bluehim |
911.- Во манастирот "Свети Наум", на брегот на Охридското Езеро, умре Наум Охридски, познат како Свети Наум Охридски Чудотворец, еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. Наум беше еден од даровитите ученици на браќата Кирил и Методиј и како таков, кога во 893 година неговиот брат Климент беше назначен за словенски епископ во Велика, на неговото учителско место во Кутмичевица беше назначен Наум Охридски. Во Македонија, во Охридската книжевна школа, Наум Охридски успешно ја продолжи целокупната дејност на Климент Охридски, а изгради и манастир во близината на Охрид. Познато е дека се занимавал со литературна дејност, но неговите текстови се уште не се идентификувани. Од двете кратки житија, напишани на црковнословенски јазик, се гледа дека бил голем учител, просветител, кој се разбира во народната медицина и толерантно ги водел црковните работи. Роден е во првата половина на деветтиот век.
1895.- Германскиот физичар Вилхелм Рентген ги пронајде "Х" зраците, подоцна по него наречени "Рентгенски зраци".
1968.- Александар Дупчек стана прв секретар на КП на Чехословачка и со него започна процесот на внатрешна либерализација, дефиниран како "Прашка пролет".
1981.- Почна електрификацијата на железничката пруга Скопје - Гевгелија, што заврши на 24.11.1986 година.
1990.- Во Скопје умре Филип Симоновски, истакнато име на македонското новинарство, уредник и публицист во "Нова Македонија". Роден е во Лазарополе, на 14.11.1941 година.
1995.- Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Узбекистан и Република Молдавија.
Pozdrav![:)] |