1/6:4 ДУБАИ ДЈУТИ ФРИ ОПЕН (1) Федерер - Сафин 7:6(7:2)/7:6(7:4) Јужни - (2) Кориа 4:6/6:3/6:4 Ниеминен - (4) Налбандиан 6:3/6:3 (8) Шалкен - Саргсјан 6:3/6:1 Санторо - А.Мартин 6:3/6:7(7:9)/6:4 Робредо - Бјоркман 6:4/6:4 Надал - Мирни 6:3/7:6 Лопез - Давиденко 6:4/6:3 КАТАР ТОТАЛ ОПЕН - ДОХА (5) Фарина Елиа - Краснорутскаја 6:3/6:3 (6) Докиќ - Прат 0:6/6:3/6:4 Барна - (7) Мартинез 4:6/6:4/6:2 Жие - Герлеин 6:2/6:3 Шонеси - Молик 6:4/6:3 Тинг - Каленс 1:6/6:3/6:4 Костаниќ - Видџаџа 2:6/6:2/6:4 Кузнецова - Коен-Алоро 6:1/6:1 Венто-Кабчи - Тиан Тиан 7:5/6:2 Деши - Душевина 6:1/7:5 АБИЕРТО МЕКСИКАНО ДЕ ТЕНИС - АКАПУЛКО МАЖИ (4) Забалета - Г.Лапенти 6:7/6:2/6:3 (5) Мантиља - Пејшнс 6:3/7:6(7:4) (6) Гаудио - Акасусо 6:7(2:7)/7:6(7:1)/6:1 Бланко - (8) Воландри 5:7/6:4/7:5 Ферер - Гаљардо Ваљес 6:2/7:6 Рамирез Хидалго - Портас 6:3/7:6(7:4) Кањас - Лопез 4:6/7:6(7:3)/7:5 Салценштајн - Н.Лапенти 6:1/3:6/6:1 Вердаско - Беренд 6:2/6:4 ЖЕНИ (4) Лоа - Кремер 6:7(3:7)/6:4/6:1 (7) Пара - Жидкова 6:4/6:4 Гарбин - (8) Черванова 6:3/6:7(6:8)/6:2 Ваидисова - Курхајцова 6:6(5:2) пред. Вакуленко - Фернандез 6:3/6:2 Диаз-Олива - Чинк 7:5/5:7/6:3 Вашингтон - Перебијнис 6:4/6:2 Бенешова - Реш 6:4/6:0 Стосур - Секвера 6:1/6:4
StormAngel ТЕНИС МНОГУ ПРОБЛЕМИ ЗА ФАВОРИТИТЕ НА МАСТЕРСОТ ВО МАЈАМИ НАДАЛ ГО ШОКИРАШЕ СВЕТСКИОТ РЕКЕТ БРОЈ 1! Шпанскиот тинејџер Рафаел Надал го шокираше светскиот број 1, Рожер Федерер со 6:3/6:3 на Мастерс турнирот во Ки Бискејн елиминирајќи го шампионот од Вимблдон и Австралискиот Опен. Надал, кој е најмлад учесник кај мажите со 17 години, работата ја заврши за само 69 минути прекратувајќи ја серијата на Федерер од 12 победи по ред. 'Тој играше навистина агресивно, а јас не можев да го пронајдам ритамот. Сепак, секоја чест за победата', изјави Швајцарецот. Федерер имаше 28 победи во последните 29 натпревари и старт од 23:1 во 2004 година, со единствен пораз од Британецот Тим Хенман во четвртфиналето во Ротердам минатиот месец. 'Многу сум среќен бидејќи ова е еден од најдобрите мечеви во мојата кариера. Играв речиси совршен тенис, но и Федерер не играше најдобро. Затоа и победив. Решив да го притиснам од стартот и знаев дека не смеам да му дозволам да ја контролира играта. Пред стартот се плашев дека ќе загубам со 6:1/6:1, но на теренот излегов со позитивен став', вели Надал, кој во својата кратка профи кариера има и едно финале во Оукленд, Нов Зеланд, во јануари. Во 'аут' по третото коло се и Австралиецот Лејтон Хјуит и Американката Џенифер Капријати. Романецот Андреј Павел со 6:4/7:5 го совлада Хјуит, која направи неверојатни 10 двојни сервис грешки. 'Го оставив да ме победи и му дозволив да ја искористи секоја моја грешка. Требаше да одиме во тај-брејк во последниот сет, но...', вели Хјуит. Четвртата носителка, Капријати, пак, со 6:2/6:4 загуби од 21-годишната Гркинка Елени Данилиду за да ја остави Серена Вилијамс, како единствена топ 10 тенисерка на турнирот зголемувајќи ги шансите за ново сестринско финале. 'Како да не бев на теренот, а таа никако не утнуваше', вели Капријати. Првата носителка Серена Вилијамс продолжува со својот кам-бек на тениските терени победувајќи ја Русинката Елена Ликовцева со 6:1/4:6/6:3. 22-годишната Американка имаше доста проблеми со својата игра, а ова е и само втор меч по девет месеци пауза. 'Мислам дека на Серена н требаат повеќе мечеви пред да се бори за победа. Таа не е во најдобра форма и ако играв подобро ќе ја победев, но не може да се каже дека нема желба за триумф', вели искусната Ликовцева. РЕЗУЛТАТИ (3.КОЛО): НАСДАК 100 ОПЕН - КИ БИСКЕЈН МАЖИ Надал - (1) Федерер 6:3/6:3 (3) Кориа - (25) Чела 6:2/3:6/6:3 (12) Гросжан - Ашионе 6:3/4:6/7:6(7:1) (21) Гонзалез - (14) Новак 6:4/6:2 Павел - (17) Хјуит 6:4/7:5 Бенето - Љубичиќ 7:6(7:3)/6:1 Кифер - Гинепри 7:6(7:3)/3:6/6:4 Т.Мартин - Мелцер 7:6(7:4)/6:3 ЖЕНИ (1) С.Вилијамс - (31) Ликовцева 6:1/4:6/6:3 (2) В.Вилијамс - (27) Хантучова 7:6(7:0)/6:2 (25) Данилиду - (4) Капријати 6:2/6:4 (5) Дементиева - (26) Санчез Лоренцо 6:4/6:3 Крејбас - (7) Звонарева 6:2/3:6/6:3 (8) Петрова - (32) Лоа 6:1/6:3 (9) Суарез - (18) Серна 6:4/6:2 (10) Кузнецова - Капрош 2:6/7:6(7:4)/6:3 (24) Молик - (11) Фарина Елиа 6:3/6:7(5:7)/6:4 (12) Докиќ - Бранди 7:5/6:4 (17) Шарапова - (13) Смашнова-Пистолези 7:5/6:2 (15) Скијавоне - (20) Рејмонд 6:3/6:4 (21) Деши - Пери 6:2/6:2 (29) Шпрем - Венто-Кабчи 4:6/6:3/6:0 Дулко - Душевина 7:6(7:4)/6:4 Головин - Јанковиќ 6:7(4:7)/6:1/7:5
StormAngel ТЕНИС ПОРАНЕШНАТА ТЕНИСЕРКА БРОЈ 1 СО НЕВЕРОЈАТЕН КАМ-БЕК СЕРЕНА СО КРУНА ОД МАЈАМИ, РОДИК И КОРИА ВО ФИНАЛЕ Поранешната светска тенисерка број 1 Серена Вилијамс стана првата дама по осум години (од Штефи Граф од 1994 до 1996) да стигне до трета по ред титула од Мајами победувајќи ја во финалето Русинката Елена Дементиева со 6:1/6:1 за само 50 минути. Во отсуство на најдобрите четири тенисерки на светот, вклучувајќи ги Жастин Хенин Харден и Ким Клијстерс, 22-годишната Американка го играше својот прв турнир по пауза од осум месеци. Дементиева стигна до брејк во првиот гем пред Вилијамс да направи серија од 11 едноподруго гема да ја превземе контролата и да стигне до 24 титула во кариерата. 'Пред две недели бев навистина нервозна што првиот меч ќе го играм тука по долгата пауза. Сега сум возбудена и пресреќна што имам титула зад себе. Сега сум навистина 100% подготвена за тенисот и додека сум здрава ќе бидам при врвот', вели Серена, која заработи 400.000 $ за победата, за сега вкупно да има заработено неверојатни 12.946.863 $ од тениските турнири. Светската тенисерка број 8, Дементиева, не можеше да дојде до шанса против Вилијамс и единствено даде отпор при 0:5 во вториот сет, но тоа беше предоцна. 'Можеби не го играв мојот најдобар тенис денеска. Сфаќам дека ако сакам да дојдам до титула, ќе морам да играм далеку подобро. Не смеам да дозволам во финалињата да се чувствувам уморено', вели Дементиева. Во машкото полуфинале, Енди Родик го 'демолираше' сонародникот Винс Спадеа со 6:1/6:3 за во финалето да се сретне со Аргентинецот Гијермо Кориа, кој во драматичен меч двапати се враќаше од меч топка за триумф од 4:6/7:6(8:6)/6:1 над Чилеанецот Фернандо Гонзалез. Во првото јужноамериканско полуфинале во јужна Флорида Гонзалез беше посилен тенисер, но Кориа успеа да се врати по водство од 5:4 во вториот сет и од 6:4 во тај-брејкот за да стигне до одличен триумф. 'Кога сум на теренот не се предавам бидејќи не е готово додека не си подадете рака со противникот. За среќа, денес можев да реагирам во вистинско време', вели Кориа. Во финалето во игра на двојки, Вејн Блек и Кевин Ајлет од Зимбабве ги победија Швеѓанецот Јонас Бјоркман и Австралиецот Тод Вудбриџ со 6:2/7:6(14:12) оставајќи го специјалистот за игра во двојки Вудбриџ без својата 80. титула во кариерата. СИТЕ Ь ПОСАКУВААТ ДОБРЕДОЈДЕ НА МАРТИНА Легендарната Мартина Навратилова прифати вајлдкарта за настап на турнирот во Амелија Ајленд во специјалното 25. издание на турнирот. 47-годишната Навратилова последен пат играше во синлг во Истбурн во 2002 и сега ќе го сруши сопствениот рекорд за најстара тенисерка на ВТА турнирите на 5 април. Последниот американски меч за легендата на женскиот тенис беше во Вирџинија во 1994 година. Навратилова исто така ќе игра во сингл и во двојки на турнирот во Чарлстон, Јужна Каролина на 12 април. Првиот меч на Навратилова како професионалец е во 1973 година, а во кариерата има 167 титули во сингл вклучувајќи 18 гренд слем трофеи. Серена Вилијамс, која ќе биде на двата турнира вели дека е пресреќна поради оваа одлука. 'Ако можете да го направите тоа зошто да не! Таа е неверојатна спортистка и личност и верувам дека ќе помине неколку кола. Токму тенисерки како Мартина ме мотивираат, а кога јас ќе имам 47 години се надевам дека ќе можам да се движам, а не да играм на професионалната турнеја', вели Серена. НАЛБАНДИАН И ЈОХАНСОН ВО 'АУТ' Давид Налбандиан се повлече од аргентинскиот Дејвис куп тим кој треба да игра во четвртфиналето на Светската група против Белорусија на 9 април, откако повредата на скочниот зглоб добиена во првото коло против Мароко изгледа е посериозна од очекувањата. Аргентинскиот капитен Густаво Луза сй уште не именувал замена за него, но се очекува тоа да биде Агустин Калери. Во исто време Швеѓаните останаа без Јоаким Јохансон за дуелот со САД поради повреда на рамото. Јохансон требаше да игра со Јонас Бјоркман во двојки, а тие беа клучот за шведската победа над шампионите Австралија во февруари.