Makedonski profesionalizam!?
Makedonski profesionalizam!?
AaaAa скандалозна пропаганда на веб-страницата на собранието на МакедониЈа Парламентот го рекламира пратеникот Острени како главен фраер на КЗК и на ОНА Генералниот секретар на Парламентот Александар Новаковски вчера изјави дека не знае оти на веб-страницата има такви информации Шеф на главниот штаб на Заштитниот корпус на Косово и шеф на главниот штаб на ОНА, се дел од биографските податоци со кои пратеникот на ДУИ Гзим Острени е претставен на официјалниот сајт на Собранието на Република Македонија. До ваквото "портфолио" на Острени, кој беше во игра и за потпретседател на Парламентот, може да дојде секој што ќе ја отвори веб-страницата на Собранието. Информациите од сајтот се преведени и на англиски јазик и со нив лесно можат да се послужат и западните дипломати акредитирани во земјава. Двете шефовски функции на Острени се напишани во "сегашно време", со што се стекнува впечаток дека паралелно со пратеничката тој врши уште две "воени функции"- една во ОНА, иако таа е официјално распуштена, а втората на Косово. Во биографиите на другите пратеници-Албанци кои беа членови на паравоената ОНА нема вакви информации, и покрај тоа што за некои од нив освен личната фотографија, нема наведено апсолутно ниеден податок. Генералниот секретар на Парламентот Александар Новаковски вчера не сакаше да го коментира случајот, со образложение дека не знае оти на веб-страницата на Собранието има такви информации. - Јас првпат слушам за ова. Мора да проверам. Раководителот на секторот не е тука, па затоа не можам ништо повеќе да кажам - рече Новаковски. Заинтересираните читатели сами може да ги проверат информациите на веб-страницата www.sobraie.mk. (Т.П.)
Strelec
quote:
Originally posted by AaaAa
...на веб-страницата www.sobraie.mk
[img]http://lukaroski.com/forum/gateway.jpg[/img]
Thunder from down under edna bukva fali od adresata ,najdija i nema da ti izleguva toa "Bad Getaway" Good luck :)
AaaAa strelec, izvini , taka e staeno u dnevnik....treba da e www.sobranie.mk ili podirektno http://www.sobranie.mk/mk/default.asp?vidi=biografija&ImePrezime=%C3%C7%C8%CC+%CE%D1%D2%D0%C5%CD%C8&MandatID=5
AaaAa СКАНДАЛОЗНАТА ВЕБ-СТРАНИЦА ОСТАНУВА ИСТА Парламентот немоќен, Острени задоволен Претседателот на Собранието Љупчо Јордановски се обидува да најде начин да ги избрише информациите на сајтот на Собранието каде што пишува дека пратеникот Гзим Острени е шеф на главните штабови на Косовскиот заштитен корпус и на ОНА. "Дневник" дознава дека тој ќе одржи консултации со претседателството на парламентот за да најдат начин да ги отстранат спорните податоци. Проблем би можело да биде спротивставувањето на Острени и на пратеничката група на ДУИ, ако се интервенира во биографските податоци што тој ги доставил кога се подготвувала веб-страницата. -Немам причини да го кријам тоа што сум бил. Тоа е дел од мојата биографија и во никој случај нема да дозволам тоа да биде променето. ОНА веќе не постои, јас сум амнестиран и сега се залагам за интересите на Македонија - вели Гзим Острени. Генералниот секретар на Собранието Александар Новаковски, објасни дека засега нема начин како овие информации да бидат отстранети од сајтот на Парламентот, бидејќи службите немаат право да се мешаат во биографиите на пратениците. -Во анкетните листови што на почетокот на мандатот пратениците ги пополнуваа, Острени ги напишал овие податоци. Службите немаат право да ги цензурираат податоците, туку само технички ги внесуваат, рече Новаковски. (Т.П.)
Maverik Не гледам што има толку чудно во ова. Кога веќе дозволивме да ни влезат во влада и заедно со Бранковите комуњари да ни ја управуваат државата, ова е последното нешто за кое би требало да се чудиме. Всушност токму поради тие негови минати функции тој е сега во собрание. Ако СДСМ е со чиста совест за влегувањето во коалиција со ДУИ тогаш оваа биографија воопшто не би требало да им смета.
ozonce e nema den da ne rabote taa stranica... najhackirana stranica e u makedonija... ebati adminite ebati! Date/time: 2003/09/29 15:26 Defacer: SECurinFOS Domain: http://www.sobranie.mk Mirror: Display mirror[url]http://www.zone-h.org/defacements/mirror/id=487008/ [/url] IP address: 62.220.196.11 System: Win 2000 Web server: IIS 5.0 Attack method: Extra information: mass defacement