a-pin-dim |
Најпознатиот фудбалски судија на светот, Италијанецот Пјерлуиџи Колина, најави дека ќе се пензионира во 2005-та година. Според правилата на здружението на фудбалски судии на Италија, сите судии мора да ја завршат кариерата кога ќе наполнат 45 години, а Колина го исполнува тој услов токму во 2005-та година. Колина, кој го судеше финалето на Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореја, соопшти дека нема да прави обиди за продолжување на кариерата, но не соопшти со што ќе се занимава после пензионирањето |