Вести и настани - Recent events |
a-pin-dim |
Почитуван Господине,
Меѓу сите што се јавија да дадат поддршка единствен ти се противиш и ме тераш на сите овие маки што ги имам и да ти одговорам на твојот e-mail. Но, бидејќи гледам дека многу работи не ти се јасни, ако имаш уши слушај:
Духот во кој преговаравме со српските архиереи беше и е: целата наша Света Црква, Македонската Православна Црква, да влезе и во формалното канонско и литургиско единство со Српската Православна Црква, а не тоа да го направат само неколку десетици души - со што се предизвикува еден многу мал раскол во Македонската Православна Црква, а истовремено едно многу големо сеење магла во православниот свет и воопшто кај оние што сакаат да живеат во магла и темница: демек тука постои некаква призната православна Црква. Но, доколку некој вистински сака единство во православниот свет, времето ќе покаже дека нашите пастирски позиции воопшто не се ослабени и дека МПЦ - Охридска Архиепископија останува единствен релевантен фактор за преговори на просторот од Република Македонија. Во таа смисла и таканаречениот Нишки договор, а всушност само работен документ меѓу двете црковни комисии, беше составуван со цел проблемот меѓу двете Цркви да се реши потполно, а не парцијално и со предизвикување на раскол во редовите на Црквата, на кој се радува единствено ѓаволот и кој заради суетата тешко се исцелува. Затоа повикувањето врз работниот документ од Ниш не може да се користи како оправдание за последните случувања меѓу нас, туку е измислица која овде беше пласирана од север, заради покривање на нивната валкана игра, а од која се заразија некои неуки новинари и која ја прифатија некои наивни души. Доволно е само да се провери од каде ни дојде и кој прв ја протури таа вест.
Не можам да ти објаснувам зошто потпишавме, бидејќи тоа бара многу време и простор. Тоа го знаеме само ние кои толку пати седевме и се мачевме со тие луѓе со кои преговаравме. Она што е битно, и тука никој да не се прави будала, е фактот дека каков било конечен договор со СПЦ прифаќа или одбива само САС на МПЦ исто како што и Соборот на СПЦ ги потврдува или одбива договорите на својата комисија. Инаку, зошто имаше потреба да се свика Соборот на СПЦ за да се изјасни по повод Нишкиот работен документ ако за тоа одлучувавме ние на ниво на комисии. Или зошто беше потребно да се свика седница на САС на МПЦ за да се изјасни по работниот документ од Ниш.
Секако знаеш дека одлучувањето во САС на МПЦ е соборно и во тој дух и одлуките се донесуваат со мнозинство на гласови. Ние и самите бевме свесни дека не можевме да го одбраниме тој документ пред Светиот Синод, ниту пак сакавме, бидејќи откако безмалку ја утврдивме содржината на нашиот договор ние знаевме дека не можеме да го објасниме неприфаќањето од српска страна на едно формално нешто како што е зборот самостојност наместо оптоварените термини ’автономија’ и ’автокефалија’ и знаевме дека не можеме да го објасниме непостоењето на името Македонска Православна Црква во целиот договор ниту пак сакавме. Затоа уште на првата седница после Ниш нацрт-документот беше едногласно отфрлен со надеж на подобро време за продолжување на разговорите. Што требаше да направиме? Половина епископи да го прифатат договорот, а половината не, па така да настане раскол во Црквата? На кој ѓавол ќе му одговараше таа поделба во Црквата и на кој болен ум?
Следствено, ние не ги погазивме нашите потписи во Ниш, со оглед дека тоа не е конечен документ прифатен од нашата Црква чиешто соборно одлучување го почитуваме и со оглед дека останавме верни на духот на преговарањето, а тоа е борбата за достоинствено влегување на нашата Света Црква, во сета нејзина полнота а не поделена, во канонско и литургиско единство со останатите православни Цркви, со свое име и со свој статус. Наспроти нас, некои луѓе од високиот клир на СПЦ ги погазија и своите потписи во Ниш и одлуката на Соборот на СПЦ за прифаќање на нацрт-документот од Ниш. Ќе прашаш како?! Многу едноставно: како прво, со потпишувањето и прифаќањето на тој нацрт-документ СПЦ се обврза во своите обраќања до нашата Црква да го користи нашето уставно име – МПЦ. Веќе во своето прво обраќање, во форма на повик на српскиот патријарх Павле, нигде не беше спомнaто името МПЦ, а самиот повик беше повик за предизвикување раскол во нашата Црква, спротивно на духот на дотогашното преговарање. Кој ги излажа тоа да го направат и кој им даде лажна надеж дека од тоа ќе има некаков резултат, Господ знае? И да заклучиме, секој што во иднина ќе тврди дека она отпадништво што денеска се случува во Македонската Православна Црква е последица на Нишкиот договор, нека знае дека свесно или несвесно ќе биде продолжена рака на српската пропаганда во Република Македонија.
И уште едно прашање мене лично ме мачи: зошто толку се избрзаа? Нашата Црква во последните неколку години почна да ја живее својата духовна преродба наспроти нивните предвидувања дека како „расколничка“ или како отсечена гранка од стеблото ќе се исуши и нема да донесе свој плод. Таа преродба во свое време секако ќе донесеше позитивни резултати во решавањето на нашиот формален статус во православниот свет. Просто човек да си помисли дека почна да им смета таа наша преродба и фактот дека во вода паѓаат сите нивни „пророштва“ на наша сметка. Зар мислиш дека нив повеќе ги боли нашата црковна состојба отколку нас самите? Ниту ги боли, бидејќи не ги боли ни за кај нив дома, ниту сфаќаат дека оваа состојба нема друго решение освен внатрешното, лично и соборно. Но како ова да му го објасниш на оној кој е навикнат да бара само надворешни решенија: со физички и духовен терор од 1919 до 1941 и со духовен терор сега, демек они се признатите и спасените, а ние не.
Господ да те чува и тебе и нас од секаква прелест.
P. S.
Она за внатрешното решение го сфаќаш ли? Христос не се појави во сета Своја слава и сила и да рече ’Јас Сум Бог, верувајте во Мене’ и со тоа да ја уништи нашата слобода и нашата човечност, односно да ги уништи ликот и подобието по кои н#1104; создал. Туку Тој стана Човек и најсмирено и најтрпеливо, до Свое истоштение и смрт на крст, послужи во домостројот на нашето спасение. Тој ни ги остави Своите заповеди и Своите дела – Црквата. Само живејќи според нив ние може да Го познаеме Него како вистински Бог, без притоа да ја изгубиме својата слобода и Неговиот печат во нас. Затоа и Апостол Павле вели: на сите им станав с#1104;..., само некого да придобијам за Христос. Овој внатрешен пристап бара и лично аскетско-исихастичко восовршување и освојување на внатрешните простори, каде што животот на другиот станува содржина на нашиот живот, од една страна, а од друга страна бара и трпеливо растење во хиерархијата на Црквата (по можност и некој факултет да се заврши). Од ова восогласување на нашата внатрешна состојба со надворешниот свештенички чин што евентуално би го добиле, сигурно ќе се случат позитивни промени во животот на локалната епископска Црква, па и пошироко. Ништо од ова не може да се случи без умносрдечна молитва и просветленост на умот. А ова кој го може?
|
a-pin-dim |
Dear Sir,
Among all who called to give support, only you are going up against and are forcing me on top of all I am weighed down with to respond to your e-mail. But, since I see that many things are not clear to you, if you have ears to hear...:
1. The spirit in which we have negotiated with the Serbian hierarchs was and is: our entire Holy Church, the Macedonian Orthodox Church, to enter both in the formal canonical and in liturgical unity with the Serbian Orthodox Church, not only a few tens of people to do this – by which a quite small schism is caused in the Macedonian Orthodox Church, and at the same time a rather great dissemination of fog in the Orthodox world and in general, in those who want to live in fog and darkness: as if here existed some recognised Orthodox Church. Yet, if anyone truly desires unity in the Orthodox world, time will show that our pastoral positions are not in the least weakened and that MOC – Archdiocese of Ohrid remains the only relevant factor for negotiations in the area of the Republic of Macedonia. In this sense the so called Niљ Agreement, in fact only a draft of the two church commissions, was also composed with the aim the problem between the two Churches to be resolved completely, not partially and with initiating schism within the Church, to which only the devil rejoices and which due to vanity is difficult to cure. Therefore the reference to the Niљ draft cannot be used as an excuse for what is recently happening between us, but is an fabrication spread here from the north, in order to cover their foul play, which infected some ignorant journalists and was accepted by some naive souls. It suffices only to check where it came from and who spread this news the first.
2. I cannot explain to you why we have signed, since it requires much time and space. Only we know it, who have so many times sat and took pains with those people we have negotiated with. What is important, let noone here play fool, is the fact that any final agreement whatsoever with SOC is accepted or rejected only by the HSH of MOC, just as the Assembly of SOC confirms or rejects the agreements of its commission. Otherwise, why was it necessary the Assembly of SOC to be summoned in order to give its opinion regarding the Niљ draft if we decided on this at the level of commissions. Or, why was it necessary a session of HSH of MOC to be held an opinion about the Niљ draft to be given.
3. Certainly you know that deciding in HSH of MOC is catholic and it is in this spirit that decisions are also passed with majority of votes. Ourselves we were aware that we could not stand up for this document before the Holy Synod, nor did we want to, since after we had nearly settled the content of our agreement, we knew we could not explain the Serbs not accepting something formal as the word independence is -instead of the burdened terms ‘autonomy’ and ‘autocephaly’ - and we knew that we could not explain the name Macedonian Orthodox Church not existing in the whole agreement, nor did we want to. Therefore right at the first session after Niљ the draft was unanimously rejected with the hope in better time for continuation of the talks. What were we supposed to do? Half of the episcopes to accept the agreement, and half of them not, and thus a schism in the Church to appear? What devil would have been happy with that division in the Church and what sick mind?
4. Consequently, we did not go back upon our signatures in Niљ, taking into consideration it was not a final document accepted by our Church - the catholic deciding of which we respect - and taking into consideration that we remained faithful to the spirit of the negotiation, and that is the struggle for entry of our Holy Church with dignity, in its entire fullness, not divided, into a canonical and liturgical unity with the other Orthodox Churches, with a name of its own and a status of its own. Unlike us, some people from the SOC high clergy went back both upon their signatures in Niљ and the decision of the Assembly of SOC to accept the Niљ draft. You would ask how?! Rather simply: first, with the signing and accepting that draft SOC took upon itself in its addresses to our Church to use our constitutional name – MOC. Right in its first address, in the form of a call by the Serbian Patriarch Paul, the name MOC was nowhere mentioned, and the call itself was a call to bring about schism in our Church, contrary to the spirit of the negotiations that far. Who deceived them to do that and who gave them the false hope that it would have some result, the Lord knows. And to conclude, let all who in the future will claim that the desertion happening today in the Macedonian Orthodox Church is a consequence of the Niљ Agreement know that whether aware of it or not, they will be an extended hand of the Serbian propaganda in the Republic of Macedonia.
5. There is one more question that bothers me personally: why have they run their fill so much? In the last few years our Church has started living its spiritual revival despite their predictions that as a “schismatic” or as a branch cut off from the trunk it would dry out and would not bring forth a fruit of its own. This revival in its time would have certainly brought positive results in the resolution of our formal status in the Orthodox world. Man may well think they began being bothered by this revival of ours and by the fact that into water fall all their “prophecies” on our account. Do you think they are more pained by our church state than we are? Neither are they pained, since they are not pained even about their own one, nor do they understand that this state has no other resolution apart from the inner, personal and catholic. But how can one explain this to someone who is used to seeking only outward resolutions: with physical and spiritual terrors from 1919 until 1941 and a spiritual terror now, as if they were the ones recognised and saved, not us.
May the Lord guard both you and us from any delusion.
P.S.
About the inner resolution, do you understand it? Christ did not appear in His whole glory and power saying ‘I Am God, believe in Me’, destroying by this our freedom and humanity, that is, destroying the image and likeness after which He created us. But He became Man and most humbly and patiently, to His exhaustion and death on the cross, he served to the dispensation of our salvation. He left us His commandments and His acts – the Church. Only living according to them we can come to know Him as true God, without losing our freedom at this and His seal in us. That is why the Apostle Paul also says: I have become all things to all men..., that I might win the more for Christ. This inner approach demands also a personal ascetical-hesychastic perfection and conquering of the inner areas, where the life of the other one becomes the content of our life, on the one part, and on the other part it demands also a patient growth in the hierarchy of the Church (if possible, graduation from some Faculty). From this concordance of our inner state with the outward clerical rank we could possibly receive, positive changes would certainly happen in the life of the local episcopal Church, even farther. None of these can happen without a mind-and-heart prayer and illumination of the mind. And who is sufficient to this? |
a-pin-dim |
Saint George Macedonian Orthodox Church, Syracuse, New York (USA) (02.02.2004)
Сиракјуз, 28 јануари 2004 г.
ДО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
С К О П Ј Е – РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Ваше Блаженство,
Ваши Високопреосветености,
Следејќи ги будно последниве случувања, скандалозните и неканонски одлуки на Српската Православна Црква за поставување свој егзарх во Република Македонија и формирањето паралелен синод со хиротонијата на двајца нови епископи, отпадништвото на неколкумина монаси и монахињи од јурисдикцијата на Македонската Православна Црква и нивното приклонување под омофорот на расчинетиот митрополит Јован, сега Зоран Вранишковски, од име на македонската православна црква посветена на Св. Великомаченик Георгиј во Сиракјуз, би сакале да ве известиме за следново:
- Ја изразуваме својата синовска лојалност и му даваме сецела поддршка на Светиот Архиерејски Синод на нашата Света Св. Климентова Македонска Православна Црква, во напорите за запазување на автокефалниот статус, името, духовното единство и интегритетот на МПЦ, што непосредно значи и запазување на државноста на Република Македонија и националниот идентитет на македонскиот народ;
- Со индигнација ги отфрламе последните одлуки на Српската Православна Црква, сметајќи ги таквите за недозволено мешање во внатрешните работи на нашата Црква. Што се однесува, пак, до нивната неоснована „пастирска грижа“ за духовната благосостојба на македонските верници, тоа не е ништо друго освен: неостварени сништа од минатото, хегемонизам, националшовинизам, цинизам и хипокризија, а методите со кои ја реализираат таа своја „грижа“, се сè, но не и - евангелска Христова љубов, во чие име ги опрадвдуваат своите постапки. Уште повеќе, тоа е невидено духовно пиратство;
- Преземените средства од надлежните архиереи за отстранување на одметнатите монаси и монахињи, и забраната за нивно свештенодејствие и пристап во манастирите и црквите на МПЦ, ги сметаме сосема оправдани и неопходни. Предавството, отпадништвото, вазалството и полтронството, за жал, не му се непознати на македонскиот народ и во минатото, но во услови кога го браниме достоинството на МПЦ и на македонскиот народ, толеранција за тоа и такви не треба да има. Зашто, ако некој не ја чувствува својата Мајка Црква за своја, и својот род – за свој, таквиот не треба да има место меѓу нас;
- Охрабрени од огромната поддршка што пристигнува на адреса на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ и во Татковината и од дијаспората, знаеме дека се попусти сите обиди за наше расцрковување. И во минатото имало такви обиди, но „роденото од Бога ќе живее“, како што вели свети Јован Богослов, а Македонската Православна Црква е дело Божјо и плод на Неговата љубов кон благочестивиот македонски народ, Црква, вгнездена во пазувите и срасната во душата на секој честит Македонец;
Жалиме што нашите соседи на Балканот „уши имаат и не слушаат, ниту има Дух во нивните усти, очи имаат и не гледаат“, та не сакаат ниту да ја видат, ниту да ја кажуваат вистината за Македонија и Македонската Православна Црква. Напротив, ја искривуваат и се кријат зад вистината. Му се молиме на Семоќниот Господ Бог да им ги отвори духовните очи – та да би виделе, духовните уши – да би чуле, срцата – за да би љубеле искрено, евангелски. Впрочем, „сè она што сакаат ним да им го прават лу'ето, нека им го прават и тие“ (Мат. 7, 12).
Доставувајќи ја преднава декларација, молитвено посакуваме – „да свети пред луѓето вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават нашиот Отец небесен“ (Мат. 5, 16).
На Вашето Блаженство и на Светиот Архиерејски Синод сеоддани духовни чеда,
Претседател, парохиски свештеник, секретар,
Бранко Јовановски прота-ст. Бранко Постоловски Симе Атанасов
|
a-pin-dim |
Неговото Блаженство, г.г. Стефан, Митрополитот г. Тимотеј и Митрополитот г. Агатангел (02.02.2004)
Празникот на Свети Атанасиј Велики (31.01.2004) беше свечено одбележан во Неготино, чија градска црква е посветена токму на овој голем светител, со отслужување на Света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а во сослужение на г. Тимотеј, Митрополит Дебарско-кичевски и администратор на Повардарската епархија и г. Агатангел, Митрополит Брегалнички, како и со бројно свештенство. На Литургијата, на која присуствуваше многуброен верен народ од Неготино и околината, како и градоначалникот на градот и други почесни гости, во
ѓаконски чин беше ракоположен дипломираниот теолог Ристе Јанушев од Велес.
Беседа на Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски
на празникот на Свети Атанасиј Велики во Неготино
Учител и бранител на Вистината
Возљубени во Господа,
Да се чува верата, да се чува вистината, да се чува Црквата - е заповед дадена за сите и засекогаш!
- Чувајте се од сите оние коишто „сакаат да го изопачат благовестието Христово”; чувајте се, „па дури и ангел од небото да ви благовести нешто друго од она што веќе е благовестено - да биде проклет”, ни порачува Светиот апостол Павле (сп. Гал. 1, 7-8).
На будност, на будно чување на верата, на цврсто стоење во вистината и за непоколебливо бранење на Црквата, повикувал уште Самиот Господ Христос, па и Неговите ученици! Но, и на Христа, за жал, не Му биле послушни сите и Нему Му се противеле. Токму заради вистината Тој бил и распнат!
И неговите ученици доживувале непријателства, неприфаќање, па и искривување на Словото коешто го проповедале. Многумина од апостолите заради вистината биле и прогонувани и измачувани до смрт. За Црквата, тешки биле особено борбите со внатрешните непријатели! Познато е, со непријателот од надвор е полесно да се бориме; него го очекуваме од подалеку да нападне. Но, внатрешниот непријател, ве следи, знае со кого и каде, знае со кои средства... И вистинската опасност од нив е во тоа што тие долго се кријат и се големи борци за искривената вистина, односно за својата невистина...
Христос имал големи расправии со „загрижените” чувари на Законот, со садукеите и фарисеите. Апостолите се расправале со поддржувачите на јудејството, елинизмот и мнгубоштвото. Но, најголемите судири - Верата, Вистината и Црквата ги дожиевале од еретиците, од оние коишто науката Христова, догмите и преданието погрешно ги разбрале и по свое ги проповедале.
На пример Јуда, со чинот на предавството, подтврдил дека не Го примил со сета душа Христа за Спасител, дури Го „оценил” за малку пари, иако постојано бил со својот Учител и имал прилика најдиректно да ја слушне и види целта на Неговото доаѓање.
Словото на апостолите, како што меѓу некои народи било тешко прифаќано - така уште полесно било искривувано и изопачувано од противниците на нивната проповед.
Но, и покрај сето трпение, Црквата не се однесувала пасивно кон оние што тргнале или нуделе друг пат, друга вистина. Заповедта од Господа и пораките од апостолите биле - да се чува преданието, да се чува Евангелието, да се чува Црквата; затоа така благовремено биле осудувани и отфрлувани од црковната заедница.
Денешниов славеник Свети Атанасиј Александриски е голем сведок како се страда, како се чува, како се брани и како се утврдува вистината. Познато е од историјата на Црквата дека во негово време, во почетокот на 4 век, се појавило едно учење, коешто го ширел Ариј, кој бил свештеник во Александрија. Неговото негирање на Христа како Син Божји, проповедајќи дека Синот не е рамен со Отецот и дека не е вечен, туку дека постанал во времето - а бидејќи собрал истомисленици во Црквата, особено во Александрија - предизвикало поделби и немири со што условил да се свика и Првиот Вселенски Собор, којшто се одржал во Никеја во 325 година.
Меѓу учесниците на Соборот исклучителна улога имал тогаш младиот александриски ѓакон Атанасиј. И во дискусиите и во формулирањето на вистинското, правилното учење на Црквата, особено се истакнал Свети Атанасиј. Познато е, на тој собор донесен е првиот дел од Символот на верата -Вјерују, текстот што го читаме на секоја Света Литургија, при секое крштевање и при други богослуженија и молитвословија. Свети Атанасиј, како ретко кој во христијанската теологија, така разбирливо ја објаснил смислата на доаѓањето на Бога во тело човечко на земјата: - „Бог слезе на земјата за човекот да се искачи на небото, и Бог прими тело за човекот да се обожи... ”
Свети Атанасиј е редок богословски мислител, писател и бескомпромисен бранител на вистинското учење на Црквата. Заради тоа заслужил и особена почит и во Источната и во Западната Црква, што е потврдено и со епитетот ’Велики’, кој малкумина го заслужиле и го имаат (меѓу кои се Св. Василиј Велики, Св. Григориј Велики и др.).
Во Македонија скоро и да нема крај кајшто нема црква или манастир подигнати во негова чест, особено во скопско, кочанско и тетовско. Голем е култот кон овој „столб на Православието и учител на Вистината” по сета македонска земја. Еве, Свети Атанасиј е заштитник и на Неготино, Богданци и на многу други населби. И Лешочкиот манастир му е нему посветен, како и манастирот во Журче, а и некои светилишта во битолско и струшко.
Возљубени во Господа,
Секој ден е Божји ден, вели нашиот народ. Секој празник, пак, е за прослава на Бога! Празниците се, значи, денови за прославување на Бога и за радување во Господа. Еве, одбележувајќи го споменот на Свети Атанасиј, потсетувајќи се на неговото дело, на неговиот свет живот, да размислуваме дали е доволно ова што ние го правиме: на празник или во недела ќе дојдеме во црква, на Света богослужба, ќе се помолиме за себе и за своите... Добро е ако и тоа го практикуваме, но не е доволно! - Потребно е да знаеме зошто и кого празнуваме! И нема подобро прославување од тоа - од знаењето зошто го чествуваме празникот, зошто дојдовме во храмот, зошто присуствуваме на Светата Литургија...
Потребно е да ја знаеме, да ја познаваме и да ја живееме нашата Вера, нашата Вистина! - Па може ли да се чува нешто коешто не се познава, да се брани нешто коешто не се разбира или да се верува во нешто за кое малку или воопшто не се знае?! Нема подобро чување на Верата и на Вистината од нивното познавање и живеење со нив. Ете, и денес кој може да ја напушта Верата, кој може да биде плен на разни секти? - Само оној којшто не си ја познава својата Вера, само оној што не ја разбрал православната вистина!
Или да го земеме за пример она што ни се случува нам, како Македонска Православна Црква: има ли некој кој што ја чувствува за своја Црква, за Црква во која се крстил и тој и неговите постари, а лесно да се откаже од неа? Може ли некој кој што нашата света Црква ја има за своја, како што некој Грк за своја оправдано ја има Грчката, некој Бугарин за таква ја има Бугарската, или некој Србин - Српската или кој било друг, па така да му текне да не ја сака својата Црква? - Може, но тоа е несфатливо - повеќе да го сакате туѓото за сметка на своето! Православието треба да биде ослободено од граници и најразлични други припаѓања - кога е во прашање Верата. Но, со денешнава поставеност на помесните Православни Цркви - тешко е дека ќе доживеат ослободување од „минливите категории” како што некој рече - од нациите и државите! Ако тоа го бараме од другите, зарем за тоа не треба ние први да дадеме пример, а не - Македонците форсираат етнофилетизам, многу го истакнуваат националното, како тие божем да го исфрлија своето национално од името на своите Цркви?! Ова, за да се разбере, доволно е да се видат официјалните називи на Православните Цркви, или, пак, да се слушнат титулите на православните поглавари.
Возљубени во Господа, македонскиот православен верник има две задачи: да ја чува православната вера и да ја брани својата Македонска Православна Црква!
Историјата на Црквата Христова, денешниов славеник свети Атанасиј и многу други примери - нè поучуваат дека нема опстојување без познавање и бранење на чистотата на православната и својата вистина. Честопати некои еретици и отпадници помагале да се доразјасни и утврди вистинското учење. Ова, пак, што нам ни се случува, што е предизвик за секој православен Македонец, со Божја помош нека ни помогне за да се утврдиме во нашата вистина, нека ни помогне за да се ослободиме од сите на кои помило им е туѓото од нашето македонско православие.
Нашиот народ знаел да ја чува и брани својата вистина, и духовна и национална. Да веруваме дека и на овие напади, коишто во последно време се упатени кон нас како Црква и народ - ќе им одолееме и ќе се одбраниме.
Свети Атанасиј, вашиот патрон и заштитиник, нека продолжи и понатаму да ни биде пример како се чува и Верата, и Вистината, и Црквата.
Нека е честит и за многу години денешниов празник - празникот на градот и на сите почитувачи на оние што ја знаат и бранат Верата, Вистината и Црквата - дарувани од Бога секому, па и нам! Амин!
|
a-pin-dim |
Архиерејската Литургија на именденот на митрополитот г. Тимотеј (05-02-2004)
Вчера, на денот на Светиот Апостол Тимотеј, во манастирот на Свети Климент и на Свети Пантелејмон на Плаошник во Охрид беше отслужена Света Архиерејска Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Плаошки и Дебарско-кичевски и администратор Повардарски г. Тимотеј во сослужение на Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Брегалнички г. Агатангел и на повеќе свештеници и свештеномонаси.
Во текот на Божествената Литургија надлежниот епископ г. Тимотеј изврши хиротонија во свештенички чин. Во чест на именденот на митрополитот г. Тимотеј на крајот од Литургијата архиереите го осветија славскиот колач. На многу години, Владико!
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Aktuelnosti/plaosnik04021.jpg[/img]
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Aktuelnosti/plaosnik04023.jpg[/img]
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Aktuelnosti/plaosnik04024.jpg[/img]
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Aktuelnosti/plaosnik04022.jpg[/img] |
a-pin-dim |
Од администраторот: Неговото Високопреподобие архимандрит о. Даниел (WALES ORTHODOX MISSION) (10.02.2004)
Од администраторот: Неговото Високопреподобие архимандрит отец Даниел (WALES ORTHODOX MISSION)
Писмо до свештеник во Македонија
4 февруари 2004
Отец ...
... ...
Македонија
Драг отец ...
Ми беше многу мило што се слушнавме утринава и се радувам што ќе бидеме во контакт преку e-mail.
Уште поголема радост ми претставуваше што се видовме при мојата неодамнешна посета на Македонија и што ја имав честа и благословот да сослужувам Божествена Литургија со тебе повторно во ... ....
Ти пишувам по повод сегашната црковна криза во Македонија. Немам претстава каков е твојот сегашен став по однос на ова прашање, што значи дека ти може и да се навредиш од она што имам да ти го кажам. Во таков случај, те молам, прости ми. Сепак, пишувам затоа што верувам дека на животот на Православната Црква во Македонија може да му биде нанесена огромна штета и пишувам за да те замолам добро да промислиш кои се можните фатални последици од поддржувањето на расколот во животот на Црквата кон што може да доведат дејствијата на Јован. Овие негативни последици може да потраат со векови. Избегнувањето на истите може да ја запази и зајакне православната вера во вашата прекрасна земја – земја осветена од животот и делото на Светителите од апостолките времиња па сè до денес.
Пишувам најнапред како пријател. Го ценам нашето пријателство и блажените средби кои ни беа дарувани, и длабоко сум благодарен за сета љубезност што ми ја покажа. Особено многу ја почитувам и ценам твојата прекрасна служба во рамките на Македонската Православна Црква. Да не беше Светиот Дух дејствителен во Македонската Православна Црква, се прашувам како ќе беше можно да се развие таков динамичен, вибрирачки црковен живот. Како што веќе ти реков, за мене беше вдахновение од прва рака да го доживеам животот на МПЦ, и ми претставуваше радост да се вратам во Обединетото Кралство и да им пренесам на луѓето што се случува во Црквата, особено по создавањето на македонската држава.
Луѓето надвор од Македонија не се свесни за тоа. Динамичната духовна обвнова на којашто #1117; бев сведок во Македонија се чини дека е една од `најдобро чуваните тајни во Православието`!
Исто така слушам дека извесна нејасност во врска со канонскиот статус на МПЦ поврзана со прашањето за нејзината автокефалност е работа што кај многумина од вас предизвикува вознемиреност. Но мoжеби е можно да се живее со тоа, и во догледно време, со Божја помош, и со верност кон Него и кон основните принципи што владеат во православниот црковен живот, проблемот со автокефалноста може еден ден да биде решен ако е таква Божјата волја. Самиот Бог ќе го открие ова кога Тој ќе благоволи.
Да признаеме исто така дека прашањето за автокефалноста општо земено е мошне слаба точка во самото Православие. Православната Црква е недоследна по однос на ова прашање и дејствува на начин што дава збунувачки и контрадикторни сигнали ... ... ... МПЦ не е виновна за тоа.
А пак, ќе може ли македонскиот народ да живее со разделено Православие во земјата, тоа е друго прашање. Замисли си земја и Црква со раскол во семејствата, меѓу пријатели и меѓу браќа во свештенството? Земја во која православните христијани веќе не си веруваат еден на друг – и тоа заради нивното православие! Кој би можел да се радува на вакво нешто? Каква духовна победа би претставувало ова за било кого?
ЕДИНСТВО
Заради прашањето во врска со нејзиниот досега непотврден автокефален статус, може некои во МПЦ да чувствувале како да сте изолирани како Црква. Но јас имам сознание дека Црквата има многу врски со останатите Православни Цркви. Секако има пријатели ширум светот, и ставот кој јас го среќавам е мошне јасната гледна точка дека МПЦ е Црквата на Македонија. Главната причина што луѓето го заземаат овој став е сосема просто дека нема друга Црква во Македонија – МПЦ е Црквата на таа земја!
Можеби заради вознемиреноста на луѓето во Македонија во врска со автокефалноста лесно беше да се превиди големиот благослов на црковно единство што го имавте во Македонија. Ова беше само еден едноставен факт од животот на Црквата – едноставен, но битен факт од позадината за сите овие години. Факт е тоа што би можел лесно да се земе како здраво за готово, но факт од огромно значење и таков што служеше во полза на духовното благобитие на македонскиот народ. Тој означуваше непостоење на духовен конфликт во земјата.
Тоа е факт, јас така чувствувам, драг отец, што не треба да се земе како еднаш засекогаш даден, туку да се брани со активни средства, со тоа што свештенството и верниот народ на МПЦ ќе останат непоколебливи и верни на нивната хиерархија во ова време кога над скапоценото единство надвиснала закана. Се загуби ли единството, многу е тешко тоа повторно да биде воспоставено. Подоцна ќе зборувам повеќе за ова.
Сега, на самиот почеток од овој обид да се внесе раскол во црковниот живот на Црквата, каква ли само бркотница мора да има. Колку ли многу енергија оди на дебати, спорење, обидување да се најде поддршка за оние што сакаат да го предизвикаат овој раскол! Во полза ли е ова на духовниот живот на вмешаните во сето тоа? Дали нивното учество во животот на Светата Троица е продлабочено и зајакнато од ова? Дали нивниот молитвен живот е продлабочен? Води ли ова кон поголема христијанска љубов и проштевање, или пак породува гнев и сее семе на раздор и судир што луѓето тешко ќе го простат?
Ова се сериозни размислувања. Почнува како напад врз МПЦ, за да се развие понатаму во напад врз духовните животи на луѓето Божји.
Да ти кажам уште една причина зошто верувам дека запазувањето на црковното единство во Македонија е толку важно. Не е тоа само нешто што треба да не се сфаќа површно. Тоа е нешто што не може да се сфаќа површно!
Колкав е бројот на православни земји благословени со ова единство што вие во Македонија го имавте сите овие години? Да погледнеме некои примери. Следните православни земји имаат опозициони хиерархии по воведувањето на Новиот Календар:
Бугарија, Грција, Романија, Кипар.
По распаѓањето на Советскиот Сојуз, следните земји имаат опозициони Цркви:
Русија – каде што
`Руската Православна Задгранична Црква – во Русија`
`Руската Автономна Црква` (стационирана во Суздал)
`Киевската Патријаршија`
Грчките Старокалендарци (во Мариината Република)
сега дејствуваат, најмалку две од нив, верувам со хиерархии
Грузија – (една од најстарите Православни Цркви)
има активна Грчка старокалендарска јурисдикција.
Украина, кадешто има три опозициони јурисдикции
Московска Патријаршија
`Киевска Патријаршија`
Украинска Автокефална Православна Црква
(да не ја спомнуваме Грко-католичката Црква - `Унијатите`)
Можеш ли да си ја претставиш збрката што постои во овие земји? А таа ги погодува земјите од речиси половината од автокефалните Православни Цркви.
Не само тоа туку критиците на Православната Црква велат дека ова е слабост на Православието и дека во Римокатоличката црква никогаш не би можело да се случи постоење на опозициони хиерархии заради централизацијата на власта во лицето на Папата.
Во право ли се нашите критици? Ќе ги снабди ли Православието со уште докази за да ги зајакне нивните критики давајќи им уште еден пример за она што тие го сметаат како проблем на власта во Православието?
Во дијаспората, ние сме акутно свесни за непостоењето на единство. Девет православни епископи полагаат јурисдикција врз цела Британија! Во САД ги има дури и повеќе. За среќа, овие се повеќе `паралелни` отколку `опозициони` јурисдикции и се во евхаристиска заедница една со друга и не се обидуваат да си го грабаат свештенството и верниот народ. Сепак, ситуацијата е крајно неканонска, бидејќи Каноните на Црквата забрануваат повеќе од еден Епископ да има јурисдикција над една територија.
А тоа е ситуацијата која беше предизвикана во Македонија. Сега има епископи кои полагаат право над територија на веќе назначени православни архиереи.
Сепак не е премногу доцна. Ако на овие епископи не им биде дадена поддршка, тие нема да можат нешто многу да сторат. Без поддршка од народот Божји, нивниот `Синод` е фикција. Но сега е моментот кога македонскиот народ треба да биде заштитен така што добри свештеници како тебе ќе бидат верни пастири кога стадото е во опасност.
РАСКОЛ
Може се прашуваш, драг отец, зошто толку настојувам зборувајќи на оваа тема. Една причина е навистина таа дека живееме со недостаток на ова единство во дијаспората. Се разбира, нашите различни јурисдикции не постојат за да си контрираат, туку се резултат на многуте бранови имиграција на православните народи коишто потпаѓаат под власта на епископи од нивната национална група. Ние преобратените едноставно мора некаде да се вклопиме!
Како и да е, иако не сме во меѓусебен конфликт, мноштвото јурисдикции значи дека нашето сведоштво во Обединетото Кралство е многу помалку дејствително одошто би можело да биде. Нашите капацитети – духовни и човечки – не се во спрега. Различни луѓе се обидуваат да ја направат истата работа самостојно наместо заедно со другите. Овде на пример нема Богословија. Многу православни луѓе не ги среќаваат нивните браќа и сестри од друга националност и не се запознаваат со нивната историја и духовност. Неизмерна енергија оди на запазување на етничкиот идентитет – енергија којашто би можела да биде искористена во религиозни цели. Ние немаме дејствителна заедничка мисионерска стратегија за да го повикаме народот од Обединетото Кралство кон Православие, иако многу поединци работат напорно на ова. Ова се некои од недостатоците.
[Би сакал да зборувам и како Велшанец исто како и како православен христијанин, зашто можеби можеме нешто да научиме од верската историја на Велс. Порано ние бевме православна нација што даде безброј Светители особено во V и VI век.
За време на Големиот Раскол (1054), Велс, како дел од Западот, стана римокатолички. За време на Протестантската Реформација (XVI век) тој стана протестантски. Оттогаш наваму разни протестантски секти пуштија корен во Велс, од кои четири станаа многу силни и се здобија со големо верско и културно влијание врз општеството. Многу од тоа беше во полза на моралот на нацијата. На пример, тие се зафатија со проблемот на алкохолизам во општеството.
Сепак, од црковна гледна точка, тие го поделија општеството и породија поделен и секташки менталитет којшто и до денес е со нас.
Замисли си ја ситуацијата во којашто секоја заедница – дури и мали села од неколку стотици луѓе – имаше пет Цркви, една Англиканска и четири кои им припаѓаа на главните секти?
Кога беа силни, овие секти се бореа една против друга и трошеа пари градејќи поголеми цркви од нивните противници.
Сега овие деноминации се во криза. Празни се. Луѓето се одвратија од нив. Нивните постојани караници и меѓусебна недоверба ги ослабеа внатрешно и луѓето сега не сакаат да си имаат работа со нив. Нивните згради се затворени и претворени во домови, продавници, бензински пумпи, ноќни клубови.
А тие сепак одбиваат да се здружат. Нивните верувања речиси и не се разликуваат едно од друго. Всушност многу од нивните следбеници немаат претстава зад што стои нивната секта – но тие одлучно одбиваат да се обединат и имаат чувство на лојалност кон одредената зграда во којашто богослужат!
Ова е `подвоениот` менталитет и кога тој ќе пушти корени во општеството, мошне е тешко тој да се отфрли.
Истовремено, поголемиот дел од луѓето престанаа да одат во црква, претпоставувам зашто им е преку глава дојдено од тие двесте години поделеност.]
Ако овој раскол на Црквата во Македонија пушти корени, може никогаш да не биде исцелен. По неколку века некои може ќе речат `јас #1117; припаѓам на МПЦ`, а други, пак, `јас му припаѓам на Охридскиот Синод`, исто како што отцепувањето на Староверците во Русија никогаш не беше исцелено.
Зарем не треба ништо да научиме од историјата! Какво духовно добро би можело да ја снајде Македонија од постоењето на две противнички Православни Цркви? Замисли си ситуација во која малечко македонско селце може да има две Православни Цркви и таткото на семејството да оди во едната, а мајката во другата? И неколку века подоцна кога ситуацијата сосема ќе стивне и добронамерни луѓе од двете страни ќе се обидат да ја исцелат поделеноста, обичните луѓе ќе одбијат да соработуваат зашто знаат дека нивното семејство #1117; било верно на оваа или онаа Црква – иако немаат претстава зошто.
Да не се сомневаме, вакви нешта се случуваат и се случувале во историјата.
[Примерот на Велс нека им биде предупредување на сите. Сегашната жално слаба состојба на овие деноминации во Велс ги прави истите неспособни да ја извршуваат работата што треба да ја обавуваат и да бидат дејствителни во општеството. Ако е ова трагедијата на протестантско општество],
тогаш колку поголема би била трагедијата кога некои од овие нешта – особено поделениот црковен менталитет – би пуштиле корен во Македонија, каде што православното христијанство е присутно уште од апостолските времиња!
СТАДОТО
Најпосле, драг отец, би сакал да прозборам за можното влијание на овој раскол врз душите на луѓето Божји. Ти имаш најизвонредна и преблагословена служба и духовниот живот на многумина црпи помош од твоето посветено дејствување. Замисли си го притисокот што луѓето ќе го чувствуваат ако нивниот свештеник се обиде да ги приведе до присоединување кон `Охридскиот Синод`. Тие може не ќе сакаат да се присоединат, но ќе се чувствуваат обврзани да го сторат тоа ако нивните духовни отци се присоединат кон таа група. ... ... ... ... ... ... Значи ќе се отвори патот за поделба на семејствата... ... ... ... На некои ситуацијата може да им стане толку неподнослива, така што би можеле да престанат да одат во Црква.
... ... ... ... ... ... ... ...
... ... ... ... ... ..Ако останеш во рамките на МПЦ, ќе можеш тивко да продолжиш со твоето извонредно дело, поддржуван и со доверба од страна на ... ..(твојот архиереј). Но што ако си заминеш? Што би можело да се случи тогаш? Ќе можеш ли да го наѕидуваш твоето дело и да го зајакнуваш ... ... ... ... ... ... ... таму каде што постои жед за животот на Царството? Или, пак, твојот живот ќе треба да го смени правецот?
Ќе треба да потрошиш време и енергија во одбрана на Јован и обиди да придобиеш луѓе за него. Мислиш ли дека трошењето време и енергија на тоа би можело да биде полезно за духовниот живот на еден свештеник?
Кога ја гледам твојата служба, гледам дело вдахновено и вдахновувачко, кое допира многу животи, приближувајќи ги луѓето до Бога – и сето ова беше можно во рамките на МПЦ. Те молам запрашај се себеси кој понатамошен пат ќе го запази тоа.
Може ќе чувствуваш дека не е на место јас да ги кажувам овие нешта, и ако сум те навредил, молам да ми простиш. Зборувам како пријател, како некој што многу ти се восхитува и не сака да те види вовлечен во ова безредие. Правејќи го тоа, споделувам со тебе нешто од искуството на животот во дијаспората и во земја на секти. И двете ситуации може да послужат како предупредување – првата со осветлување на тоа каков голем дар е тоа да се има единствено православно сведоштво во една земја, а втората со откривање на дел од психологијата на секташтво и поделба и потенцијалот на ова во поткопувањето на православното сведоштво, што е правопропорционално со духовната сила којашто обединетото Православие може да се надева да ја постигне.
Се разбира, може не ги поддржуваш чекорите што се преземаат за да се подели Македонската Црква. Во тој случај, драг отец ... ..., те молам само сфати ги моите зборови како зборови на охрабрување да останеш непоколеблив и да го одбегнеш неканонскиот чин на напуштање на твојот епископ.
Високо го ценам твоето пријателство и ти посакувам Божјо раководство и заштита во ова тешко и опасно време за Македонската Православна Црква.
Со најтопли желби и љубов во Христа,
+Deiniol
|
a-pin-dim |
Од неговото Високопреподобие отец Даниил (WALES ORTHODOX MISSION)
CENHADAETH UNIONGRED CYMRU
Драг во Христа брате, о. Давид,
Христос меѓу нас!
Ми беше мило што ти го слушнав гласот вчера и што имав можност да позборуваме. Време беше веќе да ти телефонирам и уште еднаш да ти заблагодарам од сè срце за сета твоја љубезност за време на мојата последна посета на Македонија. Голема радост ми причини да те видам тебе и другите пријатели и да го доживеам вибрирачкиот живот на Македонската Православна Црква (МПЦ) уште еднаш. Знам дека тоа беше многу среќно и блажено искуство и за Питер и Ричард, и она што тие го направија е навистина извонредно. Ќе се обидам наскоро да ти пратам примерок од видео снимката.
ВОВЕД
После нашата посета сфаќам дека многу нешто се има случено во Македонија. Како што знаеш, ја сакам Македонија, македонскиот народ и МПЦ, па затоа овие последни развивања многу ме интересираат и засегаат, и бидејќи многу го ценам пријателството со тебе и со монасите од Трескавец и Марков манастир и со монахињите од Јанковец и многуте пријатели што ги имам во Македонија, се надевам нема да ти пречи ако ти зборувам искрено и отворено и се надевам ќе сфатиш дека го правам ова поради загриженост и со надеж дека нема да те навредам.
Кога имавме можност да зборуваме за црковните дејствија на поранешниот Владика Велешки, Јован, ми беше мошне јасно дека сосема не го оправдуваш она што тој го стори. Исто така ми кажа дека хиерархијата на МПЦ била малку недоверлива кон манастирите – но нашите разговори ми оставија јасен впечаток дека тие немаат причина за загриженост и ова многу ме охрабри.
Може ќе чувствуваш дека не е на место јас да коментирам за тоа што се случува и ако ова писмо е причина за навреда, те молам да ми простиш. Но вие сте мои пријатели и јас сум многу загрижен и мислам дека нема правилно да постапам ако не ти го отворам срцето. Може ќе почувствуваш дека не ги знам деталите од македонскиот црковен живот и дека сум сретнал само двајца владици од МПЦ, и дека не го познавам Јован, и дека не сум компетентен да коментирам.Но најверојатно, овде не се работи за личности туку за принципи од црковниот живот, а тие многу ме засегаат било да се работи за Македонија или за каде и да е и за нив секако имам свое мислење. Ситуацијата со Православието во дијаспората ме принуди да им посветам големо внимание на овие работи сиве овие години.
Може нема да се согласиш со моите гледишта, но бидејќи сме пријатели се чувствувам доволно одважен да искажам некои гледишта или аспекти за ситуацијата што можеби нема да ги слушнеш од оние што ги поддржуваат последните случувања, а тоа се размислувања за принципите на црковниот живот.
АВТОКЕФАЛНОСТ
Знам дека сегашниот нејасен канонски статус на МПЦ во различен степен ги засега членовите на клирот и верниците и навистина е тажно што Црквата е обременета со проблемот што нејзината автокефалност не е формално ратификувана или признаена од останатите Автокефални Православни Цркви. Исто така е вистина дека ќе имаше предности за МПЦ ако го добиеше формалниот Томос за автокефалност.
Сепак, давањето автокефалност на една Црква е работа во која Православната Црква е мошне недоследна без оглед на фактот што ова е толку важно прашање. Теоријата и праксата се чини не се согласуваат ниту коинцидираат.
Како што знаеш, она што се случувало во пракса е дека одредена Црква се прогласува себеси за автокефална – вообичаено, претпоставувам, со поддршка од народот Божји – нејзината автокефалност потоа не се прифаќа извесно време и накрајот таа добива Томос за автокефалност. Ова беше случајот со Црквите во Бугарија и Грција, на пример.
А теоретски, ова не би требало да се случува. Мајката Црква би требало да даде автокефалност. Но тоа некако ретко се случува зашто, се разбира, ниедна од овие Мајки Цркви не сака да го загуби делот од себе што бара автокефалност. Приказната на Црквата во Грција е јасен пример.
Понатаму, недоследноста ширум Православието по ова прашање е уште поголема од онаа меѓу теоријата и праксата. Зашто ниту кога bona fide процесот бил поддржан автокефалноста не била прифаќана од сите Православни Цркви. Така, кога Московската Патријаршија И даде Томос за автокефалност на нејзината ќерка Црква, Руската Митрополија во САД, словенските Цркви ја прифатија автокефалноста на ПЦА, но грчките Цркви не го сторија тоа ни до ден денес, без оглед на фактот дека бил применет правилниот канонски процес за давање автокефалност. Како е можно православниот свет да покажал и продолжува да покажува таква недоследност во врска со признавање автокефалност? А сепак, дури и оние Цркви што не ја прифаќаат автокефалноста на ПЦА се во полна евхаристиска заедница со неа и нивните владици често сослужуваат со владиците од ПЦА. Но нејзиното име не се појавува во диптисите на Црквите од грчкото говорно подрачје иако тие се во полна евхаристиска заедница со неа. Нејзината богословија, на Св. Владимир, е една од најистакнатите и најдобри теолошки училишта во православниот свет.
Во 20-тите години од минатиот век Вселенската Патријаршија со промулгација на Томос ја создаде Полската Православна Црква возглавена од митрополитот Дионисиј. По политичките преврати што се случија во тој дел од светот, Полска падна под влијание на СССР, а Московската Патријаршија И даде на таа иста Црква Томос за автокефалност иако таа веќе беше Автокефална Црква!
Во 20-тиот век Московската Патријаршија И даде автокефалност на Чехословачката Православна Црква. Но, Вселенската Патријаршија ја сметаше оваа Црква за Автономна и ја водеше како таква сè додека не И даде Томос за Автокефалност пред три-четири години, иако таа веќе беше Автокефална Православна Црква.
Москва И даде автономија на нејзината ќерка, Јапонската Православна Црква, но грчкото говорно подрачје не ја прифаќа оваа автономија ниту ја вклучува оваа Црква во своите поменици.
За време на царизмот древната Автокефална Православна Црква на Грузија беше асимилирана во Руската Црква за да ја поврати својата независност дури по распадот на тој режим. Но, Константинопол одби да ја признае нејзината автокефалност сè до пред распадот на Советскиот Сојуз.
Она што имаме овде е каталог на недоследност и аномалии, но што е исто така јасно е дека во овие примери на
· давање автокефалност
· одбивање да се признае автокефалност
· гротескната ситуација на иста Црква двапати да И биде дадена автокефалност,
може да се види дека тука дејствуваат не само канонски и црковни фактори. Јасно е дека дејствуваат политички и црковно-политички фактори.
Навистина се чини дека во моментов Константинопол скоро да ја зазема позицијата дека само тој има власт да даде автокефалност – и оваа позиција може да се опише како безмалку папска. Всушност тоа е став против Москва чијашто моќ да даде автономија и автокефалност сака да ја стави под знак на прашање.
Значи се поставува прашањето дали една Автокефална Православна Црква има право да даде автокефалност или автономија, или не? Зошто Православното канонско право и пракса даваат контрадикторни одговори на ова прашање? Во светлина на сите овие факти не е изненадувачки што МПЦ мора да почека извесно време за да биде прифатена нејзината автокефалност. По тоа што сè уште не е признаена нејзината автокефалност ниту И е даден Томос јасно е дека тука повеќе се работи за делување и на политички фактори, ако не и повеќе на такви отколку на црковни или канонски. Знаеме дека Грците не сакаат словенска Црква да носи име ´Македонска Православна Црква´, а Србите сакаат да ја повратат црковната контрола над Македонија.
Ова не се црковни или канонски причини и се чини дека секој канонски аргумент даден најверојатно е употребен во поткрепа на всушност политички и етнички интереси на Грците и Србите. Да сакаше било која од овие две Цркви да и помогне на МПЦ, ќе можеше да го стори тоа пристапувајќи и на МПЦ и разговарајќи како да и помогне. Но ова не е она што се случи. МПЦ е всушност дестабилизирана, а не помогната од дејствијата на Јован и вака не му се помага на никој и на ништо. Уште повеќе, за да биде успешен планот да се дестабилизира МПЦ, тоа мора да се стори и одвнатре како и однадвор. Затоа не и е доволно на Српската Црква што го постави Јован; потребно е исто така да постои и база на моќ околу него внатре во Македонија.
КАНОНСКИ АСПЕКТИ
Без оглед на нејасноста и недоследноста во Православието по однос на автокефалноста, постојат други канонски принципи за црковниот живот што никој не ги оспорува зашто е познато дека пренебрегнувањето на овие принципи создава хаос и анархија во Црквата. Следењето на правилни канонски процедури е предвидено како заштита на црковниот живот. Недејствувањето на соодветни канонски начини го изложува Телото на Црквата на штета одвнатре која може да биде и поопасна од штета однадвор. Најпосле, самиот Господ нè штити од надворешни опасности.
Еден од најважните принципи на црковниот живот е тој на "припаѓање". Епископот му "припаѓа" на неговиот Синод, а свештеникот и ѓаконот му "припаѓаат" на нивниот епископ. На неговата хиротонија епископот го објавува следното ´Ветувам ... ... дека нема да ракоположам свештеник или ѓакон или друго црковно лице во туѓа епархија, ниту дека ќе примам такви во мојата епархија без писма за отпуст од нивните Епископи´.
Но ова е она што го стори Српската Црква. Јован соработуваше и тој најверојатно зборува за здобивање 'канонство' за Македонија. Српската Црква делуваше неканонски прифаќајќи те и тебе. Ти никогаш не беше црковно лице на Српската Црква. Во догледно време Јован несомнено ќе прими и други свештеници´без отпустни писма од нивните Епископи´ доколку сака неговиот 'Синод' да пушти корени. Какво ли добро мисли дека може да излезе од ова?
Кога епископ го напушта својот Синод без канонски отпуст, или кога свештеник или ѓакон го напуштаат својот епископ, може да биде оштетено Телото Христово.
Која е црковната функција на еден свештеник? Тој е само претставник на својот епископ во одредено место – парохија или манастир – просто затоа што епископот не може да биде присутен на повеќе места одеднаш. Ѓаконот, пак, му служи на епископот или на свештеникот овластен од истиот епископ. Свештеник или ѓакон може да се обиде да биде примен од друг епископ додека сè уште му припаѓа на својот епископ. Може и да успее во тоа. Но ова не ги менува фактите. Може да функционира како да е законски, "канонски" црковно лице од друга епархија, но тој едноставно не е тоа. Сака да пренебрегне црковна реалност. Тој сè уште му "припаѓа" канонски на неговиот епископ, сè додека истиот епископ не го отпушти. Заради тоа ваквите случаи обично не успеваат. Се случува од време на време во Дијаспората каде што има мноштво јурисдикции и каде што Руската Задгранична Православна Црква особено го превидува овој принцип. Токму заради штетата што може да и биде нанесена на Црквата, како што е дестабилизирање на власта и воведување хаос, каноните се толку стриктни по ова прашање и пренебрегнувањето на овие канони се смета за најсериозна опасност по животот на Црквата.
Што ако погледнеме на моменталната ситуација во светлина на овие принципи? Ќе откриеме дека создавањето на овој "Охридски Синод" и неговиот развој може да се случи само ако свештенството сака да делува неканонски. Што ако поставиме некои прашања?
· Беше ли канонски чин за Владиката Јован тоа што го напушти Синодот на кој што му припаѓаше без отпуст или благослов?
(Патем, ако се сомневал во канонскиот статус на МПЦ, зошто тогаш прифатил хиротонија од Македонски владици?)
· Беше ли канонски чин за Српската Црква тоа што го прими?
· Беше ли канонски чин за Српската Црква тоа што го назначи Егзарх на територија на други православни епископи, создавајќи со тоа раскол и започнувајќи процес на анархија?
· Беше ли канонски чин да му се даде на еден од новите епископи назив на православна епархија веќе под друг православен Епископ (Куманово)?
Каде е во сево ова "канонството"? Ако Јован се заложува за регулирање на канонскиот статус на МПЦ, замисливо ли е ова да се постигне со низа неканонски дејствија? Понатаму, неговиот раскол може да се надева да расте само преку тоа еден по друг свештениците да дејствуваат неканонски и да го напуштаат нивниот епископ без канонски отпуст.
Јовановите планови во секој поглед зависат од низа неканонски дејствија. Што ако Јован дејствуваше канонски и го напушти Синодот на МПЦ со нивен благослов? Ќе можеа ли тогаш Србите да го направат Егзарх? Се разбира не – тоа не ќе беше пријателски чин. Но бидејќи тој веќе ја "нападна" МПЦ со своите дејствија, тие можеа да го употребат како свој агент.
Каква тажна приказна е ова. Каков голем дар прими Јован од рацете на македонските православни Епископи – дарот да се биде Преемник на Апостолите. Колку, пак, нељубезно и неблагодарно е тоа што тој потоа се сврте против нив.
ПОСЛЕДИЦИ
При нашиот разговор сношти мислам рече дека МПЦ треба да биде цврста во ова историско време. Сигурен сум дека е, особено духовно. Но, како што знаеме, сè што е поделено против себе не може да е цврсто. По правило тоа е ослабено.
Кои се можните последици од создавањето на овој фиктивен "Синод"? Додека Јован немаше поддржувачи, јасно е дека постоеше граница до која можеше да биде нанесена штета. Но со поддржувачи постои потенцијал за голема штета:
1. Сега е создадена ситуација во која секој македонски христијанин треба да одбере страна. Тоа може да доведе да се подели семејство против семејство, брат против брат, татко против син, пријател против пријател, еден свештеник против друг, една парохија против друга. А тоа едноставно беше невозможно претходно, бидејќи МПЦ беше единствената една и единствена Црква на македонскиот народ.
Каква ли духовна збрка ќе им направи ова на луѓето! Добри ли се овие последици?
2. Не само македонските православни христијани ќе треба да одберат страна во овој спор – спор што, патем, не беше по нивен избор и им беше наметнат. Исто така и останатите Автокефални Православни Цркви сега ќе бидат ставени во позиција да мора да одберат кој Синод да го признаат, а се разбира во реалноста тие немаат избор. Ќе мора да ги признаат Епископите на Српската Црква.
Ова ја прави сигурна понатамошната изолација на МПЦ, дури и ако 99% од населението и остане верно. Ќе биде невозможно за МПЦ да воспостави врски со други Православни Цркви токму кога ова и беше потребно и возможно да го направи. Како самото срце на МПЦ да е нападнато.
Толку многу можеше да се стори за МПЦ да се осигура дека се здобила со растечко de facto признавање ширум Православниот свет и таа да биде што повеќе интегрирана во Православието. Но тоа сега стана невозможно бидејќи сега има два Синода и на секоја поддршка дадена на МПЦ ќе се гледа како на атак врз Српската Православна Црква.
Во проблемите меѓу Српската Православна Црква и МПЦ требаше некој однадвор да помогне – но тоа сега стана многу потешко зашто Српската Православна Црква сега постои во Македонија и секоја помош однадвор би се сметала како "мешање во внатрешните проблеми на Српската Православна Црква". Така МПЦ не може да се повика на никого за да арбитрира и вака таа е уште повеќе немоќна и беспомошна.
Помош и совет можеа да бидат побарани од Автокефална Црква независна од грчко или српско влијание, на пр. Букурешт, Антиохија, ПЦА или други. Сега ова веќе не е можно.
3. Дали е навистина замисливо дека цела Македонија ќе се приклучи кон овој "канонски" раскол? Сакаат ли македонските верници и свештенство да бидат под јурисдикција на Српската Православна Црква? Го одразува ли вистински овој план умот и срцето на Црквата? Или пак е тоа само планот на еден човек?
И ако 100% не се приклучат, што имаме тогаш? Две македонски Цркви. И колку долго? Кој знае? Понекогаш овие расцепи никогаш не се исцелуваат. Дали ти, драг мој отец Давид, заедно со отците Софрониј и Мојсеј и монасите од Марков манастир и монахињите од манастирот во Јанковец навистина сакаш да бидеш одговорен за ова? Навистина ли сакате да бидете запаметени од историјата по имањето удел во расколот на Македонската Православна Црква?
Расколот на МПЦ и народот може да се случи само ако овој "Охридски Синод" добие база на моќ - со други зборови, поддржувачи. Те молам многу внимателно размисли пред да ги снабдиш со оваа база на моќ во земјата.
Кој е овој Синод? Тројца луѓе кои дејствуваа неканонски и кои имаат многу малку пастирско искуство. Дали е морално во ред за овие луѓе да ја напаѓаат нивната Црква – нивната духовна Мајка од која добиле крштение, монаштво, ракополагање?
Што е овој Синод? Тој е Синод по име – фиктивен Синод, без народ. Не соодветствува на црковна реалност. Не настанал како потребен, туку со цел да се нападне МПЦ. Обидувајќи се да остварат идеал – хипотетично "канонство" – тие предизвикуваат ситуација полоша од онаа што се обидуваат да ја средат. Се покажува ли вистинит стариот језуитски принцип "целта ги оправдува средствата"?
4. Ќе се возматат души. Што ќе се случи, на пример, со млади луѓе кои доаѓаат во манастирите на "Охридскиот Синод" а припаѓаат на парохии на МПЦ? Каков ли хаос ќе биде предизвикан во нивните души? Овие, драг отец, се твои духовни чеда кои, заради почитот што го имаат кон тебе, сега се ставени под притисок да го поддржат овој раскол. И така тие стануваат вовлечени во целиот план.
МОНАШТВО
Монаштвото постои за да и служи на Црквата. Манастирот е дел од епархиската структура и има многу што да му понуди на народот Божји. Но монаштвото секако не постои за да биде паралелна Црква или пара-црковно тело, а особено не постои за да ја дели Црквата одвнатре. Мошне е штетно за монаштвото и за Црквата кога монаштвото е во конфликт со Црквата и особено кога промовира раскол и ја дестабилизира и поткопува црковната власт. Самото монаштво бива оштетено во процесот а неговиот авторитет намален.
Еден од најохрабрувачките и најинспиративни аспекти на црковниот живот што ги видов во Македонија е обновата на монаштвото во која ти, драг отец, одигра толку значителна улога. Бог ти го довери ова и ја благослови твојата работа со голем успех.
Но мора да прашаме кои би биле последиците врз монашкиот живот во Македонија доколку манастирите се придружат кон Јовановиот раскол и бунт. Голема болка ми причинува замислувајќи ве вас прекрасни монаси и монахињи ангажирани во војна против вашата Мајка Црква. Каков ефект ќе има ова врз манастирите, врз монашкиот живот и врз внатрешниот мир на поедините монаси и монахињи?
Да не се залажуваме. Проблемот што се создава нема да биде разрешен бргу. Тој ќе трае и трае, можеби и трајно. Ќе бидат потребни време и енергија за пропаганда, оправдување и објаснување на овие последни збиднувања и за обиди да се придобијат поддржувачи. Само Господ знае колку многу енергија ќе треба да вложуваш во ова со години.
И што ако не успее? Што ако сè пропадне? Што ако бидеш оставен на маргините и ако не бидеш веќе во можност да помогнеш во преродбата на монаштвото во Македонија и ако веќе немаат доверба во тебе? И да немаме сомнеж, ова може да се случи.
Ме потресе многу кога слушнав дека си бил уапсен и затворен. Но ниту ова не значи дека си во право, иако е вистина дека може да ти донесе сочувство и така да придобие луѓе за твојата цел.
Што очекуваш да добиеш од расколот во МПЦ? Неколкумина македонски јеромонаси ќе може да служат каде и да е на Света Гора! Па што? Повеќето јеромонаси во Православната Црква никогаш не служат на Света Гора.
АПЕЛ
Сакам да го завршам ова писмо со апел до тебе, драг отец Давид, до отците Софрониј и Мојсеј, до монасите од Марков манастир и монахињите од Јанковец. Голема привилегија и чест е што ве познавам сите вас, и длабоко сум благодарен за сета ваша љубезност, почит и гостољубие. Ја гледам вашата посветеност и вашиот ентузијазам за Царството Божјо. Сфаќам дека вашата поддршка на Јован е од идеалистички причини, но исто така верувам дека вашата поддршка на него може да причини неискажлива штета. Тој знае дека мораше да најде поддржувачи, и ве молам да се запрашате сериозно не ве искористува ли тој.
Сме зборувале дека национализмот е голем проблем во Православната Црква. Знаете дека Грците и Србите не сакаат да постои тело наречено Македонска Православна Црква' и тоа е заради националистички, а не верски причини. Вака сигурно македонскиот народ ќе гледа на ова. Сепак, иако верувате дека национализмот е лош за Црквата, одбравте да го поддржите овој бунт. Сигурни ли сте дека ова не е искушение?
Сигурни ли сте дека Јовановиот план не е личен? Повторно, драг отец, тој не може да ја подели Македонската Црква сам. Така наречениот 'Синод' на Охрид би бил само тројца луѓе и тие би можеле да сторат малку штета.
Не мислите ли дека е погрешно за сите вас да ги напуштите своите епископи без канонски отпусти и благослови? Кој ги поседува манастирите? Ќе се обидете ли да ги преземете од МПЦ? Во таква прекрасна состојба ли е животот на Српската Православна Црква? Многу прашања доаѓаат на ум.
Сè уште не е премногу доцна, драг отец. Те преколнувам да се вратиш во МПЦ, твојата Мајка и да бараш прошка од твојот Епископ пред да се создаде траен раскол.
Овој апел е до сите вас мои пријатели кои ја напуштивте МПЦ, и те молам да ги запознаеш со содржината на ова писмо отците Софрониј и Мојсеј и монасите од Марков манастир и монахињите од Јанковец.
Кога престојував во манасторит Трескавец, мошне голем благослов беше да знам дека Св. Јован Шангајски престојувал во манастирот и да се молам во црквата што го носи неговото име.
Тој и припаѓал на Црква со мошне нејасен канонски статус – некои би рекле и сосема неканонски – Црква која дури и нема de facto канонски односи со останатиот Православен свет. Но тој стана Светител во таа Црква и никој не се сомнева во неговата светост. Тој се обиде да изгради мостови меѓу руските јурисдикции во Кина. Што мислиш дека ќе стореше тој? Ќе се придружеше ли на бунт? Би можел ли со сета своја искреност, со сето свое срце, да му се молиш да ти помогне да ја поделиш Македонија? Мора ли поделбата и конфликтот да навлезат дури и во животот на Црквата на Балканот?
Повторно, те молам, драг отец, врати се пред да биде премногу доцна.
По личен повик, како што знаеш, имав проблем да влезам во Македонија во јуни зашто секое црковно лице однадвор беше под сомнеж дека го поддржува Јован. При мојата последна посета, ја сретнав таа прекрасна личност, Митрополитот Тимотеј кој знаеше дека за мојот престој кај тебе. Исто така и написот за мене се појави во 'Успение'.
Се плашам тој ќе се сомнева дека сум имал некаков удел во овој бунт и ова би можело да доведе до тоа да бидам осомничен како непријателски расположен кон МПЦ. Од оваа причина му испраќам примерок од писмово за да го знае точно моето становиште.
Првпат дојдов во Македонија на патот за Албанија како гласник на мојот епископ и имав формална средба со Митрополитот Кумановски Кирил. Не сакам ниту тој да мисли дека го поддржувам бунтот, па така и нему му испратив примерок.
Би ми било многу мило да те видам, драг отец. Се надевам ова ќе биде возможно. Исто така се надевам дека дотогаш ќе и се имаш вратено на твојата Мајка Црква.
Со моите молитви, најтопли желби и љубов во Христа,
|
n/a |
http://www.spc.org.yu/Vesti-2004/02/24-2-04_c2.html
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
ОД РЕДОВНОТО ФЕВРУАРСКО ЗАСЕДАНИЕ НА СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД НА ПРАВОСЛАВНАТА ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
Светиот Архијерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија заседавајћи на редовно месечно заседание, прво после пуштањето од притвор на Предстоителот на Светиот Синод, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот велески и повардарски и егзарх охридски г.г. Јован, одлучи писмено да заблагодари на Неговата Светост, Архиепископот пећки, Митрополит белградско - карловачки и патријарх српски г.г. Павле, како и на Предстоителите на помесните православни Цркви кои побараа пред државните власти во Р. Македонија и пред међународните владини и невладини организации итно ослободување од притвор на Митрополитот Јован чија „вина” е само во тоа што ја користи својата слобода на вероисповед загарантирана со међународни конвенции, но и со Устовот на Р. Македонија. Синодот реши уште еднаш да ја запознае међународната цивилизирана јавност за нецивилизираните притисоци кои се вршат од страна на сите три власти во Р. Македонија, законодавната, извршната и судската врз припадниците на Православната Охридска Архиепископија. Со таа цел ће се упати протест до Владата и Собранието на Р. Македонија по повод изгласувањето на „Декаларацијата за поддршка на автокефалноста на МПЦ”, донесена од Собранието на Р. Македонија на 23 јануари 2004г., како и до Републичкиот судски совет и Врховниот суд на Р. Македонија за учество во политичкиот прогон на припадниците на Православната Охридска Архиепископија. Беше разгледана информацијата на игумените Давид и Максим кои имаа средба со Претседателот на Комисијата за односи со верските заедници и Синодот прими на знаење дека истиот нема намера да одговори на писмото барањето упатено од Православната Охридска Архиепископија за да даде мислење за регистрација на Црквата. Заради истото, беше одлучено да се испрати ново барање и во најскоро време со него да се сретне Претстоителот на Светиот Архијерјски Синод, Митрополитот Јован и да се побара регистрација на Православната Охридска Архиепископија. Синодот со жалење констатира дека заради седум расколнички владици кои успеаја да ја убедат власта дека треба да ја штити нивната кожа, Р. Македонија многу губи од својот међународен углед, особено сега кога треба да се одлучува за нејзиниот прием во Европската Унија. Со поддршката на седумте расколнички епископи кои немаат никаква поддршка од православните христијани, власта ризикува да го изгуби приемот во Унијата, зашто според оние репресии и укинувања на човековите права што до сега се вршат од страна на власта врз припадниците на Православната Охридска Архиепископија, но и на странските државјани од православна вероисповед кои сакаат да влезат или транзитираат низ Р. Македонија, а на кои по наговор на гореспоменатите расколници тоа им се забранува, не ће биде можно прифаћањето на Р. Македонија во европската цивилизација и европските институции.
Светиот Архијерејски Синод го разгледа писмото упатено од Протатот на Света Гора Атонска во кое недвосмислено се дава поддршка за активностите на Православната Охридска Архиепископија за единство на Црквата и се одобрува начинот на сведочење кој го применуваат нејзините членови. Во истото се говори дека „Митрополитот Наум кој е во схизма”, лажно се претставува дека има било какви врски со Света Гора и со манастирот Григоријат. Истиот без благослов на игуманот избегал од манастирот, примил свештенички чин во Романија, а потоа и епископски од расколниците во Македонија. Неколку пати барал да се сретне со игуманот Георгиј Капсанис, но овој одбил с#232; додека Наум не се покае јавно за своите расколнички активности.
20/07 февруари 2004.
Од канцеларијата на
Манастир Св. Јован Златоуст
Светиот Архијерејски Синод на
Православната Охридска Архиепископија
|
a-pin-dim |
Почитуван Господине,
Меѓу сите што се јавија да #1117; дадат поддршка на МПЦ единствен ти се противиш и ме тераш на сите овие маки што ги имам и да ти одговорам на твојот e-mail. Но, бидејќи гледам дека многу работи не ти се јасни, ако имаш уши слушај:
1. Духот во кој преговаравме со српските архиереи беше и е: целата наша Света Црква, Македонската Православна Црква, да влезе и во формалното канонско и литургиско единство со Српската Православна Црква, а не тоа да го направат само неколку десетици души - со што се предизвикува еден многу мал раскол во Македонската Православна Црква, а истовремено едно многу големо сеење магла во православниот свет и воопшто кај оние што сакаат да живеат во магла и темница: демек тука постои некаква призната православна Црква. Но, доколку некој вистински сака единство во православниот свет, времето ќе покаже дека нашите пастирски позиции воопшто не се ослабени и дека МПЦ - Охридска Архиепископија останува единствен релевантен фактор за разговори на просторот од Република Македонија. Во таа смисла и таканаречениот Нишки договор, а всушност само работен документ меѓу двете црковни комисии, беше составуван со цел проблемот меѓу двете Цркви да се реши потполно, а не парцијално и со предизвикување на раскол во редовите на Црквата, на кој се радува единствено ѓаволот и кој заради суетата тешко се исцелува. Затоа повикувањето врз работниот документ од Ниш не може да се користи како оправдание за последните случувања меѓу нас, туку е измислица која овде беше пласирана од север, заради покривање на нивната валкана игра, а од која се заразија некои неуки новинари и која ја прифатија некои наивни души. Доволно е само да се провери од каде ни дојде и кој прв ја протури таа вест. И на крај, факт е дека ниту Патријархот Павле во своето писмо со кое го повикува Епископатот, свештенството и народот во Република Македонија во канонско и литургиско единство со СПЦ се повика на некаков Нишки договор, ниту пак бившиот Повардарски Митрополит прифаќајки го тој повик објасни дека тоа го прави врз основа на договореното од Ниш. Значи оние што сега лажат треба претходно да се договорат како ќе лажат.
2. Не можам сега да ти објаснувам зошто потпишавме, бидејќи тоа бара повеќе време и простор. Во главно, заради восогласување на еклисиолошките, литургиските и канонските прашања помеѓу нас. Она што е битно, и тука никој да не се прави нетокму, е фактот дека каков било конечен договор со СПЦ прифаќа или одбива само САС на МПЦ исто како што и Соборот на СПЦ ги потврдува или одбива договорите на својата комисија. Инаку, зошто имаше потреба да се свика Соборот на СПЦ за да се изјасни по повод Нишкиот работен документ ако за тоа одлучувавме ние на ниво на комисии. Или зошто беше потребно да се свика седница на САС на МПЦ за да се изјасни по работниот документ од Ниш.
3. Секако знаеш дека одлучувањето во САС на МПЦ е соборно и во тој дух и одлуките се донесуваат со мнозинство на гласови. Ние и самите бевме свесни дека не можевме да го одбраниме тој документ пред Светиот Синод, ниту пак сакавме, бидејќи откако безмалку ја утврдивме црковната содржината на работниот документ ние знаевме дека не можеме да го објасниме неприфаќањето од српска страна на една формалност како што е зборот самостојност наместо политички оптоварените термини ’автономија’ и ’автокефалија’ и знаевме дека не можеме да го објасниме пастирскиот апсурд односно непостоењето на името Македонска Православна Црква во целиот договор ниту пак сакавме. Затоа уште на првата седница после Ниш работниот документ беше едногласно отфрлен како пастирски недооформен, со надеж на подобро време за продолжување на разговорите. Што требаше да направиме? Половина епископи да го прифатат договорот, а половината не, па така да настане раскол во Црквата? На кој ѓавол ќе му одговараше таа поделба во Црквата и на кој болен ум?
4. Следствено, ние не ги погазивме нашите потписи во Ниш, со оглед дека тоа не е конечен документ прифатен од нашата Црква чиешто соборно одлучување го почитуваме и со оглед дека останавме верни на духот на преговарањето, а тоа е борбата за достоинствено влегување на нашата Света Црква, во сета нејзина полнота а не поделена, во канонско и литургиско единство со останатите православни Цркви, со свое име и со свој статус. Наспроти нас, некои луѓе од високиот клир на СПЦ ги погазија и своите потписи во Ниш и одлуката на Соборот на СПЦ за прифаќање на работниот документ од Ниш. Ќе прашаш како?! Многу едноставно: како прво, со потпишувањето и прифаќањето на тој работен документ СПЦ се обврза во своите обраќања до нашата Црква да го користи нашето уставно име – МПЦ. Веќе во своето прво обраќање, во форма на повик на српскиот патријарх Павле за канонско и литургиско единство, нигде не беше спомнaто името МПЦ, а самиот повик беше повик за предизвикување раскол во нашата Црква, како што потоа сите видовме, спротивно на духот на дотогашното преговарање. Кој ги излажа тоа да го направат и кој им даде лажна надеж дека од тоа ќе има некаков резултат, Господ знае? И да заклучиме, секој што во иднина ќе тврди дека она отпадништво што денеска се случува во Македонската Православна Црква е последица на Нишкиот договор, нека знае дека свесно или несвесно ќе биде продолжена рака на српската пропаганда во Република Македонија.
5. И уште едно прашање мене лично ме мачи: зошто толку се избрзаа? Нашата Црква во последните неколку години почна да ја живее својата духовна преродба наспроти нивните предвидувања дека како „расколничка“ или како отсечена гранка од стеблото ќе се исуши и нема да донесе свој плод. Таа преродба во свое време секако ќе донесеше позитивни резултати во решавањето на нашиот формален статус во православниот свет. Просто човек да си помисли дека почна да им смета таа наша преродба и фактот дека во вода паѓаат сите нивни „пророштва“ на наша сметка. Зар мислите дека нив повеќе ги боли нашата црковна состојба отколку нас самите? Ниту ги боли, бидејќи не ги боли ни за кај нив дома, ниту сфаќаат дека оваа состојба нема друго решение освен внатрешното, лично и соборно. Но, како ова да му го објасниш на оној кој не е навикнат да бара решение од внатре туку бара само надворешни решенија: со физички и духовен терор од 1919 до 1941 и со духовен терор сега, демек они се признатите и спасените, а ние не.
Господ да те чува и тебе и нас од секаква прелест.
P. S.
Она за внатрешното решение го сфаќаш ли? Христос не се појави во сета Своја слава и сила и да рече ’Јас Сум Бог, верувајте во Мене’ и со тоа да ја уништи нашата слобода и нашата човечност, односно да ги уништи ликот и подобието по кои н#1104; создал. Туку Тој стана Човек и најсмирено и најтрпеливо, до Свое истоштение и смрт на крст, послужи во домостројот на нашето спасение. Тој ни ги остави Своите заповеди и Своите дела – Црквата. Само живеeјќи според нив ние може да Го познаеме Него како вистински Бог, без притоа да ја изгубиме својата слобода и Неговиот печат во нас. Затоа и Апостол Павле вели: на сите им станав с#1104;..., само некого да придобијам за Христос. Овој внатрешен пристап бара и лично аскетско-исихастичко восовршување и освојување на внатрешните простори, каде што животот на другиот станува содржина на нашиот живот, од една страна, а од друга страна бара и трпеливо растење во хиерархијата на Црквата. Од ова восогласување на нашата внатрешна состојба со надворешниот свештенички чин што евентуално би го добиле, сигурно ќе се случат позитивни промени во животот на локалната епископска Црква, па и пошироко. Ништо од ова не може да се случи без умносрдечна молитва и просветленост на умот. А ова кој го може?
|
a-pin-dim |
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Aktuelnosti/DSCN1519.jpg[/img]
Интервју со Струмичкиот Митрополит г. Наум
Со Нишкиот договор Македонската Православна Црква добиваше најширока можна автономија, којашто веројатно подоцна би прераснала во автокефалија. Можете ли да ни кажете зошто споменатиот договор не е прифатен од страна на Синодот на Македонската Православна Црква?
Не можеме да зборуваме за некаков Нишки договор, затоа што тоа е само работен документ на двете комисии, и тоа петти по ред, документ кој единствено Соборот на Српската Православна Црква и Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква се овластени да го прифатат и потпишат или да го одбијат. Соборот на Српската Православна Црква го прифати, исто како и претходниот работен документ од манастирот на Св. Наум кај Охрид, а Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква го врати на доработка, исто како и сите работни документи претходно. Доколку и двата овластени Собори го прифатеа Нишкиот работен документ на двете комисии, тогаш веќе ќе можевме да зборуваме за Нишки договор, а сега не. Мислам дека ова на сите им е јасно.
Затоа прашањето правилно се формулира вака: зошто и овој работен документ не беше прифатен од Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква? Ние, како Комисија на Македонската Православна Црква, уште во Ниш се обидовме да им објасниме на претставниците на Српската Православна Црква дека две позиции од работниот документ, кои се пастирски апсурд, не можеме, а и не сакаме, да ги браниме, а тоа се: прво, непостоењето на уставното име на нашата Црква ‘Македонска Православна Црква’ во него, и второ: определувањето на нашиот административен статус со терминот ‘автономија’. Нашиот предлог беше името Македонска Православна Црква директно и јасно да постои во работниот документ, а наместо терминот ‘автономија’ да се користи веќе признатиот од страна на Српската Православна Црква во 1959 година термин ‘самостојност’. Овие две прашања, кои се единствени прашања што се спорни меѓу двете комисии, за нас како Епископи на Македонската Православна Црква имаат исклучителна пастирска важност, а секако не есхатолошка.
Ние, сепак, како Комисија на Македонската Православна Црква, го потпишавме овој документ (и после с#1104; што се случи гледам дека е тоа многу добро), затоа што неговата црковна содржина беше скоро исцрпена, односно што се однесува до црковната проблематика на документот ние како комисии речиси и немаме суштински разлики или спорни прашања помеѓу нас. Значи, откако ја усогласивме црковната содржина во работниот документ од Ниш и го постигнавме она што претставува еклисиолошки идеал (да не дозволиме нашите духовно самостојни и слободни Цркви да се најдат во зависност или подреденост една спрема друга, освен во евангелска „зависност“ во иста вера, во иста благодат, љубов и евхаристиска заедница) и на најголемиот лаик му е јасно дека употребата на термините ‘автономија’ или ‘автокефалија’ или ‘самостојност’ станува беспредметна, односно обична формалност. Загрижува фактот дека една најобична формалност се појавува како пречка во односите помеѓу двете ерархии, особено кога знаеме дека Отците за да го сочуваат единството на Црквата воведувале нови термини дури и во тријадологијата, како на пример Никејскиот термин ‘единосуштен’.
Што се однесува пак до користењето на името Македонска Православна Црква, сакам претходно да се потсетиме на следново: основен услов за секоја Помесна Црква во нејзината апостолска мисија, односно проповедта на Евангелието на нашиот Господ Исус Христос на секој човек, е почитувањето на личниот идентитет (а со тоа и на националниот) на секоја конкретна личност на којашто со нашата проповед #1117; се обраќаме. Промашувањето на личниот идентитет на оној на кого му се обраќаме, независно од кои причини е тоа, значи сигурен неуспех на црковната мисија и негација на нас самите како пастири. Пастирски идеал, за сите нас, претставува односот на Св. Апостол Павле: зашто, иако слободен од сите, станав роб на сите, та повеќето од нив да ги придобијам: на Јудејците им бев како Јудеец, за да ги придобијам Јудејците; за оние што се под Закон, станав како да сум под Закон, за да ги придобијам и нив; за оние што се без закон, станав како да сум без закон, иако пред Бога не сум без закон, туку сум под законот на Христа, за да ги придобијам и оние што се без закон. За слабите станав како слаб, за да ги придобијам слабите. За сите станав с#1104;, та по каков и да било начин да спасам некого. А ова го правам заради Евангелието, за да бидам учесник во него (1 Кор. 9, 19 - 23). И на крајот, пастирско промашување и сатанско дело е да се нарушува слободата и достоинството на човекот непризнавајќи го неговиот личен идентитет, а особено обидот тој да се смени.
Значи, ние како Комисија го потпишавме работниот документ во Ниш заради усогласеноста на нашите ставови околу клучните еклсиолошки, канонски и литургиски прашања, а нашиот Свет Синод заради пастирската недооформеност и на тој работен документ не го прифати, затоа што прашањето на името и статусот на нашата света Црква стана прашање на идентитетот, достоинството и историската борба на нам доверениот православен народ, односно актуелно политичко и национално прашање и како такво - актуелно пастирско прашање. Главното прашање коешто сега се поставува пред Соборот на Српската Православна Црква е зошто не би го прифатил името Македонска Православна Црква кога веќе тоа е основно пастирско прашање за Синодот на Македонската Православна Црква (односно основен и единствен начин за првичен пристап кон доверениот народ) и кога веќе немаме суштински разлики во црковната содржина на последниот работен документ меѓу двете комисии. Или, зошто Српската Православна Црква и останатите Помесни Цркви не го прифаќаат нашиот предлог за користење само на еклисијалните имиња во официјалните односи меѓу Црквите, како на пример: Охридска Архиепископија, Пеќска Патријаршија, Атинска Архиепископија итн.? Ако овие две прашања немаат теолошки одговор, тогаш с#1104; друго е световна политика.
Од историјата ни е познато дека ниедна црковна област нема добиено автокефалност пребивајќи во раскол. Пример е Бугарската Егзархија, којашто 80 години беше во раскол и најпрво мораше да се врати во канонскиот поредок, па дури потоа доби автокефалност. Наполно идентичен пример е Американската Православна Црква. Зошто Македонската Православна Црква не се одлучи за таков чекор, а потоа да побара автокефалност?
Дали е токму таква историјата на добивање автокефалност како што се обидовте сега во два-три реда да ни објасните тоа е големо прашање, но тоа сега не е битно. Тоа воопшто не е проблем помеѓу Македонската Православна Црква и Српската Православна Црква. Ние бараме содржината од Нишкиот работен документ што се однесува на статусот на нашата Црква терминолошки да се определи како самостојност. Како што објаснив погоре, за сите точки во Нишкиот работен документ што се од чисто црковна содржина (еклисиолошка, литургиска, канонска итн.) нема спротиставени мислења меѓу двете комисии. Затоа лично мислам дека користењето на терминот ‘самостојност’, со оглед дека претставува формално прашање, не би требало да се појави како проблем меѓу двете комисии и Цркви.
Главен проблем за Комисијата на Српската Православна Црква е употребата на името Македонска Православна Црква од наша страна, а кога такво нешто ќе се јави како проблем помеѓу две Цркви, со сите последици што од тоа произлегуваат и коишто овие денови ги гледаме, ...расудете сами што е тоа. Објаснувањето дека тоа им пречи на Грците е неприфатливо. Ако се сака има решение и за тоа, погоре го спомнав: со користење на еклисијалните имиња. Инаку, во православниот свет кога ќе се постави прашање за Македонската Православна Црква претставниците на Српската Православна Црква секогаш истакнуваат дека е тоа нивен внатрешен проблем. Ние не бараме томос за автокефалност од Цариград, ние го решаваме црковниот проблем помеѓу нас и Српската Православна Црква. Кој има уши да слуша, нека чуе.
Денес во Р. Македонија постои и канонска ерархија, на чело со митрополитот Јован, призната од сите Помесни Православни Цркви. Што ако се случи таа ерархија наскоро да добие автокефалност, каков став би зазел вашиот Синод? Дали би ја изгубил поддршката од клирот, државата и народот?
Вистинското прашање гласи: зошто некој од Српската Православна Црква токму сега го презема тој чекор и го предизвика овој, иако безначаен, раскол во Македонската Православна Црква? Македонската Православна Црква во последните неколку години доживуваше незапамтена обнова во споредба со соседните Православни Цркви. Се обновија над дваесет манастири со околу стотина монаси и монахињи со сите позитивни ефекти што произлегоа од тоа. Тие ефекти секако ќе се почувствуваа и во Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква. Зошто ваква авантура, токму сега, после четириесет и пет години трпеливо чекање и во моментот кога веќе најдовме заеднички јазик во Ниш?
Го нареков раскол тоа што вие го нарековте канонска ерархија, не затоа што се само стотина луѓе, не затоа што немаат ниту еден храм, не затоа што немаат ниту еден манастир, не затоа што не ги сакам (повеќето од нив јас ги замонашив и ракоположив, почнувајќи од егзархот српски Јован) и не затоа што не ги сметам за канонски, ги нарекувам раскол затоа што со тоа што го направија не постигнаа ама баш никаков пастирски ефект, затоа што пастирски го промашија македонскиот народ и бесцелно се оддалечија од него и затоа што последиците од нивното постоење можат да бидат многу негативни за единството на целата Православна Црква. Кога веќе констатираме пастирско промашување, се става под прашање и нивната каноничност, и нивното расудување и с#1104; останато. Ако некој од српскиот висок клир кој го сторил ова мисли дека ќе има мирна совест и благослов Божји со тоа што инсталирал во Р. Македонија стотина луѓе на чело со некаква канонска ерархија и што насекаде ќе ги претставува како призната Црква, а истовремено два и пол милиони православни Македонци во Република Македонија и во дијаспората, ненамерно или не, ги остава надвор од видлива литургиска заедница на штета на севкупното сведоштво на православното единство во светот, таквиот многу се лаже.
Инаку, не сум чул дека некој официјално го признал овој раскол, а знам неколку Помесни Цркви кои со тоа воопшто не се слагаат. Како што веќе нагласив, проблемот не е во автокефалноста, проблемот е пастирски и се однесува на името ‘Македонска Православна Црква’. Едноставно ние без ова не можеме да му пристапиме на православниот македонски народ. И никој нека не негува лажна надеж, таа ерархија, особено без името Македонска Православна Црква, и да добие автокефалност од никого нема да биде прифатена, затоа што веќе еднаш пастирски го промаши овој народ и овој народ знае дека е предаден од тие луѓе, а тоа тешко може да се заборави. Знаете каде е вистинскиот проблем и што мене ме плаши? Што ќе биде со нив ако еден ден Српската Православна Црква го формулира и прифати договореното во Ниш како ‘самостојност’ и го прифати нашето уставно име ‘Македонска Православна Црква’? Ако тој ден дојде бргу, тогаш ќе имаме вистински проблем со таканаречената канонска ерархија: како ќе ги прифати народот назад? Расколот брзо се прави, но тешко се исцелува. Знаете ли колку пати самоорганизираната Црногорска Православна Црква н#1104; молеше да #1117; помогнеме за хиротонии, студирања, обнова на манастири итн.? Досега, не ни помисливме да го сториме тоа.
Четири манастири со околу триесет монаси и монахињи веќе преминаа под јурисдикција на автономната Охридска архиепископија. Во јавноста се зборува за најавен премин на уште неколку манастири. Што планирате да преземете за да го спречите преминувањето на останатите?
Нивниот број не е триесет туку најмногу дваесет од кои половината се искушеници. Манастири немаат затоа што своеволно ги напуштија, изнесувајќи го инвентарот од нив многу денови претходно, што е и уредно евидентирано. Пoвеќето од нив се мои монаси. Овие млади луѓе уште на почетокот од монашкиот живот беа советувани да растат духовно и интелектуално, да го достигнат свештеничкиот идеал: умносрдечната молитва, односно излегувањето на умот пред олтарот на срцето, без што никој не може да се нарече вистински монах и вистински свештеник и ако еден ден Бог благоволи и тие влезат во Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, тогаш од внатре, како добри пастири, со многу трпение да го променат она што со векови се искривувало заради негрижата на инородните наемници. Но ништо. Тие предвреме посакаа да станат пастири и да водат свои манастири, за на крајот потполно да го изгубат чувството и идентитетот на пастир губејќи го реалниот допир со цел еден народ. Зашто Пастирот мора да ги знае духовната возраст и сила и потребите на својата паства за правилно да ја води и навреме да ја храни. По таа грижа паствата и го познава својот Пастир. Јас сум добриот Пастир: и ги знам Моите и Моите Ме знаат Мене (Јован 10, 14). И овците го слушаат гласот на Пастирот, и тој ги вика своите овци по име; и ги изведува. И кога ќе ги изведе овците свои, оди пред нив, и овците одат по него, бидејќи му го познаваат гласот негов (Јован 10, 3 – 4). Пастирот го води целиот доверен народ кон видливо канонско и литургиско единство, а не самиот себеси. Ако, пак, се случи тоа, тогаш не е во прашање Црквата туку некои други интереси. А по туѓ човек не одат, туку бегаат од него, оти гласот на туѓиот не го познаваат (Јован 10, 5).
Инаку, други преминувања нема да има, а наскоро и останатите два од трите празни манастирски објекти ќе бидат пополнети со нови монаси. Еве го соопштението на останатите игумени и игумании: Ние, монашките братства и сестринства во манастирите на Македонската Православна Црква (МПЦ): Св. Наум Охридски, Св. Јован Крстител (манастирот Бигорски), Св. Георгиј во Рајчица, Пресвета Богородица - Матка, Св. Никола - Љубанци, Св. Гаврил Лесновски, Пресвета Богородица и Св. Архангел Михаил во Берово, Св. Леонтиј во Водоча, Св. Јоаким Осоговски, Пресвета Богородица во Велјуса, Св. 40 маченици во Банско, Св. Марија Магдалена во Дојран, Св. Георгиј во Кучково, Св. Преображение во Зрзе, Св. Архангел Михаил во Варош, Св. Атанасиј во Журче, Св. Јован Богослов во Слепче, Пресвета Богородица во Калишта, Сите Светии во Дебарца, Пресвета Богородица - Пречиста Кичевска, Св. Спас во Скопје и др. - изјавуваме дека остануваме верни на Македонската Православна Црква, на Црквата во која сме крстени, духовно растени и во која сме замонашени и сме примиле свештеномонашки чинови, во која се причестуваме и на која слободно e се заветувавме да e служиме.
Како монаси и монахињи длабоко ја чувствуваме и живееме вистината дека сме чеда на нашата древна Света Црква и дека сме плод на покајанието на македонскиот православен народ и никогаш нема да ја изневериме нашата монашка и пастирска одговорност за негово водење кон Христа Господа, останувајќи послушни на епархиските архиереи и на Светиот Архиерејски Синод на нашата Македонска Православна Црква.
Христос се роди!
Имаме информација дека во Синодот на Македонската Православна Црква се разгледува можноста за пензионирање на Митрополитот Полошко-кумановски Кирил и на Европскиот Горазд. Дали ова навистина ќе се случи и сметате ли дека тогаш полесно би нашле излез за надминување на расколот?
Митрополитот Полошко-кумановски Кирил и Митрополитот Европски Горазд ќе одат во пензија кога самите ќе оценат. Секако, тие воопшто не се пречка за остварување на канонско и литургиско единство со Српската Православна Црква. Уште еднаш ќе повторам: во суштина, речиси сe што се однесува на чисто црковната содржина на нашето недоразбирање е усогласено во Ниш; ние го сакаме тоа канонско и литургиско единство, нашиот Архиепископ секогаш на Светата Литургија ги спомнува имињата на сите поглавари на помесните Православни Цркви и Патријархот Павле. Проблемот е во тоа што Комисијата за разговори на Соборот на Српската Православна Црква сe уште не е подготвена да го прифати нашето уставно име, Македонска Православна Црква, и се двоуми нашиот административен статус, согласно содржината на она за што се договоривме во Ниш, да го формулира како самостојност. Без нашето име, Македонска Православна Црква, и без формулирање на административниот статус на Црквата како самостојност, би морале да нe разберете, ние како Пастири не можеме да излеземе пред својот народ. Видовте што се случи со поранешниот Повардарски Митрополит.
И добро е што ја услогласивме црковната содржина на Нишкиот работен документ, бидејќи сега се гледа сиот апсурд на нашето недоразбирање: со што ние православните се маткаме на голема соблазна на сите луѓе и на голема штета на сведоштвото, во сила, на нашиот Господ Исус Христос.
Ако дојде до тоа, дали околу надминувањето на расколот би преговарале со Српската Православна Црква или со автономната Охридска архиепископија, со оглед дека каноните налагаат тоа да биде со оваа последнава?
Македонската Православна Црква законски е регистрирана под името Охридска Архиепископија и од тоа име не сакаме и не можеме никогаш да се откажеме. Друга Црква под тоа име не може да се појави, ни кај нас ни во светот, зашто тоа би било незаконско, лажно претставување.
Лично мислам дека после с#1104; би требало да оставиме да помине еден период во којшто би требало состојбата да се смири без притоа некој да се обиде повторно да ги разгорува страстите. Исто мислам дека треба да помине и изборот за нов Патријарх во Србија, бидејќи со тоа ќе го избегнеме пројавувањето на екстремни преговарачи од српска страна коишто меѓусебе би се докажувале кој е поголем заштитник на српските национални интереси во борбата за патријаршискиот престол, а на штета на разговорите. Во Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се подготвуваат нови хиротонии. Откако и н ќе ги консолидираме нашите редови, тогаш ќе можеме да седнеме на масата за разговори, и тоа најверојатно под покровителство на Руската Православна Црква.
Се надевам дека ќе успееме. Се надевам дека здравите сили ќе надвладеат на двете страни. Се надевам дека нема да му дозволиме на ѓаволот да ни се смее, зашто тоа што нe раздвојува е смешно, а тоа што н#1104; соединува е Христос. Ви благодарам што овозможивте и нашиот глас да стигне до Епископатот, свештенството и верниот народ на Српската Православна Црква. Сакам, на крајот, да побарам прошка од сите читатели на интервјуто, кое го завршив на Прочка, 2004 година.
|
a-pin-dim |
Окупација на сопствена Црква или окупација на ум? (23.03.2004)
На 22.03.2004 г. на официјалниот сајт на Српската Православна Црква, во делот на она што тие лажно го претставуваат како Охридска Архиепископија, беше објавено:
„...Јеромонахот Наум (којшто живее во Валаамскиот манастир под јурисдикција на Руската Православна Црква) го отстапи својот стан за потребите на Православната Охридска Архиепископија затоа што расколниците со помош на полицијата ги окупираа сите храмови во Скопје...“
Дали некој од Српската Православна Црква ја проверува веродостојноста на овие информации пред нивното излегување во јавност?
Ноторна лага е дека храмовите на МПЦ се чувани од страна на полицијата! Како прво, државата не располага со толкав број на полицајци колку што има храмови! Како второ, нема потреба храмовите да ги чува (окупира!!??) кој и да е друг освен Господ и верниот народ на Македонската Православна Црква, за кого и постојат.
И трето, нека се запраша Вранишковски, која е таа сила што всушност го тера да служи литургии по разни приватни станови и да си игра илегала? Народот во Македонија не застана зад него, колку тој самиот и да се труди да верува во тоа, и да ги убедува и другите. Тој ги шири ваквите лаги, не сакајќи да ја прифати вистината дека работите не се одвиваат во согласност со неговите болни амбиции со коишто тој ја започна својата расколничка авантура. И четврто, дали тој воопшто во неделата служел Литургија во Скопје?
Останува неодговорено прашањето, која е целната група на ваквата пропаганда?
|
a-pin-dim |
Заради единството коешто ние го смисливме...“
ри случувања во денешно време се такви, што да се чуди не само секој православен христијанин туку и секој добронамерен човек:
Прво, постојаното тврдење дека се гонети. Освен онаа интервенција на полицијата уште на почетокот од нивното појавување (иако полицијата и тогаш дејствуваше според Законот за Верските заедници и религиозни групи што важи во Република Македонија и според другите позитивни акти), денеска веќе никој не ги спречува во нивните собирања по неколкуте приватни станови и вили. Секако, полицијата според важечкиот Закон должна е да интервенира, но таа тоа не го прави. Ниту пак Црквата го бара тоа од полицијата, зашто, ако го побараше, полицијата ќе мораше да интервенира зашто така е според Законот. Ниту пак некој друг државен орган од извршната и судската власт го бара тоа од полицијата. Значи, и покрај законот, постои една свесна толеранција од страна на државните органи на Република Македонија и од страна на Црквата во однос на нивните нелегални, од аспект на важечкиот Закон, собранија, а заради смирување на состојбите. И самите тие тоа го чувствуваат и го знаат и затоа слободно се собираат, па слушаме дека дури и на нивниот web site може да се види презентацијата од тие нивни собранија. Значи, доколку би сакала полицијата да ги гони, надлежните служби би можеле и отпосле да ги користат информациите и сликите од самиот web site, но тоа не се случува. Се надеваме набрзо и судскиот процес кој против нив се води под обвинение за предизвикување расна, верска и национална нетрпеливост и омраза да биде запрен. Тоа е што се однесува до легалните структури на власта. Се случи, за голема жал, и еден насилнички акт од непознати сторители во вилата во Нижеполе, за што Господ да им прости и не дај Боже некој некогаш повторно такво нешто да направи. Она што е сосема сигурно е фактот дека никој и никогаш ниту добил ниту ќе добие благослов од свештено лице на нашата Црква за такво нешто. И не само тоа, сите нека знаат дека тие се и под заштита на Црквата од секаков вид на физичко насилство. Затоа, за да не се чудиме и понатаму, нека престанат да тврдат дека се прогонети од страна на Црквата и Државата. А ако сакаат да знаат што е гонење од страна на црковна ерархија и државни органи, нека ја прелистаат македонската историја од 1919 до 1941 година, во делот што се однесува на, од нивните водачи наречената и окупирана територија, Вардарска Бановина.
Секако, тоа што врз Струмичкиот Митрополит се пукаше и што беше нападнат со нож и што со години живее под постојани закани, тоа што манастирите под негово духовно раководство неколку пати беа физички нападнати, а монаси и монахињи беа малтретирани и насилно грабнувани од манастир (и тоа во присуство на полиција), тоа што Митрополитот и манастирите се со години наназад под еден вид перманентен притисок и прогон од страна на поединци или групи вработени во извршната и во судската власт и некои дипломати, како и од некои медиуми и новинари - тоа не е ништо. И секако дека не е ништо. Ако некој и е прогонет заради Христос, но според Божји суд, а не според наш, ништо чудно не се случува: ако Mене Mе гонеа и вас ќе ве гонат (Јован 15, 20). Но ние не треба да мислиме дека земаме учество во страданијата Христови, а особено не треба од тоа да правиме театар. Само Божјиот суд може да ги види нашите страдања како учество во кеносисот (истоштението) на Единородниот Свој Син, нашиот пат е да се смируваме (старец Софрониј).
Второ, постојаното тврдење дека народот е со нив, но заради прогонот од државните органи не може масовно да им пристапи... Ова е барем проблем што можеше многу лесно да се реши: ако македонскиот православен народ е со нив, тогаш нека одат во македонската дијаспора низ светот, каде што не постојат македонските државни органи и слободно нека си го соберат народот околу себе. Арно ама, јасно им е дека таму не можат ни да се појават со такви идеи, а камоли макар еден човек да придобијат. Затоа, за да не се чудиме многу и на ова нивно тврдење, нека престанат да разгласуваат дека народот е со нив, зашто ако беше така, тоа ќе беше и во дијаспората и во татковината и ќе беше многу лесно забележливо, а познато е дека народниот собир е факт којшто многу лесно може да се искористи во своја полза. Нека соберат, на пример, само неколку стотици луѓе пред собрание и ќе си ги остварат сите свои желби за легализирање и непречен просперитет. Но македонскиот народ не е со нив. Народот чувствува дека проблемот не е црковен и дека „измамените расколници“ се влезени во демонскиот лавиринт на великосрпските национални и политички шеми. Исто така, нека не очекуваат, с#1104; додека вака постапуваат, македонскиот народ да ги сака и почитува и нека не очекуваат с#1104; да биде идеално и без проблеми во однос на нив, затоа што истиот тој народ живее и работи како во приватниот така и во јавниот сектор на Државата, а тие се судираат со него. Поточно речено, тие го промашија овој народ непочитувајќи го неговиот личен и национален идентитет. За еден пастир ова е промашување на првото и најосновно ниво на комуникација и воспоставување на заедница. Ако тие комуникација не можат да воспостават, тогаш кој да им довери духовно раководство? Пастирот не го интересира од каде произлегува чувството на личен и национален идентитет кај еден човек или кај еден народ, тој е должен тоа да го почитува. Светиот Апостол Павле не рече: на сите им кажав кој е што (кој како национално да се чувствува), туку: за сите станав с#1104; ( за Македонецот – Македонец, за Србинот - Србин), та по каков и да било начин да спасам некого. А ова го правам заради Евангелието, за да бидам учесник во него (1 Кор. 9, 19 - 23).
И уште нешто: вистинска среќа во несреќа е што сите помесни национални Православни Цркви во светот имаат своја дијаспора, зашто таа ја покажува главната болест на Православието, етнофилетизмот. На пример, постоењето на повеќе православни Епископи во еден ист град за секоја етничка православна заедница посебно. Тоа е очебијна ерес на етнофилетизмот, во пракса. Православната Црква со ваков отворен проблем, како што е дијаспората, не може да му суди на никого за етнофилетизам. Болниот што знае дека е болен полесно ќе се исцели.
Трето, постојаното превидување на пастирската реалност. Како што не е возможно да постои противречност и разидување помеѓу Православна вера, Евхаристија и Црква така не би требало и не е можно да постои противречност и разидување помеѓу догмите, каноните и пастирското дело. Со формулирањето на догмите од страна на Вселенските Собори се обезбедува непроменливоста на суштината на верата. Со Светите канони формулирани на Вселенските или на Помесните Собори или од некој Епископ, а прифатени од Црквата, се обезбедуваат духовните, етички, пастирски и организациони рамки во кои вистината на верата му се принесува на секој човек што сака да се причести со неа. Пастирското дело (пристап) е вистинскиот начин со кој се обезбедува непречено функционирање на сето ова: суштината на верата во рамките на Светите канони на вистинско место и во вистинско време, односно на вистински начин, да му стане достапна на секој човек.
Ниеден од овие три елементи (догмите, каноните и пастирското дело) не може да се превиди, зашто инаку нема да постои ни целината - нормален црковен живот. Грешката во догмите и во канонските рамки е помалку веројатна, но грешката во пастирскиот пристап е очигледна опасност којашто постојано демнее. Зошто е тоа така? За правилен пастирски пристап потребно е расудување. А за да имаме вистинско духовно расудување (а не расудување што произлегува од животниот опит и интелигенција), потребно е просветлување на умот. За просветлување на умот да имаме, пак, неопходна е умносрдечна молитва. Но ако немаме умносрдечна молитва, значи уште сме дел од светот, бидејќи срцето уште ни е заробено од страстите, а пристапот на Божествената благодат кон надвор, која после Крштението а заради наше просветлување и обожение пребива во нашето срце, е затворен. И кој од нас денес има умносрдечна молитва? Многу малку, а и од тие што имаат ретко кој седи на епископски престол. Како осамен глас што вика во пустината. Ете, затоа нашата лична нетрпеливост, личните претензии за власт и суетата (заробеноста од светот и духовното слепило), а потхранети од дезинформации или недоволна информираност, секогаш ја преточуваме во омраза и озборување, а понекогаш, како овие денови и години, и во богословски спорови кои можат да завршат со несогледливи еклисијални (црковни) последици. Желбата, пак, за сотириолошка исклученост на нашиот „непријател“ или, со други зборови, желбата нашиот „непријател“ да не се спаси, дефинитивно ги труе и затвара нашите срца.
Еве еден вистински предлог#1475; зошто ние сите се промашуваме толку години лутајќи бесцелно низ лавиринтот на суетата, етнофилетизмот, политиката, поднебесјето? Зошто се движиме во просторот на спекулативната теологија и интелектуалниот рационализам наместо во просторот на мистичниот реализам? Зошто да не се пронајдеме во автентичниот православен духовен простор? Наместо да разговараме за организацијата на нашиот црковен живот, што веднаш покажува дека се работи за некој вид политика и надлажување, ние треба да разговараме за плодовите на нашиот црковен живот. Не рече Господ по гранките нивни ќе ги познаете, туку: по плодовите! Тие плодови сите ние сме повикани да Му ги принесеме на Бога#1475; вистинско покајание (meтanoia), односно преумување, односно совршено кружно движење на умот и враќање на неговата енергија кон неговата суштина во срцето, односно умносрдечна молитва. Умносрдечната молитва е единствен вистински плод на покајание и сведоштво за зрелоста на една Црква! Или ја имаме и тука ќе се најдеме или ја немаме и пред тоа ќе се смириме и пак ќе се најдеме. И секој што сака да стане страна во преговорите, нека се преиспита дали може да разговара на таа тема и, ако може, на драго срце ќе го примиме.
И уште еднаш да повториме: не постои богословски или еклисиолошки или канонски спор помеѓу Македонската Православна Црква и Српската Православна Црква. Не ја подигајте расправата на тоа ниво! Сите такви прашања задоволително беа решени со работниот документ во Ниш и затоа нашата Комисија го потпиша. Ние, Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, ја сакаме и смирено ја бараме евхаристиската заедница со Српската Православна Црква. Српската Православна Црква не допушта да се случи таа заедница, ниту со неа (како единствен критериум на вистината, нели?) ниту со останатите помесни Православни Цркви, затоа што ни го оспорува името Македонска Православна Црква и затоа што не сака постигнатата теолошка, еклисиолошка и канонска согласност во работниот документ од Ниш да ја формулира со терминот ’самостојност’. Што е најчудно: терминот ’самостојност’ и името ’Македонска Православна Црква’ ги призна и ги формулираше самата Српска Православна Црква со своја одлука во 1959 година (бр. 1744/Зап. 343 од 26 јуни 1959 год.), објаснувајќи ги со тој термин и со тоа име нашиот статус и нашиот црковен идентитет, и тоа во услови на наша поголема црковна зависност од неа. Името пак ’Македонска Православна Црква’ и терминот ’самостојност’ за нашата Црква моментално се основно пастирско прашање и затоа Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква не го прифати работниот документ од Ниш како таков и го врати на доработка само во тој контекст. Какво прашање пак претставува името и статусот на нашата Црква за некои поединци во Српската Православна Црква, Господ знае?! Ќе си згрешиме душа ако во тој правец размислуваме. Впрочем, нам не ни смета ничие име и ние немаме никаков проблем. Повеќе од десет митрополити на Грчката Православна Црква во грчкиот географски дел од Македонија ја имаат титулата „македонски“ и ние не правиме проблем од тоа. На тој што му смета нашето име нека види што проблем си има.
Ваква е постојната пастирска состојба во Република Македонија и ние не правиме идол од неа. Според Светите канони, црковните граници ги следат државните, а не – свештени лица да подготвуваат терен за промена во државните граници, што нема врска со Евангелието. Еве како гласи Канонот 38 од Петтошестиот Трулски Вселенски Собор во Цариград 691 година: Го признаваме и ние правилото што го издадоа нашите Отци, а коешто гласи – „ако со царска власт е основан нов град или ако во иднина се основа, во таков случај распоредот на црковните работи нека го следи државниот и граѓанскиот распоред“ (I Всел. 4, 6, 7; II Всел. 3; IV Всел. 17, 28). Што тука не е јасно?
Уште еднаш да се постави прашањето#1475; зошто некој одеднаш и еднострано го прекина неколкугодишниот процес на дијалог и договарање, и тоа пред самиот негов успешен крај? Дали некој негде обезбедуваше подобра позиција или некој негде сакаше нешто да сокрие? Или обете? Или ѓаволот ни е крив, како и секогаш?
Единствено што ни е јасно е дека тука нема ни трага од љубов. Дека тука засега нема желба и пастирски пристап „сите едно да бидат, како Ти, Оче што Си во Мене и Јас во Тебе; и тие во Нас едно да бидат“ (Јован 17, 21). Многу убаво го толкува ова о. Василиј Гондикакис: „Едно е средиштето и еден е почетокот на светот, на видливиот и невидливиот. Еден е начинот на вистинското единство и постоење: начинот на живот на Светата Троица. И токму тоа го бара Господ Исус од Отецот: верните да бидат меѓусебно соединети „како Ние“. Да бидат соединети затоа што Ние сме соединети и затоа што не постои друг начин на автентичен живот и принесување плод.“
„Ова светотроично како вреди повеќе од единството. Тоа е едното што е единствено потребно. И затоа, ако вистински го сакаме единството, треба да сме подготвени и доволно силни да го жртвуваме и да го губиме заради ова како, коешто е единственото потребно. Само тогаш единството ќе го наоѓаме и ќе го уживаме негибнато, а Господ ќе ни го дава непрестајно. Ако сме пак напротив готови с#1104; да жртвуваме, па и троичната еклисиолошка основа, заради единството коешто ние го смисливме, тогаш всушност се бориме да ја продолжиме „помраченоста“, расколите, и да го продолжиме векот на забуни и збрки. Или поточно, тогаш со своето држење сведочиме дека никогаш вистински не сме ја спознале Црквата и нејзиното неразрушливо единство, кое се темели на Господ, секогаш евхаристиски раздробуван, а никогаш не разделен, и на Духот Свет, ’Кој неизменливо се разделува и со Кого во сета Негова полнота се причестуваме’ (Свети Василиј Велики).“
„Кога ова единство би се разрушило макар и еден единствен пат, би изгледало како тоа да било отсекогаш непогодно и недостојно за човековите исчекувања и за дарот Божји. Тоа би значело дека Бог никогаш не н#1104; направил причесници и по благодат заедничари на блажениот живот на неслиената и неразделна Троица.“
Својата првосвештеничка молитва Господ, на ова место од Евангелието, ја продолжува со реченицата: Да поверува светот дека Ти Си Ме пратил (Јован 17, 21).
...А што ваквото сведоштво на единство значи за животот и за спасението на светот, нека продолжи да говори о. Василиј - и така најчесто за нас во Црквата авторитетот на човекот е правопропорционален со неговата оддалеченост од нас - што подалеку е некој Старец од нас (на пример Света Гора или Црна Гора и Херцеговина) толку поголем авторитет има: „Кога Црквата бивствува онака како што Христос посакува, (само) тогаш таа го пружа своето сведоштво. А тоа сведоштво не е некоја проповед којашто нема врска со нејзиниот живот: тоа е севкупното устројство на нејзиното бивствување на начин поинаков, начин диктиран и осветуван од она троично како.“ Како што Господ Христос едноставно објаснува: да се љубите еден со друг, по тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици (Јован 13; 34 – 35). Ова ќе ве познаат има онтолошко значење: значи дека благодатната љубов има сила да ги привлече и присоедини сите кон заедницата што се спасува.
Лек? После с#1104;, треба да оставиме да помине еден период во кој се надеваме состојбата да се смири, но без притоа некој да се обиде повторно да ги разгорува страстите.
Луѓево што се одделија од нас треба само една работа да тврдат: дека нивниот пат е единствен легитимен начин да се дојде до автокефалност, позиција што може полесно да се брани. Но, имаат и една слаба позиција што многу тешко се брани: тоа е некористењето на името Македонска Православна Црква, што Српската Православна Црква и со работниот документ од Ниш се обврза да го користи, како и нивно посрбување на информативните страници од официјалните сајтови на српската и на грчката Црква. Но, и од ова има излез: тие треба сега од внатре, во рамките на формалната заедница со српската и со останатите помесни Цркви, да го постават прашањето за признавање на самостојноста и на името на нашата Црква, Македонска Православна Црква. С#1104; додека не го покренат ова прашање, а истовремено ја негираат и омаловажуваат Црквата во која биле одгледани, с#1104; дотогаш ќе сметаме дека, свесно или несвесно, се впрегнале во служба на великосрпските национални и црковни политички интереси. Од моментот кога ќе ги исправат овие две досегашни грешки, ќе почнеме и да ги почитуваме. А ако еден ден успеат, тогаш, секоја чест. Но да видиме, тие се на потег...
Во меѓувреме, ако може барем, да не се навредуваме едни со други, затоа што откако ќе го решиме спорот ќе ни остане личната нетрпеливост (појдовната точка на с#1104; досега) и повторно ќе се најдеме во безизлез, а таквиот вулгарен начин е и знак на отсуство на благодатта Божја и предвесник дека ништо нема да направиме, па во кој правец и да ги тераме работите.
Исто, мислиме дека треба да помине и изборот за нов Патријарх во Србија, бидејќи со тоа ќе го избегнеме пројавувањето на екстремни преговарачи од српска страна, коишто меѓусебе би се докажувале кој е поголем заштитник на српските национални интереси во борбата за патријаршискиот престол, а на штета на разговорите. Тоа е природно и тоа веќе го видовме. И не се лутиме на тоа, туку го разбираме.
Во Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се подготвуваат нови хиротонии. Откако и ние ќе ги консолидираме нашите редови, тогаш ќе можеме да седнеме на масата за разговори, и тоа најверојатно под покровителство на Руската Православна Црква – на тема умносрдечна молитва.
Ваквиот предлог, ако го прифатиме, ќе ни пружи и време од две-три години да се подготвиме за дадената тема. Секако, не со читање книги, туку со постојана покајна умносрдечна молитва. Теологија е состојба на духот, остварена од благодатта Божја. Овде се наоѓа разликата помеѓу теологијата и филозофијата, помеѓу вистинската теологија и теологијата на интелектуалците. Ако едно такво вдахновение го допре вашето срце, тоа не ќе има веќе крај на земјава. Тоа е неисцрпно, зашто во него се наоѓа почетокот на вечниот живот. Ако дури и вашиот телесен состав се распадне, ова вдахновение ќе живее во вас со огромна моќ. (Старец Софрониј)
|
DevilEye |
eva eva :))))) ne znam so da recam |
a-pin-dim |
reci slobodno :o) ne se srami de |
a-pin-dim |
Изутрина во авионска несреќа загина Александрискиот Патријарх (11.09.2004)
Денес претпладне во авионска несреќа, на пат кон манастирот Ватопед на Света Гора загина Патријархот на Александрија и цела Африка Петар VII. Заедно со Александрискиот Патријарх загинаа и Митрополитите: Хризостом Картагенски, Нектариј Мадагаскарски, Иринеј Пелусиски, архимандритот Калистрат Иконому и архиѓаконот Нектариј Контогиоргос. Бог да ги прости!
Хеликоптерот со Патријархот Петар VII (вкупно 17 патници, од кои петмина мирјани и екипаж од пет лица), се урнал на триесетина километри од брегот на Света Гора. Се движел северно од Атина кога бил изгубен контактот и два часа неговото движење останало непознато за радарската контрола. Изворите јавуваат дека ова е прва официјална посета на Александрискиот Патријарх во овој регион. Причината за несреќата досега не е утврдена. Воените власти известуваат дека хеликоптерот бил во добра состојба, а пилотите искусни. Спасувачка операција од воздушни и поморски единици ги лоцирала остатоците од хеликоптерот во Егејското Море.
Црковни претставници изјавуваат дека смртта на Патријархот Петар VII е огромна загуба, со оглед дека откако пред седум години беше избран за Патријарх, внесе нов живот во Православната Црква во Африка. Патријархот Петар VII е 115-тиот по ред Патријарх на Александриската Црква.
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Aktuelnosti/aleksandriskipotpatrijar1.jpg[/img]
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Aktuelnosti/aleksandriskipotpatrijar2.jpg[/img] |