Поглаварот на Македонската Православна Црква
Поглаварот на Македонската Православна Црква
a-pin-dim Поглаварот на Македонската Православна Црква г.г. Стефан Интервју за белградскиот весник „Вечерње новости” 1. Сметате ли дека е можно продолжувањето на преговорите со СПЦ околу надминувањето на повеќедеценискиот спор и болното несогласување и покрај тоа што Синодот на МПЦ оцени дека СПЦ продолжува да биде слугинка на етнофилетизмот, националшовинизмот и големосрпската идеја? Српската и Македонската Православна Црква се две помесни Православни Цркви. Според тоа, независно од искушенијата кои ги обременуваат нивните меѓусебни односи, и двете Цркви се должни да разговараат во духот на евангелската љубов што ја проповедаат. Карактерот и суштината на Христовата Црква и на православната екумена токму тоа го бара од секого, односно од секоја Црква. Непотврдувањето на автокефалноста, ние би рекле на управната и административна самостојност на нашата Света Црква, не ја обезличува, ниту ја прави помалку Божја Црква само затоа што се вика Македонска и што дејствува во Македонија, поинаква од другите Божји Цркви во другите држави во православниот свет. 2. Дали наскоро може да се очекува средба со Патријархот Павле, имајќи предевид дека Синодот на МПЦ го обвини патријархот дека „продолжува да сее немир и раздор“ и дека „антиканонски им дава епископство на македонските предавници… кои ја напуштија својата Црква и својот народ”? Потребна е комуникација меѓу поглаварите на сите помесни Цркви. Како ќе се надминат нерешените прашања ако нема средби на едни со други? Конечно, треба да се разбере дека МПЦ има свој поглавар и свој Синод, коишто СПЦ упорно ги негира. Синодот на МПЦ никогаш и за ништо не го обвинил Српскиот Патријарх г. Павле, освен за неканонските постапки кон МПЦ од страна на Соборот на СПЦ, чиј претседател е токму тој. Па, кој би толерирал назначување на расчинет клирик за администратор и егзарх во своите епархии, како што тоа го прави СПЦ кон МПЦ? Во Православната Црква расчинувањето на кој било од ерархијата се прифаќа и почитува од сите други Православни Цркви. Што ако црковно судските одлуки за ерархијата на СПЦ не ги почитуваат другите Православни Цркви? До каде тоа може да ја доведе Православната Црква?! И уште, под изговор дека сака да „воведе канонски ред во БЈРМ”, СПЦ ги прекршува основните канонски правила ракополагајќи дваесет и четири годишно момче за владика за македонските епархии. Ако е тоа во ред, зошто не ракополага такви кандидати и за Србија? Тој чин соблазни и други да побрзаат по владички круни… 3. Што би можело да биде минимална основа за обновување на братскиот дијалог и разбирање, со цел да се изнајде обострано прифатливо решение? Може ли тоа да биде недовршениот т.н. Нишки договор или нешто друго? СПЦ и МПЦ не се, ниту можат, ниту пак смеат да бидат непријателски Цркви, зашто себеси би се обезличиле како Цркви Божји. Нивното догматско и канонско учење и вероисповедање во ништо не се разликува од православната екумена. Прашањето е само во тоа дали ние како Црква можеме да дозволиме и натаму, како и во вековите што се зад нас, МПЦ да биде предмет на пазарења, купување, продавање… Не можеме! Сигурно дека и Бог тоа не го сака. Македонската Православна Црква, без оглед кој и како ја именува и преименува, е една и неделлива. Таа, по бројни и тешки распетија, успеа да си ги врати вековните достоинства на самостојно живеење. Сега кога ги исполнува сите канонски услови, ја очекува само добрата волја и љубовта од сестринските Православни Цркви. Православието само ќе добие со прифаќањето на уште една возобновена древна Православна Црква каква што е Македонската Православна Црква израсната врз темелите на древната Охридска Архиепископија. Но, за жал, СПЦ нема разбирање за реалниот живот на нашата Света Црква. Место љубов и подадена рака, доживеавме евтино и нечесно однесување, лукаво изитрени потези, што сè заедно доведе до драматично усложнување во меѓусебните релации. Во Православието единството во одлучувањето на ерархијата е практика и во Српската, и во Македонската, и во сите Цркви. Пред десетина години, на средбата меѓу комисиите на двете Цркви во Калишта, каде што на предлог од делегацијата на Српската Црква беше прифатено евхаристиско единство и од двете комисии, отпосле Соборот на СПЦ го отфрли предлогот на своите претставници. Значи, еднострано прифатениот договор не е обврзувачки за двете Цркви! Минималната основа за обновување на разговорите може да се очекува само откако ќе бидат повлечени сите одлуки на СПЦ со кои се нарушува јурисдикцијата на Македонската Православна Црква. 4. Колку во овој момент се реални Вашите очекувања дека во преговорите со претставниците на СПЦ би можел како посредник да се вклучи и Патријархот Московски и на цела Русија, Алексиј Втори? Црквата е Една, Света, Соборна и Апостолска и нормално е да се очекува помош од браќата од која и да е помесна Православна Црква. Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија г. г. Алексиј е искусен архипастир и авторитет во православната екумена. Доколку сака, може да помогне во разрешување на спорот меѓу СПЦ и МПЦ. Не случајно неговиот претходник, Патријархот Алексиј Први, при официјалната посета на Македонската Православна Црква во Охрид, 1962 година, рече дека „Охрид е словенскиот Ерусалим” и од Охридската Архиепископија и од Свети Климентовиот книжевен центар „прими очи сиот словенски свет”. Тоа значи дека РПЦ не го заборава значењето на Охрид и ја негува љубовта кон нашиот народ и нашата Црква. 5. Како во овој контекст гледате на формирањето на Охридската Архиепископија на СПЦ, која не ја признавате, имајќи предвид дека Руската Православна Црква со Украинската Православна Црква, со која е во канонско единство, има слични односи? Вие добро констатирате дека СПЦ се обидува да формира нова т.н. Охридска архиепископија, но зошто тоа го прави при полувековно постоење на Македонска Православна Црква како вистинска возобновителка на Охридската Архиепископија?! Од друга страна, поради само дваесетина години владеење со македонските епархии, меѓу двете светски војни, СПЦ сака да полага вечно право врз Црквата во Македонија! Или, што би рекол Патријархот Павле кога некој утре во Србија би формирал некаква Пеќска Архиепископија и покрај постоењето на СПЦ? А зарем не е симптоматично тоа што до неодамна СПЦ не прифаќаше да се повикуваме на Охридската Архиепископија, а сега, наеднаш, сака да постои Охридска Архиепископија, а не Македонска Православна Црква? Зошто? Зарем ние немаме право да си ја викаме Црквата како сите, според името на својата држава и народ? Секоја помесна православна Црква имала свој пат и свое искуство, кое е многу слично на нашето. Такво било и на Грчката, Романската, Грузиската, Бугарската, па и на Српската! Ние не направивме и не правиме ништо поразлично од она што го правеле тие при нивното возобновување на своите автокефалии! Проблемот не е во Македонската Православна Црква, туку во односот на Православните Цркви кон МПЦ. Она што го направија за себеси, кога им требаше, сега нам ни го ускратуваат! 6. Како гледате на притворањето на митрополитот Јован за време на богослужението во приватниот стан и на полициските и судските обвиненија на негова сметка, дека со своето дејствување предизвикува национална, верска и расна нетрпеливост? Колку, според Вашето мислење, во неговиот случај може да биде засновано обвинението за националната, поготово расната нетрпеливост и омраза? Тоа се надлежности на соодветните државни органи. Тие за тоа и постојат – да ги санкционираат криминалните и антидржавните дејанија. Господинот Вранишковски е граѓанско лице, кое е должно да ги почитува законите и прописите на оваа земја, како и секој од нас. Дали во Србија, или во која било друга држава, би му дозволиле на некого да работи против нејзините позитивни закони? 7. Дали во МПЦ постојат стравувања од нови „предавници“ и „бегалци“, од нови напуштања на МПЦ, слични на оние кои се случија со преминувањето на групата предводена од духовниците Максим и Давид, кои се ставија на страната на Охридската архиепископија? Предавници имало и ќе ги има секаде, па и кај нас. Бог му дал личен избор на секој човек. Што човек ќе прави, зависи од него самиот и од тоа колку е свесен за минливоста на овој живот и потребата од спасение на својата душа. Тоа што некои веќе и не се кријат кога работат за да внесат хаос во Република Македонија и во Македонската Православна Црква е мотив повеќе во иднина да бидеме побудни. Предавниците никој и никаде не ги почитува, дури ни оној којшто ги завел. Но, која е цената за предавството на својот народ и својата Црква? И Јуда Го предаде Христа, но се обеси! 8. Дали до Вас пристигнал предлогот на Струмичкиот Владика Наум за создавање блок на непризнати Православни Цркви, и ако пристигнал, како гледате на таквата иницијатива? Такво мислење Синодот на МПЦ нема разгледувано... 9. Како гледате на иднината на МПЦ? Може ли таа, колку брзо и под кои услови да излезе од оваа меѓународна изолација? Македонската Православна Црква е организирана Црква и има свој плоден евангелски и литургиски живот. Таа се грижи за спасението на доверената паства и без разлика на однесувањето на другите кон неа таа ќе продолжи да ја врши својата мисија. Ние доследно го чуваме учењето на Православната Вера и Преданието на Црквата – па, тогаш кој може и зошто да е против нас? Административните пречки не можат да го попречат дејствувањето на Божјата благодат! 10. Како се однесувате спрема идеите на некои интелектуални, па и црковни кругови во Македонија, дека спорот со СПЦ треба да се разреши со прифаќање на унија со Римокатоличката црква и Ватикан? Нашите односи со Ватикан се добри. Впрочем, такви односи имаат и негуваат и други Православни Цркви. Па и Српската! Но, Македонската Православна Црква никогаш не помислила за решавање на своето автокефално достоинство со прифаќање на унија со Рим. Таквите гласини ги пласираат оние што сакаат да ја обезвреднат нашата Света Црква, припишувајќи #1117; невистини, со цел да го попречат нејзиното поскоро прифаќање во православната екумена. На крајот, дозволете на сите православни верници во Србија и во Црна Гора, и особено на читателите на вашиот весник, молитвено да им пожелам секое добро од Господа и да им ги честитам Богојавленските празници. Бог, Кој се јави нека ги просветли нашите умови за да ја разбереме Вистината!
n/a Informativna sluzba Srpske Pravoslavne Crkve 17. februar 2004. godine Celovit tekst odgovora Njegovog Visokopreosvestenstva Mitropolita velesko-povardarskog G. Jovana, koji je u nesto skracenoj verziji objavljen u dnevnom listu Politika www.politika.co.yu od 17. februara 2004. godine, na strani A6. |Srpsko-makedonski crkveni zaplet iz makedonskog crkvenog, a ne raskolnickog ugla POSTOVANJE KANONA I TRADICIJE NA DELU, A NE NA RECIMA Odgovor na intervju sa g. Stefanom, arhiepiskopom koji prebiva u raskolu Nemamo nista protiv toga sto se arhiepiskopu raskolnicke organizacije koja sebe naziva Makedonskom Pravoslavnom Crkvom, g. Stefanu, ustupa toliko prostora u Politici i u drugim sredstvima informisanja Srbije i Crne Gore. Jer, po tome koliko se razvija dijalog u medijima, vrednuje se na kojem je stepenu demokratija u nekoj zemlji. Ali tesko nam je i bolno da se suocimo sa medijskom realnoscu |kod kuce : u medijima Republike Makedonije ne postoji ni d od demokratije kada se radi o prikazivanju prirode crkvene krize i crkvenog spora izmedju Srpske Pravoslavne Crkve i raskolnicke MPC, a jos vise izmedju ove poslednje i zakonite, kanonske i priznate Pravoslavne Crkve u Makedoniji, Ohridske Arhiepiskopije. Makedonski mediji su se, najvecim delom, zatvorili za istinu Crkve: niti imaju potrebu da istrazuju niti da saslusaju onoga ko misli drugacije od raskolnickih episkopa, a pogotovu nikako nece da ustupe prostor nasoj pisanoj ili izgovorenoj reci. Smatrajuci, dakle, da Politika daje prostor dijalogu, osecam slobodu da ponudim ovaj tekst, kojim odgovaram na neistine sadrzane u intervjuu sa raskolnickim arhiepiskopom Stefanom u Politici od 9. februara 2004 (str. A5). Poznavajuci dobro tog coveka, smatram da su neistine koje je izrekao u razgovoru vodjenim sa njim vise plod njegovog neznanja nego njegove tendencioznosti. Druga je stvar to sto ljudi ne ocekuju da covek na njegovom mestu toliko slabo poznaje crkvenu istoriju i kanonsko pravo da se u pojedinim pitanjima moze govoriti o potpunom nepoznavanju, a da ne govorim o pravoslavnoj eklisiologiji, hristologiji ili pnevmatologiji. On je postao arhijerej u vremenu kada su se od episkopa u Makedoniji trazile neke druge osobine i sposobnosti, a ne vernost Bogu, Crkvi i Svetom Predanju Crkve. Trazeci od citalaca Politike razumevanje sto smo nacinili malo opsirniji uvod, prelazimo na predstavljanje i opovrgavanje konkretnih neistina i propagandnih teza kojima raskolnicki arhiepiskop manipulise i u svojoj zemlji i u inostranstvu. Ne moze se okarakterisati drugacije nego kao neznanje kad neko kaze da su do petog veka sve pomesne Crkve, na celu sa svojim episkopom, bile samostalne, a od petog veka pa nadalje |neke su se imenovale kao autokefalne, odnosno Crkve koje imaju episkopa kao svoju glavu, sa suverenom i nezavisnom vlascu . Sama konstrukcija recenice je vrlo nejasna, ali verujem da je hteo da kaze da su do petog veka sve episkopije kao lokalne Crkve bile na neki nacin autokefalne, a posle petog veka njihova je autokefalija ogranicena u korist prvog episkopa Crkve na jednoj suverenoj teritoriji. Ali to je sasvim netacno. Niti su u prvih pet vekova hriscanstva episkopi bili potpuno nezavisni niti su posle petog veka postali manje nezavisni. Jedan episkop je pravi i kanonski jedino kad je rukopolozen od episkopa koji imaju apostolsko prejemstvo (nasledje, sukcesiju), ali istovremeno i ukoliko je u liturgijskom i kanonskom opstenju sa episkopima ostalih pomesnih Crkava. Ako jedan od ovih uslova nije ispunjen, onda taj episkop nije kanonski ili zakoniti episkop za podrucje Pravoslavne Crkve. Sa druge strane, svaki je episkop autokefalan i za duhovno rukovodjenje svojom lokalnom Crkvom daje odgovor jedino pred Bogom, ali ta se autokefalija ukida onoga trenutka kad episkop prekine liturgijsko opstenje sa drugim episkopima. Dakle, autokefalija nije omalovazena time sto episkopi na jednoj siroj teritoriji daju cast nekome i nazivaju ga prvim. To je drevna, iskonska crkvena nauka, jos iz vremena apostola Pavla, da drugima dajemo vecu cast, ali isto tako staro i prvobitno je i ucenje da sami sebe, iz vlastoljublja i koristoljublja, ne podizemo na veci stepen nego da cekamo da nas drugi na njega podignu. Akt proglasavanja autokefalije pucistickim metodima, kao sto su to uradili raskolnici u Republici Makedoniji, sasvim je suprotan gorepomenutom. Autokefalija se potvrdjuje u zajednici. Zato, od onoga trenutka kada se prekine liturgijska zajednica sa ostalim lokalnim Crkvama, ne samo sto autokefalija postaje besmislica nego se postavlja pitanje da li se neka |autokefalna grupa uopste moze nazvati Crkvom. Takva raskolnicka organizacija vremenom prerasta u jeres. Upravo ova cinjenica da se ne moze biti u raskolu i istovremeno postojati kao Crkva jeste cinjenica koju smo imali u vidu kada smo malopre rekli da arhiepiskop Stefan koji prebiva u raskolu mnogo toga ne zna. Po ko zna koji put treba ponoviti da nacelno niko nema nista protiv toga da se Crkvi u Republici Makedoniji da autokefalija, ali isto tako, po ko zna koji put, sve Pravoslavne Crkve zvanicno izjavljuju da su saglasne da se ne moze davati autokefalija onima koji to traze na pucisticki nacin. Posle svih ovih dogadjaja, svi koji dobro poznaju crkvene prilike, pa cak i oni koji su manje upuceni, zapitali bi se: da li su episkopi nepriznate Crkve u Makedoniji uopste zreli za neku autonomiju, akamoli za autokefaliju? Druga notorna neistina jeste ta da je negdasnja Ohridska Arhiepiskopija bila autokefalna na nacin kao sto su autokefalne, odnosno samostalne, danasnje autokefalne Crkve, koje imaju pravo da biraju i same da potvrdjuju prvog medju episkopima na odredjenoj teritoriji. Ohridski arhiepiskop je u romejsko (vizantijsko) doba zaista bio vrlo znacajna licnost u Carigradskoj (Konstantinopoljskoj) Patrijarsiji: on je bio prvi sa desne strane vaseljenskog patrijarha. Ali jedino u doba Samuilovog Carstva biran je i potvrdjivan samo od episkopa Ohridske Arhiepiskopije. U svim drugim istorijskim razdobljima, arhiepiskop ohridski nije mogao da bude ustolicen bez potvrde sa strane patrijarha konstantinopoljskog. Sa stanovista pravoslavne eklisiologije i kanonskog prava, to je sasvim odrzivo i normalno. Jer, autokefalija se u Istocnoj Pravoslavnoj Crkvi uvek shvatala na nacin kako smo to u ovom tekstu vec izneli. Poremecaj je nastao u 19. veku. Ali ne sme se od izuzetaka praviti pravilo. Najupecatljiviji deo intervjua i ocigledan znak da je njegov sadrzaj operisan od istine jeste pasus u kojem se govori o Svetom Savi. Sveti Sava je, ni manje ni vise, optuzen i proglasen za prekrsitelja svetih kanona zato sto crkvenu samostalnost nije trazio od arhiepiskopa ohridskog Dimitrija Homatijana nego od konstantinopoljskog patrijarha, koji se za vreme najezde Latina bio povukao u Nikeju, u Malu Aziju. Homatijan nije ni mogao da mu da autokefaliju buduci da je ni sam nije imao. On je hteo da bude autokefalan, pa se pripremao da epirskog despota Teodora krunise za cara, a sebe da proglasi za patrijarha. Ali Sveti Sava je znao ko je patrijarh i otisao je k njemu da trazi ono sto samo on moze da da. Homatijan je, naravno, bio ljut, iz vise razloga. Prvo, smanjila mu se jurisdikcija. Mi smo u Makedoniji pokusali da udjemo u jednu gradsku crkvu, a g. Stefan je podigao citavu policiju, da ne kazem i sav drzavni aparat, uhapsio nas i stavio u pritvor... Zamislimo kako je tek bilo Homatijanu kad je od njegove jurisdikcije otpala tolika teritorija koja se crkveno osamostalila odlukom konstantinopoljskog patrijarha! Drugo, za njega mozda jos vaznije od onog prvog, bilo je to sto je time izgubio sve sanse da postane patrijarh. Drugim recima, besmisleno je poistovecivati crkvene prilike u srednjem veku sa onima u nasoj danasnjici. Na kraju, buduci da je u nadnaslovu intervjua pisalo srpsko-makedonski crkveni zaplet iz makedonskog ugla, neka nem bude dozvoljeno da kazemo da u Makedoniji ima i drugih uglova sa kojih se posmatra taj |zaplet , samo sto sa tih uglova on vise nije zaplet nego rasplet. Pored raskolnika, zapletenih u svoje zablude i opsesije, u Makedoniji postoji i slobodna, kanonska, priznata pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija. Ona je sad u katakombama, kuda je, primenom sile i brutalnim krsenjem osnovnih gradjanskih i prirodnih ljudskih prava, postavljena od strane drzavnog aparata u Makedoniji, ali ona liturgise, razvija se i zivi u punoci opstenja sa svim Pravoslavnim Crkvama. Mitropolit veleski i povardarski + Jovan, egzarh ohridski