a-pin-dim |
Da se raduvame, zashto Gospod sleze od nebesata i Isus Hristos, Koj, iako beshe vo oblichje Bozjo, Sam Sebe se ponizi, Odkako zema oblichje na sluga i se izednachi so lugeto, i po vid se pokaza kako chovek (Filipjanite 2,5-7).
Zaradi toa, praznikot Rozdestvo Hristovo ne potsetuva deka treba nashiot zivot na zemjata da go uskladime so Hristovoto uchenje i da poziveeme “vo blagochestie i chistota” (1.Tim.2,2).
Seta radost za raganjeto na Bogomladenocot Hristos, Spasitelot nash, mozeme da ja iskazeme vo zborovite {to im gi kazal svetiot angel na Vitleemskite pastiri, koga im rekol-“ne bojte se! Eve, vi soopshtuvam golema radost, koja ke bide za site luge, zashto deneska vi se rodi vo gradot Davidov Spasitel, Koj e Hristos Gospod, zashto On ke go spasi narodot Svoj od negovite grevovi” (Lk 2,11-20).
So Hristovoto Raganje dobivme moznost i pravo i nie koi nosime telo i ziveeme na zemjava da bideme naslednici na neboto, pa zaedno so svetite angeli da peeme-“Slava na Boga vo visinite, a na zemjata mir i pomegu lugeto dobra volja!”
Za da ima mir na zemjata, treba da ima dobra volja megu lugeto, oti lugeto so losha volja go narushuvaat mirot. Tie luge se slugi na loshiot duh, protivnici na mirot i dobriot zivot na chovekot. Za da postane chovekot dobar, mora da se otkaze od zlovolieto, da ima dobra volja i oblagodarena dusha, a toa go dava verata nasha Sveta Pravoslavna, Evangelskoto uchenje i hristijanskiot moral.
Toa ni go dava i nashata tradicija i prekrasnite crkovni i narodni obichai. Zaradi toa, treba da znaeme, celoto nashe makedonsko bitie e crkovno i sveto.
Nashata istorija e crkovno-nacionalna istorija, isto taka, nashata kultura e vtemelena vo Hrista i vo Crkvata. Verata nasha e vnedrena vo narodnata dusha i vo celiot naroden zivot na makedonecot.
Seto ova deka e taka ni svedochat-ogromnoto i neprocenlivo narodno bogatstvo izrazeno vo prekrasnite, velelepni crkvi, svetite freski, ikoni i rezbi po starite makedonski manastiri i svetilishta i duhot hristijanski koj dishi vo sekoja dejnost na makedonskiot chovek.
Ogledalo na Svetoto evangelie e narodnata dusha, narodnata pesna, narodnite obichai, svetite praznici i svetite luge. So taa dusha makedonskiot pravoslaven vernik se izdignuva do Novorodeniot Hristos Spasitel, radosno peejki so svetite angeli-“Slava na Boga vo visinite, a na zemjata mir i megu lugeto dobra volja! (Lk2,14).
Site koi odat vo svetiot hram-nashite crkvi za da prisustvuvaat na svetoto bogosluzenie, ako odat so vera vo Boga, ke najdat vistinski dusheven mir i blazena radost, pa taka duhovno obnoveni i blazeni si zaminuvaat od hramot Bozji nosejki so sebe vo svojot dom duhovna sreka i napredok.
Taka, Svetoto Rozdestvo Hristovo ja osvetluva nashata dusha i celiot nash zivot. Bez Hrista nie se naogame vo temnina i mrak duhoven. Hristos ja osvetluva nashata dusha i se molime pravilno da go svatime i razbereme nashiot zivot preku Hrista Gospoda vo svetlina na svetata vera Pravoslavna Hristijanska.
Zatoa Gospod Isus Hristos i se narekuva svetlina, velejki za Sebe Si-“Jas Sum svetlina na svetot, koj vrvi po Mene, nema da odi vo temnina, a ke ima svetlina vo zivotot (Jn. 8,12). I ushte ne sovetuva i upatuva so zborovite-“Svetlinata e so vas, odete, duri ima svetlina, za da ne ve opfati mrakot, a koj odi po mrak, ne znae jade odi. Dodeka ja imate Svetlinata, veruvajte vo Svetlinata, za da bidete sinovi na Svetlinata! (Jn. 12,35-36).
Da ja poslushame porakata Bozja i zborovite shto ni gi upatuva Svetiot apostol Pavle koj veli-“deka vistinata e vo Isusa”, pa zatoa “da go otfrlime od sebe stariot chovek, spored vasheto poraneshno ziveenje, koj se raspaga vo izmamlivite zelbi, da se obnovite so duhot na svojot um i da se oblechete vo noviot chovek, sozdaden spored Boga vo pravda i svetost vo vistina” (Efes.4,22-24).
Praznikot Rozdestvo Hristovo neka bide nashe duhovno raganje vo duhot na hristijanskoto evangelsko ziveenje preku ispolnuvanjeto na dvete najgolemi Hristovi zapovedi, za ljubovta kon Boga i kon blizniot. “Sakaj Go Gospoda tvojot Bog, so seto svoe srce, so seta svoja dusha, so seta svoja sila i so siot svoj razum. I sakaj go blizniot svoj kako sebe si”. AMIN.
|
n/a |
П А В Л Е
По милоста Божја Архиепископ пећки, Митрополит белградско-карловачки и Патријарх српски, до сето свештенство, преподобното монаштво и побожниот народ на Православната Охридска Архиепископија
Милост и мир од Бога Отецот и Господ Исус Христос и Духот Свети со радосниот божикен поздрав
ХРИСТОС СЕ РОДИ!
Сесилниот Бог Отец, дародавец на постоењето и на секоја животна енергија, ја створи Црквата Негова како собор на анђели и луђе, но и на сето она што е створено во Христа, Синот Негов возљубен. Светот е во единство со Бога, но не постои со истата вечност со која постои Бог, зашто Бог е нестворен и неговата природа е нестворена, а светот и покрај тоа што може да се рече дека од секогаш по замисла е во Бога, како дело на вољата Негова, неможе да постои самостојно како што тоа постои Бог, но и пред стварањето и по стварањето е во единство со Него.
Токму затоа Црквата одсекогаш учи дека единството е конститутивен елемент на Црквата и не може да се нарече Црква во колку не е во единство со Бога. Тоа единство со Бога подразбира и едно друго единство, а тоа е единството на народот Божји међусебно во Христа Исуса нашиот Господ. Не е можно да се оствари единство со Бога без да се има единство со оние кои се во единство со Него.
Единството во Христа не е додаток на Црквата туку нејзин идентитет. Нема Црква без личносно единство на секој нејзин член прво со Христа Богочовекот, но истовремено и со сите кои се во единство со Него. Тоа е начин на постоење на Православната Црква, нејзино учење, делање и служење. Единството се поистоветува со богочовечката заедница, заедницата со љубовта, а љубовта е име на самиот Бог: „Бог е љубов”.
Има повеће имиња за оние кои немаат вистинска заедница со Бога и со народот Божји. Тие се нарекуваат или друговерци или еретици или расколници. Додека првите воопшто не го гледаат спасението во Црквата, овие другите и третите имаат свој погрешен рецепт како да стигнат до спасението. Се нарекуваат христијани, но погрешно учат, погрешно живеат, погрешно му служат на Бога. Во суштина, помеђу нив, значи помеђу расколниците и еретиците не постои голема разлика. И едните и другите се надвор од Црквата и имаат спасение толку, како вели Св. Кипријан Картагински, колку што имаат оние кои се нашле надвор од границите на Ноевиот ковчег. Историјата покажала дека, доколку расколот на време не се излечи, тој преминува во ерес, а ереста е раскол, расцеп, раскинување на врската со Бога и со сите оние кои се во единство со Него.
Сето ова е многу важно за оние кои сакаат да се спасуваат во Црквата и да го наследат животот вечен. Црквата никого не може да го присили на единство, никому не може да нареди да биде во единство, но треба и мора да упатува на единство со Бога кој се објави во светот како Света Троица и со народот Негов кој е богочовечка заедница на личности. Во таа заедница секој ги носи своите биолошки карактеристики, но не ја темели иднината на нив. Во Царството Божјо во кое нема да има ниту јудеец ниту елин, како вели апостол Павле, и уште повеће од тоа, ниту машки ниту женски пол, ништо не може да се основа на нешто што е минливо, времено, што не е постојано и нема вечност само по себе.
Не може, значи, ништо од биолошките карактеристики да се постави како услов за единството со Бога и неговиот народ, бидејћи сe е тоа од променлив карактер, подложено на промена, усовршување или пађање, преобразување или погибел. Најмалку националната припадност, не само затоа што етнофилетизмот како појава во Црквата е осуден на Цариградскиот собор во 19-от век, туку затоа што националната припадност е најспоредната од сите биолошки карактеристики на човекот, од најпроменлив и најнеизвесен карактер. Прво, затоа што е многу тешко со сигурност да се тврди и да се инсистира на чистотата на некоја нација, но друго, што е уште поважно од ова првото, а тоа е што припадниците на било кој народ, за да влезат во Царството Божјо мораат да се преобразат во народ Божји.
Проблемите со етнофилетизмот во Црквата се јавиле многу доцна. Дури во 19-от век. Можеби тие нашле плодно тло затоа што Црквата била сеуште под долговековното ропство од друговерците, па таа активно учествувала во народното ослободување и создавањето на национални држави. Жално е, међутоа, што некои, заради непознавањето на учењето за Црквата, и немањето доволно љубов, како и заради личните интереси на поединци во Црквата, им дале место на нацијата и на државата во Црквата кое не им припађа и со тоа создале проблеми кои сеуште постојат и го расекуваат единственото тело на Црквата Христова.
Неиздржана е аргументацијата дека секоја нација само затоа што е различна од некоја друга нација треба да има автокефална Црква, како и тоа дека една зрела помесна Црква не може да има свое самоуправување само затоа што не е различна нација од некоја која веће има своја автоефалија. Не може и не смее во Црквата мерило за самостојност да биде само националната припадност. Црквата мери по критериумот на зрелоста во љубовта и служењето, и по пастирските потреби, а не по критериумот на променливите биолошки карактеристики. Затоа толку проблеми со сите оние кои бараат автокефалија на основ на посебноста на нацијата и државата.
Што се однесува до Православната Црква во Република Македонија, таа, со одлука на Светиот Архиерејски Собор на Српската Православна Црква, стекна автономија (1959г.) која, после долги преговори и договори е дефинирана како „широка самостојност” со тоа што прашањето на конечното решение за обновената Православна Охридска Архиепископија е оставено „согласно канонсиот и соборен поредок на Православната Црква, имајћи ја сеправославната согласност на Полнотата на Црквата во Духот Свети”.
Но, автокефалија не може да се даде на јерархија која тоа го бара не од црковни туку од политички причини, која не ја познава еклисиологијата на Православната Црква и не го поставува црковното устројство на тоа црковно учење, која во своите редови има неканонски епископи, ги толерира и сослужува со нив и која не ги почитува ниту својот збор ниту своите потписи ставени на официјални документи. Автокефалија се дава на една Црква кога таа ће го положи зрелосниот испит, а колку зрелост има во јерархијата на расколничката Македонска Православна Црква се покажа неодамна. Не може веће Пећката Патријаршија да биде обвинувана, како ни целата Православна Црква, дека не сака да го реши проблемот со расколот во Република Македонија, како што не може никој повеће да ја обвинува Српската Црква за национални претензии над македонскиот народ и неговата територија. Тоа е јасно од севкупниот став на нашата Црква спрема Црквата во Република Македонија и отворениот братски повик во најсветото евхаристиско единство со вселенското Православие.
Многу дрско и неаргументирано е да се мисли и зборува дека ниту Српската Црква ниту било која Црква во светот ги сваћа пастирските потреби на православниот народ во Република Македонија, како што тоа во последно време пропагира расколничката јерархија во таа земја. Проблемот на расколот ја расекува целата Црква Божја во светот и непримерно е да се зборува дека само неколку луђе во Македонија имаат пастирска одговорност, а сите останати епископи во светот се неодговорни. Подобро е проблемот да се постави на вистина и правда и тогаш ће се најде решение во духот на грижата за вечното единство во Црквата и спасението во Христа. Кој i дава за право на јерархијата во Република Македонија да го ризикува спасението на цел еден народ да би угодила на овосветските политичари? Дека немаат никаква пастирска грижа за народот се гледа и од неодамнешниот нивни предлог да влезат во единство со сите расколнички заедници во светот, како што некои од нив порано доађајћи во Патријаршијата велеа дека ће влезат во заедница и со црниот ђавол само да го остварат она што сакаат!
А, историската вистина е таа дека Македонската Православна Црква во 1967г. на пучистички начин, значи со бунт, без благослов на мајката Црква, но и на било која православна Црква во светот, прогласи автокефалија и бивајћи непризната од никого, со самото тоа се одвои од едното и единствено тело на Црквата Божја. Со тоа расколничката организација постана безблагодатна овосветска институција створена од комунистите да би ги задоволила нивните потреби. Потребите на комунистите беа јасни, да го растурат единството на Црквата на просторите на тогашна Југославија, за да можат полесно да ја контролираат и систематски уништуваат, и второ, преку новостворената расколничка организација да ја контролираат македонската дијаспора која не можеше да се контролира со друг државен апарат.
Она што е уште поважно од таа историска вистина е есхатолошката вистина која е уште појасна и поедноставна од оваа првата. Не може да влезе во иднината, значи не може да го наследи Царството небесно никој кој е во раскол со едната Света Соборна и Апостолска Црква. Може да чита од истото Свето Писмо кое го читаат православните, да користи исти богослужбени книги кои ги користи Црквата, да служи исти свети тајни кои ги служи и православната јерархија, но и покрај тоа, како вели Блажени Августин пак да нема спасение. Токму во тоа се согласуваат и Блажени Августин и Св. Кипријан Картагински: се согласуваат дека расколот е духовна пустош во која нема спасение.
Неодамна е воспоставена канонска состојба во Православната Охридска Архиепископија на подрачјето на Република Македонија со Синод од три епископи канонски поставени и признати од сите Православни Цркви. Така е надминат долгодеценискиот раскол со Црквата на територијата на денешна Република Македонија. Но и покрај тоа, за жал, сеуште повећето јерарси и свештеници, под притисок на властите во таа земја, останаа во раскол.
Со оваа наша Божикна посланица сакаме уште еднаш со братска љубов во Богомладенецот да ги повикаме во евхаристиско единство сите епископи, чесното свештенство, преподобното монаштво и благочестивиот народ во Република Македонија, како би се нашле во единство со децата Божји заедно на патот кон Царството Божјо во вистинската вера, со надеж и љубов во Господа, во едната, Света, Соборна и Апостолска Црква. За вистинските Христијани вечното спасение е над сe. А во расколот нема спасение, учи Православната Црква. На кого Црквата не му е мајка, него ни Бог не му е Отец.
На единство во Богомладенецот и Црквата Божја нe повикуваат рамноапостолните Кирил и Методиј, Наум и Климент и целата Црква Христова. Треба да се има во предвид дека светиот град Охрид и Свети Климент Охридски никогаш не биле во раскол со Црквата вселенска. Срамно е и пред Бога и пред луђето да се помисли дека тоа огниште на словенското светителство и просветителство може во наше време да биде одвоено од живиот корен на Соборната Црква Божја, на радост на непријателите на македонскиот народ и држава, а на жалост на севкупниот народ Божји.
Во надеж на одзив на овој смирен и полн со љубов татковски повик во единството на Црквата, столб и тврдина на вистината, сите ве поздравуваме со радосниот Божикен поздрав:
МИР БОЖЈИ!
ХРИСТОС СЕ РОДИ!
Ваш молитвеник пред новородениот Богомладенец
АЕМ и Патријарх српски Павле
http://www.spc.org.yu/Saopstenja/bozic03-ohrid_c.html
|