Половина мажи во Македонија навлечени на Вијагра |
melpomena |
АПЧЕТО ЗА СЕКС СЕ ПРОДАВА КАКО АЛВА
Половина мажи во Македонија навлечени на Вијагра
Половина од македонските мажи на возраст меѓу 50 и 70 години користат "вијагра", покажуваат грубите анализи на аптекарите и лекарите. Податоците говорат дека во аптеките месечно во просек се трошат околу 50 кутивчиња "вијагра".
Официјален увозник на "вијаграта" во Македонија е АД Алкалоид - Скопје. Но бизнисот со лекот за "подигање на машкоста" во земјава е толку вносен и разработен, што речиси нема веледрогерија или поголема аптека што не го увезува на црно. Така, "вијаграта" може да се набави во било која подобро снабдена аптека. Разликата е само во цената- од 500 до 1.000 денари. Има и такви, кои лекот, во зависност од количината на нарачката го набавуваат за ден - два.
Ако сакате да ги купите на црно, за осум таблетки "вијагра" од 50 мг. ќе треба да платите околу 7.000 денари. За четири апчиња пак, со истата јачина, потребни ви се 3.440 денари. Најскапа е варијантата на "вијагра" од 100 мг во кутивче со осум таблети и чини околу 150 евра. Рецепт за овие таблетки не е потребен, барем не го бараат аптекарите.
Шверцот на "апчето за секс", како што обично го нарекуваат неговите купувачи кога го бараат по аптеките, месечно носи заработувачка и до 30.000 евра. Обично "вијаграта" се дила од Бугарија и Грција, по цена двојно поевтина од онаа по која им се продава на македонските мажи.
Дека бизнисот со "вијагра" е вон контрола покажува и податокот дека само последнава година, како резултат на неконтролирано пиење на овие апчиња, починале неколку мажи.
" Најчесто корисниците на "вијагра" умираат од крварење во мозокот или срцев удар. Се разбира тоа е така, оти ги пиеле апчињата во доза која е прејака за нивниот организам или можеби воопшто не требале да ја пијат. Пред да почне да ги пие овие таблети, мажот мора да се консултира со лекар, посебно поради тоа што се работи за мажи на возраст од 50 - 60 години и кај кои неизбежни се здравствени проблеми", објаснуваат од Клиниката за урологија во Државната болница.
Лекарите дополнуваат дека во моменти кога мажот испил "вијагра" и таа почнала да делува, а количеството што го испил е преголемо за него, контролните механизми му се насочени само кон потребата за секс. Поради тоа не може да се контролираат останатите ефекти што се јавуваат, па мажот завршува фатално. Ако сето тоа, додаваат тие, е под контрола на лекар несакани ефекти се многу ретки.
По аптеките и веледрогериите многу малку, јавно се зборува за продажбата на "вијагра" во Македонија. Фармацевтите велат дека и самите купувачи
се срамат кога доаѓаат да ги купат таблетите.
" Секогаш кога доаѓаат да купат "вијагра" изговорот им е дека ја земаат за нивниот пријател или комшија, никогаш за себе. ' Непријатно му е на другар ми да дојде, а знаеш машко си е машко, мора да има редовен сексуален живот, па не важно колку години има'. Се случува таблетите да ги набавуваат и преку пријатели и познаници, без да се појават во аптека. Странците немаат гајле, "вијагра" бараат гласно, како секој друг лек. Така и треба. Многу подобро е да ни кажат дека е за нив, оти барем можеме да ги советуваме колку треба да ја пијат, за да не се случуваат несакани ефекти", велат во една скопска аптека.
Во светот постојат три фирми кои произведуваат "вијагра". Само во САД од бизнисот со овие таблети, годишно се заработува над милијарда долари. Во Македонија најмногу се троши "вијаграта" од германско производство.
А. Стојановска
prevzemeno od vest
|
slasa |
podobro da si kupat pumpi za tocak togas neka go pumpet i tockot i ona drugoto
umesto viagra |
Strelec |
quote: Originally posted by melpomena
Ако сакате да ги купите на црно, за осум таблетки "вијагра" од 50 мг. ќе треба да платите околу 7.000 денари. За четири апчиња пак, со истата јачина, потребни ви се 3.440 денари. Најскапа е варијантата на "вијагра" од 100 мг во кутивче со осум таблети и чини околу 150 евра. Рецепт за овие таблетки не е потребен, барем не го бараат аптекарите.
prodavam viagra, 600 denari komad... garantira efikasnost od 2-4 casa!
Sifra: ne dozvoluvajte da ve bie los glas (naokolu)!
|
melpomena |
zatoa gleam u Makedonija lugjevo mnogu raspolozheni. SI vikam drzhavava propagja, pak site zadovolni. A toa do Viagrata bilo:)))) |
slasa |
Znaci sega ke se namnozi Makedonija ... :-.))) |
melpomena |
ne bre pa i ti... koristat kondomi:)))))))) |
DJ_SHEMA |
Znachi vo makedonija zakachalki za kaput kolku ti dusha saka. |
Strelec |
quote: Originally posted by Strelec
Sifra: ne dozvoluvajte da ve bie los glas (naokolu)!
stotuku dobiv privatna poraka od Fio, Godshand i Bluehim vo koja sto mi pisuvaat deka bilo nevkusno od moja strana sto sum se seguval za viagrata i deka koga bi bil vo nivna koza i koga bi go imal nivniot problem, togas bi mi bilo jasno zosto tie se cuvstvuvaat neprijatno poradi moite shegi...
zatoa javno im se izvinuvam...
|
StormAngel |
Strelec=vijagra za dezinformacii.[:D]
Pozdrav![:)] |
a-pin-dim |
A ajvata ke se prodava kako АПЧЕТО ЗА СЕКС :o) |
melpomena |
quote: Originally posted by DJ_SHEMA
Znachi vo makedonija zakachalki za kaput kolku ti dusha saka.
[:D][:D][:D]
a ja se chudev... izlezi po grad, starci zverat u tebe ko prv pat u zhivot zhensko da videle[:0] |