NHL
NHL
StormAngel НХЛ КАНАДСКИОТ ТИМ ИЗЛЕГУВА ОД КРИЗАТА ОТАВА ВЛЕГУВА ВО ПОБЕДНИЧКА СЕРИЈА Маријан Хоса постигна два гола, а Даниел Алфредсон еден гол и една асистенција за да ја предводат Отава Сенаторс до 5:2 триумф над Атланта Трешерс, за прекинување на серијата од три победи по ред на гостинскиот тим. Трешерс имаат катастрофален скор од едно реми на последните седум натпревари со Отава (0-1-6) и имаат вкупно 16:8 скор во трите порази во оваа сезона. 'Тие се фантастичен одбранбен тим. Имаат огромни момци во одбраната и не дозволуваат да упатите повеќе удари кон нивниот гол', изјави напаѓачот Роналд Петровицки, кој постигна еден гол за Атланта. Во Чикаго, пак, Блекхокс со 20 одбрани на Мајкл Лејтон стигнаа до импресивна 3:0 победа над големите ривали Детроит Ред Вингс. Ова е втор шатаут (натпревар без примен гол) за Лејтон во последните три натпревари и трет во неговата кариера. Нејтан Демпси, Туомо Рути и Дерон Квинт постигнаа голови за Блекхокс за кои ова беше само трета победа во последните 23 натпревари (3-4(3)-13). Интересно е тоа што две од тие победи се против Детроит Ред Вингс, лидерите на Централ дивизијата и еден од најсилните НХЛ состави. 'Се работи за Ред Вингс и изгледа пред тие натпревари сме посебно мотивирани. Се возбудуваме кога играме против нив и тоа може да се види според хокејот', вели Демпси. РЕЗУЛТАТИ: Отава - Атланта 5:2 Чикаго - Детроит 3:0 Едмонтон - Калгари 1:2 Pozdrav![:)]
StormAngel НХЛ ВЕТЕРАНОТ НА КАРОЛИНА НА ЧЕТВРТО МЕСТО НА ВЕЧНАТА ЛИСТА РОН ФРЕНСИС СЕ ИЗРАМНИ СО ДИОН Откако повеќето од рекордите во кариерата во последните сезони ги постигнуваше при порази, Рон Френсис стигна до четвртото место на вечната листа на НХЛ според остварени поени при победа. Капитенот на Каролина Хуриканс се израмни со Марсел Дион со 1.771 поен откако Хуриканс конечно го совладаа голманот на Бафало, Мика Норонен. 'Момците работеа напорно и добро е да се стигне до тоа во натпревар во кој победивме. Тоа е најспецијалното околу овој рекорд', вели Френсис. Каролина откако го донесе тренерот Петер Лавиолет има 4 победи и 2 порази, а најинтересното е тоа што сите победи се со резултат 2:1. 'Тоа е одлична бројка, зарем не? Бев возбуден откако постигнавме два гола во средината на втората третина и мислев дека можеме да дадеме три или четири. Но, на крајот и 2:1 е сосема доволно', додаде Френсис. Ова е 23 сезона за Френсис, а голот беше 542. во кариерата, со кој го помина Стен Микита на 21 место. РЕЗУЛТАТИ: Темпа Беј - Анахејм 0:2 Каролина - Бафало 2:1 Колумбус - Сент Луис 2:3 Њујорк Ајлендерс - Њу Џерси 3:1 Вашингтон - Бостон 1:3 Питсбург - Чикаго 1:0 Атланта - Монтреал 1:2 Флорида - Торонто 4:4 ОТ Далас - Филаделфија 2:2 ОТ Минесота - Калгари 2:2 ОТ Колорадо - Ванкувер 2:3 Феникс - Њујорк Ренџерс 2:3 ОТ Сан Хозе - Нешвил 5:2 Pozdrav![:)]
StormAngel НХЛ КОНЕЧНО, МАЛКУ ПРОМЕНИ И ВО ЊУЈОРК РЕНЏЕРС СЕЈТЕР НЕ Е ВЕЌЕ ТРЕНЕР, ОСТАНА ПРЕТСЕДАТЕЛ Губењето, протестите на фановите и слабата игра на Њујорк Ренџерс го убедија Глен Сејтер дека е време за промени. Почнувајќи од него. Сејтер веќе не е тренер на Ренџерс, иако остана претседател и генерален менаџер на тимот. 'Нема човек во нашата организација за кој е спречено да се реализира транфер, така што мислам дека треба да направиме некои големи одлуки. Следните неколку недели мораме да размислиме каде одиме и како да стигнеме таму', вели Сејтер. Њујорк најверојатно по седма сезона по ред нема да игра во плеј-офот и покрај убедливото најскапиот тим во НХЛ. Брајан Лич, Боби Холик и Андреј Ковалев се играчите со најголема вредност при 'трејд', додека Ерик Линдрос и Марк Месје стигнуваат до крајот на договорот, ако не и на кариерата. Со 20 натпревари до крајот на регуларниот дел на сезоната Ренџерси се 12. со 14 поени заостанување зад осмопласираните Њујорк Ајлендерс. 'Имаме многу работи да го вратиме почитот кон Ренџерс, а да не зборуваме за да направиме нешто повеќе во плеј-офот', призна капитенот Месје. На негово место доаѓа Џон Рини, поранешниот тренер на Ванкувер Канукс, кој е 32. тренер во историјата на Ренџерс. РЕЗУЛТАТИ: Колумбус - Чикаго 3:4 Вашингтон - Каролина 1:2 Њу Џерси - Бафало 8:2 Атланта - Темпа Беј 2:4 Флорида - Торонто 4:0 Далас - Лос Анџелес 1:1 ОТ Феникс - Питсбург 3:4 ОТ Анахејм - Едмонтон 4:2
Strelec Momentalen plasman Istocna konferencija: Philadelphia 74* Toronto 72* Tampa Bay 66* Boston 71 Ottawa 69 New Jersey 67 Montreal 64 NY Islanders 61 Buffalo 54 NY Rangers 53 Florida 52 Atlanta 50 Carolina 46 Washington 41 Pittsburgh 30 Zapadna konferencija: Detroit 74* Colorado 74* San Jose 68* Vancouver 72 Calgary 64 Dallas 64 Los Angeles 63 St. Louis 60 Nashville 60 Edmonton 55 Minnesota 55 Phoenix 53 Anaheim 51 Columbus 43 Chicago 42 (*) vo vodstvo vo svoite divizii. Inaku vo play-off se plasiraat po osum tima od dvete konferencii... Regularniot del od ovogodisnata sezona zavrsuva na 4-ti april, a vednas potoa zapocnuva razigruvanjeto za titulata...
StormAngel НХЛ ЛЕГЕНДАРНИОТ КАНАЃАНЕЦ ЌЕ ОДИ НА НОВА ОПЕРАЦИЈА ЛЕМЈУ НЕ ИГРА ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА Марио Лемју нема да игра во НХЛ оваа сезона откако откри дека ќе мора да оди на операција на колкот следната недела. 38-годишниот сопственик и играч на тимот на Питсбург Пенгвинс и шести на вечната листа на НХЛ стрелци и еден од најголемите легенди на спортот вели дека нема намера да се повлече од спортот. 'Бев оптимистички расположен и мислев дека колкот ќе оздрави. Разочарувачки е што нема да имам шанса да се вратам на мразот оваа сезона, но сигурно планирам кам-бек следната сезона', изјави Лемју. Тој имаше операција на колкот во октомври 2001 и се врати во лигата за да биде водечки на листата на стрелци во поголемиот дел од сезоната 2002/2003 финиширајќи со 28 гола и 63 асистенции. 'Охрабрувачки е тоа што операцијата во 2001 беше успешна и немав проблеми оттогаш', додаде Лемју. Капитенот на Пенгвинс има постигнато само еден гол и осум асистенции оваа година, но во кариерата има 1.701 поени и е само зад Вејн Грецки (2.857), Горди Хоув (1.850), Марк Месје (1.847), Марсел Дион (1.771) и капитенот на Каролина Хуриканс, Рон Френсис (1.760). РЕЗУЛТАТИ: ВТОРНИК Каролина - Сент Луис 2:0 Њујорк Ајлендерс - Калгари 2:3 Монтреал - Бафало 3:1 Торонто - Нешвил 2:1 Отава - Темпа Беј 5:2 Колорадо - Колумбус 6:0 ПОНЕДЕЛНИК Њујорк Ренџерс - Калгари 0:5 Питсбург - Торонто 0:5 Детроит - Нешвил 6:0 Њу Џерси - Едмонтон 3:2 ОТ Сент Луис - Минесота 1:1 ОТ Ванкувер - Сан Хозе 1:2 Анахејм - Далас 2:2 ОТ НЕДЕЛА Каролина - Феникс 0:3 Монтреал - Вашингтон 4:1 Чикаго - Едмонтон 3:4 Колорадо - Минесота 3:1 Pozdrav![:)]
StormAngel НХЛ ГОЛМАНОТ НА ФЕНИКС СО ОДЛИЧНО ОСТВАРУВАЊЕ ЧЕТВРТИ 'ШАТАУТ' ПО РЕД ЗА БУШЕ Голманот на Феникс Којотс, Брајан Буше, стана првиот НХЛ голман по речиси 55 години да оствари четири едноподруго 'шатаути' (натпревари без примен гол) откако имаше 27 одбрани во 3:0 победата на Феникс на гости кај Вашингтон Капиталс. 'Имав доста помош во овие натпревари, а исто така треба да имате среќа да успеете во такво нешто. Тие имаа неколку диреци, а и момците блокираа доста удари', вели Буше. Последниот голман на кој му успеало истото беше Бил Дарнен во Монтреал Канадиенс, од 26 февруари до 6 март 1949 година. Буше сега нема примено гол 265 минути и 45 секунди и заостанува само зад рекордот на Дарнен од 309:21, исто така поставен во 1949. Следната шанса за него ќе биде дуелот против Минесота в петок, каде што Којотси ја завршуваат серијата од четири натпревари на гости. 'Ова е навистина неверојатно и се надевам дека ќе успеам да продолжам и в петок', вели Буше. Тренерот на Феникс, Боб Френсис, ги демантираше шпекулациите дека Буше нема да стартува против Минесота. 'Што би направиле вие во ваква ситуација? Јас не сум глупав', вели Френсис. РЕЗУЛТАТИ: Бафало - Филаделфија 1:1 ОТ Вашингтон - Феникс 0:3 Њу Џерси - Питсбург 2:4 Детроит - Бостон 0:3 Минесота - Чикаго 7:4 Анахејм - Лос Анџелес 4:4 ОТ Pozdrav![:)]
StormAngel НХЛ СОСЕДИТЕ И ЧЕТВРТИПАТ ПОДОБРИ ОД АЈЛЕНДЕРС РЕНЏЕРС СО ЊУЈОРШКА ДОМИНАЦИЈА Како и да се погледне, тимот на Њујорк Ренџерс е во предност пред градските ривали Ајлендерс. Тоа е случај и во севкупните дуели, местото на табелата оваа сезона и меѓусебните дуели во оваа сезона. Том Поти постигна еден гол и имаше една асистенција, а неговиот колега од одбраната Брајан Лич намести два гола, за четврти едноподруго триумф над Ајлендерс од 4:1. Алекс Ковалев и Владимир Малахов постигнаа два гола во последната третина, а Ерик Линдрос имаше одличен гол за продолжување на серијата на Ренџерс од 6-2-0, а дури 4-0 оваа сезона. Со победата Ренџерс се помести на 8. место во Источната конференција, едно пред Ајлендерс во трката за плеј-офот. 'Би сакал да играме повеќе натпревари против овие момци. Сега знаеме како да ги победиме', вели напаѓачот Петр Недвед. Сега скорот е 87-19-84 во серијата која почна во 1972, кога беше основан тимот на Ајлендерс. До минатиот месец Ренџерси не беа во предност од 17 март 1990 година. 'Разговаравме за ова повеќепати. Тие беа зад нас до пред некое време и знаеме дека можеме да ги победиме', вели капитенот на Ајлендерс, Мајкл Пека. Во останатите натпревари, Њу Џерси Девилси доживеаја незгоден пораз од фантастичните Отава Сенаторс, додека Темпа Беј со победа на гости само ја зголеми мизеријата на Питсбург Пенгвинс. Проблеми имаат и Филаделфија Флаерс, кои со високи 6:2 беа поразени на гости кај Бафало Сејберс. РЕЗУЛТАТИ: Бафало - Филаделфија 6:2 Њ.Ренџерс - Њ.Ајлендерс 4:1 Торонто - Калгари 4:1 Питсбург - Темпа Беј 1:3 Њу Џерси - Отава 0:4 Монтреал - Сент Луис 5:2 Нешвил - Лос Анџелес 0:0 ОТ Колорадо - Анахејм 3:1 Феникс - Ванкувер 1:4 Едмонтон - Флорида 4:2 Сан Хозе - Далас 0:3 Pozdrav![:)]
StormAngel НХЛ ЧЕШКИОТ АС ПОСТИГНА ГОЛ НА САМО 0.8 СЕКУНДИ ДО КРАЈОТ ЈАГР ГИ СПАСИ КАПИТАЛСИ Ѕвездата на Вашингтон Капиталс, Јаромир Јагр постигна гол на само 0.8 секунди пред крајот на натпреварот за финиш на еден од најлудите натпревари во оваа сезона. Јагр беше зад гол линијата на левата страна кога упати удар, а пакот удри во долниот дел од мрежата, скокна и го удри голманот на Калгари Флејмс, Џејми Мекленан зад левото колено влегувајќи во голот и давајќи им, 3:3, реми на Капиталс. 'Немав вистински избор. Знаев дека нема време и само се обидов да направам нешто. Навистина имав голема среќа', вели Јагр. Голот на Јагр беше неверојатен, но тоа беше шести гол во лудите последни шест минути од натпреварот кој изгледаше дека ќе заврши со резултат 0:0. 54 минути не беше постигнат гол, за Трент Витфилд да ја отвори серијата со 1:0 водство за Капиталс. Метју Ломбарди и Олег Саприкин постигнаа два гола за 29 секунди за 2:1 предност на Флејмс, Сергеј Гончар израмни на точно една минута до крајот, за капитенот на Флејмс, Џером Игинла, го постигне водечкиот гол на 38 секунди до крајот. 'Ова е најверојатно најлудиот хокеј што сум го видел во животот. Сй беше многу чудно и налик на натпревар од плеј-офот. Долго беше 0:0 и дадовме гол на пет минути до крајот. Во плеј-оф натпревар тоа значи дека е крај', вели голманот на Вашингтон, Олаф Колциг. РЕЗУЛТАТИ: Вашингтон - Калгари 3:3 ОТ Атланта - Монтреал 1:2 Детроит - Чикаго 4:2 Минесота - Лос Анџелес 2:2 ОТ Pozdrav![:)]
StormAngel НХЛ ФЛАЕРС ДВАПАТИ ПРЕКУ ЛИФС Тимот на Филаделфија Флаерс влезе во вистинска серија остварувајќи две победи по ред на Торонто Мејпл Лифс со кои се израмнија на врвот на Источната конференција токму со Торонто. Роберт Еше имаше 35 одбрани, а Михал Хандзус постигна два гола за 4:0 триумф на гости во Торонто. Флаерси исто така ги победија Торонто со 4:1 во петокот и во последните четири натпревари имаат неверојатна гол-разлика од 21:3. Флаерс ги елиминираа Мејпл Лифс од првото коло на плеј-офот минатата година. РЕЗУЛТАТИ: САБОТА Њу Џерси - Вашингтон 2:1 ОТ Отава - Бостон 4:0 Торонто - Филаделфија 0:4 Њујорк Ајлендерс - Бафало 4:2 Монтреал - Њујорк Ренџерс 2:2 ОТ Флорида - Темпа Беј 2:1 Сент Луис - Минесота 2:2 ОТ Нешвил - Едмонтон 2:1 Колорадо - Сан Хозе 1:2 Ванкувер - Анахејм 1:2 Калгари - Далас 2:3 ПЕТОК Колумбус - Лос Анџелес 3:2 ОТ Филаделфија - Торонто 4:1 Детроит - Феникс 3:3 ОТ Атланта - Каролина 3:4 Минесота - Питсбург 4:2 Pozdrav![:)]
StormAngel НХЛ КИНГС ДО ПОБЕДА ПО 14 НАТПРЕВАРИ И покрај тоа што Лос Анџелес немаа победено повеќе од еден месец, Кингси се вратија меѓу најдобрите осум во Западната конференција со 2:1 триумф на гости кај Чикаго Блекхокс, со голот на Александер Фролов. Ова беше прва победа за тимот од ЛА од 16 декември кога го победија Едмонтон, а во тој период имаа скор од 0-9(2)-3. Чикаго од друга страна сега е 1-0(1)-5 во последните седум натпревари и само 5-4(5)-19 во последните 33. РЕЗУЛТАТИ: Каролина - Атланта 2:5 Вашингтон - Питсбург 4:3 Чикаго - Лос Анџелес 1:2 Колумбус - Едмонтон 4:4 ОТ Pozdrav![:)]
StormAngel НХЛ РЕЗУЛТАТИ: Вашингтон - Торонто 2:3 Колумбус - Сент Луис 3:1 Њу Џерси - Каролина 1:2 Флорида - Колорадо 5:6 Минесота - Чикаго 4:2 Феникс - Сан Хозе 2:4 Ванкувер - Темпа Беј 5:4 ОТ Анахејм - Детроит 2:2 ОТ Pozdrav![:)]
StormAngel НХЛ ВАШИНГТОН ОСТАНА БЕЗ СВОЈОТ НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ НА СИТЕ ВРЕМИЊА ЛЕГЕНДАРНИОТ БОНДРА СИ ЗАМИНА ОД КАПИТАЛС Петер Бондра двапати остана без зборови на презентацијата на неговото заминување во тимот на Отава Сенаторс. Ниту можноста да игра за тим кој е кандидат за Стенли куп титулата не го намали шокот на заминување на тимот на Вашингтон Капиталс по 14 години. 'Јас пораснав тука. Пораснав како играч и како личност. Морам да сфатам дека сега треба да продолжам со животот', изајви Бондра. Тој стана последната 'жртва' на кратењето на платите во тимот на Капиталс. Најдобриот стрелец во историјата на тимот оди на север давајќи им на Сенаторси уште една ударна игла во борбата за Стенли куп титулата. Миленикот на фановите Бондра нон-стоп изјавуваше дека сака да ја заврши кариерата во Вашингтон. 'Сега ние треба да бидеме страшни лоши момци, но и ние плачевме денеска. Мислиме дека вака е најдобро за Петер. Работевме напорно да најдеме добро место за него да игра, иако тој не сакаше да си замине. Ова не е лесна одлука. Ние мислиме дека ова е добар потег и за тимот и за Петер', вели Џорџ Мекфи, генералниот менаџер на Капиталс. Несвесен дека се подготвува трансфер, Бондра се појави на тренингот во средата наутро со неговите две деца, а потоа го забележа Мекфи на мразот. 'Никогаш не сум го видел Џорџ толку рано. Потоа инстиктивно се свртев кон моите деца и реков: 'Ова е тоа. Ова е последниот ден тука'. Кога Џорџ ми кажа, не знаев што да правам. Беше многу тешко. Тука бев 14 години и сега сй е готово', изјави емотивниот Бондра. РЕЗУЛТАТИ: Детроит - Феникс 5:2 Њујорк Ајлендерс - Питсбург 4:3 Бафало - Флорида 1:1 ОТ Нешвил - Сан Хозе 7:3 Колорадо - Едмонтон 1:5 Лос Анџелес - Далас 3:4 Анахејм - Колумбус 3:1
StormAngel НХЛ ПИТСБУРГ ПРОДОЛЖУВА ДА ГИ РУШИ НЕСЛАВНИТЕ РЕКОРДИ ДУРИ 18 ПОРАЗИ ПО РЕД ЗА 'ПИНГВИНИТЕ' Питсбург Пенгвинс загубија повеќе натпревари по ред отколку кој било друг тим во историјата на НХЛ. Со 6:3 поразот на домашен терен од Отава Сенаторс, Питсбург стана првиот тим кој загубил на 18 натпревари по ред. Мартин Халват постигна хет-трик за да н помогне на Отава да стигне од второто место во Северозападната дивизија до најдобриот скор во НХЛ еден поен повеќе од Филаделфија, Торонто и Детроит. Пенгвинси двапати успеваа да израмнат, но, сепак, го загубија 18. меч по ред (0-0(1)-17), но, сепак, нема да влезат во историјата поради поразот во продолжение на 14 февруари во Сент Луис, а поразите на Вашингтон Капиталс во 1975 и Сан Хозе Шаркс во 1993 беа само порази во регуларниот дел на натпреварите. 'Ако го гледате тоа, едноставно губите волја. Можете да се заплеткате во мрежата и да не можете да излезете. Разочаран сум што продолжуваме да ги правиме истите грешки на секој натпревар', изјави одбранбениот играч Брукс Орпик. РЕЗУЛТАТИ: Њу Џерси - Калгари 3:1 Чикаго - Сент Луис 3:2 ОТ Питсбург - Отава 3:6 Далас - Анахејм 4:0 Минесота - Колорадо 1:3
StormAngel НХЛ ПОЧНА 'ЧИСТКАТА' ВО ТИМОТ ОД МЕДИСОН СКВЕР ГАРДЕН МОНТРЕАЛ ГО ЗЕМА КОВАЛЕВ ОД РЕНЏЕРС Њујорк Ренџерси го 'трејдуваа' десното крило Александер Ковалев во тимот на Монтреал Канадиенс за младиот напаѓач Јозеф Балеј и избор од второто коло на следниот драфт. Една недела пред крајниот рок за трансфери во НХЛ на 9 март Ренџерси почнаа да го растураат тимот кој е блиску до пропуштање на плеј-офот седма година по ред и покрај тоа што е убедливо најплатениот тим во лигата. Генералниот менаџер на Њујорк Глен Сејтер минатата недела откако се повлече од местото тренер на тимот објави дека во брзо време ќе има доста смени во тимот и тоа почна со Ковалев. Ова е вторпат Русинот да биде 'трејдуван' од Њујорк откако 'второто доаѓање' беше уште поразочарувачко од неговото деби во тимот. 'Очекував дека ќе си заминам од тимот бидејќи сите зборуваа за продавање, така што бев подготвен да си заминам. Се обидов да дадам сй за овој тим, а сега ќе направам сй за да бидам најдобар и во новиот тим', изјави Ковалев, кој имаше само 23 гола и 32 асистенции во 90 натпревари во Њујорк, а заработи 6.6 милиони $ оваа сезона. Монтреал за разлика од Ренџерс е речиси сигурен во плеј-офот, со седмото место на Истокот и 11 поени пред осмопласираната Флорида Пантерс, така што Ковалев ќе има шанса да се докаже и во плеј-офот. РЕЗУЛТАТИ: Њујорк Ренџерс - Атланта 3:4 Каролина - Колумбус 0:3 Вашингтон - Флорида 0:1 Торонто - Бостон 3:2 Питсбург - Њујорк Ајлендерс 3:3 ОТ Сент Луис - Калгари 2:4 Едмонтон - Феникс 5:4 ОТ