StormAngel |
ВИСТИНА ИЛИ ФАНТАЗИЈА
Фантомска секта ги плаши средношколците во Кавадарци
Деновиве во Кавадарци се шири фама за наводна фантомска секта, а најмногу се исплашени средношколците од гимназијата "Добри Даскалов", кои тврдат дека имале блиска средба со членки на сектата. Во гимназијата професорите воведоа ноќни дежурства, а откако ќе се стемни, учениците учат заклучени.
Блиската средба со фантомската секта се случила пред неколку дена, кога група гимназијалци од "Добри Даскалов" по часовите биле бркани од две женски лица во црни мантили и ќулавки на главите. Тие со ножеви во рацете им се заканувале дека ќе ги убијат. Еден од родителите на децата тврди дека на неговото дете му рекле оти ќе го убијат, за да биде одмаздено загинатото дете на една од жените.
Пред друго средно училиште, пак, една девојка се онесвестила од шокот што го доживеала при средбата со членките на таа секта.
По овие неколку инциденти едниот влез во гимназијата по 18 часот бил затворан од безбедносни причини, а потоа учениците го користат службениот влез. Професорите, пак, од 18 до 19 часот наизменично се ангажирани на вонредни дежурства.
Полицијата потврдува дека граѓаните го пријавиле случајот со двете жени кај Шумарското училиште, но според нив, едната од нив си ја чекала ќерката, која учела таму. Полицијата додава дека нема место за паника и дека најверојатно е во прашање детска фантазија.
Но, и покрај ова, во Кавадарци фамата се уште трае, а чаршијата плете приказни дека таа секта е "црна ружа".
(prevzemeno od dnevnik)
Pozdrav![:)] |