Poludea Kravite u USA
Poludea Kravite u USA
StormAngel ПОТВРДЕН ПРВИОТ СЛУЧАЈ НА КРАВЈО ЛУДИЛО ВО САД Вашингтон, 25 декември (МИА) - Анализите извршени во лабараториите во Велика Британија го потврдија првиот случај на кравјо лудило во САД, соопшти денеска американското Министерство за земјоделство. Главниот ветеринар во Министерството Рон Дехејван нагласи дека покрај тоа што се позитивни тестовите на испратените примероци, во британската лабараторија "Вејбриџ" ќе бидат извршени дополнителни тестирања. Кина и Канада денеска воведоа забрана на увоз на говедско месо од САД. Претходно вакви мерки донесоа властите на Австралија, Бразил, Хонг Конг, Јапонија, Малезија, Мексико, Русија, Јужноафриканската Република, Сингапур, Тајван, Тајланд и Украина. Според проценките на експертите, првиот случај на кравјо лудило во САД ќе му нанесе штети на американското сточарство во висина од 3,4 милијарди долари. Инаку, десет проценти од вкупното производство на говедско месо во САД беше наменето за странските пазари. (prevzemeno od MIA) Pozdrav![:)]