Shto se chovek nema da prochita...
Shto se chovek nema da prochita...
melpomena ПРЕМИЕРОТ СЕ ВРАЌА ВО ФОРМА Саботна треска на Бранко Премиерот Бранко Црвенковски, по долго отсуство, повторно почна да се појавува во јавност и тоа на саботно излегување. Завчеравечер, тој се појави во кафулето "Дуомо" во скопската населба Капиштец, каде што за него имаше резервирана маса на катот, па можеше од високо да гледа како се забавуваат останатите гости, а вечерта ја заврши во дискотеката "Процес". Влезот во кафулето "Дуомо" не беше ограничен и секој можеше да види дека премиерот е излезен. Како и секоја сабота, ова популарно кафуле беше преполно. Овој пат, покрај редовните гости, можеа да се забележат невообичаени костумосани фаци, не само меѓу гостите, туку и на паркингот, за кои претпоставуваме дека беа од обезбедувањето на премиерот. Немаше посебна процедура за влегување, не се избираа гостите и влезот беше слободен, така што беа потребни само неколку минути да се дознае дека во кафулето има посебен гостин. Сите погледи беа вперени кон масата на која седеше премиерот, а од сите страни се слушаа најразлични коментари, меѓу кои најчест беше: "Пак пие виски, пак пие виски..." Премиерот пушеше од неговите вообичаени "ротманс" цигари. Црвенковски, облечен во темно палто, без вратоврска, лежерно ја пиеше пијачката и одвреме-навреме фрлаше по некој поглед кон разголените скопски девојки. Ни рекоа дека вечерта ја минал во друштво на другари од средно школо, но не беше многу заинтересиран за муабетот, бидејќи почесто погледот му скиташе на друга страна. Следејќи ја скопската шема, премиерот со истото друштво забавата ја продолжи во скопската дискотека "Процес", на техно-журка. Музика пушташе диџеј Пауер, а дискотеката беше преполна. Во "Процес", на друштвото во кое беше премиерот Црвенковски, му се придружи Сеад Рахиќ - Сетко, брат на претседателот на градската организација на СДСМ во Скопје, Есад Рахиќ. Посетата на Бранко ги охрабри кафеанџиите и младите кои коментираа дека тој конечно ќе направи нешто за продолжување на работното време и повторно враќање на душата на градот и ноќниот живот, по кој Скопје беше познато пред доаѓањето на СДСМ. Особено што главниот виновник за скратувањето на работното време, Илија Филиповски, повеќе не е министер за економија. Црвенковски има 41 година и спаѓа во групата која е најпогодена од ограничувањето. Иако можеби не сака техно, тоа му е единствениот избор ако сака да ја продолжи забавата по 1 часот по полноќ, и тоа за викенд. Премиерот последен пат јавно беше излезен лани, непосредно по ограничувањето на работното време на кафеаните, кога во кафулето "Спа" во трговскиот центар "Беверли хилс" се славеше роденденот на Зоран Јовановски, кумашин на Црвенковски. Кафулето, поради роденденот, го прекрши законот и остана да работи до зори, а премиерот Црвенковски изјави дека си заминал порано и дека тој не е причината за продолжувањето на работното време. Кафулето, поради продолжувањето на работното време, заработи прекршочна пријава. Оттогаш досега премиерот во јавност се појави само неколку пати, и тоа на добротворниот концерт на Тоше Проески во Универзална сала, лани на 15 декември, заедно со сопругата и со децата, а со нив, на 20 декември, се појави и на новогодишниот концерт на трите тенори од рускиот Баљшој театар. Оваа година, Бранко прв пат се појави и во црква. За Божик дојде на божикната литургија во Соборниот храм во Скопје. М.Илиевска prevzemeno od Vest A i od koj bi mozhelo drug vesnik. Kakvi li se glupoti ne pishuvaat. Na drzhata i gore pod noze oni na naslovna vo dneven pechat stavaat kakvi cigari pushi Branko, i kaj bil izlezen. A ova beshe najjako "одвреме-навреме фрлаше по некој поглед кон разголените скопски девојки". Ovaa Ilievska da ne e zaljubena u Brane nash pa go prati sekade[:D] Nema vrska deka e Branko, koj i da, tekstov voopshto ne lichi na tekst napishan od politichki novinar. A vsushnost koj se ne stanat novinar kaj nas...[:(]
Strelec i od Vest da e, mnogu e! navistina!:)
AaaAa "politicki novinar" aj sea i ti ne zezaj :))
AaaAa melpomena ali mora da priznaesh deka e shvaler :)) lol [img]http://www.vest.com.mk/images/{2958BF92-992C-4523-8AEC-144917F76E0D}_naslov-3.jpg[/img]
melpomena priznavam:) chochek sme igrale zaedno:))))))))))))
AaaAa znaev deka delite isti interesi :)))
Thief Леле, како би и стегнал јас тужба на оваа! Сакам правен совет од мелпомена, ама еве неколку реченици, кои мислат дека сакаат да индицираат нешто и кои може да послужат како мотив за пијава за увреда: 1. „Сите погледи беа вперени кон масата на која седеше премиерот, а од сите страни се слушаа најразлични коментари, меѓу кои најчест беше: ‘Пак пие виски, пак пие виски...’ Премиерот пушеше од неговите вообичаени ’ротманс‘ цигари.“ 2.„одвреме-навреме фрлаше по некој поглед кон разголените скопски девојки“ И уште понекоја реченица...по мое јас би го решил ова со Голи Оток, ама ме интересира дали има усчлови за тужба?! [;)]
vmro
quote:
Originally posted by melpomena
ПРЕМИЕРОТ СЕ ВРАЌА ВО ФОРМА Саботна треска на Бранко Влезот во кафулето "Дуомо" не беше ограничен и секој можеше да види дека премиерот е излезен.....
americki finti... izborna godina...
OooOo Toa se vika propaganda :)
AaaAa Thief , so bbi mozelo da bide osnos za tuzba spored tebe? Doma da ne mu vlegla pa mu ja narusuva privatnosta so toa shto kazuva so pie i so pusi ? Izlegol u javnost , taka da sam se odava nikoj ne go cepka. Nema tuka osnova za nishto, samo za glup tekst koj zafakja mesto koe treba da se odvoi za pobitni raboti.
Thief
quote:
Originally posted by AaaAa
Thief , so bbi mozelo da bide osnos za tuzba spored tebe? Doma da ne mu vlegla pa mu ja narusuva privatnosta so toa shto kazuva so pie i so pusi ? Izlegol u javnost , taka da sam se odava nikoj ne go cepka. Nema tuka osnova za nishto, samo za glup tekst koj zafakja mesto koe treba da se odvoi za pobitni raboti.
Апсолутно се согласувам, но (секогаш има понекое „но“)...но, пази реченица „ПАК пие виски“! Е, сега, ти ќе речеш: „Сака да каже авторот дека и минатиот пат кога бил - исто пиел“, но добро знаеме каде „удира“ авторката - дека човекот е алкохоличар. Не го пишала тоа? Па, и онаа од Утрински немаше пишано дека Андов лаже, ама ја осудија! Ако законот на тој начин важи за Андов, зошто да не важи и за Бране? Ако судијата во тој сличај открил дека иронично пишувала авторката (тешка глупост: од кај знае тој таа дали мислела сериозно или саркастично)и за тоа ја осудил, зошто да не најде иронија и тука и не се подигне пријава?! Ама, кај нас тоа е така: за едни важи законот, а за други не важи!
OooOo Thief, samo edna rabota nemoj da zaboravash. Vest.com.mk se 100% pishuvani statiite so ironija i sarkazam i mozhda bi im dal 25% na utrinski i dnevnik. 90% od taka narechenite novinari nemaat ni N od novinarstvo.
AaaAa
quote:
Originally posted by Thief
quote:
Originally posted by AaaAa
Thief , so bbi mozelo da bide osnos za tuzba spored tebe? Doma da ne mu vlegla pa mu ja narusuva privatnosta so toa shto kazuva so pie i so pusi ? Izlegol u javnost , taka da sam se odava nikoj ne go cepka. Nema tuka osnova za nishto, samo za glup tekst koj zafakja mesto koe treba da se odvoi za pobitni raboti.
Апсолутно се согласувам, но (секогаш има понекое „но“)...но, пази реченица „ПАК пие виски“! Е, сега, ти ќе речеш: „Сака да каже авторот дека и минатиот пат кога бил - исто пиел“, но добро знаеме каде „удира“ авторката - дека човекот е алкохоличар. Не го пишала тоа? Па, и онаа од Утрински немаше пишано дека Андов лаже, ама ја осудија! Ако законот на тој начин важи за Андов, зошто да не важи и за Бране? Ако судијата во тој сличај открил дека иронично пишувала авторката (тешка глупост: од кај знае тој таа дали мислела сериозно или саркастично)и за тоа ја осудил, зошто да не најде иронија и тука и не се подигне пријава?! Ама, кај нас тоа е така: за едни важи законот, а за други не важи!
Vidi kade i kako ona udira i kako nekoj ja interpretira e subjektivno. Ne e muabetot shto moze vo Makedonija da se sluci; samiot fakt deka vakov tekst izleguva vo dneven informativen vesnik koj ne e tabloid kazuva deka vo Makedonija se e mozno. Prasanjevo e dali ovakvo neshto zaslluzuva i dali ima osnov za tuzba use pojke za osuduvanje. Jas mislam deka nema. Piel pak viski, da Branko sekogash pie viski toa e poznato, i nemora da aludira na negoviot alkoholizam iako nekoj sekako taka ke go interpretiraat. Pie viski mozesh da go interpretirash i ko Coekot ima klasa ... ?!Zashto da ne. Ako sudstvoto pocne da se zanimava i prifakja slucaevi za sekoj dvosmislen govor... huh ne 3 godini delata ke pocnat da cekaat 10 god u fioka ko shto ni e efikasno sudstvoto :))
Thief Ама, „другарка ми“ од Утрински (пофд наводници, зашто во една прилика се „препуцававме“) за сличен текст може да заглави затвор, значи нашето судство се бави со вакви случаи! Мизерно, ама така е... Мене ми се повраќа од вакви текстови и сепак купувам „Вест“ [:D] Макеоднски трачерски менталитет!
NARCIS` Idat izbori mora da se vadi, ama ne go vadi ni vardar .
AaaAa
quote:
Originally posted by Thief
Ама, „другарка ми“ од Утрински (пофд наводници, зашто во една прилика се „препуцававме“) за сличен текст може да заглави затвор, значи нашето судство се бави со вакви случаи! Мизерно, ама така е... Мене ми се повраќа од вакви текстови и сепак купувам „Вест“ [:D] Макеоднски трачерски менталитет!
Am sea ... i toa e u redu?
melpomena Znachi od glupost vo glupost vo novinive, ja sve ova bi strelala:) СООЧУВАЊЕ СО РЕАЛНОСТА Бранко во супермаркет Премиерот Бранко Црвенковски, со сопругата Јасна, ќерката Марија и без обезбедување, вчера пазаруваше во супермаркетот на Веро во скопско Тафталиџе. Ова не е честа слика - премиерот досега едвај два-три пати излегол на шопинг во супермаркет. Вообичаено, тоа често го прави сопругата Јасна, и тоа сама без Бранко. Таа не мора да оди во набавки зашто за тоа има посебна владина служба, но Јасна сака сама да готви дома, па сама и пазарува. Сопругата на премиерот често може да се види на зелените пазари и во супермаркетите. На вчерашниот редовен шопинг, околу 11 часот, Црвенковски потрошија околу 3 илјади денари, а купија главно месо и сувомеснати производи, чипс и други грицки. Сметката во кеш ја плати Јасна, а Бранко ги спакува куповките. Инаку, најмногу се задржаа на одделот за школски прибор, за да се опреми третоодделенката Марија кога повторно ќе почне школската година, штом ќе заврши штрајкот на наставниците. Потоа Црвенковски ги натоварија кесите во црн голф и заминаа. Вчерашното излегување во шопинг е дел од новиот имиџ на премиерот Црвенковски, кој од крајот на ланската година почна повеќе да се појавува во јавноста и да се меша со народот. Тој пред две недели за прв пат по подолго време се појави на саботно излегување навечер во кафулето Дуомо и дискотеката Процес. Претходно пак семејно беше на новогодишите концерти на Тоше Проевски и на трите тенори од Баљшој, а за Божик за прв пат дојде и на божикната литургија во Соборниот храм во Скопје. (Г. Т.) Фото: Ѓ. Личовски prevzemeno od Vest
Thief Додека не дојде со мене да пием кафе негде низ Тетово - џабе му се ваквите испади! [;)]
fio Се чувме вчера, рече ќе дое у тетово, ама само ако имаш некоја добра братучедка :-)