Velosipedizam |
StormAngel |
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ
ТЕКСАШАНЕЦОТ СОБРА ГОЛЕМ БРОЈ НАГРАДИ
АП ГО ИЗБРА ЛЕНС АРМСТРОНГ
Ленс Армстронг втора година по ред е избран за најдобриот спортист во годината според Асошиејтед Прес (АП), комплетирајќи ја незаборавната 2003. Во изминатата година Армстронг имаше професионален успех и лични проблеми откако се разведе со својата сопруга, а едно паѓање, дехидрација и слаба форма го донесоа на чекор од губење на рекордната петта титула од Тур де Франс.
'Ова беше тешка година и многу тешка Тур де Франс. Професионално ова беше многу успешна година, а лично многу тешка за мене и за моето семејство. Се обидов да дадам сй од себе. Личните проблеми сега се зад мене', вели Армстронг.
Армстронг и безбол ѕвездата на Сан Франциско Џајантс беа првите двајца во изборот на АП втора година по ред откако Ленс доби 174 поени, а Бондс 95. На Армстронг во 1996 година му кажаа дека има 50% шанси да го преживее ракот на тестисите, а само три години подоцна ја почна серијата од пет титули по ред од ТдФ (1999-2003). Победата оваа година сепак изгледаше најчовечка, откако се разведе од сопругата Кристин, а на ТдФ имаше вистински проблеми да стигне до титулата борејќи се со Германецот Јан Улрих до последната етапа.
'Јан ќе биде најголемата закана и во 2004, а многумина би се согласиле дека тој беше подобриот спортист во оваа година', вели Армстронг
Pozdrav![:)] |
StormAngel |
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ
НОВО ЗАМИНУВАЊЕ ОД УС ПОСТАЛ
Најпосветениот клупски колега на Ленс Армстронг, од УС Постал, Кристијан Вандевелде реши да го напушти американскиот тим и да замине во новооформениот шпански тим Либерти Сегурос, предводен од поранешниот шеф на ОНЦЕ, Маноло Саиз. 26-годишниот Вандевелде во Либерти Сегурос ќе се приклучи на шампионот од Вуелта, Роберто Херас, кој исто така си замина од УС Постал.
Pozdrav![:)] |
StormAngel |
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ
НОВО АПСЕЊЕ ВО ДОПИНГ-СЛУЧАЈОТ
'ПРОШИРЕНА' ИСТРАГА ВО КОФИДИС
Француската полиција уапси уште еден поранешен велосипедист на Кофидис, светскиот шампион во дуал-трек, Роберт Сасоне во истрагата за последниот допинг-случај во велосипедизмот во Франција. Според весникот Л'Екип, полицијата наредила претрес на станот на Сасоне во Хиерес, каде што нашле поголем број најразлични допинг-средства вклучувајќи амфетамини, еритропоетин (ЕПО), хормон за раст, тестостерон и останати анаболични стероиди.
Сасоне беше професионалец со Кофидис четири години, пред да се приклучи на Сент Квентин-Октос тимот оваа година, а во 2001 победи на Светското медисон првенство. Количината на допинг-средствата навестуваат дека тие биле за повеќе од 'лична употреба', а Сасоне сега се вмешува во поголемиот бизнис со шверцување на допинг-средства во кој 'шеф' бил Богдан Мадајек, тренер во Кофидис, заедно со уште еден поранешен возач на Кофидис, Марек Руткиевич. Полјакот Руткиевич беше првиот уапсен во случајот со трговијата на допинг-средства, а веднаш потоа беше извршен претрес и на седиштето на Кофидис, иако таму не беше пронајдено ништо.
POzdrav![:)] |
StormAngel |
ВЕЛОСИЕДИЗАМ
КЕЛМЕ ЌЕ ПРОДОЛЖИ КАКО 'ВТОРОЛИГАШ'
Со потврдувањето на одлуката дека ќе можат да настапуваат само во втората лига на УЦИ, тимот на Келме се стабилизираше и покрај неизвесносите околу спонзорите на тимот. Градските власти во Валенсија решија да влезат како главен спонзор на тимот и покрај тоа што најверојатно ќе го загубат најголемиот шпански талент, Алехандро Валверде, како и лидерот на тимот Анхел Касеро.
Pozdrav![:)] |
StormAngel |
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ
ПО МИНАТОГОДИШНИОТ СКАНДАЛ, ИТАЛИЈАНЕЦОТ ДОБИ ШАНСА
ЧИПО, СЕПАК, НА ТУР ДЕ ФРАНС
Тимот на поранешниот светски шампион Марио Чиполини, италијанскиот Домина Ваканце, доби вајлд-карта за учество на Тур де Франс и покрај тоа што го изгуби местото од велосипедската прва лига и не им беше дозволено учество на минатогодишната трка. Покрај 14-те најдобри тимови во 2003, на Тур де Франс ќе учествуваат уште осум тима со вајлд-карти: француската четворка, АГ2Р Превојанс, Кредит Агрикол, Брико Буланжер, РАТГ, како и швајцарскиот Фонак и белгискиот Лото-Домо, додека условно место има и шпанскиот Келме, најстариот велосипедски тим во конкуренцијата, под услов да го засилат тимот.
'Домина Ваканце и Келме беа преселени во втората лига на УЦИ поради финансиски причини, а не поради квалитетот на нивните возачи. Домина Ваканце се избрани бидејќи имаат добар специјалист за ридски трки, Микеле Скарпони, како и поради лично барање од Марио Чиполини', изјави Жан-Мари Леблан, директорот на ТдФ.
Минатата година организаторите не го примија Домина Ваканце во шокантна одлука велејќи дека тогашниот светски шампион Чиполини никогаш не финиширал на најпрестижната трка на светот, по што следуваа неколку непристојни изјави на Чиполини. Италијанецот, сепак, се извини минатиот месец, по што следуваше оваа покана.
ЛЕНС МИСЛИ НА ПЕНЗИЈА?
Петкратниот победник на Тур де Франс Ленс Армстронг најави дека ова може да му е последна сезона. 32-годишниот Тексашанец ќе оди на рекордната шеста победа на најелитната трка на светот ова лето.
'Можно е на крајот на сезоната некој да ме потсети дека времето ми е завршено, така што 2004 може да биде последна година. Ако загубам во Франција не знам како ќе се чувствувам. Сепак, сй уште не можам да се замислам во пензија', вели Армстронг.
|
StormAngel |
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ
ОДДАДЕНА ПОСЛЕДНАТА ПОЧЕСТ ЗА 'ПИРАТОТ'
ЗБОГУМ МАРКО ПАНТАНИ!
Продавниците беа затворени откако повеќе од 30.000 луѓе се собраа во малото италијанско гратче Чезенатико за да му оддадат последна почит на Марко Пантани, италијанската легенда на велосипедизмот. На сите медиуми им беше забранет пристап, освен еден локален фоторепортер.
Во вторникот фоторепортерите и камерманите мораа да се повлечат од црквата каде што беа оставени останките на победникот на Тур де Франс и Џиро Д'Италија од 1998 откако бесната мајка Тонина Пантани ги избрка.
'Одете си оттука! Одете си! Немате никакво право да бидете тука. Покажете барем сега малку почит. Вие го убивте мојот син и оставете нй на нашата тага', викаше Тонина Пантани, која потоа се онесвести и беше изнесена од црквата.
Илјадници фанови на популарниот Пират поминаа покрај ковчегот на Пантани сй уште во шок по смртта на најпознатиот жител на Чезенатико.
'Пантани го даде својот живот за велосипедизмот. За сите тука тој значи многу повеќе од италијанскиот претседател', изјави еден 17-годишен фан.
Велосипедистот беше во центарот на неколку легални скандали поради допингување, а неговото тело беше пронајдено во една хотелска соба во Римини во саботата навечер. По аутопсијата се утврди дека тој починал поради срцев удар.
|
StormAngel |
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ
ШПАНЕЦОТ СС УШТЕ СЕ МАЧИ СО ПОВРЕДАТА
БЕЛОКИ ГО ОДЛОЖИ КАМ-БЕКОТ
Хозеба Белоки, сепак, нема да ја отвори својата сезона на Гран При д'Овертур трката во Марсеј, Франција, на 3 февруари бидејќи 30-годишниот Шпанец сй уште се мачи со повредите останувајќи неизвесна неговата потера на Ленс Армстронг и Јан Улрих на овогодишниот Тур де Франс.
Белоки има постојан проблем со десната петица, која не е поврзана со неговиот страшен и спектакуларен пад на деветтата етапа на Тур де Франс 2003 во која заработи повеќе скршеници. Пред излетувањето Белоки беше именуван како главен конкурент на Армстронг за титулата, а 2003 беше првата година од 1999 кога Белоки не беше на подиумот на најелитната светска трка (тој беше трет во 2000 и 2001 и втор во 2002).
По откажувањата на ГП д'Овертур, Луис Пуиг трофејот, Тур де Валенсија и Тур де Мурсија, Белоки за своја прва трка ја означи Критериум Интернационал на 27 март, што ќе биде и негово деби со новиот тим Бриошес ла Буланжер.
И ЏИРО ГИ ОБЈАВИ ТИМОВИТЕ ЗА 2004
Помалку од една недела по Тур де Франс, организаторите ги објавија 20 тима кои ќе учествуваат на Џиро Д'Италија 2004. 11 од тимовите се италијански, додека само 9 странски. Меѓу италијанските тимови тука се: Аква е Сапоне, Алесио-Бјанки, Панариа, Де Нарди, Домина Ваканце, Фаса Бортоло, Формаџи Пинцоло, Лампре Саеко, Тенакс и Вини Калдирола, а тука се и трите белгиски Шоколат Жак, Лото-Домо, Ландбувкредит, двата шпански Келме, Солние како и ФДЖу (Франција), Геролштајнер (Германија), Фонак (Швајцарија) и Коломбија Селе Италија (Колумбија).
|
StormAngel |
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ
ОДЛИЧНА ПОБЕДА НА КЛАСИЧНАТА ПАРИЗ-РУБЕ
БАКШТЕД ЗА ПРВ ШВЕДСКИ ТРИУМФ
Велосипедистот на Алесио Магнус Бакштед стигна до својот прв триумф од Светскиот куп и прв шведски триумф на трката Париз-Рубе откако беше најдобар во спринтот на четири велосипедисти. Холанѓанецот Тристан Хофман и Британецот Роџер Хемонд беа на подиумот, додека фаворитите пред стартот на трката, Јохан Музив и Петер Ван Петегем, кои имаа проблеми во финишот, завршија како петти и шести.
Под силен ветер, 102. издание на Париз-Рубе беше остра кон натпреварувачите, посебно на 51 км долгата делница која се возеше на калдрма од вкупно 261 километар. Белгискиот ветеран Јохан Музив, кој се обидуваше да стигне до рекордната четврта победа на трката, имаше одличен старт на трката, но на крајот пет велосипедисти успеаја да поминат кај него. 38-годишниот ветеран најави дека следната недела на Л'Еско ГП трката во Белгија ќе ја заврши кариерата.
'Цел мој живот сонував за победа на ваква трка и сега не ми се верува дека успеав. Кога го поминав последниот дел со калдрма забележав дека само пет велосипедисти се со мене и сфатив дека можам да победам', вели Швеѓанецот.
РЕЗУЛТАТИ (ПАРИЗ-РУБЕ, 261 КМ):
1.Магнус Бакштед (Шве) - Алесио 6:40:26
2.Тристан Хофман (Хол) - ЦСЦ 6:40:26
3.Роџер Хемонд (Бри) - Палманс 6:40:26
4.Фабијан Канцелара (Шва) - Ф.Бортоло 6:40:26
5.Јохан Музив (Бел) - Квик Степ 6:40:43
СВЕТСКИ КУП (ПО 3.ТРКИ):
1.Штефан Весеман (Гер) - Т-Мобиле 110
2.Оскар Фреире (Шпа) - Рабобанк 103
3.Магнус Бакштед (Шве) - Алесио 100
4.Леиф Хосте (Бел) - Лото 84
5.Ерик Цабел (Гер) - Т-Мобиле 70
|