Skijanje |
StormAngel |
СКИЈАЧКИ СКОКОВИ
НОРВЕШКИОТ СКОКАЧ СО РЕКОРД НА СКОКАЛНИЦАТА ВО ОБЕРСТДОРФ
ПЕТЕРСЕН ЈА ДЕКЛАСИРАШЕ КОНКУРЕНЦИЈАТА
Норвежанецот од кој никој не очекуваше нешто забележително оваа сезона, Сигурд Петерсен стигна до победа на натпреварувањето од Светскиот куп во Оберстдорф, Германија, кое е прва станица од Новогодишната турнеја Четири скокалници, најголемото натпреварување во спортот.
Петерсен, кој го имаше рекордот на скокалницата од неделните квалификации и водството по првиот (квалификационен) скок стигна до неверојатна победа откако со вториот скок стигна до неверојатни 143.5 метри и победи со 22 поени разлика. Норвежанецот, кој минатата зима се мачеше со повредата на рамото и беше на операција пролетта стигна до само четвртата победа од Светскиот куп во кариерата, а стана и првиот Норвежанец кој триумфирал во Оберстдорф од 1986 година.
Австриецот, Томас Моргенштерн, минатогодишниот јуниорски светски шампион и победник на едно натпреварување во кариерата, направи силен камбек по незгодниот пад во Кусамо и беше втор со скокови од 132.5 и 129 метри. Третото место му припадна на уште еден Австриец, Мартин Хелварт, додека домашната германска публика како утеха го доби четвртото место на Михаел Урман.
Најголемо изненадување во Оберстдорф сепак беше Словенецот Рок Бенкович, кој имаше најдолг скок по квалификациите (133.5 метри), за на крајот да заврши на шестото место. Лидерот во генерален пласман, Норвежанецот Роар Љекелсеј го подели деветтото место со Полјакот Адам Малиш по два просечни скока.
РЕЗУЛТАТИ (ОБЕРСДОРФ):
1.Сигурд Петерсен (Нор) 295.2 (133.0 м + 143.5 м)
2.Томас Моргенштерн (Авс) 272.7 (132.5 м + 129.0 м)
3.Мартин Хелварт (Авс) 269.1 (126.5 м + 133.0 м)
4.Михаел Урман (Гер) 267.9 (128.5 м + 132.0 м)
5.Нориаки Касаи (Јап) 261.8 (124.5 м + 131.5 м)
6.Рок Бенкович (Сло) 261.6 (133.5 м + 123.5 м)
7.Георг Шпет (Гер) 261.3 (129.0 м + 127.0 м)
8.Томи Ингебригтсен (Нор) 260.2 (124.5 + 132.0 м)
9.Роар Љекелсеј (Нор) 254.4 (125.5 м + 127.5 м)
9.Адам Малиш (Пол) 254.4 (121.5 м + 131.5 м)
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН:
1.Роар Љекелсеј (Нор) 317
2.Сигурд Петерсен (Нор) 306
3.Јане Ахонен (Фин) 288
4.Адам Малиш (Пол) 269
5.Тами Киуру (Фин) 198
6.Мартин Хелварт (Авс) 187
7.Свен Ханавалд (Гер) 185
8.Вели-Мати Линдстрем (Фин) 176
9.Бјерн-Еинар Роморен (Нор) 159
10.Мати Хаутамеки (Фин) 158
Pozdrav![:)] |
StormAngel |
АЛПСКО СКИЈАЊЕ
ВОЗБУДЛИВИ ТРКИ ВО КРАЊСКА ГОРА И ЛЕВИ
ПРВИ ТРИУМФИ ЗА РИШ И КАРЛСЕН, БОДЕ НА ВРВОТ
Норвежанецот Трулс Ове Карлсен ги изненади сите фаворити со својата прва победа од Светскиот куп во неделата, на слаломот во Крањска Гора. Карлсен, кој претходно само еднаш остварил пласман на подиумот, го победи својот сонародник Том Стиансен за само 0.08 секунди.
Австријците ги имаа првите три места по првото возење, но на крајот се вратија со само третото место на поранешниот светски шампион Марио Мат, кој неодамна се врати на скијањето. Лидерот по првото возење Манфред Прангер утна врата во второто возење, додека лидерот во Светскиот куп во слалом, Раинер Шенфелдер, трет по првото возење, на крајот беше петти.
Во саботата Американецот Боде Милер стана првиот Американец на првото место во генерален пласман од Светскиот куп по 1983 година, со триумфот на велеслаломот во Крањска Гора. 26-годишниот Американец беше подобар од Италијанецот Алберто Скијепати, додека трет беше уште еден непознат Италијанец, Александер Плонер.
Сепак, како најголем победник од викендот во Крањска Гора може да се смета Херман Маер. Зошто? Бидејќи Милер не успеа да го заврши првото возење во неделниот слалом, неговата најстабилна дисциплина, и сега има само осум поени предност пред Австриецот, а до крајот на сезоната има четири брзински и две технички трки, по што Маер е многу блиску до својата четврта титула. Светскиот куп продолжува во Квитфјел, Норвешка, со спуст и супер-џи трка, пред финалето на сезоната во Сестиере, Италија, од 10 до 14 март.
Дамите, пак, беа во финскиот Леви, каде што во неделата 19-годишната Германка Марија Риш стигна до својата прва слаломска победа во кареирата откако шампионката Ања Персон направи некарактеристична грешка. Риш има три победи во три различни дисциплини оваа сезона, а беше за 0.32 секунди побрза од Австријката Елизабет Гергл. Персон утна врата и не го заврши второто возење.
Во саботата, пак, Финците имаа одличен ден на домашен терен откако во лапонскиот ски-центар победа на 28 степени под нулата, оствари Тања Путиаинен, додека втора беше повторно Гергл.
РЕЗУЛТАТИ:
НЕДЕЛА
СЛАЛОМ (М) - КРАЊСКА ГОРА (СЛО)
1.Трулс Ове Карлсен (Нор) 1:42.72 (49.82 + 52.90)
2.Том Стиансен (Нор) 1:42.80 (50.45 + 52.35)
3.Марио Мат (Авс) 1:42.99 (49.42 + 53.57)
4.Акира Сасаки (Јап) 1:43.04 (50.41 + 52.63)
5.Раинер Шенфелдер (Авс) 1:43.29 (49.74 + 53.55)
СЛАЛОМ (Ж) - ЛЕВИ (ФИН)
1.Марија Риш (Гер) 1:43.75 (51.97 + 51.78)
2.Елизабет Гергл (Авс) 1:44.07 (52.61 + 51.46)
3.Мартина Ертл (Гер) 1:44.71 (52.28 + 52.43)
4.Кристина Козник (САД) 1:44.74 (52.37 + 52.37)
5.Моника Бегрман-Шмудерер (Гер) 1:45.28 (52.82 + 52.46)
САБОТА
ВЕЛЕСЛАЛОМ (М) - КРАЊСКА ГОРА (СЛО)
1.Боде Милер (САД) 2:13.01 (1:08.59 + 1:04.42)
2.Алберто Скијапати (Ита) 2:13.26 (1:09.35 + 1:03.91)
3.Александер Плонер (Ита) 2:13.61 (1:09.43 + 1:04.18)
4.Фредрик Ниберг (Шве) 2:13.61 (1:09.13 + 1:04.48)
5.Фреди Рех (Фра) 2:13.75 (1:09.10 + 1:04.65)
СЛАЛОМ (Ж) - ЛЕВИ (ФИН)
1.Тања Путиаинен (Фин) 1:49.12 (57.40 + 51.72)
2.Елизабег Гергл (Авс) 1:49.30 (57.91 + 51.39)
3.Марија Риш (Гер) 1:49.45 (57.70 + 51.75)
4.Ања Персон (Шве) 1:49.50 (57.90 + 51.60)
5.Кристина Козник (САД) 1:50.60 (58.40 + 52.20)
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН (СВЕТСКИ КУП):
МАЖИ
1.Боде Милер (САД) 1.083
2.Херман Маер (Авс) 1.076
3.Бенјамин Рајх (Авс) 999
4.Штефан Еберхартер (Авс) 959
5.Кале Паландер (Фин) 846
ЖЕНИ
1.Ања Персон (Шве) 1.381
2.Ренате Гечл (Авс) 1.208
3.Карол Монтиље (Фра) 935
4.Хилде Герг (Гер) 870
5.Михаела Дорфмајстер (Авс) 852
|
StormAngel |
АЛПСКО СКИЈАЊЕ
СПУСТОТ ВО БОРМИО ОТКАЖАН
Силниот снег и слабата видливост донесоа откажување на спустот од Светскиот куп во италијанскиот Бормио, кој требаше да започне синоќа во 11 часот. Иронијата е што досега трките од Светскиот куп беа одложувани поради недостаток на снег, а овојпат во Бормио, спустот двапати се откажуваше поради невозможни услови. ФИС засега не објави каде би се оддржал спустот, иако можност останува францускиот Шамони во јануари. Австриецот Михаел Валхофер останува на врвот во генерален пласман во спуст.
Pozdrav![:)] |
StormAngel |
СКИЈАЧКИ СКОКОВИ
НОРВЕЖАНЕЦОТ СЕНЗАЦИОНАЛНО ЈА ЗАВРШИ НОВОГОДИШНАТА ТУРНЕЈА
ПЕТЕРСЕН СО ТРИ ОД ЧЕТИРИ
Сигурд Петерсен стигна до својата трета победа од Новогодишната турнеја четири скокалници во Бишофсхофен во вторникот. 23-годишната норвешка ѕвезда имаше речиси совршен настап на четирите скокалници стигнувајќи до најголемиот успех во кариерата, по победите во Оберстдорф и Гармиш-Партенкирхен.
'Ова е најдобриот ден во мојот живот. Целосно сум исцрпен, малку болен и немам поим како успеав да го направам ова', вели Петерсен.
Лидерот во генерален пласман од Светскиот куп последниот настап од Новогодишната турнеја го почна со скок од 132.5 метри, за во вториот скок да оствари должина од 133.5 метри заработувајќи вкупно 265.8 поени. Додека Словенецот Петер Жонта, победникот од Инсбрук, го предизвика Норвежанецот со скокот од 134 метри, ја загуби својата втора победа со скокот од 131.5 метри за 263.4 поени. Трет беше Финецот Јане Ахонен, а домашната надеж, Австриецот Томас Моргенштерн, кој водеше по првата серија со неверојатен скок од 138 метри, во вториот скок имаше само 125 метри за четврто место.
Петерсен на крајот имаше вкупно 1.066.6 поени пропуштајќи го рекордот на турнејата за само 11 поени, но беше убедлив пред Австриецот Мартин Хелварт со 1.032 и Жонта со 1.024. Најголемо разочарување сепак беа Германците, како Свен Ханавалд, кој пред две години победи на сите четири скокалници, беше 22. во Бишофсхофен и 12. во генерален пласман.
'Целосно сум разочаран од сй што се случи. Доколку дадев шанса на кој било од гледачите денеска, тие ќе скокнеа повеќе од мене', изјави Ханавалд.
РЕЗУЛТАТИ (БИШОФСХОФЕН)
1.Сигурд Петерсен (Нор) 265.8 (132.5 м + 133.5 м)
2.Петер Жонта (Сло) 263.4 (134.0 м + 131.5 м)
3.Јане Ахонен (Фин) 261.3 (131.5 м + 132.0 м)
4.Томас Моргенштерн (Авс) 258.9 (138.0 м + 125.0 м)
5.Мартин Хелварт (Авс) 257.6 (130.5 м + 131.5 м)
КОНЕЧЕН ПЛАСМАН - 4.СКОКАЛНИЦИ
1.Сигурд Петерсен (Нор) 1066.6 (295.2 + 253.8 + 251.8 + 265.8)
2.Мартин Хелварт (Авс) 1031.5 (269.1 + 253.1 + 251.7 + 257.6)
3.Петер Жонта (Сло) 1023.6 (253.8 + 241.2 + 264.2 + 263.4)
4.Томас Моргенштерн (Авс) 1012.9 (272.7 + 233.7 + 247.6 + 258.9)
5.Јане Ахонен (Фин) 1012.6 (249.0 + 248.5 + 253.8 + 261.3)
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН (СВЕТСКИ КУП)
1.Сигурд Петерсен (Нор) 556
2.Јане Ахонен (Фин) 458
3.Роар Љекелсеј (Нор) 373
4.Мартин Хелварт (Авс) 357
5.Петер Жонта (Сло) 331
Pozdrav![:)] |
StormAngel |
АЛПСКО СКИЈАЊЕ
ОТКАКО СТИГНА ДО СВОЈАТА ЧЕТВРТА СЛАЛОМСКА ПОБЕДА ВО ОВАА СЕЗОНА
СТЕНМАРК ЈА ПОФАЛИ ПЕРСОН
Легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк вели дека тој ќе биде првиот кој ќе н честита на Ања Персон ако таа го освои Светскиот куп во алпско скијање подоцна оваа сезона. Стенмарк, кој освои три по ред Светски купа од 1976 до 1978, го следи развојот на настаните оваа година во која Персон освои четири од петте слаломи во оваа сезона. Но, тој вели дека не е изненаден од 23-годишната Ања, која исто така е родена во северното гратче Тарнаби.
'Ања е навистина неверојатна и сигурен сум дека ќе победи на уште многу трки во оваа година. Таа е неверојатно мотивирана, што е нејзиниот најголем квалитет. Ја видов првпат кога имаше шест или седум години и ми беше јасно дека е цврста и го сака спортот. Не само што е одлична скијачка туку и е екстремно силна, и физички и ментално. Среќен сум што не скијаше во моите години бидејќи ќе беше побрза од мене', изјави Стенмарк, кој сй уште е рекордер со 86 победи од Светскиот куп.
По петтата победа во оваа сезона во Межев во понеделникот, Персон води во генерален пласман со 233 поени пред Австријката Никол Хосп и се надева дека ќе стане првата шведска шампионка по Пернила Виберг во 1997 година.
'Интересно е што таа е многу силна, така што мислев дека ќе доминира во брзинските дисциплини, а таа дури сега почнува. И јас се тркав во спустот кога бев млад, но на крајот се концентрирав на слаломот и велеслаломот', заврши Стенмарк.
РЕЗУЛТАТИ:
СЛАЛОМ (Ж) - МЕЖЕВ
1.Ања Персон (Шве) 1:42.25 (51.88 + 50.37)
2.Марлис Шилд (Авс) 1:42.59 (51.13 + 51.46)
3.Мартина Ертл (Гер) 1:42.70 (52.42 + 50.28)
4.Моника Бергман-Шмудерер (Гер) 1:42.70 (51.82 + 50.88)
5.Лине Викен (Нор) 1:43.87 (53.62 + 50.25)
НОРДИСКО СКИЈАЊЕ
НОВА ПОБЕДА ЗА НОЈМАНОВА
Чехинката Катерина Нојманова стигна до својата втора победа во оваа сезона откако на 15 километри двојната пурсуит трка во Фалун, Шведска. Нојманова, која се врати по бременоста пред помалку од еден месец, имаше комбинирано време од 40 минути и 55 секунди во дисциплината која вклучува 7.5 км класично и 7.5 км слободно скијање. Второто место со само 0.2 секунди заостанување го освои Италијанката Габриела Паруци, додека трета беше лидерката во генерален пласман, Естонката Кристина Смигун.
Кај мажите, Германецот Тобијас Ангерер стигна до спринтерски триумф во трката на 30 километри пурсуит пред Италијанецот Пјетро Пилер Котрер со само 0.3 секунди. Трет беше лидерот во генерален пласман Рене Зомерфелд, кој има 438 поени пред Швеѓанецот Матијас Фредриксон со 376 поени.
Pozdrav![:)] |
StormAngel |
АЛПСКО СКИЈАЊЕ
ПО СУПЕР-ЏИТО ВО ИТАЛИЈАНСКИОТ ЕЛИТЕН СКИ ЦЕНТАР
СИМАР СЕНЗАЦИОНАЛНО ВО КОРТИНА
Канаѓанката Женевјев Симар направи вистинска сензација во Кортина Д'Ампецо откако стигна до својот прв триумф во кариерата во супер-џи трката од Светскиот куп, пред уште едно изненадување Германката Марија Риш. Германката Хилде Герг беше трета за да го преземе водството во генерален пласман во дисциплината од Австријката Михаела Дорфмајстер, која имаше заостанување од повеќе од 1 секунда зад Симар.
Ова е најголем триумф во кариерата за 23-годишната Симар од Квебек, која заврши на четвртото место во супер-џи на Светското првенство во Сент Мориц.
'Едноставно дадов сй од мене од стартот и се обидов да одам по најкратката линија до целта. Тоа значеше дека морав да преземам ризици, но на крајот сй беше ОК', изјави Симар по трката.
На ден во кој главните фаворити се мачеа шансата ја искористи Германката Риш, додека меѓу првите беа и Американката Каролин Лалив и Карол Монтиље. Оваа трка беше организирана 'на брзина', откако се одложија трките во Сент Мориц, и поради тоа на трибините на овој снобовски ски-центар на италијанските Алпи имаше многу малку гледачи.
РЕЗУЛТАТИ:
СУПЕР-ЏИ (Ж) - КОРТИНА Д'АМПЕЦО (ИТА)
1.Женевјев Симар (Кан) 1:13.005
2.Марија Риш (Гер) 1:13.070
3.Хилде Герг (Гер) 1:13.083
4.Каролин Лалив (САД) 1:13.090
5.Карол Монтиље (Фра) 1:14.014
6.Надја Стигер (Шва) 1:14.021
7.Катја Вирт (Авс) 1:14.034
7.Ренате Гечл (Авс) 1:14.034
9.Даниела Чекарели (Ита) 1:14.037
10.Џулија Манкусо (САД) 1:14.042
Pozdrav![:)] |
StormAngel |
АЛПСКО СКИЈАЊЕ
НОРВЕЖАНЕЦОТ НЕ Е ОПТИМИСТИЧКИ РАСПОЛОЖЕН
ОМОД НЕМА ДА СКИЈА ВО 2004
Кјетил Андре Омод стравува дека скршениот скочен зглоб во октомври веќе му ја уништи целата 2004 сезона. Норвешкиот светски и олимписки шампион вели дека ова го заклучил откако првпат застанал на скии по повредата.
'Скијањето беше неверојатно болно и немаше никаква смисла да продолжам. Најважно сега е да не чувствувам болки и да се подготвувам за следната година', вели Омод.
32-годишниот Норвежанец е рекордер со 12 медали од Светските првенства и седум олимписки медали. Тој го скрши зглобот и ги скина лигаментите минатата година на еден тренинг во Австрија пред стартот на сезоната.
Хирурзите предвидуваа дека тој ќе може целосно да заздрави во брзо време и веднаш по операцијата изјавија дека нема да има болки веќе во јануари. Но, Омод вели дека болките се неиздржливи, но дека не планира да стави крај на својата богата кариера.
'Имаше прогрес и сигурно ќе се вратам на скијањето. Сега само ќе ми треба многу повеќе време отколку што се надевав', вели Омод.
Pozdrav![:)] |
StormAngel |
СКИЈАЧКИ СКОКОВИ
СНЕГОТ ГИ ПОПРЕЧИ СКОКОВИТЕ ВО ХАКУБА
Натпреварувањето од Светскиот куп во скијачки скокови во Хакуба, Јапонија, беше откажано поради силното невреме. Меѓународната скијачка федерација (ФИС) сй уште не објави каде ќе се одржи замената на ова К120 натпреварување. Слично како сезоната во алпско скијање, скоковите во оваа сезона неколкупати беа откажувани, презакажувани, а повеќе од натпреварувњата кои завршија беа комплетирани само по еден скок.
АЛПСКО СКИЈАЊЕ
НОРВЕЖАНЕЦОТ ДОМИНАНТЕН НА ПРЕЗАКАЖАНИОТ СПУСТ ВО КИЦБИЛ
КЈУС СЕ ВРАТИ НА ВРВОТ!
Норвежанецот Ласе Кјус докажа дека не е подготвен толку лесно да се откаже од борбата за титулата од Светскиот куп откако триумфираше на спустот во Кицбил со само една стотинка предност пред минатогодишниот шампион Штефан Еберхартер. Третото место му припадна на американскиот специјалист за брзински трки Дарон Ралвс, додека четврти по малата грешка во финишот на трката беше Херман Маер.
Страшната падина на Хахенкам, каде што се одржува најелитната трка на светот, за малку ќе донесеше и посериозни повреди за Французинот Николас Буртен, кој имаше страшен пад и мораше со хеликоптер да биде однесен во болница.
Ветеранот Кјус со оваа победа се врати на првото место во генерален пласман од Светскиот куп со вкупно 696 поени, само 15 повеќе од Австриецот Бенјамин Рајх, кој, пак, е специјалист за техничките дисциплини. Вчерашната трка всушност беше замена за минатонеделниот спуст во Венген, Швајцарија, кој беше одложен поради силниот снег. 'Вистинскиот' спуст во Кицбил, најелитната трка во календарот на програмата, е в сабота.
РЕЗУЛТАТИ:
СПУСТ (М) - КИЦБИЛ (АВС)
1.Ласе Кјус (Нор) 1:58.78
2.Штефан Еберхартер (Авс) 1:58.79
3.Дарон Ралвс (САД) 1:58.98
4.Херман Маер (Авс) 1:59.26
5.Ханс Кнаус (Авс) 1:59.28
6.Амбрози Хофман (Шва) 1:59.43
7.Боде Милер (САД) 1:59.62
8.Ханес Тринкл (Авс) 1:59.63
9.Фриц Штробл (Авс) 1:59.83
10.Бруно Кернен (Шва) 1:59.84
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
1.Ласе Кјус (Нор) 696
2.Бенјамин Рајх (Авс) 681
3.Херман Маер (Авс) 605
4.Штефан Еберхартер (Авс) 536
5.Бод Милер (САД) 533
6.Ханс Кнаус (Авс) 499
7.Михаел Валхофер (Авс) 484
8.Кале Паландер (Фин) 467
9.Андреас Шиферер (Авс) 423
10.Бјарне Солбакен (Нор) 383
Pozdrav![:)] |
StormAngel |
АЛПСКО СКИЈАЊЕ
ШВЕЃАНКАТА НЕ ДОЗВОЛУВА ДВА ПОРАЗА НА ДОМАШЕН ТЕРЕН
ПЕРСОН И ГЕЧЛ СО ПО ЕДНА ПОБЕДА ВО ОРЕ
Швеѓанката Ања Персон е сй поблиску до својата прва круна од Светскиот куп во генерален пласман откако триумфираше на велеслаломската трка пред домашната публика во Оре. Персон, која веќе ги грабна титулите во слалом и велеслалом, успеа од 10. место по првото возење, на крајот да победи со разлика од половина секунда пред Шпанката Марија Хозе Риендра Контрерас, која го оствари најголемиот успех во кариерата.
Лидерката по првото возење, Италијанката Денисе Карбон направи грешка на стартот на второто возење и мораше да се задоволи со четвртото место. Персон сега има 123 поени предност пред Австријката Ренате Гечл на врвот во генерален пласман откако Гечл не се квалификуваше за второто возење.
Викендот почна одлично за Австријката откако триумфираше во саботната супер-џи трка со време од 1:09.22, пред Французинката Карол Монтиље и австриската ветеранка Бригите Обермозер.
РЕЗУЛТАТИ:
ВЕЛЕСЛАЛОМ (Ж) - ОРЕ (НЕДЕЛА)
1.Ања Персон (Шве) 2:15.64 (1:08.00 + 1:07.64)
2.Марија Хозе Контрерас (Шпа) 2:16.17 (1:07.82 + 1:08.35)
3.Елизабет Гергл (Авс) 2:16.37 (1:07.77 + 1:08.60)
4.Денисе Карбон (Ита) 2:16.65 (1:08.59 + 1:09.06)
5.Марија Риш (Гер) 2:16.82 (1:08.69 + 1:08.13)
СУПЕР-ЏИ (Ж) - ОРЕ (САБОТА)
1.Ренате Гечл (Авс) 1:09.22
2.Карол Монтиље (Фра) 1:09.44
3.Бригите Обермозер (Авс) 1:09.50
4.Лучија Рекија (Ита) 1:09.52
5.Мелани Суше (Фра) 1:09.53
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН:
1.Ања Персон (Шве) 1.331
2.Ренате Гечл (Авс) 1.208
3.Карол Монтиље (Фра) 935
4.Хилде Герг (Гер) 870
5.Михаела Дорфмајстер (Авс) 852
СКИ-СКОКОВИ
НОРВЕШКА ДОМИНАЦИЈА ВО ПЛАНИЦА
Норвежанецот Роар Љекелсеј скокна 226 метри за на својот тим да му донесе недостижни 1.711,8 поени за триумф во тимското натпреварување на Светското првенство во скијачки скокови на К185 скокалницата во Планица, 6.7 поени пред финскиот тим, со Австријците на третото место.
Љекелсеј, кој победи и во К185 индивидуалното натпреварување во саботата, скокаше последен во втората рунда, откако неговите колеги имаа солидни резултати: Бјорн Еинар Ромерен (210.5 и 227.5), Сигурд Петерсен (211.5 и 216.5) и Томи Ингебригтсен (216.5 и 208.5). Финецот Тами Киуру со скоковите од 215.5 и 221.5 метри беше лидер по првата серија и имаше најдобро време, што не помогна на тимот составен и од Вели-Мати Линдстрем, Мати Хаутамеки и лидерот во генерален пласман, Јане Ахонен.
БОБ-САНКАЊЕ
ЛУДЕРС И ЗАРДО ГО ПОБЕДИЈА ЛАНГЕН
Канадското дуо Пјер Лудерс и Џулијо Зардо го победија легендарниот Германец Криштоф Ланген на Светското првенство во боб-двосед во германскиот Кенигзе завршувајќи ја 14-годишната потера за златото. Ланген направи грешка во последното возење за да загуби 0.22 секунди зад Канаѓаните, за Германија 3 да ја освои бронзата.
Во саботата, германската двојка Сузи Ердман и Кристина Бадер за само 0.01 секунди ги победија сонародничките Сандра Прокоф и Ања Шнајдерхајнце.
|